УС Чита Палермо

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Палермо)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Палермо
US Città di Palermo Logo.png
Целосно имеУС Чита Палермо СпА
ПрекарРосанеро (розево-црни)
Основан1900 како Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб
1987 како УС Чита Палермо
СтадионСтадион Ренцо Барбера
Палермо, Италија
Капацитет36,349
СопственикИталија Маурицио Ѕампарини
ТренерИталија Роберто Стелоне
ЛигаСерија Б Серија Б
2017–18Серија Б, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Унионе Спортива Чита ди Палермо, честопати се нарекува ФК Палермо или само Палермо е италијански фудбалски клуб од Палермо, Сицилија, кој се натпреварува во Серија Б. Формиран во 1900 година како Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб, клубот имал различни имиња пред преземање на неговата крајна форма во 1987 година и е на надобро рангиран фудбалски клуб од островот Сицилија. Во текот на својата историја, Палермо играл во сите професионални лиги на Италија, и учествувал во неколку сезони во Серија А во текот на 1960-тите и раните 1970-ти, исто така, завршувајќи како второпласиран во Купот на Италија два пати во тој период.

По нивното враќање во Серија А во 2004 година, клубот станал еден од најистакнатите во Италија, исто така, дал четири играчи во италијанската репрезентација кој победила на Светското првенство 2006. Палермо настапувал во Купот на УЕФА во сезоните 2005-06, 2006-07, 2007-08, стигајќи најдалеку до осминафиналето во првото учество. Во 2011 го губат третото финале во Купот на Италија.

Официјалните бои на тимот се розева и црна боја, кои доведуваат до прекарот росанеро; поретко го користат прекарот Акиле, осврнувајќи се на орелот на официјалното клупско лого.

Палермо ги игра својте натпревари на Стадионот Ренцо Барбера кој од 2007 година има капацитет од 36.349 луѓе.[1] Тој бил првично изграден во 1932 година, но бил реновиран во доцните 1980-ти и служел како место на кое биле играни натпревари од Светското првенство 1990.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан во ноември 1900 година. Палермо е најстариот фудбалски клуб од Сицилија и втор најстар во Јужна Италија после Лацио, кој бил формиран во јануари истата година.

Рана историја[уреди | уреди извор]

Првите играчи на Палермо односно тогаш т.н. Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб, 1900 година

Клубот, како и некој други италијански клубови, има потекло од Англија. Фудбалот во Палермо го донеле англиските морнари, кој во слободното време го играле овој спорт на градската улица. Точната дата на основањето на клубот не е одредена. Многумина тврдат дека клубот бил основан во 1898 година врз основа на некој листови хартија на кој Џосеф Витакера (тогашен англиски конзул во Палермо) бил одреден како прв претседател на клубот.

Сепак, најчесто (а воедно и официјално) како дата за основање на клубот се зема 1 ноември 1900 - заради тоа што на овој ден започнал со работа клубот под името Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб (Anglo Panormitan Athletic and Football Club)[2]. Според официјалните наводи, клубот го основал Игнацио Пагано, колега на Витакер, кој фудбалот го открил на лондонскиот колеџ, каде овој спорт веќе бил популарен. Пагано во Лондон истотака го запознал и Алфредо Марангола, кој подоцна основал друг италијански клуб од Сицилија - Месина.[3]

Првиот запишан натпревар во историјата клубот го одиграл на 30 декември 1900, и завршил со убедлив пораз од 0-5 од непозната англиска аматерска екипа. Боите на клубот првично биле сина и црвена. Дванаесетте играчи, колку што ги имал клубот, во почетокот се собирале и тренирале на теренот на Виа Нотарбартоло, кој му припаѓал на Витакер. Првиот официјален натпревар одигран е на 18 април 1901, против Месина, а ова била воедно и првата победа, остварена со резултат 3-2. Од 1905 се играл Витакер Челенџ купот, и одржан е три пати, а Палермо го освоил еднаш.

