Матија Перин
Матија Перин | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 10 ноември 1992[1] | ||
Роден во | Латина, Италија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м[1] | 1,94||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 1 | ||
Агент |
![]() | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2010-2018 |
![]() | 148 | (0) |
2011-2012 |
→![]() | 25 | (0) |
2012-2013 |
→![]() | 29 | (0) |
2018- |
![]() | 9 | (0) |
2020- |
→![]() | 3 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 |
![]() | 12 | (0) |
2009 |
![]() | 4 | (0) |
2009-2010 |
![]() | 6 | (0) |
2011-2012 |
![]() | 2 | (0) |
2010-2012 |
![]() | 3 | (0) |
2014- |
![]() | 2 | (0) |
† Учества (Голови). |
Матија Перин (роден на 10 ноември 1992 во Латина) — италијански фудбалер, голман на Џенова на заем од Јувентус и на италијанската репрезентација.
Технички карактеристии[уреди | уреди извор]
Се смета меѓу најдобрите италијански голмани на неговата генерација,[2][3] често е споредуван со Валтер Ѕенга поради карактеристиките и движењата,[4][5] се извојува по одличните релфекси[3][6] и чувство за позиционирање.[6]
Клупска кариера[уреди | уреди извор]
Почетоци, Џенова, Падова и Пескара[уреди | уреди извор]
Својте први фудбалски чекори ги направил во фудбалската школа Нова Латина Исонѕо и од рана возраст имал јасна цел: неговата позиција на теренот да биде голманската: "Играв фудбал во дворот и бев најмалиот. Имав 4-5 години. На кратко, секој пат кога ќе добиев топка, јас ја запирав со моите раце, а потоа ја исфрлав. Ми рекоа: ти си створен за да бидеш на голот. И таа идеја ми се допадна. Кога влегов во школата во Латина, веднаш реков дека сакам да бидам голман.[7] На возраст од 13 години тој се преселил во младинската академија на Пистоезе.
Набргу потоа бил забележан од скаутите на Џенова, а во 2008 година се преселил во младинските категории на росболу. Како младинец, со екипата од Лигурија во 2010 година ги освоил Камионато Примавера и Суперкуп Примавера. Своето деби за првиот тим на Џенова во Серија А го имал на 22 мај 2011 година, на возраст од 18 години, во натпреварот Џенова-Чезена 3-2 во последното коло од првенството.
На 8 јули 2011 година тој беше позајмен на Падова[8] во Серија Б, за која дебитирал на 1 октомври 2011 година во гостинската победа со 4-2 над Емполи заменувајќи го повредениот Иван Пелицоли. Тој потоа го одиграл вториот дел од сезоната како стартер, собирајќи 25 настапи на кој примил 39 гола. На крајот на годината тој ја освои наградата "Serie Bwin Awards" како најдобар голман на првенството.[9]
Откако се вратил во Џенова по завршувањето на договорот за заем, на 30 јули 2012 година бил проследен на уште една позајмица во Пескара, новопромовираната екипа во Серија А.[10] Дебитирал за екипата од Абруцо на 18 август, во натпреварот Пескара-Карпи 1-0 во третото коло од Купот на Италија.[11] На 26 август го имал своето деби во лигата во поразот на домашен терен со 0-3 од Интер.[12] Во деветнаесеттото коло, тој бил апсолутен протагонист во победата против Фјорентина (0-2) на стадионот Артемио Франки со 15 одбрани, што бил сезонски рекорд во една натпревар што се однесува до топ пет лигите во Европа (Германија, Франција, Англија, Италија, Шпанија).[13] Перин остварил добра сезона и покрај тоа што го завршил првенството со 66 примени гола во 29 настапи и што Пескара како последнопласиран тим испаднала во Серија Б.
