Стефан Лихтштајнер
Стефан Лихтштајнер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 16 јануари 1984 | ||
Роден во | Адлигенсвил, Швајцарија | ||
Држава | Швајцарија | ||
Висина | м | 1,83||
Играчки податоци | |||
Позиција | десен бек | ||
Повлекување | 12 август 2020 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Адлигенсвил | |||
Луцерн | |||
Грасхопер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2001-2005 | Грасхопер | 79 | (4) |
2005-2008 | Лил | 89 | (5) |
2008-2011 | Лацио | 100 | (3) |
2011-2018 | Јувентус | 201 | (12) |
2018-2019 | Арсенал | 14 | (0) |
2019-2020 | Аугсбург | 20 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006-2019 | Швајцарија | 108 | (8) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Стефан Лихтштајнер (роден на 16 јануари 1984) — швајцарски фудбалер, десен бек на Арсенал и на швајцарската фудбалска репрезентација.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Неговата примарна позиција е десен бек, но уште од почетокот на неговата кариера бил многу офанзивен и се вклучувал во нападот, па затоа повремено бил користен и како десно крило. Со трансферот во Јувентус играчот добил улога во која ќе може да оди уште повеќе во нападот, играјќи како десно бек/крило во 3-5-2 формацијата на Антонио Конте. Ваквата улога му дала можност на Лихтштајнер помалку да се враќа во одбраната и да се уфрла длабоко во противничкиот шеснаесетник од каде постигнал голем број на голови и направил многу асистенции за своите соиграчи.[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Раните години од кариерата
[уреди | уреди извор]Лихтштајнер ја започнал својата каријера во екипата на Грасхопер во сезоната 2001-2002, откако дошол таму точно една година пред тоа од младинскиот сектор на Луцерн. Откако дебитирал за Грасхопер во споменатата сезона во првата швајцарска лига, тој не одиграл ниту еден лигашки натпревар докрајот на сезоната. Дури следната сезона тој станал редовен член на првата постава и имал голем придонес во освојувањето на титулата на клубот во домашното првенство.
Лил
[уреди | уреди извор]Во текот на сезоната 2004-2005 Лихтштајнер потпишал за францускиот Лил и веќе во првата сезона станал првотимец. По завршувањето на сезоната Лил го освоил третото место и се изборил за квалификациите за Лигата на шампионите. Последната сезона во Франција била разочарувачка за Стефан затоа што неговиот тим го загубил местото во европските натпреварувања за само еден бод. Меѓутоа таа сезона Лихтштајнер постигнал 4 голови, што е најмногу во една сезона во неговата досегашна кариера (иако тој скор ќе го повтори во дресот на Јувентус во сезоната 2012-13).
Лацио
[уреди | уреди извор]По добрите игри за својот репрезентација на Евро 2008 Лихтштајнер им "паднал во очи" на неколку квалитетни европски клубови, а во јули истата година ја прифатил понудата на римски Лацио со кој потпишал четиригодишен договор. Тој бил доведен во клубот за да го замени својот сонародник и колега од швајцарската репрезентација, Валон Бехрами кој заминал во Вест Хем Јунајтед.