Клубот во 1907 година го променил името во Палермо фудбал Клуб (Palermo Foot-Ball Club), а клупските бои биле променети во розева и црна, и таа комбинација на бои клубот ја користи и денес. Во писмото од тоа време пишувало дека овие бои претставуваат слатко и горко, а некој извори тврдат дека овие бои се добиени поради незгодата при перење на првобитните сини и црвени дресови. Од 1908 до 1914 Палермо играл на Липтон купот, организиран од шкотскиот бизнисмен Сер Томас Липтон. Натпреварувањето им донело соочување со Наполи, а Палермо победил три пати, вклучувајќи ја и убедливата победа со 6-0 во 1912.[4] Од почетокот до крајот на Првата ветска војна клубот немал никакви фудбалски активности.

По завршувањето на Првата светска војна клубот бил обновен од страна на млади студенти и спортски функционери со баронот Серџо на чело. На 16 февруари 1919 името на клубот е променето во Унионе Спортива Палермо {Unione Sportiva Palermo). Во раните 1920-ти УС Палермо се натпреварувал на сицилијанскиот фудбалски куп (Coppa Federale Siciliana), а во следните пет година настапувале во Првенството на Јужна Италија (Campionato Lega Sud), каде во 1924 стигнале до полуфиналето. На 10 јули 1927, Палермо бил приморан да се повлече од националната лига заради големи финансиски проблеми. Четири дена подоцна се споил со екипата на Вигор Палермо под името Палермо Фудбал Клуб (Palermo FootBall Club). Новиот клуб бил примен во тогашната Прва дивизија, која е аналогна со денешната Серија Ц1.[5][6] На Палермо му требале четири године да избори промоција во Серија Б, а тоа конечно им успеало во 1930 благодарение на Карло Радиче и неговите 15 голови. Во првата сезона во Серија Б екипата за малку неуспеала да се избори за третото место на табелата кое водело во првата лига, но сепак на крајот тоа место го зазела екипата на Бари со три бода повеќе. И покрај тоа, веќе во следната сезона Палермо успеал да ја освои Серија Б и за првпат во историјата на клубот да избори промоција во Серија А, а јунак бил повторно Радиче со 27 постигнати голови. Во првата сезона во Серија А клубот се преселил на новиот стадион под името Стадио Литорио, денес попознат како Стадион Ренцо Барбера, во населбата Фаворита. Првиот натпревар на овој стадион е одигран на 24 јануари 1932 против Аталантa и Палермо победил со 5-1. Клубот неколку сезони ја барал вистинската форма во лигата, а во сезоната 1934-35 завршиле како седми. Следната сезона клуб не успеал да се избори за опстанок во лигата и испаѓа во Серија Б. Палермо во следните три сезони играл во втората лига и завршувал на седмото место. Во 1936 година е одиграно првото дерби со Катанија, познато под името Дерби на Сицилија.[7]

Истата година фашистичкиот режим го приморал клубот да ги промени боите во жолта и црвена.[8] Четвртата сезона на клубот во Серија Б била најпроблематична; финансиските проблеми станувале се поголеми, се додека клубот не бил исфрлен од лигата заради економската состојба. Со спојувањето со локалниот клуб УНионе Спортива Јувентина Палермо клубот се вратил во Серија Ц во 1941 година играјќи во светлосини дреесови. Во 1942 Палермо си ги вратил својте оригинални бои; розева и црна. Во 1943 повторно се повлекува од лигата заради Втората светска војна.

