Себастијан Џовинко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Себастијан Џовинко
Giovinco 230515.jpg
Џовинко играјќи за Торонто во 2015
Лични податоци
Роден на 26 јануари 1987 (1987-01-26) (33 г.)[1]
Роден во Торино, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001640000001,64 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Хилал Ал-Хилал
Број 9
Младинска кариера
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2010 Јувентус Јувентус 37 (3)
2007-2008Емполи Емполи 35 (6)
2010-2012 Парма Парма 66 (22)
2012-2015 Јувентус Јувентус 55 (9)
2015-2018 Торонто Торонто 114 (68)
2019- Ал-Хилал Ал-Хилал 3 (3)
Репрезентација
2003 Италија Италија 16 7 (1)
2003-2004 Италија Италија 17 7 (1)
2005 Италија Италија 18 4 (0)
2006 Италија Италија 19 1 (1)
2006-2007 Италија Италија 20 4 (0)
2007-2009 Италија Италија 21 20 (1)
2008 Италија Италија 23 10 (3)
2011- Италија Италија 23 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Себастијан Џовинко (роден во Торино, 26 јануари 1987) — италијански фудбалер, напаѓач на Ал-Хилал и на италијанската фудбалска репрезентација.

Заради својата брзина, но и малата висина има прекар Атомска мравка по цртаниот јунак од Хана-Барбера.

Детство[уреди | уреди извор]

Џовинко е роден во Торино. Неговите родители се од југот на Италија, од Сицилија и од Калабрија. Тој израснува во Беинаску, југозападно предградие на Торино во семејство навивачи на Милан. Тој се приклучува во младинската школа на Јувентус на возраст од 9 години. Неговиот брат Џузепе исто така еден период играл во младинските категории на Јувентус.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Џовинко дебитирал за Јувентус на 12 мај 2007 година во Серија Б против екипата на Болоња кога влегол како замена на местото на Рафаеле Паладино. Во своето деби запишал и асистенција за погодокот на Давид Трезеге. Потоа, тој играл на позицијата на Алесандро Дел Пјеро како полушпиц.

Заемот во Емполи[уреди | уреди извор]

Во летото 2007 Џовинко бил позајмен во Емполи со цел да собере повеќе искуство, заедно со својот соиграч и добар пријател Клаудио Маркизио. Со тосканците за првпат во својата кариера имал шанса да игра во некој од евро-турнирите, поточно во Купот на УЕФА, но Емполи бил елиминиран уште во квалификациите со вкупен резултат 4-2 подобри од нив бил Цирих. Својот прв погодок во Серија А го постигнал во победата над Палермо со 3-1. Големото внимание кон себе го свртел кога на 4 ноември постигнал изедначувачкиот погодок против Рома; гол кој бил многу сличен на оној на Роналдињо против англиската фудбалска репрезентација на Светското првенство 2002. По испаѓањето на Емполи од лигата, Џовинко се вратил во Јувентус.

Со Јувентус во Серија А[уреди | уреди извор]

Во јуни 2008 Џовинко и Маркизио се враќаат во Јувентус по позајмицата во клубот од Тоскана. Својот прв натпревар за Јувентус џовинко го одигра на 24 септември против екипата на Катанија Калчо. Во игра влезе во второто полувреме и токму тој му додаде на Амаури за единствениот погодок на натпреварот. На 7 декември тој го постигнува својот прв погодок во дресот на Јувентус и тоа од слободен удар во победата над Лече од 2-1. Во октомври 2008-ма тој потпиша договор со вредност до летото. Сезоната ја завршува со три постигнати погодоци во сите турнири, вклучувајќи го и прекрасниот волеј удар против Болоња кога е прогласен и за човек на мечот во победата на Јуве од 4-1.

Џовинко со навивачите на Јувентус во летото 2010

И покрај добрите игри Џовинко неуспеа да се избори за првотимски статус во формацијата 4-4-2 на тренерот Раниери. Доаѓањето на Диего во летото 2009. уште толку ја влоши ситуацијата на Џовинко, но новиот тренер Чиро Ферара потврди дека тој е во неговите планови и дека ќе биде замена за Бразилецот. По повредите на Мауро Каморанези и Клаудио Маркизио, Џовинко доби шанса која одлично ја искористува со фантастична игра во победата од 5-1 над Сампдорија. По заминувањето на Ферара и доаѓањето на Закерони на тренерското место, Џовинко уште поретко игра и е заменет со младиот Антонио Кандрева кој во зимскиот преоден рок беше позајмен од Удинезе. Во април 2010-та се повредува на тренинг и го пропушта остатокот од сезоната.