На 31 август 2008, го одиграл својот прв натпревар во Серија А, на гостувањето на Сардинија против Каљари во кој Лацио забележал убедлива победа со 1-4. Во неговата прва сезона, тренерот Делио Роси го направил Лихтштајнер сопственик на позицијата десно во одбраната (десен бек). Тој го постигнал својот прв гол во светло-синиот дрес во градското дерби против Рома на 11 април 2009 година, зголемувајќи го водството на својот тим на 3-1, а на крајот Лацио победил со 4-2. Веќе во својата прва сезона оставил добар впечаток кај навивачите на Лацио со својте чести уфрлања во нападот по десната страна, додека србинот Александар Коларов истото го правел по левата страна. Сезоната ја завршил со 33 настапи и еден гол. Лацио сепак разочарал во Серија А завршувајќи дури на 10. место, но затоа сезоната ја спасиле со триумф во Купот на Италија. Лихтштајнер настапил во четири куп натпревари, вклучувајќи го и финалето, на 8 мај 2009, против Сампдорија кое Лацио го добил по подоброто изведување на пенали откако после 120 минути игра натпреварот завршил 1-1. Тој бил еден од изведувачите и бил прецизен во шестата серија, а веднаш после него триумфот на Лацио му го донел Осман Дабо (6-5 вкупен резултат).[2]
Во следната сезона, со доаѓањето на клупата на тренерот Давиде Балардини, го освоил Суперкупот на Италија, со победата над Интер во Пекинг.[3] Во следните месеци, тимот играл под очекувањата, а во февруари 2010 година, кога Балардини бил отпуштен, Лацио се наоѓал во зоната за испаѓање на третото место одзади на табелата; со доаѓањето на Едоардо Реја, Лихтштајнер постигнува важни голови: првиот гол против Сиена, во победата со 2-0, и изедначувачкиот гол на гостувањето 1-1 против Милан. Со промената на тренерот, играчот добива повеќе безбедност и значително ги подобрува перформансите; благодарение на одличните резултати во финишот од сезоната, за кои швајцарскиот дефанзивец активно придонесува, тимот влегол во добра серија на резултати и го завршува првенството на дванаесеттото место.
Во својата третата сезона во Лацио, играчот бил поставен како десен бек во одбрана со четворица, заедно со бразилецот Андре Диас, италијанецот Џузепе Бјава и романецот Стефан Раду. Одличната сезона за него завршила со 34 првенствени натпревари и еден во италијанскиот куп или вкупно 35 настапи; тимот (заврши на петтото место) успеал да избори место во Лига Европа.
Откако Лацио го напуштиле неколку одлични фудбалери и судбината на Лихтштајнер во клубот станала несигурна, поради тоа што и за него владеел голем интерест од други клубови иако Лацио сакал да задржи.
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 27 јуни 2011 година, Лихтштајнер го напуштил Лацио и му се приклучил на Јувентус за сума од 10 милиони евра.[4] Трансферот бил официјално потврден на 1 јули 2011. Стефан дебитирал за Јувентус на 11 септември 2011 против Парма, во првото коло од сезоната 2011-2012. Натпреварот се одиграл на новиот стадион на Јувентус кој бил отворен само неколку дена пред тоа, а токму Стефан го постигнал првиот гол на натпреварот по одличната асистенција на Андреја Пирло. Со тоа влегол во историјата на клубот како прв официјален стрелец на новиот стадион, а натпреварот завршил со победа на Јувентус од 4-1. Во последното коло од есенскиот дел на сезоната, повторно на додавање на Пирло, Лихтштајнер на сличен начин го постигнал и својот втор гол за Јувентус во победата над Аталанта во Бергамо со 2-0. По завршувањето на сезоната Лихтштајнер со Јувентус го освоил скудетото.
Сезоната 2012-2013 ја започнува со победа во Суперкупот на Италија на 11 август 2012, на Националниот стадион во Пекинг; Јувентус го победил Наполи со резултат 4-2 по продолженија.[5][6][7] Ова е втор Суперкуп за Лихтштајнер, по оној во 2009 кој го освоил со Лацио.
На 25 август 2012, Лихтштајнер го постигнал својот прв гол за Јувентус во Серија А за сезоната 2012-2013, и повторно против Парма, истиот тим против кој и во минатиот првенството го постигнал првиот гол.[8] На 9 декември го постигнал одлучувачкиот гол при победата со 1-0 против Палермо, на асистенција на Мирко Вучиниќ.[9] На 5 мај 2013, точно цел круг подоцна, по победата повторно над Палермо со 1-0, го освоил второто скудето по ред со Јувентус.[10]
Следната сезона 2013-2014, Лихтштајнер бил стрелец веќе во првиот официјален натпревар. Во суперкупот 2013 одигран на 18 август 2013, против неговиот поранешен клуб, Лацио, Лихштајнер го постигнал третиот гол во победата со 4-0 и асистирал за други два.[11] На 12 јануари 2014 година, го постигнал првиот гол за сезоната во Серија А, во победата на гости против Каљари со 1-4. Вториот гол го постигнал на 2 февруари, отворајќи го резултатот во дербито против Интер на домашен терен, што завршило 3-1 за Јуве.