Годините по војната (1947-2002)[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, тимот се вратил во Серија А откако ја освоиле титулата во Серија Б во сезоната 1947-1948. Новиот тим на Палермо бил опремен со квалитетни играчи како што биле легендата на Чехословачка, Честмир Вицпалек кој дошол од Јувентус заедно со Конти, потоа Ди Бела и Павези.[8] Палермо играл во Серија А до 1954, кога тимот претрпел испаѓање.[8][9] Масовните промени во одборот, како и работата на тренерот на тимот се покажале како успешни и клубот се вратил во Серија А во 1956 година. Палермо потоа станал Јо-јо клуб, правејќи влези-излези помеѓу двете највисоко рангирани италијански лиги. Неколку ѕвезди играле за Палермо во текот на овој период, како што се аргентинскиот напаѓач Сантијаго Вернаца (51 гол во 115 натпревари со росанеро), [10] голманите Роберто Анзолин и Карло Матрел, Џузепе Фурино и Франко Каузио. Палермо ја одбележал својата најдобра кампања во сезоната 1961-1962, завршувајќи на 8.место во Серија А. Сепак, во 1963 година тие повторно биле потиснати во Серија Б, и играле таму пет сезони. Палермо играл повторно во Серија А помеѓу 1968-1970.

Во 1970 година, нов претседател на клубот станал Ренцо Барбера. По 1973 година, Палермо останал цврсто вкоренет во Серија Б. И покрај ова, Палермо достигнал два големи успеха пласирајќи се во финалето на италијанскиот куп, но и во двете финалиња тие тесно изгубиле : во 1974 година од Болоња на пенали, а во 1979 година од Јувентус по дополнително време. Барбера го напуштил клубот во 1980 година и Палермо испаднал во Серија Ц1 четири години подоцна. Во сезоната 1985-1986 која завршила во летото, сепак, била последната за Палермо ФБК (Палермо Фудбал Клуб) и покрај тоа што се спасиле од испаѓање, клубот бил протеран од фудбалската федерација поради финансиски проблеми. Во летото на 1987 година, по една година без професионален фудбал во Палермо, клубот повторно бил основан и го носи сегашното име УС Чита Палермо, и започнал да игра во Серија Ц2, која веднаш ќе ја освои.

Во 1990-тите, Палермо се натпреварувал помеѓу Серија Б и Серија Ц1 со неколку издигнувања, како што биле сезоната 1995-1996 во Серија Б и четврт-финалето во Купот на Италија, и голем број на падови, како што се испаѓање во Серија Ц2 во 1998 година по поразот во плеј-аутот од Батипаљезе, но подоцна овој плеј-аут бил поништен од страна на федерацијата за да се пополни слободното место во лигата.[11]


Во март 2000 година, претседателот на Рома, Франко Сенси ја предводел холдинг компанијата која го купила Палермо и Серџо Д'Антони станал претседател на клубот[12] и Палермо изборил промоција во Серија Б една година подоцна, во драматично последно коло од сезоната, кога Палермо се вратиле од негатива до победа за да го земат прво место во лигата пред сицилијанските ривали Месина. Првата камбек сезона во Серија Б, со Бортоло Мути како тренер, завршува на средината на табелата.

Ерата на Ѕампарини: враќањето во Серија А и настапите во Европа (2002-2013)[уреди | уреди извор]

Претседателот и сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини.

Во летото на 2002 година, бизнисменот од Фриули и сопственик на Венеција, Маурицио Ѕампарини го купил клубот од Франко Сенси со понуда од 15.000.000 €, со јасна намера да го врати Палермо во Серија А, а потоа и да го направи клубот редовен учесник во Серија А и да се вмеша во борба за позициите кои водат во европските натпреварувања.[13] Палермо неуспеал во својот прв обид да стигне до Серија А во сезоната 2002-03, бидејќи шансите биле загубени во последното коло од сезоната. Затоа пак, успеале една сезона подоцна откако со освојување на првото место во Серија Б во сезоната 2003-04, што била нивната четврта титула првак на Серија Б. Со овој успех клубот изборил промоција во Серија А по 31 година отсуство, под водство на одличниот тренер Франческо Гвидолин, кој бил ангажиран во јануари 2004 година како замена за разрешениот Силвио Балдини. Истотака за одбележување е и придонесот на напаѓачот Лука Тони кој постигнал 30 гола и бил најдобар стрелец во Серија Б во сезоната.

