Сами Хедира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германија Сами Хедира
Sami Khedira, Germany national football team (04).jpg
Лични податоци
Полно име Сами Хедира[1]
Роден на 4 април 1987 (1987-04-04) (воз. 30 г.)[1]
Роден во Штутгарт, Германија
Висина &100000000000001890000001,89 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 6
Агент Германија Јерг Нојбауер[3]
Младинска кариера
Ефинген
Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Штутгарт II Штутгарт II 21 (1)
2006-2010 Штутгарт Штутгарт 98 (14)
2010-2015 Реал Мадрид Реал Мадрид 102 (6)
2015- Јувентус Јувентус 51 (10)
Репрезентација
2003-2004 Германија Германија 17 10 (2)
2007-2009 Германија Германија 21 15 (2)
2009- Германија Германија 70 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Сами Хедира (арапски: سسامي خضيرة, роден во Штутгарт на 4 април 1987) е германски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на германската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Хедира е роден во Штутгарт од татко тунижанин и мајка германка. Неговиот помал брат Рани е исто така фудбалер и во моментов настапува за екипата на РБ Лајпциг.

Сами бил во повеќегодишна врска со германскиот модел Лена Герке, меѓутоа во јули 2015 двојката ја потврдила нивната разделба.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Штутгарт[уреди | уреди извор]

Хедира со Мајстершале пехарот, по освојувањето на Бундеслигата со Штутгарт во 2007.

Хедира започнал да игра фудбал во младинските категории на Ефинген, каде што неговиот татко Лажар бил тренер. Во 1995 бил откриен од ФК Штутгарт каде продолжил да тренира фудбал и ги поминал сите младински категории. Откако одиграл две сезони за вториот тим (21 настап и 1 гол), пред почетокот на сезоната 2006-2007, тогашниот тренер на Штутгарт Армин Фе го приклучил во првиот тим и за неговата прва професионална сезона му бил доделен дресот со број 28. Своето деби го направил на 1 октомври 2006, во натпреварот против Херта на гости што завршил нерешено 2-2, влегувајќи во втората минута од судиското продолжение на местото на Антонио да Силва. Кон крајот на истиот месец ги постигнал својте први два гола во дресот на Штутгарт во првенствената победа над Шалке на домашен терен со 3-0. Првиот професионален договор со клубот го потпишал на 29 јануари 2007. Во последното коло од сезоната на 19 мај, Хадира го постигнал победничкиот погодок за Штутгарт, за победата со 2-1 со пресврт (откако најпрво губеле со 1-0) над Енерги Котбус со која клубот станал шампион на Германија за прв пат по 15 години. Својата прва сезона сезона како профеионалец ја завршил со 26 настапи и 4 гола, но и со големо славје по освојувањето на Бундеслигата.

Следната сезона ја започнал со пораз од Бајерн Минхен во полуфиналето на Лига купот. Својот прв и единствен погодок за сезоната Хедира го постигнал во првото коло од Бундеслигата во ремито 2-2 на домашен терен против Шалке на 10 август 2007.[4] На 19 септември го имал своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 2-1 од Ренџерс во групната фаза, запишувајќи асистенција за голот со кој Штутгарт дошол во водство (иако подоцна загубиле со 2-1) реазлизиран од страна на Марио Гомез во 56-тата минута.[5] Сезоната ја завршил со 24 настапи во Бундеслигата, 5 во Лигата на шампионите и 4 во Купот на Германија.

На 9 јули 2008 Хедира го продолжил својот договор со Штутгарт до летото 2011 година. Сезоната 2008-2009 била неговата најдобра во дотогашната кариера постигнувајќи вкупно 8 гола. Тој најпрво му помогнал на својот тим да се пласира во Купот на УЕФА како еден од 11-те најдобри клубови во Интертото купот, асистирајќи за третиот гол во 110-тата минута од продолженијата со кој и дефинитивно бил скршен отпорот на рускиот Сатурн и со победа со 3-0 Штутгарт излегол како победник од двомечот иако русите победиле во првиот натпревар со 1-0.[6] На 21 септември 2008, во победата со 3-1 над Карлсруе Хедира го постигнал неговиот прв гол за сезоната.[7] На 13 декември Хедира ги постигнал двата гола за Штутгарт во ремито 2-2 против шампионот Бајерн Минхен.[8] Само пет дена подоцна тој го постигнал својот прв гол во кариерата во европските натпреварувања, постигнувајќи го првиот гол за Штутгарт во победата со 3-0 над Стандард Лиеж во последното коло од групната фаза на Купот на УЕФА.[9]

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Хедира во дресот на Реал Мадрид.

После добрите партии на Светското првенство 2010, Хедира се преселил во Реал Мадрид за 14 милиони евра, потпишувајќи пет-годишен договор со кралскиот клуб.[10] Своето деби го направил на 29 август против Мајорка (0-0), влегувајќи во игра на местото на Алваро Арбелоа во 70-тата минута од натпреварот.[11] Својот прв погодок во дресот на Реал го постигнал на 18 октомври 2011 во победата со 4-0 над Олимпик Лион во Лигата на шампионите. Првиот гол во Примера го постигнал во победата со 5-0 над Еспањол. Во првите две сезони бил стандарден во почетниот состав на тренерот Жозе Мурињо, играјќи како партнер на Чаби Алонсо средниот ред. По заминувањето на Мурињо го загубил местото во стартниот состав најмногу како резултат на серијата повреди со која се соочил во сезоните 2013-2014 и 2014-2015.

