Федерико Балцарети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Федерико Балцарети
Federico Balzaretti Euro 2012 vs England.JPG
Лични податоци
Роден на 6 декември 1981 (1981-12-06) (воз. 36 г.)
Роден во Торино, Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција лев бек
Повлекување 12 август 2015 (33 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2005 Торино Торино 94 (0)
1999-2001 Варезе Варезе 44 (0)
2001–2002Сиена Сиена 16 (0)
2005-2007 Јувентус Јувентус 57 (2)
2007-2008 Фјорентина Фјорентина 6 (0)
2008-2012 Палермо Палермо 143 (3)
2012-2015 Рома Рома 39 (1)
Репрезентација
2010-2013 Италија Италија 16 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Федерико Балцарети (роден на 6 декември 1981 година во Торино, Пиемонт) е поранешен италијански фудбалер, кој играл на позицијата лев бек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Балцарети во Фјорентина

Торино[уреди | уреди извор]

Играчката кариера Федерико Балцарети ја започнал на возраст од 6 години во младинскиот систем на Торино, за кого дебитирал во сезоната 2002-03. По неколку сезони на заем во Варезе и Сиена, тој бил инволвиран во кампањата 2004-05 на Торино во Серија Б, во која клубот изборил промоција во Серија А.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Сепак, откако Торино се распуштил веднаш по таа промоција, Балцарети добил можност да замине од клубот со слободен трансфер, и потпишал за главниот градски ривал на клубот Јувентус. Во сезоната 2005-06 тој бил дел од првиот тим на бјанконерите, често играјќи во стратната постава на клубот на позицијата лев бек под водство на тренерот Фабио Капело, и успеа да ја освои Серија А. Својот прв професионален погодок во кариерата го постигнал на 17 февруари 2007 година, во Серија Б, кога Јувентус го победил Кротоне со убедливи 5-0.

Фјорентина и Палермо[уреди | уреди извор]

Балцарети бил продаден на Фјорентина во јули 2007 година, но не успеал да се вклопи во тимот на виола и направил само шест настапи во првата половина од сезоната во Серија А. Набрзо потоа, тој потпишал за Палермо со постојан договор во јануарскиот преоден рок 2008.

Во Палермо, Балцарети го зел дресот со # 42 во почит на својот татко, кој е роден во 1942 година, а за време на неговиот мандат во сицилијанскиот тим, тој веднаш се установил во почетната постава на тимот, а исто така, по неколку сезони играње и покажување на добри перформанси станал и еден од најпризнатите леви бекови во лигата.

Рома[уреди | уреди извор]

На 1 август 2012 година, Балцарети потпишал три-годишен договор со Рома, за сума од 4.500.000 €. Тој го направил своето деби во ремито 2-2 против Катанија.

Повлекување[уреди | уреди извор]

На 12 август 2015, Балцарети го најавил своето повлекување од професионалниот фудбал ставајќи крај на својата играчка кариера на возраст од 33 години. Како главна причина за пензионирањето го посочил тоа што неуспеал во целост да се опорави од повредата на колкот со која што се здобил две години порано.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Откако играл за неколку млади селекции во периодот меѓу 2000 и 2002 година, Балцарети го направил своето деби во италијанскиот национален тим под водство на селекторот Чезаре Прандели на 17 ноември 2010 година, во пријателски натпревар против Романија.

Тој е избран во италијанскиот тим за Евро 2012, почнувајќи како лев бек во третиот натпревар од групната фаза кога Италија се пресели од 3-5-2 на 4-4-2 формација. Тој, исто така, го одиграл целиот натпревар против Германија во полуфиналето, кога десниот бек Кристијан Маџо отсуствал поради суспензија а неговата замена Игнацио Абате бил повреден, и останал на клупата. Балцарети направил пенал во судиското продолжение од натпреварот кој бил реализиран од Месуд Oзил, но сепак тој помогнал на неговиот тим да се пласира во финалето на турнирот. Во финалето Балцарети влегол во игра од клупата за резерви во првото полувреме по повредата на Џорџо Кјелини. Италија загубила во финалето од Шпанија со 4-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Career profile на официјалниот сајт на Палермо