Денис Закарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Денис Закарија
Лични податоци
Полно име Денис Леми Закарија Лако Ладо[1]
Роден на 20 ноември 1996 (1996-11-20) (25 г.)[2]
Роден во Женева, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001910000001,91 м[3]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 28
Младинска кариера
Сервет Сервет
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2015 Сервет Сервет 6 (2)
2015-2017 Јанг Бојс Јанг Бојс 50 (2)
2017-2022 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 125 (11)
2022- Јувентус Јувентус 0 (0)
Репрезентација
2014-2015 Швајцарија Швајцарија 19 8 (2)
2015-2016 Швајцарија Швајцарија 21 8 (0)
2016- Швајцарија Швајцарија 40 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 април 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 април 2021

Денис Леми Закарија Лако Ладо (роден на 20 ноември 1996 година, во Женева) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на швајцарската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Закарија е роден во Женева од татко конгоанец (роден во тогашен Заир) и мајка од Јужен Судан.[4][5]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Играч од средниот ред,[6] кои може да се користи како мецала[6] или како плејмејкер[6] и може да игра во среден ред и со 2 и со 3 играчи.[7] Споредуван со Патрик Виера и Пол Погба,[6][7][8] се карактеризира со одличен атлетизам,[6] брзина,[9][10] динамика,[9] и физичка сила,[7] добар во градењето на играта,[6][7] во фазата на вршење пресинг,[6] и во враќање на поседот на топката.[6][8][9][10] Во својата кариера, тој играл и во улогата на централен дефанзивец,[8][9] но и како напаѓач.[11]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци, Сервет и Јанг Бојс[уреди | уреди извор]

Откако израснал како фудбалер во младинските категории на Сервет, тој го направи своето деби за првиот тим на 10 ноември 2014 година против Лозана. На 18 мај 2015 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера против Волен.[12] И покрај тоа што бил млад (на само 18 години), и имал улога од втор ред, сепак успеал да забележи 6 настапи и 2 гола за екипата од Женева.

На 26 јуни 2015 година, тој се преселил во Јанг Бојс.[13] Своето деби за новиот клуб го имал во првото коло од швајцарското првенството, влегувајќи како замена во ремито 1-1 против Цирих.[14] На 28 јули, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-1 од Монако,[15] во натпревар од квалификациите. На 28 ноември го постигнал својот прв гол за клубот од Берн во натпреварот против Санкт Гален.[16] Во својата прва сезона во Јанг Бојс забележал 27 првенствени настапи и 1 гол, по што бил прогласен за дебитант на годината.[17]

Втората сезона веќе се етаблирал меѓу хиерархиите на клубот, успеал да собере 23 настапи и еден гол, но во текот на сезоната пропуштил неколку натпревари поради повреди.[18]

Борусија Менхенгладбах[уреди | уреди извор]

На 6 јуни 2017 година, Закарија потпишал договор со Борусија Менхенгладбах.[19][20] Своето деби за германскиот клуб го имал на 11 август во Купот на Германија против Рот-Вајс Есен;[21] додека само неколку дена подоцна го имал своето деби во Бундеслигата против Келн.[22] Својот прв гол за Гладбах го постигнал во неговиот втор првенствен настап против Хамбургер.[23] Во текот на првата сезона со Борусија Менхенгладбах, тој успеал да собере 30 настапи и 2 гола, најчесто играјќи во пар со Кристоф Крамер на средината од теренот.

Следната сезона, некои тактички промени направени од страна на тренерот Дитер Хекинг, довеле до негативни резултати за амбициите на Закарија, кој најчесто останувал на клупата.[8] Сепак во вториот дел од сезоната успева да си го врати местото како стартер во тимот. Сезоната ја завршил со 4 постигнати гола во првенството што бил негов личен рекорд.

Во сезоната 2019-2020, со доаѓањето на клупата на Марко Розе тој го потврдил своето место како стартер, играјќи постојано во стартната постава во текот на сезоната.[24] Сепак, на 7 март 2020, во натпреварот на домашен терен против Борусија Дортмунд (загубен со 1-2), тој заработил тешка повреда на коленото поради која морал да оди на операција и да ја заврши сезоната предвреме.[25] Поради истата повреда, тој ги пропуштил и првите осум натпревари на својата екипа на стартот од следната сезона 2020-2021. Своето враќање на терените после повеќе од осум месеци отсуство го направил на 21 ноември 2020, во натпреварот против Аугсбург (1-1), влегувајќи како замена во 89-тата минута на местото на Флоријан Нојхаус.

