Масимилијано Алегри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Масимилијано Алегри
Allegri with Milan players (cropped) - 2.jpg
Масимилијано Алегри во 2012
Лични податоци
Полно име Масимилијано Алегри
Роден на 11 август 1967 (1967-08-11) (воз. 50 г.)
Роден во Ливорно, Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус (тренер)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984–1985 Куоиопели Куоиопели 7 (0)
1985–1988 Ливорно Ливорно 29 (0)
1988–1989 Пиза Пиза 2 (0)
1989–1990 Ливорно Ливорно 32 (8)
1990–1991 Павија Павија 29 (5)
1991–1993 Пескара Пескара 64 (16)
1993–1995 Калјари Калјари 46 (4)
1995–1997 Перуџа Перуџа 41 (10)
1997 Падова Падова 21 (0)
1997–1998 Наполи Наполи 7 (0)
1998–2000 Пескара Пескара 46 (4)
2000–2001 Пистоезе Пистоезе 18 (1)
2001–2003 Алјанезе Алјанезе 32 (8)
Раководител на екипите
2003–2004 Алјанезе Алјанезе
2004–2005 СПАЛ СПАЛ
2005–2006 Гросето Гросето
2007–2008 Сасуоло Сасуоло
2008–2010 Калјари Калјари
2010–2014 Милан Милан
2014– Јувентус Јувентус
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Масимилијано Алегри (роден на 11 август 1967 во Ливорно) е италијански фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Јувентус.

Кариерата со клубови[уреди | уреди извор]

Откако почетокот на својата кариера ја поминал во пониските лиги, вклучувајќи го клубот од неговиот роден град Ливорно, Алегри и се приклучил на Пескара во 1991. Тој многу добро се снашол како играч од средниот ред, по што екипата на Џовани Галеоне изборила промоција во Серија А во 1992. Алегри бил извонреден играч за Пескара во Серија А. И покрај испаѓањето во втората лига со последното место на табелата, Алегри постигнал импресивни 12 гола. Тој продолжил во Калјари, потоа во Перуџа и Наполи пред да се врати пак во Пескара. Краток периоди играл и во Пистоезе и Алјанезе пред да се пензионира од професионалниот фудбал како играч во 2003.

Тренирање[уреди | уреди извор]

Почетокот на кариерата[уреди | уреди извор]

Алегри започна тренерска кариера во 2004, служејќи како шеф на тимот од Серија Ц2 Алјанезе, клубот во кој тој ги помина последните две години од неговата професионална фудбалска кариера. По една импресивна сезона со нив, Алегри беше повикан да го предводи Гросето, тогаш во Серија Ц1; неговото искуство со бјакнороси-те не беше толку успешна како она со Аљанезе, и беше многу брзо отпуштен по почетокот на сезоната 2006-07 во Серија Ц1. Откако беше отпуштен од Гросето, Алегри се согласи да му се придружи на неговиот ментор Џовани Галеоне кај Удинезе, станувајќи дел од неговиот тренерски персонал. Оваа пракса сепак се докажа дека е забраната од страна на законите на италијанскиот фудбал затоа што се уште траеше неговиот договор со тосканскиот клуб, и предизвика Алегри да биде дисквалификуван за три месеци на почетокот на 2008 година.

Сасуоло[уреди | уреди извор]

Во август 2007 Алегри стана тренер на амбициозниот тим од Серија Ц1, Сасуоло, кој Алегри успеа да брзо да го доведе во врвните места во лигата. На 27 Април 2008 Сасуоло математички ја обезбеди титула за сезоната 2007-08 во Серија Ц1/А, со тоа освојувајќи прва историска промоција во Серија Б за неровердите.

Калјари[уреди | уреди извор]

На 29 Мај 2008 беше најавен како нов тренер на Калјари во Серија А, заменувајќи го Давиде Балардини. И покрај разочарувачкиот старт на сезоната, со пет порази во првите пет натпревари во лигата, Алегри беше потврден од страна на претседателот на клубот Масимо Челино и продолжи како тренер по што го доведе својот тим до средината на табелата до декември. На 9 декември по домашната победата од 1-0 против Палермо, Калјари Калчо најави дека склучиле нов две годишен договор со Алегри, кој истекнува на 1-ви јуни 2011. Потоа беше откриено дека договорот бил склучен во октомври, во средината на раните кризни резултати на рособлу-ите.