Во петте години поминати во Реал Мадрид, Хедира освоил буквално се што можело да се освои: една титула Првак на Шпанија, два Купа на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија, како и успесите на меѓународната сцена кој дошле со освојувањето на Лигата на шампионите во сезоната 2013-2014, за потоа да бидат освоени и Суперкупот на УЕФА 2014 и Светското клупско првенство истата година. Откако во последната сезона одиграл само 17 натпревари за клубот во сите натпреварувања, Хедира одлучил да не го продолжува договорот со Реал Мадрид кој истекувал во летото 2015.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 9 јуни 2015, како слободен играч потпишал четири-годишен договор со Јувентус за годишна плата од 4,5 милиони евра по сезона.[12] На 15 јули, Хедира бил претставен во клубот со дресот со број 6., кој го носел и во Реал Мадрид и во германската репрезентација.[13] Поради повреда која ја заработил во пред-сезонскиот пријателски натпревар против Олимпик Марсеј на 1 август, го пропуштил Суперкупот на Италија, како и стартот на сезоната во Серија А и во Лигата на шампионите.

Своето официјално деби за Јувентус го направил на 30 септември, играјќи како стартер во натпреварот од Лигата на шампионите против Севилја кој неговиот тим го добил со 2-0. Четири дена подоцна на своето деби во Серија А го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во победата со 3-1 над Болоња на домашен терен.[14] Својот втор гол за Јувентус го постигнал на 10 јануари 2016, во победата со 2-1 на гостувањето кај Сампдорија.[15] Само седум дена подоцна, во следното првенствено коло, Хедира повторно бил стрелец во победата со 4-0 над Удинезе на Фриули.[16] На 20 март го постигнал својот четврти првенствен погодок во сезоната при победата со 4-1 во Дерби дела Моле над Торино на Олимпико, но во завршницата од натпреварот добил директен црвен картон поради тоа што го нарекол главниот судија Никола Рицоли глупак,[17] по што бил казнет со два натпревари суспензија од фудбалскиот сојуз.[18] По одработувањето на казната Хедира се вратил во акција во натпреварот против Палермо на домашен терен на 17 април, и го постигнал првиот гол во победата со 4-0. И покрај тоа што во текот на неговата прва сезона во Јувентус често бил жртва на физички проблеми, сепак за времето во кое бил на теренот дал голем придонес за освојувањето на петтото последователно Скудето, и вториот последователен Куп на Италија (први за него). Сезоната ја завршил со вкупно 25 настапи и 5 гола.

Следната сезона ја започнал со гол во првото коло од Серија А, во победата со 2-1 на домашен терен над Фјорентина. Само седум дена подоцна Хедира одново бил одлучувачки за Јувентус, постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот против Лацио со кој Јуве победил на гости со 1-0.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Хедира одигра вкупно 30 натпревари во сите младински селекции. На Европското првенство за играчи под 21 година во 2009 како капитен на репрезентацијата го подигнал пехарот наменет за победничката репрезентација.

За сениорската репрезентација дебитирал на 5 септември 2009 во пријателскиот натпревар против ЈАР; во игра влегол во 73-тата минута. Тој бил ставен на списокот на учесници за Светското првенство 2010 каде бил стартер на сите седум натпревари, а во натпреварот за трето место против Уругвај (3-2) го постигна победоносниот гол со глава.

Четири години подоцна тој бил повикан и за Светското првенство 2014 во Бразил, каде бил еден од најдобрите играчи на својата репрезентација која го освоила пехарот. Постигнал еден гол во "потопот" со 7-1 над домаќинот Бразил во полуфиналето.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 31 јануари 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005 Германија Штутгарт II РЛ 5 0 - - - - - - - - - 5 0
2005-2006 РЛ 8 0 - - - - - - - - - 8 0
2006-2007 РЛ 9 1 - - - - - - - - - 9 1
Вкупно Штутгарт II 22 1 - - - - 22 1
2006-2007 Германија Штутгарт БЛ 22 4 КГ 4 0 - - - - - - 26 4
2007-2008 БЛ 24 1 КГ+ЛКГ 4+1 0+0 ЛШ 5 0 - - - 34 1
2008-2009 БЛ 27 7 КГ 2 0 Инт+КУ 2+6 0+1 - - - 37 8
2009-2010 БЛ 25 2 КГ 2 1 ЛШ 8 0 - - - 35 3
Вкупно Штутгарт 98 14 13 1 21 1 - - 132 16
2010-2011 Шпанија Реал Мадрид ПД 25 0 КШ 7 0 ЛШ 8 0 - - - 40 0
2011-2012 ПД 28 2 КШ 6 1 ЛШ 8 1 СШ 0 0 42 4
2012-2013 ПД 25 3 КШ 8 1 ЛШ 9 0 СШ 2 0 44 4
2013-2014 ПД 13 1 КШ 0 0 ЛШ 5 0 - - - 18 1
2014-2015 ПД 11 0 КШ 3 0 ЛШ 2 0 СШ+СУ+Скп 0+0+1 0+0+0 17 0
Вкупно Реал Мадрид 102 6 24 2 32 1 3 0 161 9
2015-2016 Италија Јувентус А 20 5 КИ 1 0 ЛШ 4 0 СИ 0 0 25 5
2016-2017 А 30 5 КИ 3 0 ЛШ 10 0 СИ 1 0 44 5
Вкупно Јувентус 50 10 4 0 14 0 1 0 69 10
Вкупно во кариерата 272 29 41 3 67 2 4 0 384 36

