Прејди на содржината

Симоне Ѕаѕа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симоне Ѕаѕа
Лични податоци
Роден на 25 јуни 1991(1991-06-25)(35 г.)
Роден во Поликоро, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001870000001,87 м[1]
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2025 (33 г.)
Младинска кариера
Стела Аѕура Берналда
Валдера
Аталанта Аталанта
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2010 Аталанта Аталанта 3 (0)
2010-2013 Сампдорија Сампдорија 2 (0)
2011-2012Јуве Стабија Јуве Стабија 4 (0)
2012Вијареџо Вијареџо 18 (11)
2012-2013Асколи Асколи 35 (18)
2013-2015 Сасуоло Сасуоло 64 (20)
2015-2017 Јувентус Јувентус 19 (5)
2016-2017Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 8 (0)
2017-2018 Валенсија Валенсија 33 (13)
2018-2022 Торино Торино 92 (16)
Репрезентација
2007 Италија Италија 16 3 (0)
2007 Италија Италија 17 2 (0)
2009-2010 Италија Италија 19 1 (0)
2014-2018 Италија Италија 18 (2)

Симоне Ѕаѕа (роден на 25 јуни 1991 година) — поранешен италијански фудбалер, напаѓач.

Почетоци и Атланата

[уреди | уреди извор]

Роден во Поликоро, провинција Матера, и жител на Метапонто, на шест години се приклучил на фудбалската школа Стела Аѕура од Берналда каде што бил воочен од страна на екипата на Аталанта, кои одлучиле да го дадат да игра фудбал и да созрева во Валдера, нивна збратимена екипа од градот Пиза.[2] Во летото 2006 година Заза се преселил во Бергамо каде што растел играјќи фудбал во младоста.[2] Во 2008 година тој го освоил Турнирот на градот Арко - Бепе Виола, резервирана за категорија играчи под 16 години, со што стана најдобар стрелец на натпреварувањето со 5 гола.[2]

На 1 март 2009 година, кога имал само 17 години, го направил своето деби за првиот тим во Серија А за време на натпреварот Аталанта-Кјево (0-2), влегувајќи на местото на Фереира Пинто во 86-тата минута.[3] На 24 мај 2009 година го одиграл својот прв натпревар како стартер во Серија А, во натпреварот на домашен терен против Палермо, кој завршил 2-2.[4] Својата прва професионална сезона ја завршил со три натпревари во италијанското првенство.

Следната сезона неуспеал да избори ниту еден настап за првиот тим; на крајот од сезоната станал слободен играч.

Сампдорија и позајмиците во Јуве Стабија и Вијареџо

[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2010 година, со слободен трансфер, потпишал четиригодишен договор со Сампдорија.[5][6] Сезоната главно ја минал играјќи за Примавера тимот, но на 16 февруари 2011 го одиграл првиот натпревар во дресот на Сампдорија (за првиот тим) и тоа за време на Градското дерби против Џенова на домашен терен, заменувајќи го Даниеле Десена во 78-мата минута; натпреварот завршил 1-0 за Џенова.

Во следната сезона бил позајмен на Јуве Стабија во Серија Б[5][7] правејќи го своето деби на 27 август 2011 за време на натпреварот Емполи-Јуве Стабија (2-1); за осите одиграл само 4 натпревари во првата половина од сезоната, бидејќи тренерот Бралја не ги воочил неговите големи квалитети, па на 5 јануари 2012 тој бил позајмен на Вијареџо во Лега Про Прима Дивизионе;[8] Ѕаѕа одиграл 16 првенствени натпревари и 2 во баражот за опстанок постигнувајќи 11 гола вкупно.

