Серија А 2018-2019
Серија А 2018-2019 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Серија А | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 117-то | ||||
Организатор | Лега Серија А | ||||
Период | од: 18 август 2018 до: 26 мај 2019 | ||||
Држава | Италија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус 35. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Лига Европа | |||||
Испаднале | Емполи Фрозиноне Кјево | ||||
Статистика | |||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.019 (2,68 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Серија А 2018-2019 била 117-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 87-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 18 август 2018, а завршила на 26 мај 2019 година.
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2017-2018. Емполи, Парма и Фрозиноне биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 20 април 2019, Јувентус ја одбранил титулата на пет кола пред крајот после победата на домашен терен над Фјорентина со 2-1. Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 35-то скудето во клупската историја, 8 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со 11 бодови помалку од шампионот го освоила екипата на Наполи. Аталанта и Интер пак, во последното коло им се придружиле на Јувентус и Наполи и ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите 2019-2020, откако ги освоиле третото и четвртото место со еднаков број на бодови 69.
Петтопласираниот Милан, шестопласираната Рома, како и осмопласираниот Лацио (кој го освоил Купот на Италија) избориле учество во Лигата на Европа 2019-2020.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Емполи, Фрозиноне и Кјево.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Фабио Кваљарела од Сампдорија со 26 постигнати гола.
Општо
[уреди | уреди извор]Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле Емполи, Парма и Фрозиноне, заменувајќи ги Кротоне, Верона и Беневенто кои испаднале во претходната сезона. Емполи - како шампион на Серија Б - се вратил во Серија А по само една сезона отсуство,[1] Парма пак, се вратила во најсилното фудбалско натпреварување во Италија за првпат по сезоната 2014-2015 откако го комплетирала своето искачување од Серија Д до Серија А во само три години по нивниот банкрот во летото 2015 година,[2] додека Фрозиноне се вратил по две години пауза откако го победиле Палермо во плејофот.[3]
Првото коло од првенството се играло од 18 до 20 август 2018 година,[4] со 8 натпревари, наместо десетте закажани: поради трагедијата што ја погодила Џенова, со делумниот колапс на мостот Понте Моранди, па лигата во заеднички договор со лигурските екипи одлучила да ги одложи натпреварите од Милан-Џенова и Сампдорија-Фјорентина.[5] Трите вонредни кола одиграни во средината на неделата биле на следниве датуми: 26 септември 2018, 26 декември 2018 и 3 април 2019 година.[4] Првенството имало 4 репрезентативни паузи и во тие викенди не се играло (9 септември 14 октомври 18 ноември и 24 март) заради обврските на италијанската репрезентација во новоформираната Лига на Нации како и почетокот на квалификациите за Европското првенство 2020;[4] a исто така не се играло ниту во првите две недели од 2019 година, период окупиран за осминафиналето на Купот на Италија 2018-2019.[4] Последното коло било закажано за недела, 26 мај 2019 година.[4]
Што се однесува до термините за играње на натпреварите, лигата го обезбедила следниов формат:[6]
- Сабота: 3 натпревари
- 1 натпревар во 15:00 часот
- 1 натпревар во 18:00 часот
- 1 натпревар во 20:30 часот
- Недела: 6 натпревар
- 1 натпревар во 12:30 часот
- 3 натпревар во 15:00 часот
- 1 натпревар во 18:00 часот
- 1 натпревар во 20:30 часот
- Понеделник-Петок: 1 натпревар во 20:30 часот
Калчомеркато
[уреди | уреди извор]Летна сесија
