Даниеле Де Роси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Даниеле Де Роси
Steven Gerrard and Daniele De Rossi England-Italy Euro 2012 01.jpg
Лични податоци
Роден на 24 јули 1983 (1983-07-24) (36 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 16
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001– Рома Рома 430 (41)
Репрезентација
2004-  Италија 117 (21)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Даниеле Де Роси (роден на 24 јули 1983 во Рим, Италија) е италијански фудбалер, репрезентативец и играч од средниот ред на Серија А клубот Рома. Тој е моментален заменик-капитен на Рома. Во 2009 година тој бил добитник на наградата Фудбалер на годината во Италија.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Де Роси ги направил својте фудбалски почетоци во малку познатата екипа Остиа Маре во 1997 година. Во 2000 преминал во младинскиот состав на Рома, каде најпрво играл на позицијата напаѓач. Тој настапувал за младинскиот тим до 2003 година, но од 2001 постепено добивал шанса да игра и за првиот тим на Рома, иако најчесто влегувајќи како резерва. Своето деби за првиот тим на волчицата го имал на 10 октомври 2001 против белгискиот Андерлехт, во натпревар од Лигата на шампионите. Дебито во Серија А пак, го имал на 25 јануари 2003 против екипата на Комо. На 10 мај истата година во натпреварот против Торино, Де Роси за прв пат бил стартер во својата кариера и воедно во тој натпреварот го постигнал и својот прв гол.

Во март 2006 година, судијата Мауро Бергонци го пофалил Де Роси за фер-плеј по завршувањето на првенствениот натпревар против Месина; иако Рома во тој момент губела со 1-0 и Де Роси постигнал погодок за изедначување на резултатот, но со рака која судијата во реално време не ја забележал, но веднаш потоа Де Роси му признал дека играл недозволено, па погодокот бил поништен. Сепак, подоцна во натпреварот Рома успеала да направи пресврт и победи со 2-1.

Во сезоната 2006-2007, Де Роси постигнал прекрасен погодок во натпреварот против Фиорентина од преку 35 метри оддалеченост, не оставајќи му никакви шанси за реакција на францускиот голман Себастијан Фреј. Истотака, Де Роси во истата сезона постигнал убав погодок и во Лигата на шампионите во катастрофалниот пораз со 7-1 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, во четвртфиналето од ова натпреварување.

Во февруари 2012 година, Де Роси потпишал нов петгодишен договор со Рома. Така, тој станал најплатениот фудбалер во италијанската Серија А со заработувачка од 10.000.000 € на годишно ниво, или 6.5 милиони по сезона. Претходниот рекорд на тимот од Рим кога се во прашање италијанските фудбалери бил Франческо Тоти (со 8.900.000 € во сезоната 2009-2010).

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Де Роси одиграл неколку натпревари за италијанските репрезентативни селекции до 19 и 20 години. Со италијанската селекција до 21 година, пак, станал европски првак во оваа категорија во 2004 година на првенството одржано во Германија. Тој бил незаменлив и клучен играч во оваа златна генерација на Аѕурите. Истата година, Де Роси настапил и за У-23 селекцијата на Италија на Олимписките игри во Атина каде што се закитил со бронзен медал. Неколку недели подоцна откако се вратил од олимпијадата во Грција, Даниеле го забележил својот прв настап за италијанската А селекција. Беше тоа во квалификацискиот натпревар за СП 2006, против селекцијата на Норвешка, во Палермо и веќе на самото деби го постигнал и својот прв погодок за победа на Италија од 2-1.

СП 2006[уреди | уреди извор]

Даниеле Де Роси бил член на репрезентацијата на Италија која настапила на Светското Првенство 2006 година. Во првиот натпревар во групата, против САД, Де Роси бил исклучен добивајќи директен црвен картон за удирање во лицето на противничкиот напаѓач Брајан МекБрајд. МекБрајд го напуштил теренот со искрварено лице, но се вратил во игра по укажаната лекарска помош. Британскиот канал BBC ја искоментирал постапката на Де Роси со следниве зборови: "Де Роси само се посрамоти себе си со одвратниот потег кој го направи, удирајќи го непотребно со лактот в лице Брајан МекБрајд."[1] Тој подоцна му се извини на МекБрајд за неспортскиот потег,[2] но неуспеа да ја изегне суспензијата од 4 натпревари која му беше доделена и воедно е казнет со 10.000 CHF.[3]

Откако е дисквалификуван за настап во следните 4 натпревари, Де Роси повторно заиграл за Италија дури во финалето на турнирот против Франција. Тогаш се појавил во игра во 61. минута како замена за својот капитен од екипата на Рома, Франческо Тоти. По завршувањето на двете продолженија натпреварот завршил нерешено (1-1), по што победникот требало да го одлучат пеналите. Де Роси беше успешен за својата репрезентација во третата серија, и со тоа и "помага" на својата земја да го освои четвртиот наслов Светски Првак во историјата.

Евро 2008[уреди | уреди извор]

Де Роси ги одиграл сите репрезентативни натпревари во квалификациите за пласман на Евро 2008, и постигнал еден погодок против селекцијата на Грузија. Откако Франческо Тоти по завршувањето на Мундијалот во 2006 објавил крај на својата репрезентативна кариера, Де Роси добил чест да го носи неговиот дрес со број 10. Тој бил и капитен на три натпревари: во пријателски натпревари против Јужна Африка (17 октомври 2007) и Португалија (6 февруари 2008) и во квалификациите против Фарски Острови.

На 17 јуни 2008, во последниот натпревар од групната фаза на Евро 2008, Де Роси постигнал погодок од слободен удар против Франција во победата со 2-0. При неговиот удар, топката го погодила Тјери Анри од кој се одбила во спротивен правец.Неговиот погодок и дава можност на селекцијата да помине во следната фаза т.е. во четвртфиналето. Во четвртфиналниот натпревар против Шпанија, победникот е одлучуван на пенали по конечните 0-0 по 120 минути. Шпанскиот голман Икер Касиљас го запрел ударот на Де Роси, а подоцна Шпанија се пласирала во полуфинале со победа од 4-2 на пенали.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Италија Репрезентација на Италија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]