Ѕаѕа се вратил во Џенова откако му завршил заемот во Вијареџо, а на 17 јули 2012 година се преселил, одново бил поазјмен овојпат во Асколи, во Серија Б.[9] На 9 септември го постигнал својот прв гол во втората италијанска лига, во натпреварот Виртус Ланчано-Асколи (1-1); На 20 октомври за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, но не можел да го спречи поразот на неговиот тим со 2-4 од Јуве Стабија на домашен терен. На 26 декември 2012 година, за време на натпреварот Асколи-Читадела (4-1), го постигнал својот десетти гол за сезоната, достигнувајќи за првпат во својата кариера двоцифрена бројка погодоци во текот на една сезона. На 6 март 2013 година, во победата на гости над Чезена со 2-1, тој вторпат во текот на сезоната бил двоен стрелец. Сезоната ја завршил со вкупно 35 натпревари во Серија Б, на кој постигнал 18 гола, но сепак тие се покажале недоволни за Асколи да се спаси од испаѓање во Лега Про Прима Дивизионе.

На 9 јули 2013 година, Јувентус целосно го купил Ѕаѕа од Сампдорија за сума од 3,5 милиони евра исплатени во три години; истовремено Јувентус му префрлил половина од договорот на Сасуоло во замена за сума од 2,5 милиони евра која требало да биде платена во три години.[10] Со трансферот во Сасуоло, Ѕаѕа повторно добил шанса да игра во Серија А, правејќи го дебито за Сасуоло во првото коло од првенството, во натпреварот Торино-Сасуоло (2-0). На 1 септември 2013 година, во второто коло од првенството, го постигнал својот прв гол во Серија А во поразот на домашен терен од Ливорно со 1-4; воедно тоа бил и првиот гол на Сасуоло во Серија А во историјата на клубот.[11] Благодарение токму на Ѕаѕа екипата од Емилија-Ромања дошла и до првиот бод во првата лига на Италија во својата историја, кога тој ја затресол мрежата на Наполи за да го израмни резултатот на 1-1 (што било и конечен резултат на натпреварот) во петтото коло од сезоната.[12] Својата прва сезона како стандарден играч во Серија А ја завршил со 33 настапи и 9 постигнати гола.

На 20 јуни 2014 година, Сасуоло ја откупил и другата половина од договорот на Ѕаѕа која му припаѓала на Јувентус во износ од 7,5 милиони евра,[13] но според договорот Јувентус го задржал правото на целосен откуп на играчот за сума од 15 милиони евра до 30 јуни 2015 година и 18 милиони евра до 30 јуни 2016 година.[14] На 7 јануари 2015 го продолжил договорот со Сасуоло до 2019 година.[15] Втората сезона во Сасуоло му била уште поуспешна од првата, постигнувајќи 11 гола на 31 настап во Серија А, а исто така постигнал еден гол и во Купот на Италија, каде Сасуоло бил елиминиран во осминафиналето.

Вкупно во дресот на Сасуоло одиграл 69 натпревари и постигнал 21 гол.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 7 јули 2015, Ѕаѕа бил купен од страна на Јувентус за 18.000.000 € (плаќање во следните три години), потпишувајќи договор на пет години.[16] На неговата презентација во клубот на 17 јули го избрал дресот со број 7., претходно носен од Симоне Пепе. Дебитирал за Јувентус на 20 септември во победата над Џенова со 2-0, влегувајќи од клупата. Три дена подоцна го постигнал својот прв гол во црно-белиот дрес против Фрозиноне. На 30 септември дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на домашен терен над Севиља, постигнувајќи го вториот гол за Јувентус во самата завршница од натпреварот по еден контра-напад. На 16 декември постигнал два гола во победата со 4-0 над градскиот соперник Торино во осминафиналето од Купот на Италија. На 13 февруари со својот погодок во 88-мата минута од натпреварот против Наполи му донел одлучувачка победа на Јувентус со 1-0 над директниот конкурент за скудетото и искачување на неговиот тим на чело на табелата во Серија А.

Сезоната 2015-2016 ја завршил со вкупно 25 настапи и 8 постигнати гола. На 25 април го освоил скудетото со Јувентус, а на 21 мај Купот на Италија, негови први во кариерата.