Враќање во Џенова[уреди | уреди извор]
На 1 јули 2013 година, по завршувањето на заемот во Пескара, тој се вратил во Џенова во Серија А, а од клубот објавиле дека Перин ќе остане во клубот наредната сезона и ќе биде прв голман давајќи му го дресот со број 1. Својот прв натпревар за Џенова по пауза од повеќе од две години од своето деби го имал на 17 август 2013 против Специја во Купот на Италија, додека првиот настап за сезоната во лигата го имал на 25 август истата година, во натпреварот против Интер на гости. До крајот на сезоната забележал 37 настапи во лигата.
На 24 септември 2014 година, во натпреварот против Верона, поради отсуството на Лука Антонели, тој излегол на теренот, носејќи ја капитенската лента на лигурската екипа.[14] На 28 септември, по повод 109-тото Дерби дела Лантерна, тој ја достигнал бројката од 100 настапи меѓу професионалците. На 15 март 2015 година тој бил награден од страна на Италијанската Асоцијација за тренери на голманите како најдобар голман на првенствата Серија А, Б и Примавера за сезоната 2013-2014.[15] На 6 јуни 2015 година, поради повреда со која се здобил во натпреварот против Интер на 22 март, тој морал да го оперира десното рамо, поради што бил оддалечен од акција за околу четири месеци.[16]
Перин се вратил на теренот на 18 октомври 2015 година, во осмотто коло од новото првенство во Серија А, во натпреварот во кој Џенова го победила Кјево со 3-2 со голот на Панајотис Тахтсидис длабоко во судиското продолжение.[17] Подоцна Перин станал протагонист на уште една одлична сезона, сè до 9 април 2016 година кога го скинал предниот круцијален лигамент на десното колено по еден дуел со соиграчот Есекиел Муњос, во натпреварот против Сасуоло на Мапеи Стедиум.[18] Интервенцијата му била направена 4 дена подоцна, поради што бил принуден да ја затвори сезоната предвреме и да го пропушти Европското првенство 2016, со прогноза дека целосното закрепнување ќе го чини околу 6 месеци отсуство од терените.[19]
Следната сезона се вратил на 18 септември 2016 година, за натпреварот од 4-тото коло од првенството против Сасуоло, на Мапеи Стедиум, токму на местото на кое ја заработил повредата.[20] На 21 септември ја достигнал бројката од 100 настапи во Серија А во дресот на грифоните во натпреварот против Наполи, што завршил 0-0. Неколку месеци подоцна, на 8 јануари 2017 година, тој бил жртва на истата повреда, овој пат на левото колено.[21]
Во сезоната 2017-2018 бил назначен за капитен на Џенова, по заминувањето од клубот на Николас Бурдисо. По закрепнувањето од последната повреда на левото колено, Перин се вратил на теренот на 13 август 2017 година, во натпреварот од третото коло на Купот на Италија против Чезена. По неколку сезони по ред кој му биле испрекинати од повреди сезоната 2017-2018 конечно успеал да ја започне и заврши играјќи во континуитет забележувајќи 38 настапи во сите натпреварувања (37 во Серија А) на кој примил 43 гола, а во 12 од нив ја сочувал својата мрежа чиста.[22]
Јувентус[уреди | уреди извор]
На 8 јуни 2018 Перин потпишал договор со Јувентус во трансфер вреден 12 милиони евра (плус бонуси).[22] На конференција за медиумите на неговата презентација избрал да го носи дресот со број 19 за својата прва сезона со бјанконерите.
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Перин играл во сите младински национални репрезентации, почнувајќи од онаа под 17 години, со која настапил на Светско првенство за играчи под 17 години во 2009 година.
Своето деби за репрезентацијата под 21 година, го направил на 11 август 2010 година на возраст од само 17 години и 9 месеци, заменувајќи го Вито Маноне во пријателски натпревар против Данска.[23]
На 10 август 2012 година, тој за прв прв бил повикан во сениорската репрезентација на Италија од селекторот Чезаре Прандели по повод пријателскиот натпревар против Англија на 15 август во Берн.[24] Следната 13 мај 2015, тој се нашол меѓу 30-те играчи кандидати повикани од Прандели за Светското првенство во фудбал 2014,[25] а подоцна на 1 јуни бил вклучен и во официјалниот список од 23 фудбалери учесници на турнирот,[26] како трет голман зад Џанлујџи Буфон и Салваторе Сиригу. Тој влегол во историјата како првиот голман на Џенова во историјата на клубот кој бил повикан да учествува на Светско првенство.[27]
Своето деби во националниот дрес го имал на 18 ноември 2014 година, на возраст од 22 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Албанија (1-0) одигран во Џенова.
