Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.
Оваа статија можеби треба да се ажурира. Уредете ја статијата за да ги одразува скорешните настани или новодостапните информации, и отстранете ја оваа предлошка кога ќе завршите.
Антонио Ди Натале со 446 одиграни натпревари во дресот на Удинезе е играчот со најголем број на настапи во клубот. Тој исто така е и најдобар клупски стрелец на бјанконерите од Удине со 227 постигнати голови во сите натпреварувања.