Франческо Гвидолин, тренерот кој го врати Палермо во Серија А после многу години и го однесе клубот за прв пат во квалификациите за некој Европски турнир.

Во сезоната 2004-05, првата на Палермо во Серија А уште од 1973 година, завршила со одличното шесто место, со кое обезбедиле квалификации за Купот на УЕФА за прв пат во својата историја. Лука Тони повторно бил ефикасен и го скршил рекордот на постигнати голови од еден играч на Палермо во Серија А, постигнувајќи 20 првенствени погодоци. Гвидолин го напуштил клубот во 2005 година и бил заменет од Лујџи Делнери, кој не успеал да ги повтори успесите на неговиот претходник, а подоцна бил заменет од страна на Џузепе Пападопуло. И покрај безначајното осмо место во Серија А, Палермо стигнал до последните 16 во Купот на УЕФА, како и до полу-финалето на Купот на Италија. Враќање на Гвидолин било проследено со враќање на Палермо на место кое води во Купот на УЕФА најмногу заради скандалот во италијанскиот фудбал во 2006 година. Во летото на 2006 играчите на Палермо Андреа Барцалји, Кристијан Ѕакардо, Симоне Бароне и Фабио Гросо беа дел од шампионската селекција на Италија која го освои трофеиот на Светското првенство 2006 кога во финалето ја совладале Франција на пенали, а токму играчот на Палермо Фабио Гросо го реализирал решавачкиот пенал и донел радост за целата нација. Голем број на импресивни засилувања биле донесени за да се воспостави амбициозен тим, и добриот почеток во сезоната 2006-07 го потврдил ова. Сепак 11 натпревари без победа, предизвикале Палермо да падне од третото на седмото место, а потоа ја завршиле сезоната на петтото место и обезбедиле ново учество во Купот на УЕФА.

Делио Роси, тренер на Палермо од 2009 до 2011.

За следната сезона 2007-08, за нов тренер бил назначен Стефано Колантуоно кој дошол на местото на Гвидолин. Сезоната донела голем број на незабележителни настапи, а росанеро го зазеле осмото место на табелата, со седум бода помалку од четвртата позиција која води во квалификациите за Лигата на Шампионите. Истотака тешкиот пораз со 5-0 на гостувањето кај Јувентус била уште една причина за Ѕампарини да го отпушти Колантуоно на 26 ноември 2007 и во продолжение од сезоната тимот повторно го водел Гвидолин по четврти пат како тренер на Палермо во својата кариера.[14] На 24 март 2008 година, Гвидолин бил отпуштен и ја напуштил функцијата во клубот по четврти пат, а неговиот претходник Стефано Колантуоно се вратил на должност за втор пат во сезоната.[15]