Тој бил дел од тимот и на следниот селектор Антонио Конте, но повредата на коленото претрпена во април 2016 година го спречила да учествува на Европското првенство 2016. Тој се вратил во репрезентацијата под водство на селекторот Вентура, но не забележал ниту еден настап бидејќи најчесто бил трет голман зад Буфон и младиот Џанлујџи Донарунума.
Перин добил повик и од четврти селектор, Роберто Манчини,[28] под чие водство исто така, го имал и својот втор настап на 4 јуни 2018 против Холандија, играјќи како стартер за првпат.
Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
18-11-2014 | Џенова | Италија ![]() |
1 – 0 | ![]() |
Пријателска | - | ![]() |
|
4-6-2018 | Торино | Италија ![]() |
1 – 1 | ![]() |
Пријателска | -1 | ||
Вкупно | Настапи | 2 | Голови | -1 |
Статистика[уреди | уреди извор]
Клупска статистика[уреди | уреди извор]
Статистиката е ажурирана на 4 август 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009-2010 | ![]() |
А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
2010-2011 | А | 1 | -2 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | -2 | |
2011-2012 | ![]() |
Б | 25 | -39 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | -39 |
2012-2013 | ![]() |
А | 29 | -66 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | -66 |
2013-2014 | ![]() |
А | 37 | -50 | КИ | 1 | -2 | - | - | - | - | - | - | 38 | -52 |
2014-2015 | А | 32 | -38 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | -38 | |
2015-2016 | А | 25 | -30 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | -30 | |
2016-2017 | А | 16 | -19 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 16 | -19 | |
2017-2018 | А | 37 | -42 | КИ | 1 | -1 | - | - | - | - | - | - | 38 | -43 | |
Вкупно Џенова | 148 | -181 | 3 | -3 | - | - | - | - | 151 | -184 | |||||
2018-2019 | ![]() |
А | 9 | -8 | КИ | 0 | -0 | ЛШ | 0 | -0 | СИ | 0 | -0 | 9 | -8 |
Вкупно во кариерата | 211 | -294 | 4 | -3 | - | - | - | - | 215 | -297 |
Одбранети пенали[уреди | уреди извор]
Извор: transfermarkt
Подолу се прикажани само пеналите во регуларниот дел од натпреварите по 90 минути или продолженија. Ако некој од натпреварите се одлучувале по изведување на пенали, таквите евентуални одбрани нема да бидат прикажани во овој список.
- Вкупно одбранети пенали: 9
# | Сезона | Натпреварување | Дата | Екипа | Натпревар | Резултат | Изведувач на пеналот |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | 2010-2011 | Кампионато Примавера | 23 октомври 2010 | ![]() |
Емполи (П) - Џенова (П) | 2-2 | ![]() |
2. | 2011-2012 | Серија Б | 1 мај 2012 | ![]() |
Падова - Сасуоло | 0-2 | ![]() |
3. | 2012-2013 | Серија А | 1 септември 2012 | ![]() |
Торино - Пескара | 3-0 | ![]() |
4. | 2013-2014 | Серија А | 23 ноември 2013 | ![]() |
Милан - Џенова | 1-1 | ![]() |
5. | 2013-2014 | Серија А | 27 април 2014 | ![]() |
Аталанта - Џенова | 1-1 | ![]() |
6. | 2014-2015 | Серија А | 9 ноември 2014 | ![]() |
Каљари - Џенова | 1-1 | ![]() |
7. | 2014-2015 | Серија А | 30 ноември 2014 | ![]() |
Чезена - Џенова | 0-3 | ![]() |
8. | 2015-2016 | Серија А | 21 февруари 2016 | ![]() |
Џенова - Удинезе | 2-1 | ![]() |
9. | 2016-2017 | Серија А | 22 октомври 2016 | ![]() |
Џенова - Сампдорија | 2-1 | ![]() |
Титули[уреди | уреди извор]
Џенова[уреди | уреди извор]
- Кампионато Примавера (1) : 2009-2010
- Суперкуп Примавера (1) : 2010
Јувентус[уреди | уреди извор]
Серија А (1) : 2018-2019
Суперкуп на Италија (1) : 2018
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Mattia Perin“. Посетено на 9 јули 2016.