Вест Хем Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 28 август 2016, Ѕаѕа се преселил во Вест Хем Јунајтед на заем за 5 милиони евра, со задолжителен откуп за 20 милиони евра во зависност од бројот на настапи во Премиер лигата, плус 3 милиони во бонуси.[17] Своето деби за клубот го направил на 10 септември, во поразот со 4-2 на домашен терен од Вотфорд.[18] Ѕаѕа одиграл вкупно 11 натпревари за Вест Хем, 8 во Премиер лигата и три во Лига купот, без постигнат гол. Неговиот последен настап за чеканите бил на 30 ноември, во поразот со 1-4 од Манчестер Јунајтед во Лига купот.

Валенсија

[уреди | уреди извор]

Откако го напуштил Вест Хем на 15 јануари 2017, Ѕаѕа потпишал со шпанскиот прволигаш Валенсија, доаѓајќи во клубот на заем за 2 милиони евра со право на откуп од Јувентус за 16 милиони евра. Своето деби го направил на 21 јануари 2017, во гостинската победа над Вилјареал со 2-0.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Ѕаѕа ја претставувал Италија во репрезентациите под 16, под 17 и под 19 години.

На 31 август 2014 година, тој бил повикан од страна на селекторот на сениорската репрезентација Антонио Конте за пријателскиот натпревар против Холандија и првиот квалификациски натпревар за Евро 2016 против Норвешка. На 4 септември, Ѕаѕа го направил своето деби за италијанската репрезентација, играјќи како стартер во победата против Холандија. Тој изборил пенал за својата репрезентација во тој натпревар, откако бил фаулиран од страна на Бруно Мартинс Инди во 9-тата минута, а изведувачот Даниеле Де Роси го постигнал вториот гол за Италија во победата од 2-0.[19] Пет дена подоцна, Ѕаѕа го постигнал својот прв гол во националниот дрес во победата со 2-0 над Норвешка во квалификациите за Евро 2016.[20]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
04-09-2014БариИталија Италија2 – 0Холандија ХоландијаПријателска-заменет 73'
09-09-2014ОслоНорвешка Норвешка0 – 2Италија ИталијаКвал. за Евро 20161заменет 82'
10-10-2014ПалермоИталија Италија2 – 1Азербејџан АзербејџанКвал. за Евро 2016-добил жолт картон во 86-тата минута 86'
16-11-2014МиланоИталија Италија1 – 1Хрватска ХрватскаКвал. за Евро 2016-заменет 63'
28-03-2015СофијаБугарија Бугарија2 – 2Италија ИталијаКвал. за Евро 2016-заменет 58'
06-09-2015БариИталија Италија1 – 0Бугарија БугаријаКвал. за Евро 2016-влегол во игра 71'
13-11-2015БриселБелгија Белгија3 – 1Италија ИталијаПријателска-влегол во игра 80'
24-03-2016УдинеИталија Италија1 – 1Шпанија ШпанијаПријателска-влегол во игра 60'
29-03-2016МинхенГерманија Германија4 – 1Италија ИталијаПријателска-заменет 78'
29-05-2016Та-КалиИталија Италија1 – 0Шкотска ШкотскаПријателска-влегол во игра 67'
06-06-2016ВеронаИталија Италија2 – 0Финска ФинскаПријателска-заменет 81'
17-06-2016ТулусИталија Италија1 – 0Шведска ШведскаЕвро 2016-1 фаза-влегол во игра 60'
22-06-2016ЛилИталија Италија0 – 1Ирска ИрскаЕвро 2016-1 фаза-добил жолт картон во 87-мата минута 87'
02-07-2016БордоГерманија Германија1 – 1 прод.
(5-4 пен.)
Италија ИталијаЕвро 2016-Четвртфинале-влегол во игра 120+1'
Вкупно Настапи 14 Голови 1

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 31 мај 2015..

