Уго Кампањаро
Уго Кампањаро | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 27 јули 1980 | ||
Роден во | Кордоба, Аргентина | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | централен одбранбен | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 2 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998-2002 |
![]() | 103 | (6) |
2002-2007 |
![]() | 127 | (10) |
2007-2009 |
![]() | 38 | (1) |
2009-2013 |
![]() | 118 | (4) |
2013-2015 |
![]() | 31 | (0) |
2015- |
![]() | 24 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2012-2014 |
![]() | 16 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Уго Армандо Кампањаро (роден на 27 јуни 1980 година) — аргентински фудбалер, играч од одбраната на Пескара.
Неговиот прекар е Ел Торо.[1]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоците со Депортиво Морон и трансферот во Пјаченца
[уреди | уреди извор]Кампањаро ја започнал својата кариера во Депортиво Морон најпрво како напаѓач и, благодарение на дискретниот квалитет е купен од страна на екипата на Пјаченца која го довела во Италија во 2002, и каде бил преместен поназад, најпрво како играч од средниот ред, а потоа последователно и во одбраната. Тој го направил своето деби во Серија А на 22 септември истата година, во натпреварот Пјаченца - Удинезе кој завршил со резултат 2-0. На 27 април 2003 година тој го постигнал својот прв гол во Серија А, а подоцна во истатиот натпревар погодил уште еднаш што биле неговите први два гола во Серија А во натпреварот Пјаченца-Перуџа што завршил 5-1 за неговиот тим.[2]. Во наредните години постепено го заработил почетното место во центарот на одбраната на Пјаченца.
Сампдорија
[уреди | уреди извор]На 3 јули 2007 Уго е купен целосно од страна на Сампдорија, која ја победила конкуренцијата од нивните градски соперници Џенова, и потпишале четиригодишен договор[3] На 16 август 2007 година, Кампањаро го направил своето деби во реваншот од втората квалификациска рунда од купот на Купот на УЕФА против Хајдук Сплит, а исто така тој го постигнал и својот прв гол за Сампдорија придонесувајќи за успехот на неговиот тим. За кратко време Кампањаро станал омилен меѓу навивачите на Сампдорија.[4]
По одличниот старт на сезоната во кој веднаш се воспоставил во страртната постава на Сампдорија, на 27 јануари 2008 во натпревар од првенство против Аталанта заработил мускулната повреда на десниот лист, која ќе го отстрани од терените во остатокот од сезоната.
За време на сезоната 2008-2009, Кампањаро се вратил на теренот во натпреварот против Интер. Меѓутоа следната недела, повторно го повредил десниот лист во пријателски натпревар против Кијасо и бил принуден да отсуствува уште два месеци пред да се врати на теренот повторно на 9 ноември, но исто така и во натпреварот во Неапол ја заработил истата повреда. На 27 ноември, тој се вратил за натпреварот од фазата по групи од Купот на УЕФА против Штутгарт. На 14 јануари повторно го повредил десниот лист во натпреварот во Удине. Тој повторно се вратил во игра на 26 февруари на натпреварот од шеснаесеттина финалето од УЕФА Купот против Металист Харков. На 3 мај 2009, Кампањаро го постигнал неговиот трет гол во Серија А и втор во дресот на Сампдорија, во Дербито на Џенова во кое Џенова ја победила Сампдорија со 3-1. Во последниот натпревар од сезоната во финалето на италијанскиот куп, Кампањаро станал трагичар промашувајќи го решавачкиот пенал во седмата серија, со кој му овозможил на Лацио да го освои трофејот, во финалето одиграно на 13 мај кое завршило со резултат 6-5 за Лацио на пенали.
Наполи
[уреди | уреди извор]
На 9 јули 2009, договорот на Кампањаро е откупен целосно од страна на Наполи, со кого потпишал договор до 2013 година.[5] На Сампдорија и биле платени 5.000.000 € и ко-сопственост на Даниеле Манини. Тој го направи своето деби во небесно синиот дре на 16 август 2009 во натпревар од италијанскиот куп против Салернитана, кој завршил со резултат 3:0 за Наполитанците [6] Својот прв гол во дресот на Наполи, Кампањаро го постигнал во напреварот против Милано на 21 март 2010 (1-1), давајќи му водство на Наполи. Во текот на сезоната, тој исто така бил распореден во необична улога на левото крило во средината на теренот, во повеќе наврати, играјќи со извонредни перформанси. Како редовен стартер во следното првенство, Кампањаро имал голем придонес во успешната кампања на Наполи во која стигнале до третото место и избориле директна квалификација во Лигата на шампионите.
Во следната сезона, тој постигнал гол на 10 септември 2011 против Чезена на Мануци носејќи му водство на Наполи од 2-1. Натпреварот завршил 3-1 во корист Наполи. Четири дена подоцна тој дебитирал во врвен европски натпревар, Лигата на шампионите, почнувајќи од првата минута во натпреварот против Манчестер Сити, кој завршил 1-1. На 20 мај 2012, го освоил првиот трофеј во кариерата, Купот на Италија, кога како стартер бил на победничката страна во финалето во Рим против Јувентус.
