Пер Кролдруп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пер Кролдруп
Лични податоци
Роден на 31 јули 1979 (1979-07-31) (40 г.)
Роден во Фарсе, Данска
Висина &100000000000001940000001,94 м
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Пескара
Број 3
Младинска кариера
Б 93
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2001 Б 93 57 (8)
2001-2005 Удинезе 91 (3)
2005-2006 Евертон 2 (0)
2006-2012 Фјорентина 117 (3)
2013- Пескара 5 (0)
Репрезентација
2012- Данска 33 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Пер Билесков Кролдруп (роден на 31 Јули 1979 во Фарсе) е дански професионален фудбалер кој во моментов игра за Пескара. Кролдруп одиграл 33 натпревари за данскиот национален фудбалски состав, и тој бил дел од тимот кој настапувал на Евро 2004 и на Светското првенство 2010.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Кролдруп ја започнал својата фудбалска кариера во данскиот нисколигаш Алборг Чанг. Тој потоа, продолжил да игра за Б 93 Копенхаген во данската 1-ва дивизија пред да се пресели во Удинезе во Серија А шампионатот во 2001 година.

Евертон[уреди | уреди извор]

Во јуни 2005 година, Кролдруп се пресели од Удинезе во англискиот клуб Евертон за сума од 5 милиони £. Пред да одигра некој натпревар за клубот, тој доживеал повреда на препоните и морал да се подложи на операција. Тој го направи своето деби за Евертон во поразот со 0-4 од Астон Вила, што бил неговиот единствен лигашки натпревар за клубот. Неговата кариера во Евертон подоцна била опишана како еден од најлошите трансфери во тимот на Евертон како и во англиската лига. Кролдруп изјавил дека тој наишол на големи тешкотии при адаптирањето на физичките аспекти во англискиот фудбал.

Фјорентина[уреди | уреди извор]

Кролдруп се вратил назад во Италија во 2006 година, и се приклучил на екипата на Фјорентина. По скандалот калчополи, каде што неколку клубови биле на судење за наместени натпревари, Фјорентина во почетокот била испратена во понизок ранг т.е. Серија Б лигата во јули 2006 година. Кролдруп бил меѓу играчите кои сакале да ја напуштат. Меѓутоа, како што Фјорентина направила жалба до Италијанската фудбалска федерација, клубот останал во Серија А и повеќето од нивните играчи, вклучувајќи го и Кролдруп, останале во Фиренца. Тој го направил своето деби во Лигата на шампионите на 12 август 2008 година против Славија Прага во победата од 2-0 победа за Виола.

Пескара[уреди | уреди извор]

На 8 март 2013, Кролдруп и се приклучил на екипата на Пескара. Одиграл само 5 натпревари во Серија А и претпел испаѓање од лигата.

Ољаненсе[уреди | уреди извор]

На 1 октомври 2013, како слободен играч Кролдруп му се приклучил на Ољаненсе во Португалската прва лига.