Стефано Стураро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Стефано Стураро
Лични податоци
Роден на 9 март 1993 (1993-03-09) (26 г.)[1]
Роден во Санремо, Италија
Висина &100000000000001820000001,82 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 14
Младинска кариера
Санремезе Санремезе
Џенова Џенова
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Џенова Џенова 0 (0)
2012-2013Модена Модена 8 (0)
2013–2014 Џенова Џенова 16 (1)
2014 Јувентус Јувентус 0 (0)
2014-2015Џенова Џенова 13 (1)
2015- Јувентус Јувентус 64 (2)
2018-Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 0 (0)
Репрезентација
2011 Италија Италија 18 4 (1)
2011-2012 Италија Италија 19 6 (0)
2014-2015 Италија Италија 21 6 (1)
2016- Италија Италија 0 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Стефано Стураро (роден на 9 март, 1993 година) е италијански фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Започнал да игра фудбал во екипата на Санремесе, а потоа се префрлил во младинскиот состав на Џенова.[2] Во 2010 година станал стандарден член на Примавера тимот на Џенова со кој истата година победил во Суперкупот.[3] За сезоната 2012-2013 бил позајмен на Модена.[4] Поради две сериозни повреди,[5][6] одиграл само 8 натпревари за канаринците во Серија Б и 2 во италијанскиот куп.

Пред почетокот на сезоната 2013-14 се вратил во рособлу и го направил своето деби во Серија А на 25 август 2013, влегувајќи во игра во 89-тата минута од натпреварот Интер - Џенова (2-0) во првото коло од сезоната.[7] На 2 март, го постигнал својот прв гол во највисоката категорија поставувајќи ги конечните 2-0 за неговата екипа во натпревар против Катанија.[8] Поради повредата на неговиот тимски колега Матузалем, Стураро добил важно место во стартната постава во вториот дел од сезоната кое нема да го испушти до нејзиниот крај, завршувајќи ја сезоната со 16 настапи и 1 гол.

На 1 јули, потпишал петгодишен договор со Јувентус[9][10] за 5,5 милиони евра, уште 3,5 милиони по постигнувањето на одредени спортски цели, почнувајќи од сезоната 2015-16; бидејќи првата година од договорот со Јувентус би требало да ја одработи на бесплатен заем во Џенова.[9] Својот последен натпревар за Џенова го одиграл на 31 јануари 2015, во ремито 1-1 против Фјорентина, постигнувајќи многу смешен гол кој на крајот му бил препишан како автогол на голманот Татарушану за водство од 1-0; по одличното додавање на Мбаје Нианг најпрво Стураро промашил празен гол од само неколку метри, погодувајќи ја стативата, но за негова среќа топката се одбила од стативата во голманот Татарушану и завршила во мрежата на Фјорентина. Во првиот дел од сезоната 20014-15 одиграл вкупно 15 натпревари во лигата и италијанскиот куп. Во сите натпреварувања, настапил во 31 натпревар и постигнал 1 гол како играч на Џенова.

И покрај тоа што бил предвиден за враќање на лето, Стураро се вратил во Јувентус на 2 февруари, 2015 година, поради повредите на двајца играчи од средниот ред Ромуло и Квадво Асамоа.[11] Тој го направи своето деби за Јувентус, на 14 март, играјќи како стартер во победата на гостински терен против Палермо со 1-0[12], додека еден месец подоцна на 14 април дебитирал во европските натпреварувања, влегувајќи во завршницата од првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Монако (1-0 за Јуве);[13] На 5 мај за прв пат бил стартер во натпревар од Лигата на шампионите, играјќи 64 минути во победата со 2-1 над Реал Мадрид во полуфиналето;[14] во текот на тој натпревар спасил чист гол на Хамес Родригез при резултат 1-1, откако колумбиецот шутирал со глава кон празната мрежа, Стураро со врвот на копачката го подигнал неговиот удар и тој завршил во пречката.[15] На 23 мај го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус, во првенствената победа над Наполи со 3-1 на домашен терен.[16] Сезоната со бјанконерите ја завршил со освојување скудетото,[17] a потоа и на Купот на Италија,[18] неговите први два трофеја во професионалната кариера.

Следната сезона ја започнал како стартер по заминувањето од клубот на Андреа Пирло и Артуро Видал и повредите на Клаудио Маркизио и Сами Хедира. На 8 август го започнал натпреварот во Суперкупот на Италија против Лацио во Шангај, и бил асистент за првиот гол кој го постигнал Марио Манџукиќ, во победата со 2-0. Својот прв погодок за сезоната го постигнал на 29 ноември во победата со 3-0 на гостувањето против Палермо на Барбера.[19] На 23 февруари 2016 Стураро го постигнал својот прв погодок во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите, во првиот осминафинален натпревар против Бајерн Минхен на домашен терен што завршил 2-2.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 24 април, 2014 за прв пат бил повикан во италијанската репрезентација под 21 година, од тренерот Луиџи Ди Бјаџо.[20] Тој го направил своето деби во оваа категорија, при победата со 4-0 во пријателски натпревар против Црна Гора во Кастел ди Сангро.[21] На 9 септември, го постигнал својот прв гол за У21 репрезентацијата во победата со 7-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Европското првенство, игран повторно во Кастел ди Сангро.