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009Италија АталантаА30КИ00------30
2009-2010А00КИ00------00
Вкупно Аталанта3000----30
2010-2011Италија СампдоријаА20КИ00ЛШ+ЛЕ00---20
2011-јан. 2012Италија Јуве СтабијаБ40КИ00------40
јан.-јун. 2012Италија Вијареџо1D16+2[21]9+2[21]КИ-ЛП--------1811
2012-2013Италија АсколиБ3518КИ10------3618
2013-2014Италија СасуолоА339КИ20------359
2014-2015А3111КИ31------3412
Вкупно Сасуоло642051----6921
2015-2016Италија ЈувентусА195КИ32ЛШ21СИ00248
2016- јан. 2017Англија Вест Хем ЈунајтедА80ФАКуп+ЛК0+30+0ЛЕ00---110
јан.-јун. 2017Шпанија ВаленсијаПД206КШ00------206
2017-2018ПД3313КШ60------3913
Вкупно Валенсија531960----5919
Вкупно во кариерата204+271183210022676

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 2013-12-22.
  2. 1 2 3 sampdoria.it, уред. (1 јули 2010). „Dove sta Zaza? Alla Sampdoria, per il futuro“. Посетено на 11 септември 2014.[мртва врска]
  3. gazzetta.it (уред.). „Atalanta 0-2 Chievo“. Посетено на 11 септември 2014.
  4. gazzetta.it (уред.). „Atalanta 2-2 Palermo“. Посетено на 11 септември 2014.
  5. 1 2 soccerfame.it (уред.). „Simone Zaza si è trasferito da Sampdoria a Juve Stabia in prestito“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 11 септември 2014.
  6. sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
  7. sampdoria.it, уред. (15 јули 2011). „Prestiti: Zaza alla Juve Stabia, Lanzoni va al Foggia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 11 септември 2014.
  8. „Il Viareggio ha trovato la punta, preso Zaza dalla Juve Stabia, ora le zebre lavorano in uscita“. radiobrunotoscana.it. 5 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 11 септември 2014.
  9. tuttomercatoweb.com, уред. (17 јули 2012). „Ufficiale: Zaza dal Viareggio all'Ascoli“. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 11 септември 2014.
  10. juventus.com, уред. (9 јули 2013). „Operazioni di mercato“. Посетено на 11 септември 2014.
  11. footstats.it, уред. (3 септември 2013). „I numeri della Serie A, 2ª giornata“. Посетено на 11 септември 2014.
  12. soccermagazine.it, уред. (25 септември 2013). „Testacoda amaro: al San Paolo finisce 1-1 tra Napoli e Sassuolo“. Посетено на 11 септември 2014.
  13. calciomercato-juve.it, уред. (20 јуни 2014). „Il Sassuolo riscatta Zaza: ufficiale l'accordo con la Juventus“. Архивирано од изворникот на 2014-09-12. Посетено на 11 септември 2014.
  14. gianlucadimarzio.com, уред. (2 септември 2014). „Zaza, dalla Samp alla Nazionale“. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 11 септември 2014.
  15. „Sassuolo, sorpresa Zaza: arriva il rinnovo con adeguamento“. 7 јануари 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 10 јануари 2015.
  16. Zaza è bianconero
  17. „Hammers land Italy star Zaza“. West Ham United F.C. 28 August 2016. Посетено на 28 August 2016.
  18. Vinny Ryan (11 September 2016). „West Ham's collapse vs. Watford leaves Bilic with plenty of problems“. ESPN FC. Посетено на 12 September 2016.
  19. „Italy 2-0 Netherlands“. BBC Sport. 4 September 2014. Посетено на 6 September 2014.
  20. Alex Sharp (9 September 2014). „Norway 0-2 Italy: Simone Zaza and Leonardo Bonucci fire Antonio Conte to opening win“. The Daily Mail. Посетено на 1 June 2015.
  21. 1 2 Play-out.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]