Антонио Ди Натале
| Антонио Ди Натале | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 13 октомври 1977 | ||
| Роден во | Неапол, Италија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,70 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | напаѓач | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1996-2004 |
| 158 | (49) |
| 1997-1998 | →Иперцола | 33 | (6) |
| 1998 |
→ | 5 | (0) |
| 1998-1999 |
→ | 25 | (12) |
| 2004-2016 |
| 385 | (191) |
| Репрезентација ‡ | |||
| 2002-2012 |
| 42 | (11) |
|
* Ажурирано на: 11 јануари 2012 ** Ажурирано на: 11 јануари 2012 | |||
Антонио Ди Натале (роден на 13 октомври 1977 година) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач.
Познат по својот прекар Тото.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Како разноврсен напаѓач со смртоносно око за гол, Ди Натале може да игра било каде во нападот, како осамен напаѓач или по крилните позиции во формација со тројца напаѓачи. Тој е познат по неговите дриблинг вештини и неговата способност да реализира голови и да создава шанси.
Кариера
[уреди | уреди извор]Својата кариера ја започнал во Емполи, а своето деби за првиот тим го направил во натпревар од Серија Б во сезоната 1996-97. Следувале две сезони кој ги поминал на заем во екипите на Иперцола, Варезе и Вијареџо, по што се вратил во Емполи во летото 1999 година. Во сезоната 1999-2000 се афирмирал во клубот играјќи во 25 првенствени натпревари и постигнал 6 гола. Во сезоната 2001-02 со 16 постигнати гола му помогнал на Емполи да избори промоција во Серија А. Во својата прва сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал оформил партнерствo во нападот со Томазо Роки и Лука Саудати и се истакнал со 13 постигнати голови.
Пред почетокот на сезоната 2004-2005, Ди Натале потпишал за Удинезе. Во следните 10 години тој станал капитен и икона на клубот со преку 400 натпревари и скоро 300 голови. Ди Натале бил најдобар стрелец во Серија А две сезони едноподруго во 2009-10 и 2010-11.[1] Во 2010 година ја добил наградата за Италијански фудбалер на годината.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Антонио Ди Натале“ на Ризницата ? |
- Антонио Ди Натале на soccerway
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ RSSSF (уред.). rsssf.com / tablesi / italtops.html „Италија, Серија А - Најдобри стрелци“ Проверете ја вредноста
|url=(help). Посетено на 18 февруари 2013.