Во неговата последна сезона во Наполи, Кампањаро го одиграл целиот натпревар во Суперкупот на Италија во кој неговата екипа по продолженија загубила со 4-2 од Јувентус во натпреварот игран Националниот стадион во Пекинг во Кина.[7][8][9] Во првенството, тој одиграл 28 натпревари, постигнувајќи еден гол во ремито 1-1 против Лацио на 9 февруари 2013 година. На 1 јули 2013 година, откако договорот со клубот му истекол тој го напуштил Наполи.
Интер
[уреди | уреди извор]
На 6 јули 2013 година, Кампањаро како слободен играч потпишал двегодишен договор со Интер. Своето деби со нероаѕурите го направил во натпреварот од третиот круг на Купот на Италија, во кој Интер со 4-0 ја совладал Читадела и се квалификувал во следната рунда.[10] Тој го започнал натпреварот и одиграл 65 минути играјќи заедно со Ранокија и Хуан Жезуз во последната тројка. Тој дебитирал во Серија А на 25 август во првото коло од сезоната 2013-2014 против Џенова во победата со 2-0 на Сан Сиро. Својата прва сезона во Интер ја завршил со 23 настапи во сите конкуренции.
За сезоната 2014-2015, се појавиле многу гласини во врска со негово можно заминување од Интер, но играчот одбил да преговара со откажување на договорот и не го напуштил клубот.[11] Сезоната ја завршил со само 16 настапи од кој 10 биле во првенство и 6 во Лигата на Европа.
Пескара
[уреди | уреди извор]По истекот на договорот со Интер, на 30 август 2015 Кампањаро и се приклучил на екипата на Пескара во Серија Б. Во сезоната 2015-2016 одиграл 17 натпревари за Пескара и со своето искуство им помогнал да изборат промоција во Серија А преку плејофот.
Тој останал во клубот и во наредната сезона.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]На 15 февруари 2012, на возраст од 31-на година, тој го добил првиот повик во репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот натпревар против на Швајцарија на 29 февруари.[12] Своето деби го имал во споменатиот натпревар, играјќи го целиот натпревар.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― [[ фудбалска Selezione {{Naz/![]() ![]() | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
29/02/2012 | Берн | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Швајцарија ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 3 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ||
09/06/2012 | Ист Радерфорд | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
4 – 3 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ![]() |
|
15/08/2012 | Франкфурт | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Германија ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 3 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ![]() |
|
07/09/2012 | Кордоба | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 – 1 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ||
11/09/2012 | Лима | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Перу ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 1 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ![]() |
|
12/10/2012 | Мендоса | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 – 0 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ![]() |
|
16/10/2012 | Сантјаго | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Чиле ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 2 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ||
06/02/2013 | Стокхолм | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Шведска ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 – 3 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ||
26/03/2013 | Ла Пас | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Боливија ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 1 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ||
15/06/2013 | Гватемала | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Гватемала ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
0 – 4 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ||
14/08/2013 | Рим | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Италија ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 – 2 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ![]() |
|
10/09/2013 | Асунсион | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Парагвај ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 – 5 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ||
15/10/2013 | Монтевидео | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Уругвај ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 – 2 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Квал. за СП 2014 | - | ||
05/06/2014 | Буенос Аирес | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3 – 0 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ||
07/06/2014 | Ла Плата | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 – 0 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ||
15/06/2014 | Рио де Жанеиро | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Аргентина ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 – 1 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СП 2014-1 фаза | - | ![]() |
|
03/09/2014 | Диселдорф | [[ фудбалска Selezione {{Naz/Германија ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
2 – 4 | <span style="margin:0px {{Naz/![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пријателска | - | ![]() |
|
Вкупно | Настапи | 16 | Голови | 0 |
Титули
[уреди | уреди извор]
Наполи
[уреди | уреди извор]Куп на Италија (1) : 2011-2012.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tutti i nomignoli dei sudamericani Архивирано на 12 јануари 2012 г. sportmediaset.mediaset.it
- ↑ # PcPg Пјаченца-Перуџа 5-1 сезона 2002-2003 storiapiacenza1919.it
- ↑ Службено: Сампдорија го купи Кампањаро tuttomercatoweb.com
- ↑ [http :/ / www.tuttomercatoweb.com/sampdoria/index.php?action=read&idnotizia=3189] tuttomercatoweb.com
- ↑ Наполи ги формализира трансферите на Кампањаро и Зуњига Архивирано на 3 март 2016 г. sscnapoli.it
- ↑ Наполи-Салернитана 3-0 Архивирано на 2 септември 2009 г. sscnapoli.it
- ↑ „Juventus 4-2 Napoli“. 14 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-20. Посетено на 23 August 2012.
- ↑ „Juventus 4-2 Napoli“. ESPN. 14 August 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-08. Посетено на 23 August 2012.
- ↑ „Juventus 4-2 Napoli Report“. Goal.com. 14 August 2012. Посетено на 23 August 2012.
- ↑ „COPPA ITALIA, INTER 4-0 CITTADELLA“. inter.it. Inter Milan. 18 August 2013. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 11 October 2014.
- ↑ „Hugo Campagnaro on his way out of Inter Milan“. tribalfootball.com. Tribal Football. 15 September 2014. Архивирано од изворникот на 2022-12-18. Посетено на 11 October 2014.
- ↑ „Sette azzurri in Nazionale. Prima convocazione per Campagnaro: "Una gioia che condivido con la famiglia e con il Napoli"“. sscnapoli.it. 15 February 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-01. Посетено на 2013-06-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Уго Кампањаро на soccerway