Парма[уреди | уреди извор]

На 5 август 2010 Џовинко преминал во редовите на Парма на заем за еден милион евра, со можност за откуп. Првиот погодок во дресот на Парма го постигна на 12 септември од слободен удар во поразот од Катанија од 2-1. Својот најдобар натпревар за млекарите го одигра на 6 јануари 2011 во победата 4-1 на гости против неговиот матичен клуб, Јувентус. Во вториот дел од сезоната тој уште еднаш погодил против торинскиот клуб во победата со 1-0 на Тардини. На крајот од сезоната Парма го искористила правото на откуп и откупила половина од договор на играчот. Добрата сезона на Џовинко му овозможила настап и во италијанската репрезентација за првпат во неговата кариера.

Следната сезона за Џовинко била уште подобра, играјќи како напаѓач, тој ја завршил сезоната со 15 постигнати голови и бил трет најдобар стрелец од домашните играчи (италијанци) во лигата зад Антонио Ди Натале (со 23) и Фабрицио Миколи (16). По завршувањето на сезоната бил избран и во италијанскиот тим за Евро 2012.

Враќање во Јувентус[уреди | уреди извор]

Џовинко во дресот на Јувентус во натпревар од Лигата на шампионите.

На 21 јуни 2012 од екипата на Парма стигнала потврда преку клупската веб-страна дека е постигнат договор со Јувентус за трансфер на Џовинко назад во Торино, по две години играње во жолто-синиот дрес. Цената на трансферот изнесувала 11 милиони евра, а договорот бил потпишан на 3 години во трајност до 30 јуни 2015.[2] Џовинко го одбрал дресот со бројот 12., иако дел од навивачите сакале да го видат како го носи дресот со број 10. кој останал празен по заминувањето на легендарниот капитен Алесандро Дел Пјеро пред почетокот на сезоната.[3]

Своето повторно деби во официјален натпревар за Јувентус, Џовинко го направил во Суперкупот на Италија во кој одиграл 116 минути, во победата над Наполи со 4-2 по продолженија. Тоа било првото одличје за Себастијан во неговата професионална кариера уште од сезоната 2006-2007 кога тој бил шампион во Серија Б исто така со Јувентус. Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 2 септември 2012, во гостинската победа над Удинезе со 4-1; бил двоен стрелец во 53-тата и 71-вата минута.[4] На 7 ноември го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во натпреварот против данскиот Нордсјеланд, кој завршил 4-0 за Јуве.[5]

Во првиот натпревар на Јувентус во Купот на Италија за сезоната против Каљари, Џовинко го постигнал единствениот гол на натпреварот, носејќи му пласман на својот клуб во четврт-финалето, каде на 9 јануари 2013 тој ја продолжил својата серија на голови во купот постигнувајќи од слободен удар против Милан во победата со 2-1.[6]

На 5 мај 2013, благодарение на победата на Јувентус над Палермо со 1-0 - бјанконерите станале шампиони на Италија на три натпревари пред крајот на првенството - што било првото лично скудето за Џовинко во неговата кариера.[7] Својата прва сезона по враќањето во црно-белиот дрес ја завршил со вкупно 42 настапи во сите натпреварувања и 11 постигнати гола.

Во сезоната 2013-2014, Џовинко го загубил местото во стартната постава за сметка на новите засилувања Карлос Тевез и Фернандо Љоренте. Својот прв гол го постигнал на 6 октомври 2013 против Милан во победата со 3-2; по еден контра-напад, во кој тој елегантно го исфрлил од игра Кристијан Запата пред да го матира голманот Абијати за моментален резултат 2-1 за Јувентус. Својот втор гол за сезоната го постигнал на гостувањето против Удинезе во победата со 2-0, со прекрасен фелширан удар од работ на шеснаесетникот гаѓајќи во далечниот агол.[8] Сезоната ја завршил со 17 настапи и два гола.

ФК Торонто[уреди | уреди извор]

На 19 јануари 2015, Џовинко потпишал петгодишен договор со канадската екипа ФК Торонто,[9] за годишна плата од 7 милиони долари со што станал најплатен играч во МЛС пред бразилецот Кака од Орландо Сити и најплатениот италијанскиот играч во сите лиги сè до доаѓањето на Андреја Пирло во Њујорк Сити.[10][11] Неговото приклучување на ФК Торонто првично било договорено по завршувањето на сезоната 2014-2015 во Серија А.[12] На 2 февруари, од Јувентус објавиле дека Џовинко ќе го напушти клубот пет месеци порано од тоа што првично се очекуваше, со цел за отпочнување на неговата кариера во МЛС од почетокот на сезоната.

Џовинко во дресот на ФК Торонто во 2015.