[уреди | уреди извор]Во летото 2018 година, италијанскиот шампион од претходната сезона, Јувентус, го направил најскапиот трансфер во историјата на италијанското првенство: тие ги обезбедиле услугите на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, еден од најголемите шампиони на неговата генерација, плаќајќи сума од 100 милиони евра во касата на Реал Мадрид.[7] Клубот од Торино, исто така ја затворил ерата со двајца фудбалери кој долги години го носеле нивниот дрес, Џанлујџи Буфон и Клаудио Маркизио кој заминале по 17 и 11 години во клубот, но исто така, се засилиле со доаѓањето на голманот Матија Перин, бековите Жоао Кансело и Леонардо Спинацола, и играчот од средниот ред Емре Џан;[8] а кон крајот на преодниот рок дошло и до изненадувачкото враќањето на Леонардо Бонучи, назад во Торино по скандалозното заминување во претходната година, доаѓајќи во размена од Милан која што го вклучила и младиот дефанзивец Матија Калдара кој заминал во спротивен правец.[9]
Еден од најголемите конкуренти на Јувентус во оваа деценија, Наполи ја завршил соработката со тренерот Маурицио Сари и на негово место го назначиле Карло Анчелоти, кој се вратил во Серија А речиси по една деценија по неговото последно искуство во Милан;[10] од пазарот, клубот ги довел уште и голманот Давид Оспина кој дошол да го замени Пепе Реина, играчот од средниот ред Фабијан Руис, да го замени Жоржињо, како и десниот бек Кевин Малки од Лил и офанзивецот Симоне Верди од Болоња.[11] Многу активна на пазарот била Рома:[12] џалоросите се засилиле со голманот Робин Олсен, играчите од средниот ред Стивен Нзонзи, Брајан Кристанте и Хавиер Пасторе, и крилото Џастин Клајверт, додека пак од друга страна морале да се справат со заминувањето на одличниот голман Алисон[13] и играчите од средниот ред Кевин Стротман и Раџа Наинголан;[14] вториот од нив пак бил најважното засилување на Интер, кој се поздравил со Кансело и Рафиња, а го редизајнирале својот ростер со доведувањето на стоперот Стефан де Врај, бековите Квадво Асамоа и Шиме Врсаљко, крилните напаѓачи Матео Политано и Кеита Балде и напаѓачот Лаутаро Мартинес.[15]
Лацио ги заменил заминувањата на де Врај и Фелипе Андресон со Франческо Ачерби и Хоакин Кореја, и го довеле играчот од средниот ред Милан Бадељ. Милан, во сезоната влегол со втора промена во сопственичката структура за период од една година откако клубот го преземала американската фирма Елиот,[16] во прилог на горенаведениот Калдара, од Јувентус, исто така, го довеле на заем со право на откуп и напаѓачот Гонсало Игуаин,[9] кој дошол да ги замени Никола Калиниќ и Андре Силва кои имале разочарувачка сезона; исто така биле направени промени и во другите две линии каде биле доведени голманот Реина, играчот од средниот ред Тимуе Бакајоко и страничните играчи Диего Лаксалт и Саму Кастиљехо. Аталанта се разделила со Андреас Корнелиус, Кристанте и Андреја Петања а се засилила со доаѓањето на Марио Пашалиќ и Дуван Сапата.
Меѓу другите трансфери се истакнуваат доаѓањето на полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек во Џенова, потоа на Жервињо во Парма, на Грегуар Дефрел во Сампдорија и на Кевин-Принс Боатенг во Сасуоло, клуб кој исто така ја започнал сезоната со промена на тренерската клупа која ја преземал Роберто Де Зерби. Промена на тренерската функција во текот на летото, исто така, била видена и во Болоња, Каљари, и Удинезе, кои сезоната ја започнале со Филипо Инѕаги, Роландо Маран и Хулио Веласкес.
Зимска сесија
[уреди | уреди извор]Најактивен тим на пазарот во зимската сесија бил Милан, кој го довел играчот од средниот ред Фламенго Лукас Пакета, но пред се, она што го обележило зимскиот трансферен прозорец во Италија боча нивната промена во нападот: по само една полусезона завршило мачното и разочарувачко искуство на Игуаин на Сан Сиро,[17] кој се вратил во Јувентус и веднаш потоа бил позајмен на Челси,[18] а росонерите го замениле него со купување на доскорашниот играч на Џенова, Пјонтек, кој бил откровение на првиот дел од првенството.[19] Минимални операции во зимскиот преоден рок имал Јувентус, кого го напуштил Меди Бенатија и заминал во Ал-Духаил, а како негова замена во Торино се вратил поранешниот играч на бјанконерите Мартин Касерес од Лацио, додека Интер се засилил со бекот на Саутхемптон Седрик Соарес.
