Мирко Вучиниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црна Гора Мирко Вучиниќ
MirkoVucinic.JPG
Лични податоци
Роден на 1 октомври 1983 (1983-10-01) (35 г.)
Роден во Никшиќ, СФРЈ
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал Џазира Ал Џазира
Број 9
Младинска кариера
Лече Лече
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2000 Сутјеска Сутјеска 9 (4)
2000–2006 Лече Лече 111 (34)
2006–2011 Рома Рома 147 (46)
2011-2014 Јувентус Јувентус 75 (21)
2014-2017 Ал Џазира Ал Џазира 29 (27)
Репрезентација
2003-2007 Србија и Црна Гора СЦГ 3 (0)
2004- Црна Гора Црна Гора 45 (17)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Мирко Вучиниќ (црногорски: Mиpкo Bучинић; роден на 1 октомври 1983 година) е црногорски голф играч кој настапува за голф клубот Принсес Милица Клуб[1] и фудбалер кој последен пат играл како напаѓач за Ал Џазира во Лигата на Персискиот залив на Обединетите Арапски Емирати и црногорската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Вучиниќ првично играл како централен напаѓач, но подоцна почна да игра и како лево крило. Тој е познат по својот дриблинг, и способноста да со серија добри дриблинзи да влезе од крилото внатре кон средината.

Кариера[уреди | уреди извор]

По потекло од градот Никшиќ, Вучиниќ играше за локалниот тим Сутјеска за време на неговите рани тинејџерски години. Тој брзо го привлече вниманието на Панталео Корвино, спортскиот директор на италијанскиот фудбалски клуб Лече и направи трансфер во Лече во летото 2000 година. Помеѓу 2000 и 2006 година, Мирко играше за Лече кој постојано се селеше меѓу Серија А и Б. Неговата најимпресивна сезона дотогаш во кариерата дојде во сезоната 2004-05, кога тој на возраст од 21-година постигна 19 гола во 28 настапи, додека Лече играше во Серија А.

По испаѓањето на Лече од лигата, Вучиниќ дојде во Рома на едногодишна позајмица со право на откуп на 50% од неговиот договор на 30 август 2006 година. Иако во првата негова сезона во главниот град на Италија постигна само 2 гола, сепак успеал да ги задоволи вкусовите на челниците на клубот првенствено поради својата одлична техника. Дури во јуни 2008 римската волчица го откупи неговиот целосен договор (претходно поседуваше половина од првата врз Вучинич) за вкупна сума од 12 милиони €. За време на неговиот престој во Рома одигра речиси 150 натпревари во Серија А и постигна 46 голови со што беше најдобриот напаѓач во овој период во историјата на клубот. Вучиниќ освои два купа и еден Суперкуп на Италија со Рома, но неуспеа да се закити со скудето иако Рома беше на неколку пати блиску до него (беше второпласирана). Во летото 2011 година Вучиниќ потпиша за најтрофејниот италијански тим Јувентус за сума од 15 милиони €. Тој постигна 8 погодоци за време на неговата прва сезона со нив и помогна во освојувањето на Скудетото накрајот од сезоната што беше негово прво во кариерата.

На репрезентативна сцена, Вучиниќ играше за две фудбалски репрезентации за Србија и Црна Гора и за подоцна осамостоената репрезентација на Црна Гора на која е капитен и клучен играч.

Поради повреда, тој не беше во можност да ја претставува репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светско првенство во 2006. По црногорскиот референдум за независност во 2006 година, Вучиниќ избра да ја претставува Црна Гора. Тој учествуваше со Црна Гора во квалификациите за светското првенство 2010, каде што тој постигна два гола. Вучиниќ, исто така, постигна два гола за Црна Гора и во нивните квалификации за пласман на УЕФА Евро 2012, но Црна Гора испадна во баражите.

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Сезони Тим Лига Домашни натпреварувања Домашни купови Европски натпревари Вкупно
Меч Голови Меч Голови Меч Голови Меч Голови
1999–00 Сутјеска Никшиќ Yugoslavia League 9 4 0 0 0 0 9 4
2001–02 Лече Серија А 2 0 0 0 0 0 2 0
2001–02 Лече Серија А 7 0 2 0 0 0 9 0
2002–03 Лече Серија Б 28 5 1 0 0 0 29 5
2003–04 Лече Серија А 12 1 1 0 0 0 13 1
2004–05 Лече Серија А 28 19 3 3 0 0 31 22
2005–06 Лече Серија А 34 9 0 0 0 0 34 9
Вкупно 111 34 7 3 0 0 118 37
2006–07 Рома Серија А 25 2 2 0 6 1 33 3
2007–08 Рома серија А 33 9 7 1 8 4 48 14
2008–09 Рома Серија А 27 11 3 3 8 3 38 17
2009–10 Рома Серија А 34 14 4 2 8 3 46 19
2010–11 Рома Серија А 28 10 5 1 4 0 37 11
Вкупно 147 46 21 7 34 11 202 64
2011–12 Јувентус Серија А 30 8 2 1 0 0 32 9
Вкупно 30 8 2 1 0 0 32 9
Вкупно во кариерата 297 92 27 10 34 11 361 114
(од 29 април 2012)

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • FOS. „Mirko Vucinic has officially started Golfer Career (in Montenegrin)“. https://fosmedia.me/sport/ostali-sportovi/vucinic-i-zvanicno-juri-golfersku-karijeru. посет. 1 април 2018 г.