Џовинко го направил своето деби за Торонто на 7 март во победата со 3-1 на гостувањето против Ванкувер Вајткепс.[13] Својот прв гол за Торонто го постигнал на 4 април, во поразот со 3–2 од Чикаго Фајр.[14] Во првите 12 натпревари Џовинко постигнал 7 гола, и имал 6 асистенции, а во текот на месец јуни два пати бил избран за "играч на неделата"..[15] Во текот на јули тој постигнал хет-трик против Њујорк Сити (4-4), во натпревар во кој исто така промашил и пенал;[16] на крајот на овој месец, бил избран за играч на месецот во МЛС.[17] На 6 август го одбелжал вториот хет-трик за сезоната во победата над Орландо со 4-1, со што стигнал до бројката од 16 гола, што претставува нов рекорд по бројот на постигнати голови од еден играч на Торонто во регуларниот дел од сезоната во МЛС ; претходниот рекорд бил во сопственост на Двејн Де Росарио кој во сезоната 2010 постигнал 15.[18] На 26 септември, во победата против Чикаго Фајр со 3-2, го скршил рекордот за најмногу голови и асистенции во една сезона, достигајќи комбинирано до 35 бода, со 20 гола и 15 асистенции, надминувајќи го претходниот рекорд од 34 бода на Крис Вондоловски, постигнат во 2012 година; во истиот натпревар, исто така, станал првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал најмалку 20 гола и имал најмалку 10 асистенции во една сезона.[19] На 14 октомври Џовинко влегол во игра од клупата за резерви и го постигнал вториот гол во победата против Њујорк Ред Булс со 2-1, со што му помогнал на својот тим да избори учество во плејофот, за првпат во историјата на ФК Торонто откако клубот се приклучил во МЛС во 2007 година.[20] Регуларниот дел од сезоната го завршил, како најдобар стрелец со 22 гола, (заедно со Кеи Камара) и како најдобар асистент со 16 асистенции, добивајќи MLS Golden Boot наградата.[21] На 29 октомври, Торонто бил елиминиран во првата рунда од плејофот, откако биле поразени со 3-0 на гости од Монтреал Импакт.[22]

На 23 ноември Џовинко бил прогласен за најдобар дебитант на сезоната 2015 (The Newcomer of the year) во шампионатот на САД,[23] а на 2 декември бил прогласен за играч на годината во МЛС (т.н. MVP - Ем-Ви-Пи).[24][25] Исто така влегол и во МЛС тимот на годината.[26]

На 6 март 2016 година, во првото коло од сезоната 2016, Џовинко го постигнал првиот гол од пенал, а потоа му асистирал на неговиот соиграч Марко Делгадо за победата со 2-0 на гости над Њујорк Ред Булс.[27]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Како е еден од најталентираните италијански играчи во својата генерација Џовинко играл за сите селекции на аѕурите од онаа за играчи под 16 годино па натаму. За репрезентацијата под 21 година дебитирал на 1 јуни 2007 против Албанија во победата со 4-0.

Џовинко во дресот на италијанската репрезентација под 21 година во 2008 година

Во летото 2008 година Џовинко заедно со клупските соиграчи Паоло де Чеље и Клаудио Маркизио бил повикан за Олимписките игри во Пекинг. Во првиот натпревар на турнирот постигнал гол против Хондурас во победата со 3-0. Џовинко играл одлично на ова натпреварување но не успеал да ја спаси Италија од елиминација по поразот со 3-2 од Белгија во четвртфиналето.

Во 2009 година настапил за италијанската репрезентација под 21 година на европското првенство во Шведска откако во квалификациите одлично соработувал во нападот со Роберт Аквафреска и Марио Балотели. Ги одиграл сите натпревари на првенството, меѓутоа Италија загубила со 1-0 во полуфиналето од подоцнежниот првак Германија.

После лошата сезона во Јувентус, неговиот напредок во репрезентативната кариера бил прекинат. На 9 февруари 2011 го имал својот прв повик за сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар против Германија во Дортмунд. После две години без настап на репрезентативно ниво благодарение на својте одлични игри за Парма, селекторот Чезаре Прандели го повикал Џовинко и му овозможил деби за сениорската репрезентација на Италија, влегувајќи од клупата во 74-тата минута во ремито Германија-Италија 1-1.

Во летото 2012 бил повикан за настап на европското првенство во Полска и Украина, каде одиграл два натпревари и двата во групната фаза од турнирот.