На 27 октомври 2021, Закарија го одиграл целиот натпревар за својот тим во незаборавната победа со 5-0 на Борусија над великанот на германскиот фудбал Бајерн Минхен во Купот на Германија. Во декември истата година, било потврдено дека Закарија нема да го продолжи договорот со Борусија и, следствено, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2021-2022.[26]

Закарија ја напушил Борусија Менхенгладбах во последниот ден од јануарскиот трансферен прозорец на 2022 година, после 146 настапи за клубот и 11 постигнати голови.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2022 година, Закарија се преселил во Јувентус за износ од 8,6 милиони евра.[27][28]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Откако играл за селекциите на Швајцарија под 19 и под 21 година,[29] бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Европското првенство 2016 во Франција,[30] каде не одиграл ниту еден натпревар. Откако одиграл седум натпревари во квалификациите, Закарија бил повикан за Светското првенство 2018 во Русија.[31] На оваа манифестација тој забележал два настапи, појавувајќи се како замена и во двата натпревари од групната фаза кој ги одиграл.

На 8 септември 2018 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 6-0 против Исланд во УЕФА Лигата на нации. На 23 март 2019, во натпреварот против Грузија во квалификациите за Европското првенство 2020, тој повторно постигнал гол за швајцарската репрезентација.[32] Потоа бил повикан за Европското првенство 2020, одржано во 2021 година, наместо во 2020 поради пандемијата од КОВИД-19.[33] Тој најчесто бил резерва на турнирот поради присуството во стартната постава на Гранит Џака и Ремо Фројлер во неговата улога,[34] но откако се нашол во стартната постава во натпреварот од четвртфиналето против Шпанија поради суспензијата на Џака,[35] тој бил автор на автогол, што бил јубилеен, десети автогол на турнирот, со што воедно бил и соборен рекордот на натпреварувањето, со оглед на тоа дека на Евро 2020 биле постигнати повеќе автоголови отколку на сите претходни изданија на турнирот заедно. Швајцарија го загубила четвртфиналето по изведување пенали, откако по регуларното време и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Швајцарија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
28-5-2016 Женева Швајцарија Швајцарија 1 – 2 Белгија Белгија Пријателска - влегол во игра 78'
3-6-2016 Лугано Швајцарија Швајцарија 2 – 1 Молдавија Молдавија Пријателска - влегол во игра 79'
10-10-2016 Андора Ла Велја Андора Андора 1 – 2 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 66'
31-8-2017 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 3 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2018 - влегол во игра 66'
3-9-2017 Рига Латвија Латвија 0 – 3 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 77'
7-10-2017 Базел Швајцарија Швајцарија 5 – 2 Унгарија Унгарија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 73'
10-10-2017 Лисабон Португалија Португалија 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 46' добил жолт картон во 69-тата минута 69'
9-11-2017 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 1 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2018 -
12-11-2017 Базел Швајцарија Швајцарија 0 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за СП 2018 -
3-6-2018 Виљареал Шпанија Шпанија 1 – 1 Швајцарија Швајцарија Пријателска -