За следната сезона 2008-09 било потврдено дека тренер ќе остане Колантуоно. Во текот на летниот трансферен прозорец, некој од ѕвездите на клубот како Амаури, Барцалји, и Ѕакардо беа продадени. Како нови засилувања дошле некој поранешни и сегашни италијански репрезентативци Марко Амелија, Фабио Ливерани и Антонио Ночерино. Сезона тргнала разочарувачки за Палермо со пораз на домешен терен од Равена екипа од третата лига со 2-1, во третиот круг на Купот на Италија. По само еден натпревар од новата кампања, поразот со 3-1 од Удинезе, Ѕампарини го отпуштил Колантуоно, а улогата на тренер тогаш му била дадена на Давиде Балардини.[16] Со Балардини како тренер, Палермо ја завршил сезоната на респектабилното осмото место, а исто така ја освоил својата прва титула во Кампиоато Примавера, под водство на тренерот на младинците Росарио Перголици.[17] По завршувањето на сезоната, Палермо го отфрлил Балардини од тренерскиот пост поради несогласувањата со одборот, и го заменил со Валтер Зенга.[18] Владеењето на Зенга, сепак, траело само 13 инатпревари, така што тој бил разрешен на 23 ноември 2009 година, поради лошите настапи, а иронично отказот дошол по нерешените 1-1 дома со сицилијанските ривали Катанија, кој Зенга ги водел во претходната сезона.[19] Поранешниот тренер на Лацио, Делио Роси ја презел функцијата на Зенга.[20] Под негово водство, резултатите драматично се подобрени, и Палермо се стабилизирал остварувајќи седум последователни победи на домашен терен, а во нив исто така влегуваат двете победи со 2-0 против гигантите Милан и Јувентус; втората победа, постигната во месец февруари, го искачи Палермо над бјанконерите до четвртото место, воспоставувајќи се како сериозен кандидат за место во Лигата на шампионите, битка која тие на крајот ја загубија од Сампдорија со само еден бод помалку. Како сезона одминувала, се појавувале новите ѕвезди на Палермо, како што се играчот од средниот ред Хавиер Пасторе, напаѓачот Единсон Кавани и голманот Салваторе Сиригу, кој биле повикани во својте соодветни национални тимови за Светското првенство што се играло летото 2010.

Новата сезона започнала со Делио Роси сеуште на чело на клубот: но дуото млади ѕвезди Симон Кјер и Единсон Кавани го напушти клубот, а беа доведени неколку други млади ветувачки играчи (особено аргентинецот Езекиел Муњоз и словенечкото дуо Армин Бачиновиќ и Јосип Иличиќ), како и поискусните засилувања напаѓачите Масимо Макароне и Маурисио Пинила. Сезоната 2010-11, исто така, Палермо ја одбележа со враќање во континенталниот фудбал и настапи во Лига Европа. Палермо стигнал до своето трето финале во Купот на Италија по победата над Милан со 4-3 вкупен резултат на 10 мај 2011 година, а потоа загубиле со 3-1 од Интер во финалето. За сезоната 2011-12, Делио Роси бил заменет од страна на поранешниот тренер на Кјево Стефано Пиоли, кој сепак, бил отпуштен уште пред да започне Серија А откако неговиот тим бил елиминиран од швајцарскиот Тун во третата прелиминарна рунда на Лига Европа. Во малку изненадувачки потег, Пиоли бил заменет од страна на тренерот на тимот под 19 години Девис Манџија, без раководно искуство освен во младинскиот тим и пониски лигашки нивоа; и покрај тоа, Манџија го направил Палермо среќен водејќи ги до петтото место благодарение на импресивна низа од шест последователни победи на домашен терен, со што заслужил долгорочен договор во клубот. Но низа на лоши резултати, во следната сезона и серијата од три последователни порази, вклучувајќи ги и елиминацијата од Купот на Италија и разочарувачкиот пораз во сицилијанското дерби, го натерале Ѕамприни да го замени Манџија со поискусниот Бортоло Мути.[21] Палермо ја завршил сезоната многу пониско од претходните заземајќи го 16-тото место.

Стадион[уреди | уреди извор]

Северната трибина на Ренцо Барбера

Палермо ги игра својте домашни натпревари на Стадион Ренцо Барбера, кој се наоѓа во соседството Фаворита. Стадионот бил отворен во 1932 година, за време на фашистичкиот режим, со името Стадион Литорио. Свечениот прв натпревар се одиграл на 24 јануари 1932 година, против Атланта; Палермо победил во тој натпревар со 5-1. Во 1936 година, тој бил преименуван во Стадион Мишел Мароне, по фашистичкиот херој кој починал во Шпанската граѓанска војна.[22]