Меѓу другите клубови кој повлекле потези на трансфер-пазарот, биле Фјорентина и Сампдорија кој им овозможиле да се вратат во Италија на двајца поранешни напаѓачи во Серија А: Луис Муриел и Маноло Габијадини, соодветно дошле од Севиља и од Саутхемптон. Џенова го заменила гореспоменатиот Пјонтек со Антонио Санабрија, додека Болоња во Битката за опстанок се засилила со Никола Сансоне и Роберто Соријано. Сасуоло и Емполи пак морале да се опростат од важни играчи како Боатенг и Миха Зајц кој заминале во Барселона односно Фенербахче. И за крај, во февруари, Наполи се разделил со својот капитен, и "икона" на клубот Марек Хамшик, кој по 12 години во партенопеите се преселил во кинескиот Даљен Ифан.
Настани
[уреди | уреди извор]Прв дел од сезоната (Андата)
[уреди | уреди извор]Во пресрет на првото коло од првенството Лигата А одлучила да ги одложи натпреварите на двете екипи од Џенова (Сампдорија - Фјорентина и Милан - Џенова) поради делумниот колапс на мостот Понте Моранди во главниот град на Лигурија.[5] Веќе по крајот на третото коло се потврдуваат летните предвидувања кога се во прашање најсеризоните кандидати за освојување на скудетото, со Јувентус на врвот како единствена екипа со максимален број на бодови;[20] а во трка со бранителот на титулата се држел Наполи, додека Интер и Рома веќе заостануваат.[20] Меѓу откровенијата на почетокот на сезоната има две изненадувања, Сасуоло и СПАЛ, од кој вторите биле со максимален број на бодови по првите две кола.[21]
По враќањето од репрезентативната паузата во септември, Јувентус ја продолжил својата серија на последователни победи стигнувајќи до бројот осум,[22] победувајќи го, исто така, Наполи во директниот судир во Торино во 7-мото коло. Партенопеите, иако на поприлична дистанција, всушност остануваат единствените вистински гонители на бјанконерите,[23] додека оваа фаза на првенството сигнализира неочекувани потешкотии за Аталанта, додека Кјево веќе се нашол залепен на дното на табелата.
Во месец октомври, првенството го забележал првиот погрешен чекор на Јувентус, кој на својот стадион не успеал да ја добие Џенова (завршило 1-1); сепак, со победите во следните три натпревари, бјанконерите повторно го вратиле тимот на Анчелоти на безбедно растојание.[24] Интер пак, по надминувањето на првичните проблеми, во овој период се стабилизирале како "трета сила" во првенството,[25] во средината на табелата, Сасуоло го потврдил одличниот почеток на сезоната, додека Аталанта, исто така, се кренала нагоре. Во меѓувреме, на дното на пласманот имало бројни промени на тренери кои влијаат на Кјево, Емполи, Фрозиноне и Удинезе, како и Џенова која е несигурна[26] и покрај "подвигот" на нивниот млад напаѓач-откровение Пјонтек.