Тој ја заврши сезоната 2008-09 во извонредно деветто место, кој беше поздравен како огромен резултат земајќи ги предвид ограничените ресурси, недостатокот на топ играчи и високиот квалитет на напаѓачкиот фудбалски стил на Калјари кој ги доведе Сардинците многу блиску до квалификација во УЕФА Европа Лига. Таквите резултати го доведоа да биде награден со Панкина д'Оро (Златна Клупа), награда која му се доделува на најдобриот фудбалски менаџер од Серија А според гласовите на другите менаџери. Тој ја освои истата награда за втор пат по ред, исто така, за неговите резултата за сезоната 2009-2010, каде успеа да ги потврди високите фудбалски нивоа на Калјари и покрај загубата на редовниот напаѓач Роберто Аквафреска, како и водејќи импресивен број од три играчи од неговиот тим (имено, Давиде Бјондини, Федерико Маректи и Андреа Косу) да добијат повик за италијанската фудбалска репрезентација за неговото време во клубот.

На 13 април 2010 Калјари изненадувачки го отстрани Алеги од неговите менаџерски задачи и покрај доброто дванаесетто место со 40 бодови, и тренерот на младите Џорџо Мелис (со Џанлука Феста како негов помошник) бил назначен на неговото место.

Милан[уреди | уреди извор]

Тој беше ослободен од неговиот договор со Калјари на 17 јуни 2010, под барање на гигантите од Серија А, Милан, кои беа заинтересирани да го назначат него нивен нов тренер. На 25 Јуни, Алегри беше официјално назначен за нов тренер на Милан. Во неговата прва сезона на чело, Алегри ги предводи Милан до нивната прва шампионска титула од 2004, победуваќи го Интер во двете натпревари, но сепак, неговиот тим не успеа да го помине полуфиналето на Купот на Италија, губејќи од Палермо со вкупен резултат 4-3 во неговата прва сезона. Тимот исто така се квалификуваше и во осмина финалето на Лигата на Шампионите за 2010-11, кога беа елиминирани од Тотенхем Хотспар.

Сепак, Масимилијано Алегри се докажа во Серија А дека тој е млад талентиран тренер и ги предводи Милан до шестиот Супер Куп на Италија, враќајќи го резултатот во 2-1 против Интер во меч кој беше одигран во Националниот Стадион на Пекинг.

На 13 јануари 2012 година, Масимилијано Алегри се согласи да го продолжи договорот со Милан до крајот на сезоната 2013-2014.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Алегри (десно) го води од клупата Јувентус во пред-сезонски натпревар во летото 2014.

На 16 јули 2014, Алегри ја превземал тренерската функција во Јувентус откако Антонио Конте еден ден пред тоа поднел оставка од непознати причини.[1][2] Тој го направил своето деби како тренер на Јувентус на 30 август, во првото коло од шампионатот 2014-2015 на гостувањето кај Кјево, со победа од 1-0. На 9 декември, со нерешените 0-0 на домашен терен против вице-шампионот на Европа Атлетико Мадрид, го одвел Јувентус во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Потоа, го одвел до четвртфиналето, поразувајќи го Борусија Дортмунд, со 2-1 во Торино, а потоа со убедливи 0-3 на гостувањето во Германија. На 7 април, со победата над Фјорентина со вкупен резултат од 4-2, Алегри и неговите пулени се пласирале во финалето на италијанскиот куп. На 22 април, Алегри го води Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите, по 12 години, победувајќи го Монако во првиот натпревар на домашен терен со 1-0 и потоа реми без голови (0-0) на гости. На 2 мај, победувајќи ја Сампдорија на гостувањето со 0-1, ја освоил титулата во Серија А, 4-та по ред за Јувентус, и негова втора лична титула во италијанското првенство.

Со овој успех, Алегри влегол во клубот на тренери кои го имаат освоено популарното скудето со најмалку два различни клубови. Тука спаѓаат: Капело, кој победил со три екипи (Милан, Рома и Јувентус), Вајс (Интер и Болоња), Бернардини (Фиорентина и Болоња), Лидхолм (Милан и Рома), Трапатони (Јувентус и Интер).

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 4 мај 2015.