- ↑ Valerio Albensi (3 јуни 2015). „Ecco i portieri che accendono il calciomercato“. Посетено на 28 јануари 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Marco Juric (23 март 2016). „Sul volo“. Посетено на 28 септември 2016.
- ↑ „Inter, Mancini e il mercato: "Yaya? In Italia solo all'Inter. Perin ricorda Zenga. E su Toulalan…"“. 10 март 2015. Посетено на 8 јули 2016.
- ↑ „Genoa, Simone Braglia: «Bene Perin, mi ricorda Zenga»“. 22 февруари 2014. Посетено на 28 јануари 2016.
- ↑ 6,0 6,1 „A tu per tu con... Mattia Perin“.
- ↑ calcionews24.com. „Perin ed il ruolo di portiere. Tutto è nato così!“. Посетено на 16 јуни 2015.
- ↑ „ALTRA TORNATA AL CALCIO MERCATO“.
- ↑ „Mattia Perin miglior portiere della Serie B. Soddisfazione in casa Genoa“. 23 мај 2012.
- ↑ „Speciale Calciomercato“. Архивирано од изворникот на 25 септември 2014.
- ↑ „Tim Cup: Pescara 1-0 Carpi“. Архивирано од изворникот на 9 декември 2014. Посетено на 19 август 2012.
- ↑ „Pescara 0-3 Inter“. Посетено на 29 август 2012.
- ↑ „Perin, un giorno da Ronaldo“. 7 јануари 2013. Посетено на 13 мај 2014.
- ↑ „News Genoa – Perin su Instagram: "La prima volta non si scorda mai"“. Посетено на 25 септември 2014.
- ↑ „PREMI APPORT A PERIN E SPINELLI“. Посетено на 28 април 2015.
- ↑ „Genoa: Perin operato alla spalla destra“. Посетено на 21 јули 2015.
- ↑ „Genoa-Chievo 3-2: Tachtsidis al 93' beffa i venet“.
- ↑ „Mattia Perin, legamento crociato rotto e addio a Euro 2016“. Посетено на 13 април 2016.
- ↑ „Genoa, stagione finita per Perin: rottura del legamento crociato. Addio Europei“. 12 април 2016.
- ↑ Elio Goka (18 септември 2016). „Sassuolo-Genoa 2-0: Politano e Defrel affondano il Grifone“. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Genoa, per Perin rottura del crociato anteriore al ginocchio sinistro“. 8 јануари 2017.
- ↑ 22,0 22,1 „Mattia Perin è bianconero!“. 8 јуни 2018. Посетено на 8 јуни 2018.
- ↑ „Italia-Danimarca 2-2“.
- ↑ „Sono 8 le novità di Prandelli per l'amichevole con l'Inghilterra“. Посетено на 13 мај 2014.
- ↑ „Italia, ecco i 31 di Prandelli. C'è Rossi, sorpresa Darmian. Fuori Gila e Criscito“. 13 мај 2014.
- ↑ „Nazionale, ecco i 23 di Prandelli: niente Brasile per Giuseppe Rossi“. 1 јуни 2014.
- ↑ „Perin: amichevole con l'Italia“. 31 мај 2014.
- ↑ „Nazionale, le prime convocazioni di Mancini: c'è Balotelli“. 19 мај 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Матија Перин“ на Ризницата ? |
- Матија Перин на soccerway
- Матија Перин на transfermakt
- Матија Перин на whoscored
- Матија Перин на espn
- Матија Перин на Goal.com
- Матија Перин на tuttocalciatori
|