Во текот на сезоната 2014-2015, на 24 септември постигнал гол против Чезена, поставувајќи ги конечните 3-0. Вториот гол за сезоната бил прекрасен проектил од далечина на 9 ноември, против Парма, во голеадата на Јувентус со 7-0 во Торино.
Арсенал
[уреди | уреди извор]На 5 јуни 2018, Лихтштајнер како слободен играч потпишал за Арсенал.[12]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Лихтштајнер е поранешен младински репрезентативец на Швајцарија и ја претставувал својата земја на Европското првенство за играчи под 16 години во 1999 и на Европското првенство за играчи под 21 години во 2004. Својте први два повици во сениорската репрезентација ги добил во 2005 година, но останал неискористена замена и во двата наврати. На 11 ноември 2006 година, тој го направил своето сениорско деби во пријателски натпревар против Бразил, кој заврши со пораз на Швајцарија од 2-1.
Иако го пропуштил Светското првенство во 2006, набргу Лихтштајнер ја искористил укажаната шанса и успеал да се утврди себеси како прв избор на позицијата десен бек, откако Филип Деген бил надвор од терените поради долгорочна повреда.[13] Во мај, Јакуб Кун го избрал во селектираниот тим за Евро 2008. Тој ги одиграл сите натпревари на Швајцарија на турнирот и го истиснува за постојано Деген од позицијата десен бек. Швајцарија го завршила турнирот со два порази и една победа, но неговите настапи биле доволно добри за да привлече голем интерес од врвни клубови и да потпише за Лацио. Тој ја задржал својата позиција во репрезентативниот дрес и со доаѓањето на новиот селектор Отмар Хитцфелд и бил дел од составите на Швајцарија на Светското првенство во 2010 и Светското првенство во 2014.
Пред почетокот на Европското првенство 2016 за кое бил повикан, Лихтштајнер го одиграл својот прв натпревар како капитен за репрезентацијата откако долгогодишниот капитен Гекан Инлер не се нашол на списокот за настап на турнирот порад недостаток на минутажа во својот клуб.[14]
Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана од 9 ноември 2014.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2001-2002 | Грасхопер | 1Д | 1 | 0 | КШ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2002-2003 | 1Д | 25 | 0 | КШ | ? | ? | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 27 | 0 | |
2003-2004 | 1Д | 26 | 2 | КШ | 4 | 0 | ЛШ[15]+КУ | 2+2 | 0 | - | - | - | 34 | 2 | |
2004-2005 | 1Д | 27 | 2 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 2 | |
Вкупно Грасхопер | 79 | 4 | 5+ | 0+ | 6 | 0 | - | - | 90+ | 4+ | |||||
2005-2006 | Лил | Л1 | 31 | 1 | КФ+ЛКФ | 2+2 | 0 | ЛШ+КУ | 4+4 | 0 | - | - | - | 43 | 1 |
2006-2007 | Л1 | 24 | 0 | КФ+ЛКФ | 3+2 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | - | - | - | 32 | 0 | |
2007-2008 | Л1 | 34 | 4 | КФ+ЛКФ | 3+1 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 5 | |
Вкупно Лил | 89 | 5 | 13 | 1 | 11 | 0 | - | - | 113 | 6 | |||||
2008-2009 | Лацио | А | 33 | 1 | КИ | 6 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 1 |
2009-2010 | А | 33 | 2 | КИ | 2 | 0 | ЛЕ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 43 | 2 | |
2010-2011 | А | 34 | 0 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 0 | |
Вкупно Лацио | 100 | 3 | 9 | 0 | 7 | 0 | 1 | 0 | 117 | 3 | |||||