Сезона Екипа Првенство Место Учинок
Одиграни Победи Нерешени Порази % успешност
2003-2004 Италија Алјанезе Ц2 13º во група Б &1000000000000003800000038 &1000000000000001000000010 &1000000000000001300000013 &1000000000000001500000015 &1000000000000263200000026,32
2004-2005 Италија СПАЛ Ц1 9º во група Б &1000000000000004000000040 &1000000000000001300000013 &1000000000000001500000015 &1000000000000001200000012 &1000000000000325000000032,50
2005-2006 Италија Гросето Ц1 4º во група Б, елиминирани во финалето на плејофот
(отпуштен, потоа вратен)
&1000000000000002000000020 &100000000000000060000006 &1000000000000001000000010 &100000000000000040000004 &1000000000000300000000030,00
2006-2007 Ц1 12º[3] во група А (отпуштен) &1000000000000001000000010 &100000000000000010000001 &100000000000000060000006 &100000000000000030000003 &1000000000000100000000010,00
Вкупно Гросето &1000000000000003000000030 &100000000000000070000007 &1000000000000001600000016 &100000000000000070000007 &1000000000000233300000023,33
2007-2008 Италија Сасуоло Ц1 1º во група А &1000000000000004200000042 &1000000000000002300000023 &100000000000000060000006 &1000000000000001300000013 &1000000000000547600000054,76
2008-2009 Италија Калјари А &1000000000000004000000040 &1000000000000001600000016 &100000000000000080000008 &1000000000000001600000016 &1000000000000400000000040,00
2009-2010 А 12º[4] (ослободен) &1000000000000003400000034 &1000000000000001100000011 &100000000000000070000007 &1000000000000001600000016 &1000000000000323500000032,35
Вкупно Калјари &1000000000000007400000074 &1000000000000002700000027 &1000000000000001500000015 &1000000000000003200000032 &1000000000000364900000036,49
2010-2011 Италија Милан А &1000000000000005000000050 &1000000000000002800000028 &1000000000000001400000014 &100000000000000080000008 &1000000000000560000000056,00
2011-2012 А &1000000000000005300000053 &1000000000000003000000030 &1000000000000001300000013 &1000000000000001000000010 &1000000000000566000000056,60
2012-2013 А &1000000000000004800000048 &1000000000000002500000025 &1000000000000001100000011 &1000000000000001200000012 &1000000000000520800000052,08
2013-2014 А 11º[5] (отпуштен) &1000000000000002700000027 &100000000000000080000008 &1000000000000001100000011 &100000000000000080000008 &1000000000000296300000029,63
Вкупно Милан &10000000000000178000000178 &1000000000000009100000091 &1000000000000004900000049 &1000000000000003800000038 &1000000000000511200000051,12
2014-2015 Италија Јувентус А &1000000000000005700000057 &1000000000000003700000037 &1000000000000001300000013 &100000000000000070000007 &1000000000000649100000064,91
2015-2016 Италија Јувентус А &1000000000000005200000052 &1000000000000003700000037 &100000000000000070000007 &100000000000000080000008 &1000000000000711500000071,15
2016-2017 Италија Јувентус А &1000000000000005700000057 &1000000000000004200000042 &100000000000000080000008 &100000000000000070000007 &1000000000000736800000073,68
2017-2018 Италија Јувентус А &1000000000000005300000053 &1000000000000003900000039 &100000000000000080000008 &100000000000000060000006 &1000000000000735800000073,58
Вкупно Јувентус &10000000000000219000000219 &10000000000000155000000155 &1000000000000003600000036 &1000000000000002800000028 &1000000000000707800000070,78
Вкупно во кариерата &10000000000000620000000620 &10000000000000326000000326 &10000000000000148000000148 &10000000000000146000000146 &1000000000000525800000052,58

Почести[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Италија Милан[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Индивидуално[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. a1on.mk, уред. „Алегри нов тренер на Јувентус“. http://a1on.mk/wordpress/archives/358752. посет. 16 јули 2014 г. 
  2. juventus.com, уред. „Marotta: «Allegri, il profilo ideale»“. http://www.juventus.com/juve/it/news/marotta+conferenza+stampa+presentazione+allegri+juventu. посет. 16 lug 2014 г. 
  3. Позицијата на тимот по 9 кола. На крајот од сезоната Гросето завршил 1º.
  4. Позиција на тимот по 33-тото коло. На крајот од сезоната Калјари завршил 14º.
  5. Позиција на тимот по 19 кола. На крајот на сезоната Милан завршиле 8º.