Првиот дел од првенството (наречен Андата) завршил со Јувентус на врвот на табелата како зимски шампион, запишувајќи нов рекорд по бројот на освоени бодови на полусезона, 53, како резултат на 17 победи и 2 нерешени натпревари.[27] Зад бјанконерите своите позиции ги консолидирале Наполи и Интер, а нероаѕурите успеале да ги победат наполитанците во директниот судир на "Boxing day"; овој натпревар, сепак, не останал запаметен по тоа што се случувало на теренот туку надвор од него, каде сериозните судири што се случиле помеѓу навивачите на двата клуба надвор од Сан Сиро, кулминирале со смртта на еден навивач на Интер.[28]
Втор дел од сезоната (Риторно)
[уреди | уреди извор]Во првите два месеци од 2019 година се потврдува сценариото од крајот на првиот круг, само што сега Јувентус ја зголемил уште повеќе својата предност - сега на 13 бодови - во однос на Наполи по 24-тото коло; тоа бил најголемиот забележан јаз на врвот на табелата помеѓу првиот и вториот тим на крајот на февруари уште од сезоната 2006-2007.[29] Бјанконерите ја нагласиле својата сезонска супериорност во 26-тото коло, победувајќи ги Партенопеите во "големиот натпревар" на Сан Паоло и отишле на +16,[30] стигнувајќи многу блиску до новото скудето, пред во 28-мото коло да го регистрираат неочекувано првиот сезонски пораз на Мараси против Џенова. Зад водечкото дуо, во меѓувреме, Интер минува низ турбулентни недели, потресен од внатрешни проблеми поради тоа што клубот и капитенот Икарди не можеле да се договорот околу платата на фудбалерот во новиот договор, што довело до тоа тој повеќе да не биде капитен на клубот.[31] Рома незадовални од својата сезонска патека, извршиле промена на тренерската клупа назначувајќи го Клаудио Раниери на местото на отпуштениот Ди Франческо.[32]
По враќањето од репрезентативната паузата во март, Јувентус го продолжил својот марш кон освојувањето на првенството кој во тој момент веќе се сметал за формалност, откако нивната предност над Наполи на седум круга од крајот го достигнала својот сезонскиот максимум од +20 бодови.[33] Торинезите и математички ја затвориле трката за скудетото на 20 април, кога успехот на домашен терен од 2-1 над Фјорентина им овозможил да го прослават своето 35-то скудето во клупската историја, осмо последователно почнувајќи од сезоната 2011-2012, на пет кола до крајот на првенството;[34] тренерот Алегри, во својата проштална сезона со бјанконерите, исто така, станал првиот тренер во историјата на италијанското првенство кој успеал да освои 5 шампионски титули по ред, победувајќи го рекордот на поранешниот тренер исто така на Јувентус, Карло Каркано по 85 години.[35]
Откако Битката за титулата била решена, главниот интерес на првенството во последните неколку кола се свртел кон борбата за пласман во Лигата на шампионите, која, освен за веќе безбедните Јувентус и Наполи, поради повеќе подеми и падови, оваа сезона вклучува шест екипи кој се сместени во само неколку бодови разлика, за само две места: покрај двата милански и двата римски клуба своето место во топ 4 на крајот на првенството го барале и изненадувањата на првенството Аталанта и Торино[36] Ако Торино останал "без гориво" во финишот и завршил само на седмото место на крајот на сезоната, тогаш клубот од Бергамо е оној чиј играчи се истакнуваат најмногу играјќи сезона од бајките. Освојувајќи го третото место на табелата, тие го оствариле својот најдобар пласман во историјата на клубот во италијанското првенство, а исто така го избориле своето историско деби во Лигата на шампионите.[37] Четвртото и последно место во најпрестижното европско натпреварување го окупирала екипата на Интер,[37] со што ги рангирале градскиот соперник Милан на петтото, и Рома на шестото место, како учесници во Лигата на Европа, со тоа што екипата од главниот град ќе го започне турнирот од квалификациските кругови.[37] Последното место за излез во Европа му припаднало на Лацио, како победник на Купот на Италија.[37]
На дното на табелата разочарувачка сезона за Кјево, кој дури ни не покажал конкретни шанси за спасение во текот на целиото првенство и испаднал на шест круга до крајот, напуштајќи го највисоко рангираното фудбалско друштво во Италија по единаесет години;[38] три кола подоцна, ним им се придружува Фрозиноне, кој се враќа во Серија Б по една сезона во елитата.[39] Вториот дел од првенството, донел позитивни серии за два клуба од дното на табелата Болоња и Удинезе, но благодарение на тренерските промени, и доаѓањето на Синиша Михајловиќ[40] и Игор Тудор соодветно,[41] кој многу брзо го смениле курсот на движење на својте клубови и успеале да обезбедат опстанок;[42][43] Спротивно на нив, слаби резултати пред крајот на првенството и значаен пад на табелата бележат Џенова која останала ослабена по продажбата на Пјонтек во јануари и Фјорентина која се нашла во многу лоша форма и не им помогнала ниту промената на тренерската клупа каде Монтела го заменил Пиоли. Овие два клуба, заедно со Емполи во последното коло влегле со мисија да обезбедат останување во лигата:[44] сепак на крајот Емполи, и покрај одличната игра во натпреварот,[45] е поразен од Интер во Милано и е осуден на враќање во Серија Б по само една година помината во Серија А,[46] затоа што во директниот судир во Фиренца помеѓу нивните конкуренти Фјорентина и Џенова завршило без победник 0-0, што им одговарало и на двете екипи.