2011-2012 | Јувентус | А | 35 | 2 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 2 |
2012-2013 | А | 28 | 4 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СИ | 1 | 0 | 36 | 4 | |
2013-2014 | А | 27 | 2 | КИ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 3+4 | 0+0 | СИ | 1 | 1 | 35 | 3 | |
2014-2015 | А | 32 | 3 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 4 | 0 | СИ | 1 | 0 | 15 | 2 | |
Вкупно Јувентус | 101 | 10 | 5 | 0 | 17 | 0 | 2 | 1 | 125 | 11 | |||||
Вкупно во кариерата | 369 | 22 | 32+ | 1+ | 40 | 0 | 3 | 1 | 444+ | 24+ |
Титули
[уреди | уреди извор]Грасхопер
[уреди | уреди извор]- Швајцарско првенство (1) : 2002-03
Лацио
[уреди | уреди извор]- Куп на Италија (1) : 2008-09
- Суперкуп на Италија (1) : 2009
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А (7) : 2011-12, 2012-13, 2013-14, 2014-15, 2015-16, 2016-17, 2017-18
- Суперкуп на Италија (2) : 2012, 2013, 2015
- Куп на Италија (4) : 2014-15, 2015-16, 2016-17, 2017-18
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ gazzetta.it, уред. (6 февруари 2014). „Juventus, Lichtsteiner l'universale: terzino, esterno e goleador“. Посетено на 27 јуни 2014.
- ↑ Il Corriere della Sera, уред. (13 мај 2009). „La Lazio vince la Coppa Italia“. Посетено на 15 мај 2009.
- ↑ Riccardo Pratesi (8 август 2009). gazzetta.it (уред.). „Supercoppa alla Lazio - Inter sorpresa“. Посетено на 13 август 2012.
- ↑ „Lichtsteiner non-ha dubbi "La Juve è sempre la Juve"“. La Gazzetta dello Sport (италијански). 10 July 2011.
- ↑ sport.sky.it, уред. (11 август 2012). „La Supercoppa è della Juve, Napoli ko 4-2 tra le polemiche“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 август 2012.
- ↑ lastampa.it, уред. (11 август 2012). „Supercoppa, la Juve travolge il Napoli. E gli azzurri disertano la premiazione“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 14 август 2012.
- ↑ ansa.it, уред. (11 август 2012). „Supercoppa alla Juve, Napoli battuto 4-2“. Посетено на 11 август 2012.
- ↑ Riccardo Pratesi (25 август 2012). gazzetta.it (уред.). „Juve facile col Parma: 2-0“. Посетено на 17 декември 2012.
- ↑ Riccardo Pratesi (9 декември 2012). gazzetta.it (уред.). „Juve, Conte day col lieto fine - Lichtsteiner stende il Palermo“. Посетено на 17 декември 2012.
- ↑ Riccardo Pratesi (5 мај 2013). =gazzetta.it (уред.). „Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo - Conte sale ancora sul tetto della Serie A“. Посетено на 6 мај 2013.
- ↑ Maurizio Nicita (18 август 2013). gazzetta.it (уред.). „Supercoppa, Juventus super: 4-0 alla Lazio con gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“.
- ↑ „OFFICIAL: Arsenal sign Lichtsteiner“. Football Italia. 5 June 2018.
- ↑ „Liege-Einheit für Stephan Lichtsteiner“ (германски). Neue Zürcher Zeitung. 15 October 2007.
- ↑ „Interview with Switzerland captain Stephan Lichtsteiner“. World Soccer. 31 May 2016.
- ↑ Трето прелиминарно коло.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стефан Лихтштајнер“ на Ризницата ? |
- Стефан Лихтштајнер на soccerway
- Стефан Лихтштајнер на transfermakt
- Стефан Лихтштајнер на whoscored
- Стефан Лихтштајнер на espn
- Стефан Лихтштајнер на Goal.com Архивирано на 21 јануари 2015 г.
|