17-6-2018 Ростов на Дон Бразил Бразил 1 – 1 Швајцарија Швајцарија СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 71'
27-6-2018 Нижњи Новгород Швајцарија Швајцарија 2 – 2 Костарика Костарика СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 60' добил жолт картон во 75-тата минута 75'
8-9-2018 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 6 – 0 Исланд Исланд УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
11-9-2018 Лестер Англија Англија 1 – 0 Швајцарија Швајцарија Пријателска - заменет 66'
12-10-2018 Брисел Белгија Белгија 2 – 1 Швајцарија Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - заменет 83'
15-10-2018 Рејкјавик Исланд Исланд 1 – 2 Швајцарија Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 49-тата минута 49'
14-11-2018 Лугано Швајцарија Швајцарија 0 – 1 Катар Катар Пријателска - заменет 46'
18-11-2018 Луцерн Швајцарија Швајцарија 5 – 2 Белгија Белгија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаз - влегол во игра 79'
23-3-2019 Тбилиси Грузија Грузија 0 – 2 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2020 1
26-3-2019 Базел Швајцарија Швајцарија 3 – 3 Данска Данска Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 59-тата минута 59'
5-6-2019 Порто Португалија Португалија 3 – 1 Швајцарија Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Полуфинале - заменет 71'
9-6-2019 Гимараеш Швајцарија Швајцарија 0 – 0 прод.
(5 – 6 пен.)
Англија Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - за 3. место - влегол во игра 61'
5-9-2019 Даблин Ирска Ирска 1 – 1 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2020 -
8-9-2019 Сион Швајцарија Швајцарија 4 – 0 Гибралтар Гибралтар Квал. за Евро 2020 1
12-10-2019 Копенхаген Данска Данска 1 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 36-тата минута 36'
15-10-2019 Ланси Швајцарија Швајцарија 2 – 0 Ирска Ирска Квал. за Евро 2020 -
15-11-2019 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за Евро 2020 -
18-11-2019 Гибралтар Гибралтар Гибралтар 1 – 6 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2020 - заменет 60'
25-3-2021 Софија Бугарија Бугарија 1 – 3 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 75'
28-3-2021 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 1 – 0 Литванија Литванија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 66'
31-3-2021 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 3 – 2 Финска Финска Пријателска - заменет 55'
30-5-2021 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 2 – 1 САД САД Пријателска -
12-6-2021 Баку Велс Велс 1 – 1 Швајцарија Швајцарија Евро 2020 - Прва фаза - влегол во игра 66'
2-7-2021 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 1 – 1 прод.
(1 – 3 пен.)
Шпанија Шпанија Евро 2020 - Четвртфинале - заменет 101'
1-9-2021 Базел Швајцарија Швајцарија 2 – 1 Грција Грција Пријателска -
5-9-2021 Базел Швајцарија Швајцарија 0 – 0 Италија Италија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 63'
8-9-2021 Базел Северна Ирска Северна Ирска 0 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 53-тата минута 53' заменет 86'
9-10-2021 Ланси Швајцарија Швајцарија 2 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 90-тата минута 90'
12-11-2021 Рим Италија Италија 1 – 1 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 2022 -
15-11-2021 Луцерн Швајцарија Швајцарија 4 – 0 Бугарија Бугарија Квал. за СП 2022 -
Вкупно Настапи 40 Голови 3