На 14 ноември 2014 година го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Антонио Конте, за пријателскиот натпревар во Џенова против Албанија кој се одиграл четири дена подоцна, но не влегол во игра.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 23 февруари 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Италија Модена Б 8 0 КИ 2 0 - - - - - - 10 0
2013-2014 Италија Џенова А 16 1 КИ 0 0 - - - - - - 16 1
2014-јан. 2015 А 13 0 КИ 2 0 - - - - - - 15 0
Вкупно Џенова 29 1 2 0 31 1
јан.-јун. 2015 Италија Јувентус А 12 1 КИ 1 0 ЛШ 2 0 СИ - - 15 1
2015-2016 А 19 1 КИ 2 0 ЛШ 6 1 СИ 1 0 28 2
2016-2017 А 2 0 КИ - - ЛШ - - СИ - - 2 0
Вкупно Јувентус 33 2 3 0 8 1 1 0 45 3
Вкупно во кариерата 70 3 7 0 8 1 1 0 86 4

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 juventus.com (уред.). "Stefano Sturaro". 
  2. ilgiornale.it (уред.). "Il talentino rossoblù Stefano Sturaro".  Unknown parameter |autore= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  3. sportlive.it (уред.). "Supercoppa Primavera al Genoa".  Unknown parameter |autor= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  4. Christian Schipani (27 luglio 2012). calcionews24.com, уред. "Genoa, Sturaro al Modena: "Qui per diventare uomo. E su Immobile..."". 
  5. modenanoi.it, уред. (22 agosto 2012). "Infortuni e nuovi arrivi. Sturaro, stagione compromessa. Venerdi potrebbe debuttare Pagano". 
  6. modenanoi.it, уред. (4 marzo 2013). "Sturaro, annus horribilis". 
  7. Pietro Zampedroni (26 agosto 2013). puntosanremo.it, уред. "Esordio in Serie A per il sanremese Sturaro - Debutto a San Siro con la maglia del Genoa numero 69".  Unknown parameter |urlarchivio= ignored (помош); Unknown parameter |dataarchivio= ignored (помош);
  8. Alessio Da Ronch (2 marzo 2014). "Genoa-Catania 2-0: Antonelli e Sturaro affondano Maran".  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  9. 9,0 9,1 juventus.com, уред. (1º luglio 2014). "Accordo con il Genoa C.F.C. per l'acquisto del calciatore Stefano Sturaro" (PDF).  Unknown parameter |formato= ignored (помош);
  10. genoacfc.it, уред. (1º luglio 2014). "Sturaro ceduto resta al Genoa". 
  11. Sturaro: «Emozionato e carico». http://www.juventus.com/juve/it/video/4027490447001. 
  12. agi.it (уред.). "Calcio: Juve vince 1-0 col Palermo al Barbera, decide Morata".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  13. lapresse.it, уред. (14 aprile 2015). "Champions League, primo round alla Juventus: Vidal stende Monaco su rigore". 
  14. tuttosport.com, уред. (5 мај 2015). "Allegri: «Juve, che maturità. Perché Sturaro? Stava bene»". 
  15. sportskeeda, уред. (6 мај 2015). "Video: James Rodriguez's header hit the crossbar because Stefano Sturaro blocked the shot". 
  16. Fabiana Della Valle (23 maggio 2015). gazzetta.it, уред. "Juve-Napoli 3-1: Allegri onora la festa, Benitez dice quasi addio alla Champions". 
  17. repubblica.it, уред. (2 мај 2015). "Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal porta il quarto scudetto consecutivo". 
  18. Jacopo Gerna. gazzetta.it, уред. "Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  19. Ivan Palumbo. gazzetta.it, уред. "Palermo-Juve 0-3, Mandzukic-Sturaro-Zaza: Allegri vince la 4ª gara di fila".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  20. primocanale.it (уред.). "Genoa, doppia convocazione nell'Under 21 per Perin e Sturaro".  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  21. canalegenoa.it (уред.). "Amichevole Under 21: l’Italia ne fa 4 al Montenegro. 80 minuti per Sturaro". 
  22. sport.sky.it (уред.). "Italia-Albania: Conte chiama Okaka, Rossettini e Sturaro".  Unknown parameter |data= ignored (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]