Првично била присутна тркачката патека, и немало криви делови, само тераси и трибини. Во 1948 година, по завршувањето на Втората светска војна и падот на фашистичкиот режим, стадионот претрпел промена на името во Стадион Ла Фаворита, по соседството каде што тој се наоѓал, и бил, исто така, во голема мера реконструиран, без тркачката патека и со две криви секции, со што се зголемува неговиот капацитет до 30.000.[22] Во 1984 година трибините повторно биле проширени, давајќи му капацитет на стадионот од околу 50.000. Овој поголем капацитет сепак, бил целосно пополнет само два пати, односно во натпреварот од Серија Ц1 лигата против Месина и во пријателски натпревар против Јувентус.[22] По повод Светското првенство 1990 година, стадионот бил обновен со додавање на седишта, но капацитетот, кој бил постигнат само во два наврати пред 1990 година, бил намален за 37,619. За време на реновирачката дејносѕ во 1989 година, пет вработени починале по падот на дел од стадионот.[22] Во 2002 година стадионот го добива денешното име Ренцо Барбера, во чест на легендарниот претседател на Палермо 1970-тите.[22]

Во 2007 година биле објавени плановите на актуелниот претседател и сопственик на Палермо Маурицио Ѕампарини за преместување на клубот на нова локација и изградба на нов стадион. Новиот стадион се очекува да биде изграден во областа Велодромо Паоло Борселино (помал стадион на кој Палермо исто така играл некои домашни натпревари во минатото) во соседството ЗЕН на градот Палермо.[23]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Албанија ГМ Самир Ујкани
2 Словенија ОД Роберто Витиело
3 Италија ОД Андреа Рисполи
4 Словенија ОД Синиша Анџелковиќ
5 Србија ОД Милан Милановиќ
7 Мароко ОД Ашраф Лазар
8 Парагвај СР Едгар Барето (капитен)
9 Аргентина НП Пауло Дибала
10 Португалија НП Жоао Силва
11 Данска НП Симон Макинок
12 Костарика ОД Џанкарло Гонзалез
13 Италија ОД Емерсон
14 Италија СР Франческо Дела Рока
15 Италија СР Франческо Болцони
Бр. Позиција Играч
18 Бугарија СР Ивајло Чочев
19 Италија СР Клаудио Терци
20 Аргентина НП Франко Васкез
21 Шведска СР Робин Кваизон
22 Парагвај ОД Данило Ортиз
25 Италија ОД Енцо Мареска
27 Италија СР Лука Ригони
28 Хрватска СР Мато Јајало
33 Швајцарија ОД Фабио Дапрела
68 Италија ГМ Андреа Фулињати
70 Италија ГМ Стефано Сорентино
89 Швајцарија СР Мишел Морганела
96 Италија НП Акурсио Бентивења
99 Италија СР Андреа Белоти

Титули[уреди | уреди извор]

Графички приказ на пласманите на Палермо од 1929–1930 до 2006–2007
  • Серија Б (5) : 1931-32, 1947–48, 1967–68, 2003–04, 2013–14.

Вицешампиони (2) : 1955–56, 1958–59.

Вицешампион (2) : 1984–85, 1990–91.

Вицешампиони (3) : 1973–74, 1978–79, 2010–11.

Вицешампиони (3) : 1909, 1911, 1914.

Палермо во европските натпреварувања[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Рунда Земја Клуб Резултат
1960 Митропа куп Група Унгарија Диошѓер ВТК 1:2, 0:2
1969 Митропа куп Осмина финале Чехословачка Интер Братислава 0:3, 1:0
2005/06 Куп на УЕФА 1. коло Кипар Анортозис 2:1, 4:0
Група Израел Макаби Петах Тиква 2:1
Група Русија Локомотива Москва 0:0
Група Шпанија Еспањол 1:1
Група Данска Брондби 3:0
3. коло Чешка Славија Прага 1:2, 1:0 пгг
Осмина финале Германија Шалке 04 1:0, 0:3
2006/07 Куп на УЕФА 1. коло Англија Вест Хем Јунајтед 1:0, 3:0
Група Германија Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Група Англија Њукасл Јунајтед 0:1
Група Турција Фенербахче 0:3
Група Шпанија Селта Виго 1:1
2007/08 Куп на УЕФА 1. коло Чешка Млада Болеслав 1:0, 0:1 (2:4 пен.)
2010/11 Лига Европа 4. коло кв. Словенија Марибор 3:0, 2:3
Група Русија ЦСКА Москва 0:3, 1:3
Група Чешка Спарта Прага 2:3, 2:2
Група Швајцарија Лозана 1:0, 1:0
2011/12 Лига Европа 3. коло кв. Швајцарија Тун 2:2, 1:1 пгг

