Делфино Пескара 1936

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пескара
Целосно имеДелфино Пескара 1936
ПрекарДелфини , Бело-Светло Сини
Основан1936 па одново 2009
СтадионСтадион Адриатико
Пескара, Италија
Капацитет20,515
ПретседателИталија Даниеле Себастијани
ТренерИталија Џузепе Пилон
ЛигаСерија Б Серија Б
2017–18Серија Б, 17-ти
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Делфино Пескара 1936 (попознат и како Пескара Калчо или само Пескара) е италијански фудбалски клуб, од градот Пескара, Абруцо.

Клубот е формиран во 1936 година и во моментов се натпреварува во Серија Б, втората лига по ранг во Италија. Во својата историја клубот одиграл 7 сезони во највисокото ниво на италијанскиот фудбал познато како Серија А: 1977-1978, 1979-1980, 1987-1988, 1988-1989 и 1992-1993, 2012-2013 и 2016-2017.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Адриатико кој има капацитет од 20,515 седечки места. Официјалните бои на клубот се светлосина и бела, а најчесто настапуваат во пругасти дресови со наизменични светлосини и бели пруги и бели шорцеви.

Историја[уреди | уреди извор]

Со исклучок на една сезона во Серија Б во 1940-тите, од самото формирање Пескара имала релативно безлична историја до промоцијата во Серија Б во 1974 година. Со играчи како Џорџо Репето и Бруно Нобили во средниот ред, тие успеале да изборат промоција во нивната прва сезона во Серија А во 1977 година по победата во плејофот, но на крајот од нивната прва сезона во Серија А, Пескара завршила на последното место. По една сезона во Серија Б тие одново преку плејофот се вратиле во Серија А, но по новиот неуспех и уште едно испаѓање тие испаднале и од Серија Б во следната сезона, па така тимот се спушти во Ц1 лигата за две сезони.

Џовани Галеоне, тренер на Пескара во 1980-тите и почетокот на 1990-тите.

Сепак враќањето во Серија Б по една година, го означуваше оживувањето на Пескара по назначувањето на Џовани Галеоне во 1986 година. Неговата филозофија на напаѓачки фудбал ги донела популарните Бјанкаѕури до нова промоција во Серија А како шампиони во 1987 година, каде што тие играле две години едноподруго предводени од играчи како Жуниор и Блаж Слишковиќ кои во тој период биле ѕвездите на клубот. Галеоне ќе се врати на функцијата за време на сезоната 1990-1991 и го однел тимот до уште една промоција и настап во елитата следната сезона.

По испаѓањето, Пескара останала во Серија Б во текот на 1990-тите, со испуштена шанса за промоција во 1999 година. Испаѓање во Ц1 било проследено во 2001 година, а по промоцијата во 2003 година, следат две испаѓања по ред поради стечај и скандали кои влијаат и врз други клубови. Пескара била автоматски исфрлена од Серија Б во сезоната 2006-2007, по што уследиле три претседателски и тренерски промени во клубот во текот на сезоната. Во декември 2008 година, долговите остарени од клубот биле правно прогласени за надвор од бизнисот и нејзината контрола предадена на стечаен управник назначен од Судот во Пескара. Во февруари 2009 година, со преземање од една група наречена "Делфино Пескара 1936" било заокружено продавањето на клубот со што Дебора Калдора станала првата жена претседател на клубот. Во меѓувреме, резултатите не биле значително подобрени и во март, Џузепе Галдеризи ​​бил разрешен од позицијата на тренерскиот пост и бил заменет со Антонело Кукуреду.