Својот прв старт за италијанската репрезентација го забележил во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 против Бугарија, во натпреавар кој е завршен со резултат 2-2. Својот прв погодок за националниот дрес го постигнал на 19 јуни 2013 во Купот на конфедерациите против Јапонија во победата со 4-3.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 juventus.com (уред.). „Giovinco Sebastian“. Посетено на 3 септември 2012.
  2. juventus.com, уред. (21 јули 2012). „Risoluzione accordo di partecipazione relativo al calciatore Sebastian Giovinco“ (PDF). Посетено на 21 јуни 2012.
  3. „A Giovinco il 12, maglia n. 10 senza padrone“. La Gazzetta dello Sport. 9 август 2012. Посетено на 21 ноември 2012.
  4. goal.com, уред. (2 септември 2012). „Udinese-Juventus 1-4: I friulani in 10 fanno il possibile, Vucinic e Giovinco mettono le ali alla Signora“. Посетено на 11 ноември 2012.
  5. Riccardo Pratesi (7 ноември 2012). „Juve feroce, riscatto in Coppa - Nordsjaelland preso a pallonate“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 8 ноември 2012.
  6. yahoo eurosport, уред. (9-01-2013). „Coppa Italia - Conte: "Avevamo gran voglia di riscatto". Посетено на 10-01-2013. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  7. „Јувентус ја одбрани титулата“. bukvar.mk. 5 мај 2013. Посетено на 21 април 2014.
  8. „Udinese-Juventus 0-2. Gol di Giovinco e Llorente. Capolista a +8 sulla Roma“.
  9. „Italy attacker Sebastian Giovinco to join Toronto FC in July“. espnfc.com. ESPN. 19 January 2015. Посетено на 19 January 2015.
  10. Daniel Prescott (7 July 2015). „Andrea Pirlo becomes the highest paid MLS player with an $8m salary... more than Frank Lampard, Steven Gerrard and David Villa“. dailymail.co.uk. dailymail. Посетено на 4 October 2015.
  11. „Giovinco to join Toronto from Juventus“. UEFA.com. 19 January 2015. Посетено на 21 January 2015.
  12. „Sebastian Giovinco: Toronto FC sign Juventus striker“. BBC Sport. 19 January 2015. Посетено на 20 January 2015.
  13. „Vancouver Whitecaps 1, Toronto FC 3 – MLS Match Recap“. mlssoccer.com. March 7, 2015.
  14. Israel Fehr (4 April 2015). „Sebastian Giovinco scores first goal for Toronto FC in 3–2 loss to Fire“. yahoo.com. Посетено на 6 April 2015.
  15. gazzetta.it, уред. (10 јуни 2015). „Conte, guarda che Giovinco! A Toronto solo magie e reti“. Посетено на 1 август 2015.
  16. Massimo Lopes Pegna (12 јули 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Giovinco show: tripletta nel 4-4 fra New York City e Toronto. Villa fa doppietta“. Посетено на 5 октомври 2015.
  17. MLS Soccer, уред. (6 август 2015). „Toronto FC attacker Sebastian Giovinco wins Etihad Airways Player of the Month award for July“ (англиски). Посетено на 5 октомври 2015.
  18. Il Corriere dello Sport, уред. (6 август 2015). „Giovinco show a Toronto: tripletta all'Orlando City“. Посетено на 5 октомври 2015.
  19. Sport Mediaset, уред. (27 септември 2015). „Mls: Giovinco, due assist e nuovo record“. Посетено на 5 октомври 2015.
  20. Massimo Lopes Pegna (15 октомври 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Giovinco dribbla pure il fuso orario: subito in campo e gol fantastico!“. Посетено на 15 октомври 2015.
  21. Massimo Lopes Pegna (26 октомври 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Giovinco re dei gol. Pirlo si congeda sotto tono: "Ma non torno in Europa". Посетено на 26 октомври 2015.
  22. La Gazzetta dello Sport, уред. (30 октомври 2015). „Mls, Giovinco fuori dai playoff: Toronto battuto 3-0 dal Montreal di Drogba“. Посетено на 30 октомври 2015.
  23. La Gazzetta dello Sport, уред. (23 ноември 2015). „Giovinco, premiato come miglior debuttante della Major League Soccer“. Посетено на 23 ноември 2015.
  24. „Giovinco, l'America è ai tuoi piedi: eletto Mvp della stagione in Mls“. La Gazzetta dello Sport. 2015. Посетено на 2 декември 2015.
  25. „TFC's Giovinco named Major League Soccer MVP - Sportsnet.ca“. Sportsnet.ca (англиски). Посетено на 2 декември 2015.
  26. „2015 MLS Best XI revealed: 10 first-time selections get the nod“. Major League Soccer. Посетено на 29 November 2015.
  27. La Gazzetta dello Sport, уред. (7 март 2016). „Mls, Giovinco parte col botto: gol e assist. Pirlo, regia d'author“. Посетено на 7 март 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]