Стадион Фриули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион Фриули
Stadio Friuli.JPG
Место Udine-Stemma.png Удине, Италија Италија
Изграден 1971
Отворен 1976
Реновиран 1990, 2012–2015
Сопственик Удинезе Удинезе
Игра Удинезе Удинезе
Гледачи 25,144[1]

Стадион Фриули е повеќенаменски стадион во Удине, Италија. На него својте домашни натпревари ги игра фудбалската екипа Удинезе Калчо.

Oткако бил комплетно реновиран во 2013 и 2015, Фриули станал трет фудбалски стадион во Италија кој е во целосна сопственост на некој клуб, по Мапеи во Реџо Емилија (поранешен Стадион Џилјо, сопственост на Реџана и подоцна стекнат од страна на спонзорот Мапеи) и Јувентус стадион во Торино.[2]

Структура[уреди | уреди извор]

Фриули се наоѓа во Рици, четири километри од центарот на Удине.

Отворен е во 1976 како замена за стариот Стадион Морети. Кога бил изграден стадионот можел да прими и до 52 илјади гледачи заради поголемиот број на стоечки места. Денес максималниот капацитет на стадион е 41.652 места, но капацитетот моментално е ограничен на 25,144 гледачи. Во 2015 станал трет фудбалски стадион во Италија кој е во целосна сопственост на некој од клубовите (на Удинезе), за разлика од повеќето други стадиони во Италија кој се во сопственост на локалните општини.

На стадионот се наоѓаат и хали за мечување, гимнастика, боречки вештини и атлетика, како и теретана во рамките на главната трибина.

Настани[уреди | уреди извор]

Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство 1990: Уругвај-Шпанија (0-0), Јужна Кореја-Шпанија (1-3) и Јужна Кореја-Уругвај (0-1).

Италијанската репрезентација на него досега одиграла шест натпревари, три пријателски, по една во квалификациите за Европските првенства 1996 и 2000 и една во квалификациите за Светското првенство 2010. Во нив забележала пет победи и едан нерешен резултат.

Во 2005, УЕФА одобрила на овој стадион да се играат натпревари од Лигата на шампионите, каде Удинезе учествувал во сезоната 2005/06.

Многу големи светски музички ѕвезди одржале концерт на овој стадион, а некој од нив се Бон Џови, Ејси диси, Колдплеј, Мадона, Бритни Спирс, Пинк Флојд, Стинг итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]