На почетокот на сезоната 2009-2010, Еузебио ди Франческо бил назначен за нов тренер. Пескара завршила како втора во Ц1-Б лигата и се квалификувала за промотивни баражи. Тие ги победиле Реџана во полуфиналето и Верона во финалето, и така се вратиле во Серија Б по 3 години отсуство. Следната сезона започнала со назначувањето на Зденек Земан за нов тренер; чешкиот тренер веднаш ја вратил Пескара на правиот пат благодарение на неговиот добро познат напаѓачки стил на игра, кој се покажал како одличен во комбинација со млади талентирани фудбалери што многу ветуваат, како што биле Марко Верати, Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње, кои го воделе клубот до освојување го првото место во Серија Б во сезоната 2011-2012 и нова промоција во Серија А. Промоцијата во највисокото ниво на италијанскиот фудбал после 19 години отсуство била осигурана со победата над Сампдорија со 3–1 на гости на 20 мај 2012. Во последната минута од последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната, пак напаѓачот на бјанкоаѕурите Рикардо Маниеро постигнал победнички погодок во натпреварот против Ночерина со кој и ја донел на Пескара втората титула во Серија Б, откако дотогашниот водач во лигата, Торино, одиграл нерешено на гостувањето кај Албинолефе.

Сезоната 2012–2013 Пескара ја започнала со потрага по нов тренер откако Зденек Земан го напуштил клубот и ја преземал Рома. Исто така, клубот го напуштиле и клучните играчи од претходната сезона Имобиле и Инсиње се вратиле во клубовите од кои дошле во Пескара на заем Јувентус и Наполи, додека Верати бил продаден на Париз Сен Жермен за клупски рекорд. Откако Џовани Стропа во јуни бил избран да ја води Пескара во повратничката сезона во Серија А, тие дебитирале со пораз од 3–0 од Интер и останале без победа до петтото коло, кога го совладале Палермо со 1–0. По три месеци Стропа бил отпуштен и заменет со Кристијано Бергоди, тој пак во март со Кристијан Буки, но ниту еден од трите тренери не успеал да направи позитивна низа на резултати и клубот по само една сезона испаднал од Серија А назад во Серија Б, завршувајќи на последното 20-то место со само 6 победи, 4 нерешени и 28 порази. Меѓу играчите кој најмногу се истакнале во оваа сезона бил младиот голман Матија Перин, кој поставил рекорд на сезоната со најмногу одбрани на еден натпревар (15) во победата со 2-0 над Фјорентина, и Владимир Вајс кој бил најдобар стрелец на клубот.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Главната навивачка група на Пескара е позната под името Пескара Ренџерс, и тие имаат пријателски однос со навивачите на Виченца, поради тоа што овие два града се сметаат за збратимени градови.

Соперници[уреди | уреди извор]

Пескара има соперништва со Лацио и Верона, покрај традиционално регионалните соперници Кјети, Виртус Ланчано и Л’Аквила, сепак, тие не се соочиле со некој од овие клубови (со исклучок на Ланчано со кого играле во Серија Б) од 2002 година, кога играле таму поради финансиски проблеми. Исто така Пескара има соседни регионални соперништва со клубови како што се: Анкона, Асколи и Самбенедетесе.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Винченцо Фјорило
2 Аргентина ОД Уго Кампањаро
3 Италија ОД Кристијано Дел Гросо
5 Франција ОД Ендрју Гравилон
6 Италија СР Џенаро Скоњамилјо
7 Италија СР Леонардо Манкузо
8 Албанија СР Ледјан Мемушај
9 Италија НП Гаетано Монакело
11 Италија СР Кристијан Капоне
12 Албанија ГМ Елхан Кастрати
13 Уругвај НП Сантјаго Белини
14 Италија ОД Антонио Балцано
15 Уругвај ОД Едгар Елисалде
16 Уругвај СР Гастон Бругман
17 Италија ОД Џовани Пинто
Бр. Позиција Играч
18 Италија ОД Давиде Бетела
19 Италија НП Мануел Марас
20 Италија СР Алесандро Бруно
21 Италија ГМ Симоне Фарели
23 Италија ОД Марко Перота
24 Италија СР Лука Форте
25 Италија СР Лука Креко
26 Италија НП Мирко Антонучи
27 Италија ОД Џузепе Скалера
28 Италија СР Филипо Мелегони
29 Италија НП Фердинандо Дел Соле
30 Сенегал СР Франк Кануте
31 Италија ОД Матео Чофани
36 Италија НП Рикардо Сотил

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

 

Титули[уреди | уреди извор]

1986-1987, 2011-2012
1973-1974 (група Ц)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]