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015 Швајцарија Сервет ЧЛ 6 2 КШ - - - - - - - - 6 2
2015-2016 Швајцарија Јанг Бојс СЛ 27 1 КШ 3 0 ЛШ+ЛЕ 1[36]+2[36] 0 - - - 33 1
2016-2017 СЛ 23 1 КШ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2[36]+5 0 - - - 34 1
Вкупно Јанг Бојс 50 2 7 0 10 0 - - 67 2
2017-2018 Германија Борусија Менхенгладбах БЛ 30 2 КГ 3 0 - - - - - - 33 2
2018-2019 БЛ 31 4 КГ 1 0 - - - - - - 32 4
2019-2020 БЛ 23 2 КГ 2 0 ЛЕ 6 0 - - - 31 2
2020-2021 БЛ 25 1 КГ 2 0 ЛЕ 5 0 - - - 32 1
2021-јан. 2022 БЛ 16 2 КГ 2 0 - - - - - - 18 2
Вкупно Борусија Менхенгладбах 125 11 10 0 11 0 - - 146 11
јан.-јун. 2022 Италија Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ - - 0 0
Вкупно во кариерата 181 13 17 0 21 0 0 0 219 15

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Репрезентација Година Наст Голови
Швајцарија Швајцарија 2016 3 0
2017 6 0
2018 9 1
2019 10 2
2020 0 0
2021 12 0
Вкупно 40 3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Russia 2018: List of Players: Switzerland“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 June 2019.
  2. Денис Закарија – Профил на сајтот на УЕФА
  3. „Denis Zakaria“. borussia.de (german). Juventus. 12 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. Dominic Wuillemin (3 октомври 2015). „Zackig“ (германски). Berner Zeitung. Посетено на 9 јуни 2017.
  5. „Euro senza barriere“. La Gazzetta dello Sport. 10 јуни 2016. стр. 24. Посетено на 11 април 2017.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 „Zakaria, il mediano dello Young Boys che viene paragonato a Vieira“. Посетено на 25 декември 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Denis Zakaria, il talento svizzero che sta lasciando a bocca aperta la Germania“. 2 ноември 2019. Посетено на 25 декември 2019.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Calciomercato - La Germania promuove Zakaria: "Eclettico e solido, alla Juve non fallirà". 31 јануари 2022. Посетено на 2022-01-31.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „Denis Zakaria ist Gladbachs heimlicher Held“ (германски). Посетено на 2021-08-10.
  10. 10,0 10,1 „Juve, occhi su Zakaria: un gigante per il centrocampo“. Посетено на 2021-11-16.
  11. „Denis Zakaria, l'obiettivo di gennaio per il centrocampo della Juventus“. 30 јануари 2022. Посетено на 31 јануари 2022.
  12. „Zakaria : Mon rêve est devenu réalité“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  13. „YB holt Denis Zakaria“ (германски). 26 јуни 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  14. „Zurigo - BSC Young Boys“. 18 јули 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  15. „Young Boys-Monaco 1-3: I monegaschi dominano, ma per El Shaarawy è un esordio senza goal“. 28 јули 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  16. „Young Boys v St. Gallen Starting XIs, 28 nov 2015“ (англиски). 28 ноември 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  17. „Denis Zakaria ist der "Axpo-Rookie des Jahres" (германски). Посетено на 31 јануари 2022.
  18. „Denis Zakaria - Cronaca infortuni“. Посетено на 31 јануари 2022.
  19. „Denis Zakaria wechselt zu Mönchengladbach“ (германски). Посетено на 2021-06-28.
  20. „„Borussia ist der nächste gute Schritt" (германски). 9 јуни 2017. Посетено на 31 јануари 2022.
  21. „Hofmann und Raffael verhindern Pokal-Blamage“ (германски). 11 август 2017. Посетено на 31 јануари 2022.
  22. „Elvedi entscheidet das rheinische Derby“. 20 август 2021. Посетено на 31 јануари 2022. Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help)
  23. „Finnbogasons Blitzstart, Cordovas Last-Minute-Treffer“ (германски). 27 август 2021. Посетено на 31 јануари 2022.
  24. Tim Müller (18 ноември 2019). „Denis Zakaria ist der heimliche Held von Borussia Mönchengladbach“ (германски). Посетено на 31 јануари 2022.
  25. „Denis Zakaria: Who is Borussia Mönchengladbach and Switzerland's midfield marvel?“. Bundesliga. 30 декември 2021. Посетено на 4 февруари 2022.
  26. Borussia Mönchengladbach (германски). 29 декември 2021 http://www.borussia.de/en/news/news/2021-12-29-update-on-contract-negotiations-at-borussia. Посетено на 31 јануари 2022. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  27. „DENIS ZAKARIA WECHSELT ZU JUVENTUS TURIN“ (германски). 31 јануари 2022. Посетено на 31 јануари 2022.
  28. „UFFICIALE | Zakaria è un giocatore della Juventus! - Juventus“. Посетено на 2022-01-31.
  29. „Acht Spieler in den Nationalteams“ (германски). Посетено на 28 јуни 2021.
  30. „UEFA EURO 2016 FRANCE“ (PDF) (француски). 31 мај 2016. Посетено на 31 мај 2016.
  31. Antonio Ioppolo (4 јуни 2018). „Russia 2018 – I 23 convocati della Svizzera“. Посетено на 4 февруари 2022.
  32. „Bei Schweiz-Sieg: Schalkes Embolo legt vor, Gladbachs Zakaria trifft“ (германски). 23 март 2019. Посетено на 23 март 2019.
  33. „Euro 2020, girone A: la rosa della Svizzera“. Посетено на 2021-06-28.
  34. „La Svizzera rampante, con la stella Seferovic e le magie di Xhaka“. Посетено на 2021-08-05.
  35. „Svizzera-Spagna: probabili formazioni e dove vederla“. 2 јули 2021. Посетено на 2021-08-05.
  36. 36,0 36,1 36,2 Во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]