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Renzo Barbera" (Italian). PalermoCalcio.it. конс. 4 May 2011. 
  2. "Storia" (Italian). U.S. Città di Palermo. конс. 4 May 2007. 
  3. "Messina Football Club 1901" (Italian). Messina Story. конс. 4 May 2007. 
  4. "Lipton Challenge Cup". RSSSF. конс. 16 June 2007. 
  5. "Città di Palermo Unione Sportiva". RSSSF. конс. 16 June 2007. 
  6. "Albo d'oro rosanero – Tutti i campionati della storia" (Italian). Aquile Rosanero. конс. 16 June 2007. 
  7. "Aneddoti e curiosità d'una sfida lunga 77 anni" (Italian). CalcioCatania.net. конс. 16 June 2007. 
  8. 8,0 8,1 8,2 "I primi 60 anni: dalla prima Serie A alla morte del principe Raimondo Lanza" (Italian). Cuore Rosanero. конс. 16 June 2007. 
  9. "I personaggi più rappresentativi nella storia" (Italian). Cuore Rosanero. конс. 16 June 2007. 
  10. "Argentine players in Italy". RSSSF. конс. 16 June 2007. 
  11. "Squadre : Palermo" (Italian). Er Lupacchiotto. конс. 16 June 2007. 
  12. Fabio Maccheroni. „D' Antoni presidente del Palermo comprato da Sensi e soci“, „Corriere della Sera“, 4 март 2000 (посет. 2 април 2010 г). (на Italian)
  13. Sensi-Zamparini: affare fatto“, RAI Sport, 21 јули 2002 (посет. 16 јуни 2007 г). (на Italian)
  14. "Palermo sack Colantuono". Football Italia. 26 November 2007. Архивирано од изворникот на 27 February 2003. конс. 26 November 2007. 
  15. "Guidolin fired by Palermo for the fourth time". AFP. 24 March 2008. Архивирано од изворникот на 8 January 2009. конс. 25 March 2008. 
  16. Palermo, via Colantuono Ballardini nuovo allenatore“, Gazzetta.it, 4 септември 2008 (посет. 4 септември 2008 г). (на Italian)
  17. Palermo, notte magica Primo scudetto Primavera“, La Gazzetta dello Sport, 8 јуни 2009 (посет. 9 јуни 2009 г). (на Italian)
  18. Zenga, l'uomo nuovo per un EuroPalermo“, La Gazzetta dello Sport, 5 јуни 2009 (посет. 5 јуни 2009 г). (на Italian)
  19. Walter Zenga sollevato dall'incarico“, US Città di Palermo, 23 ноември 2009 (посет. 23 ноември 2009 г). (на Italian)
  20. Delio Rossi è l'allenatore del Palermo“, US Città di Palermo, 23 ноември 2009 (посет. 23 ноември 2009 г). (на Italian)
  21. E' MUTTI IL NUOVO ALLENATORE“, US Città di Palermo, 19 декември 2011 (посет. 19 декември 2011 г). (на Italian)
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 "Lo stadio Renzo Barbera" (Italian). U.S. Città di Palermo. Архивирано од изворникот на 29 April 2007. конс. 4 May 2007. 
  23. "Si studia un impianto alla tedesca, il progetto è ancora in alto mare". L'Espresso. Архивирано од изворникот на 15 October 2007. конс. 4 May 2007. 

Надворшни врски[уреди | уреди извор]