Лука Мароне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Лука Мароне
Luca Marrone 2012 (edited).jpg
Лични податоци
Роден на 28 март 1990 (1990-03-28) (29 г.)
Роден во Босконеро, Италија
Висина 1.86 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 39
Младинска кариера
1996–2009 Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009– Јувентус Јувентус 13 (1)
2010–2011Сиена Сиена (позајмица) 18 (1)
2013–2014Сасуоло Сасуоло 15 (0)
2014- Јувентус Јувентус 0 (0)
2015-Карпи Карпи 4 (1)
Репрезентација
2006–2007 Италија под 17 5 (0)
2007 Италија под 19 1 (0)
2009– Италија под 21 32 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 9 јануари, 2013.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември, 2012

Лука Мароне (Босконеро, 28 март 1990) е италијански фудбалер, играч од средниот ред на Карпи, на заем од Јувентус.

Кариера[уреди | уреди извор]

На возраст од шест години се запишал во младинската академија на Јувентус. Постепено ги минувал сите младински категории, за во предсезоната 2009-2010 тогашниот тренер на Јувентус, Чиро Ферара да го повика во првиот тим. Тоа лето одиграл неколку пријателски средби за сениорскиот тим.[1] Во првото коло од Серија А влегол како замена за Тијаго во 70. минута од натпреварот, и со тоа воедно го направил своето официјално деби за Јувентус. Таа сезона забележал уште неколку настапи во Серија А, а следното лето бил прекомандуван во нов тим.

Во јули, за време на преодниот рок 2010, бил привремено отстапен на екипата на ФК Сиена. Таму тренер бил Антонио Конте, под чие водство тимот го освоил второто место во Серија Б и со тоа автоматски изборил пласман во Серија А наредната сезона. Мароне добивал солидна минутажа и бил постојан член на стартните 11.[2][3]

По истекот на позајмицата се вратил во Јувентус, а во клубот од Торино истовремено дошол и тренерот Конте. Според првичните планови, Мароне требало да замине на уште една позајмица, но Конте го спречил преминот бидејќи го сметал овој фудбалер за важен дел од првиот тим. Иако е во првиот тим, неговата ролја во екипата е незабележителна. Од 2009 па наваму, настапил на 13 средби за „старата дама“.[4] Во сезоната 2012-13, Мароне одиграл неколку натпревари за Јувентус на позицијата централен одбранбен играч во формација со тројца одбранбени.

Во летото 2013, Сасуоло откупил половина од договорот на Мароне од Јувентус, и ги обезбедил неговите услуги за сезоната 2013-14.

Има забележано и неколку настапи за јуниорските репрезентации на Италија. За составот на Италија под 21 година има одиграно 25 натпревари и притоа постигнал еден гол (натпреварот против Унгарија, март 2010).[5] Тренери во младинските национални селекции му биле Пјерлуиџи Касираги и подоцна Чиро Ферара.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Клуб Лига Сезона Лига Куп Европа Друго Вкупно
Јувентус Серија А 2009–10 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
Сиена (позајмица) Серија Б 2010–11 18 1 1 0 - - 19 1
Јувентус Серија А 2011-12 3 1 3 0 - - 6 1
2012-13 5 0 2 0 0 0 0 0 7 0
Јувентус (вкупно) 10 1 5 0 0 0 0 0 15 1
Кариера (вкупно) 28 2 6 0 0 0 0 0 34 2

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Сиена
Италија Јувентус

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bianconeri al raduno, si parte!“, „juventus.com“, 1 јули 2010 (посет. 3 јули 2010 г). (на италијански)
  2. Juve da record, Udinese in Champions“, uefa.com, 13 мај 2012. (на италијански)
  3. Champions of Italy: Luca Marrone“, juventus.com, 28 мај 2012.
  4. Marrone, the dream continues“, juventus.com.
  5. Italy keep Wales in their sights“, uefa.com, 3 март 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Профил на официјалната страница на Јувентус
  • Профил на веб страницата на Серија А (италијански)
  • Профил на веб страницата на Италијанската фудбалска федерација
  • Профил на веб страницата на УЕФА (италијански)