Прејди на содржината

Суперкуп на Италија 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2012
по продолженија
Датум11 август 2012
СтадионНационален Стадион во Пекинг, Пекинг, Кина
Играч на
натпреварот
Мирко Вучиниќ (Јувентус)
СудијаПаоло Мацолени
2011
2013

Суперкупот на Италија 2012 беше 25-тото издание на Суперкупот во оваа земја, фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Италијанскиот куп.

Јувентус се квалификуваа откако ја освоја титулата во Серија А во сезонта 2011-2012, додека Наполи во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија во 2012 година.

Преглед на натпреварот

[уреди | уреди извор]

Натпреварот се одигра на Националниот стадион во Пекинг, а главен судија на мечот беше Паоло Мацолени. Натпреварот беше многу динамичен и интерсен. Прв во водство дојде Наполи кога по одличната топка на нашиот репрезентативец Горан Пандев, Единсон Кавани реализира противнапад за водство од 1-0. Во 37-мата минута Јувентус возврати и израмни на 1-1 по прекрасниот волеј-удар на Квадво Асамоа на асистенција на Артуро Видал. Пред крајот на првото полувреме Наполи се враќа во водство и сега води со 2-1 откако Пандев ја прочита намерата на Бонучи, му ја одзема топката и го лобуваше Буфон. Во второто полувреме долго стоеше овој резултат, сè до моментот кога Кампањаро не го фаулираше Вучиниќ во својот шесттнаесетник. Пеналот го изведе Видал и израмни на 2-2 во 74-тата минута. Во финишот од мечот започнува да се чувствува тензијата па така двајца играчи на Наполи го завршуваат натпреварот предвреме. Исклучени од игра беа:Пандев (поради приговор) и Зуњига (поради втор жолт картон). Набрзо по нив во соблекувалната на Наполи замина и тренерот на екипата Валтер Маѕари кој влезе во вербална расправа со судиите. По 90-те минути натпреварот завшува 2-2, што значи дека следат продолженија.

Бројчената предност на теренот Јуве ја користи веќе во првото продолжение кога по центрираната топка на Пирло, Маџо си постигна автогол и го носи Јувентус во прво водство на натпреварот. Само четири минути подоцна Мирко Вучиниќ ги постави конечните 4-2 со погодок во 101-вата минута од натпреварот на асистенција на Клаудио Маркизио.

По завршувањето на мечот екипата на Наполи одлучи да не остане на церемонијата на доделувањето на трофеите, во знак на незадоволството на клубот од арбитражата на главнио судија Мацолени.

Детаљи од мечот

[уреди | уреди извор]
11 август 2012
20:00 во 14 часот по мак. време
Јувентус 4 2 по продолженија Наполи Национален Стадион во Пекинг, пекинг
Судија: Паоло Мацолени
Асамоа гол 37'
Видал гол 74'
Маџо гол 97' (аг.)
Вучиниќ гол 101'
Кавани гол 27'
Пандев гол 41'
Јувентус
Наполи
ЈУВЕНТУС:
GK1Италија Џанлуиџи Буфон (к)
RB15Италија Андреја Барцаљи
CB19Италија Леонардо Бонучидобил жолт картон во 112-тата минута 112'
LB2Бразил Лусио
DM23Чиле Артуро Видал
DM8Италија Клаудио Маркизио
RW26Швајцарија Стефан Лихтштајнердобил жолт картон во 78-мата минута 78'заменет 89'
LW22Гана Квадво Асамоа
SS21Италија Андреја Пирло
CF32Италија Алесандро Матризаменет 46'
CF12Италија Себастијан Џовинкодобил жолт картон во 90+3-тата минута 90+3'заменет 116'
Резерви:
GK30Италија Марко Сторари
DF11Италија Паоло де Чеље
MF20Италија Симоне Падоинвлегол во игра 89'
MF24Италија Емануеле Џакеринивлегол во игра 116'
MF39Италија Лука Мароне
FW9Црна Гора Мирко Вучиниќвлегол во игра 46'
FW27Италија Фабио Кваљарела
Тренер:
Италија Масимо Карера
НАПОЛИ:
GK1Италија Морган Де Санктис
RB14Аргентина Уго Кампањаро
CB28Италија Паоло Канаваро (к)добил жолт картон во 52-рата минута 52'заменет 62'
LB5Уругвај Мигел Бритосдобил жолт картон во 32-рата минута 32'
DM85Швајцарија Валон Бехрамидобил жолт картон во 53-тата минута 53'
DM17Словачка Марк Хамшикзаменет 67'
AM88Швајцарија Гокан Инлерзаменет 106'
RW11Италија Кристијан Маџо
LW18Колумбија Хуан Камило ЗуњигаYellow cardYellow cardRed card 78', 90+3'
SS19Македонија Горан ПандевRed card 85'
CF7Уругвај Едисон Каванидобил жолт картон во 64-тата минута 64'
Резерви:
GK22Италија Антонио Росати
DF6Италија Салваторе Ароника
DF8Италија Андреа Досенавлегол во игра 106'
DF21Аргентина Федерико Фернандесвлегол во игра 62'
MF23Уругвај Валтер Гаргановлегол во игра 67'
FW9Чиле Едуардо Варгас
FW24Италија Лоренцо Инсиње
Тренер:
Италија Валтер МаѕариRed card 90+3'

Судии на мечот

  • Асистенти судии:
    • Ренато Фаверани
    • Андреа Стефани
  • Четврти судија: Мауро Бергонци

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Седум повикани резерви
  • Три максимум замени.