Трофеи[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Хедира, слави со соиграчите по освојувањето на Светското првенство 2014.

Германија Штутгарт[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF), FIFA, 12 јуни 2010, стр. 11 (конс. 8 декември 2013 г).
  2. „Sami Khedira“. juventus.com. http://www.juventus.com/it/squadre/prima-squadra/centrocampisti/sami-khedira/index.php. 
  3. Jörg Neubauer - Managed players
  4. „Stuttgarts Doppelschlag reicht nicht zum Sieg, Rakitic kommt und trifft“. kicker.de. 10 август 2007. http://www.kicker.de/news/fussball/bundesliga/spieltag/1-bundesliga/2007-08/1/807561/spielanalyse_vfb-stuttgart-11_fc-schalke-04-2.html. конс. 24 јули 2017 г. 
  5. Colin Moffat (19 септември 2007). „Rangers 2-1 VfB Stuttgart“. BBC. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/europe/6996409.stm. конс. 24 јули 2017 г. 
  6. Intertoto Cup: Stuttgart-Saturn 3-0
  7. „Karlsruhe verliert zum neunten Mal hintereinander in Stuttgart, Hitzlsperger hat die Ideen“. kicker.de. 21 септември 2008. http://www.kicker.de/news/fussball/bundesliga/spieltag/1-bundesliga/2008-09/5/863454/spielanalyse_vfb-stuttgart-11_karlsruher-sc-6.html. конс. 24 јули 2017 г. 
  8. „Tonis Torserie hält - Erstes VfB-Remis unter Babbel, Khedira trifft zweimal spät“. kicker.de. 13 декември 2008. http://www.kicker.de/news/fussball/bundesliga/spieltag/1-bundesliga/2008-09/17/863561/spielanalyse_vfb-stuttgart-11_bayern-muenchen-14.html. конс. 24 јули 2017 г. 
  9. „Stuttgart secure second with dominant display“. uefa.com. 18 декември 2008. http://www.uefa.com/uefaeuropaleague/season=2009/matches/round=15285/match=304245/postmatch/report/index.html. конс. 24 јули 2017 г. 
  10. OFFICIAL: Real Madrid Sign Stuttgart Midfielder Sami Khedira
  11. „Report: Mallorca v Real Madrid“. ESPN Soccernet. 30 август 2010. http://soccernet.espn.go.com/report?id=302066&cc=3888. конс. 30 август 2010 г. 
  12. juventus.com, уред (9 giugno 2015). „Khedira è bianconero“. http://www.juventus.com/juve/it/news/khedira+e+bianconero. 
  13. tuttojuve.com, уред (6 agosto 2015). „UFFICIALE - I numeri di maglia per la stagione 2015/16. Pogba nuovo 10. Il suo "vecchio" 6 a Khedira“. http://www.tuttojuve.com/primo-piano/ufficiale-i-numeri-di-maglia-per-la-stagione-201516-pogba-nuovo-10-il-suo-vecchio-6-a-khedira-247632. 
  14. LaStampa.it, уред (4 ottobre 2015). „Juve-Bologna, il film della partita: 3-1“. http://www.lastampa.it/2015/10/04/sport/calcio/qui-juve/la-juve-a-caccia-del-riscatto-col-bologna-p2txWEkaU6gEvjIfxICDTN/pagina.html. 
  15. ibtimes, уред (17 јануари 2016). „Sampdoria-Juventus 1-2: Cassano non basta, Pogba e Khedira stendono i blucerchiati“. http://it.ibtimes.com/video-sampdoria-juventus-1-2-cassano-non-basta-pogba-e-khedira-stendono-i-blucerchiati-1433062. 
  16. sportmediaset, уред (17 јануари 2016). „Serie A, Udinese-Juve 0-4: per Allegri decima vittoria di fila“. http://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/juventus/serie-a-udinese-juve-0-4-per-allegri-decima-vittoria-di-fila_1087138-201602a.shtml. 
  17. Torino 1-4 Juventus“, BBC Sport, 20 март 2016 (конс. 20 март 2016 г).
  18. Juventus' Sami Khedira given two-game ban for insulting referee

Надворешни врски[уреди | уреди извор]