Даниеле Ругани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италија Даниеле Ругани
Лични податоци
Роден на 29 јули 1994 (1994-07-29) (24 г.)
Роден во Лука, Италија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 24
Младинска кариера
Емполи Емполи
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013–2015Емполи Емполи 78 (5)
2015– Јувентус Јувентус 51 (3)
Репрезентација
2010-2011 Италија Италија 17 13 (3)
2011-2012 Италија Италија 18 9 (0)
2012-2013 Италија Италија 19 11 (0)
2013 Италија Италија 20 2 (0)
2014- Италија Италија 21 10 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Даниеле Ругани (роден на 29 јули, 1994 година) е италијански фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација под 21 година.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Се смета за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал во својата генерација, игра на позицијата централен дефанзивец[1] и поседува голема физичка сила која му овозможува да постигнува голови кога оди во напад, а особено да ги затвора противниците во фаза на одбрана. Исто така е одличен во одземањето и додавањето на топката,[2] а благодарение на неговиот раст игра одлично со глава, оружје кое често му е од корист кога оди во напад.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Роден во Лука, Ругани ја започнал својата кариера во тосканската екипа Емполи во 2000 година, на возраст од 6. Одгледуван во расадникот на Емполи, тој останал во клубот цели 12 сезони, пред да замине во Јувентус, каде бил регистриран за настап во Примавера тимот (под 20). Тој бил редовен стартер и еден од најдобрите играчи во вториот тим на Јуве за време на сезоната 2012-2013, по што раководството на клубот одлучило да откупи половина од неговиот договор од Тосканците на 31 август 2013.[4]

Емполи[уреди | уреди извор]

Иако во Јувентус биле задоволни од неговите перформанси, Ругани во летото 2013 се вратил во Емполи, на позајмица со цел да собере искуство играјќи за првиот тим. Тој дебитирал за Емполи на деветтнаесет години, во Серија Б во сезоната 2013-2014, и веднаш бил користен како стартер од страна на тренерот Маурицио Сари. На 22 март, 2014 го постигнал својот прв погодок во кариерата, стрелајќи со глава по корнер во домашниот натпревар од првенството против Реџина (4-0).[5] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 42 одиграни натпревари и 2 гола, придонесувајќи многу за промоцијата на тосканците во Серија А.

Следната сезона останал на заем во Емполи. Своето деби во Серија А го направил на 31 август 2014 година, во натпреварот Удинезе-Емполи (2-0) одигран на Стадионот Фриули.[6] Го постигнал својот прв гол во првенството на 20 септември, во ремито 2-2 на гостински терен против Чезена.[7] На 2 февруари 2015, Јувентус ја откупил и втората половина од неговиот договор за 3.500.000 €, оставајќи го играчот на позајмица во Емполи за уште шест месеци. Играчот потпишал договор со Јувентус до 30 јуни, 2019.[8] Сезоната 2014-2015 ја завршил со настап во сите 38 натпревари во лигата, исто така, постигнувајќи три гола, без да биде заменет, и без да добие ниту еден жолт или црвен картон.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во текот на летото 2015, според претходните договори, му се приклучил на Јувентус. Своето деби во црно-белиот дрес го направил на 30 септември 2015 година, во последните минути од натпреварот на домашен терен против Севилја во Лигата на шампионите во победата со 2-0, што исто така претставува негов прв настап во европските натпреварувања. Својот прв натпревар како стартер за Јувентус го одиграл на 16 декември, во победата со 4-0 над Торино во осминафиналето на Купот на Италија. Четири дена подоцна го имал првиот настап за бјанконерите во Серија А, влегувајќи како замена на местото на Андреа Барцалји во победата со 3-2 на гостувањето против Карпи во Модена.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. gqitalia.it, уред (21 novembre 2014). „Serie A. I 20 futuri campioni del calcio squadra per squadra“. http://www.gqitalia.it/sport/calcio/serie-a/2014/11/21/serie-a-i-20-futuri-campioni-del-calcio-squadra-per-squadra/. 
  2. Lelio Donato. „Daniele Rugani, il futuro della difesa della Juventus“. goal.com. http://www.goal.com/it/news/3785/generazione-di-fenomeni/2014/03/14/4654752/profilo-daniele-rugani-il-futuro-della-difesa-della-juventus. 
  3. „Daniele Rugani, futuro bianconero“. 5 febbraio 2014. http://www.alfredopedulla.com/articoli/38012-daniele-rugani-futuro-bianconero. 
  4. juventus.com, уред (31 agosto 2014). „Operazioni di mercato con l’Empoli“. http://www.juventus.com/juve/it/news/mercato%20empoli%20kabashi%20rugani%20news%2031luglio2013. посет. 14 febbraio 2015 г. 
  5. gazzetta.it, уред (22 marzo2014). „Serie B, Pescara-Palermo 1-2, Belotti gol. Empoli a valanga sulla Reggina“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-B/22-03-2014/serie-b-pescara-palermo-1-2-belotti-gol-empoli-valanga-reggina-80287601050.shtml. посет. 14 febbraio 2015 г. 
  6. gazzetta.it, уред (31 agosto 2014). „Udinese, doppio Di Natale: Empoli battuto 2-0“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Udinese/31-08-2014/udinese-doppio-natale-empoli-battuto-2-0-90316396363.shtml. посет. 14 febbraio 2015 г. 
  7. gazzetta.it, уред. „Serie A, Cesena-Empoli 2-2, gol di Marilungo, Defrel, Tavano e Rugani“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/20-09-2014/serie-a-cesena-empoli-2-2-tempo-testa-ma-che-rimonta-90506907390.shtml. посет. 14 febbraio 2015 г. 
  8. juventus.com, уред. „Risoluzione accordo di partecipazione relativo al calciatore Daniele Rugani“. http://www.juventus.com/wps/wcm/connect/e9613916-f169-40da-9ed0-0da79cf20223/comunicato+02022015+rugani+ita.pdf?MOD=AJPERES&CACHEID=e9613916-f169-40da-9ed0-0da79cf20223. посет. 14 febbraio 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]