Ова била последна сезона за некој истакнати фудбалери на италијанскиот фудбал и на Серија А како капитенот на Рома и Светски шампион од 2006 година со Италија, Даниеле Де Роси, кој поминал во клубот 18 сезони,[47] потоа Серџо Пелисие од Кјево кој во овој клуб поминал 17 сезони,[48] Андреја Барцаљи од Јувентус,[49] уште еден Светски шампион од 2006 и освојувач на 8 скудета со бјанконерите и Емилијано Морети долгогодишниот дефанзивец на Торино.[50]
Најдобар стрелец оваа сезона бил Фабио Кваљарела од Сампдорија со 26 гола. За 36-годишниот напаѓач и поранешен играч на Удинезе, Наполи, Јувентус и Торино ова било првпат во неговата кариерата да стане Капоканониере во Серија А. Тој исто така во оваа сезона го израмнил рекордот за постигнат гол во 11 последователни натпревари во лигата, кој го држел поранешниот аргентински напаѓач на Фјорентина Габриел Батистута од сезоната 1994-1995; Кваљарела тоа го сторил откако постигнал гол во секој натпревар од 10-тото до 21-вото коло од сезоната.[51]
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи по региони
[уреди | уреди извор]Број на екипи | Регион | Екипи |
---|---|---|
4 | Емилија-Ромања | Болоња, Парма, Сасуоло и СПАЛ |
3 | Лацио | Лацио, Рома и Фрозиноне |
Ломбардија | Аталанта, Интер и Милан | |
2 | Лигурија | Сампдорија и Џенова |
Пиемонт | Јувентус и Торино | |
Тоскана | Емполи и Фјорентина | |
1 | Венето | Кјево |
Кампанија | Наполи | |
Сардинија | Каљари | |
Фурланија-Јулиска Краина | Удинезе |
Стадионите на екипите и нивните локации
[уреди | уреди извор]Личности и спонзори
[уреди | уреди извор]Екипа | Тренер | Капитен | Опрема | Спонзор на дресот |
---|---|---|---|---|
Аталанта | Џан Пјеро Гасперини | Алехандро Гомес | Хома | Radici Group |
Болоња | Синиша Михајловиќ | Блерим Џемаили | Макрон | Liu·Jo |
Емполи | Аурелио Андрејацоли | Мануел Пасквал | Капа | Computer Gross |
Интер | Лучано Спалети | Самир Хандановиќ | Најк | Pirelli |
Јувентус | Масимилијано Алегри | Џорџо Кјелини | Адидас | Jeep |
Каљари | Роландо Маран | Лука Чепители | Макрон | Ichnusa |
Кјево | Доменико Ди Карло | Серџо Пелисие | Џивова | Paluani |
Лацио | Симоне Инѕаги | Сенад Лулиќ | Макрон | Marathonbet |
Милан | Џенаро Гатузо | Алесио Ромањоли | Пума[52][53] | Fly Emirates |
Наполи | Карло Анчелоти | Лоренцо Инсиње | Капа | Lete |
Парма | Роберто Д'Аверса | Бруно Алвес | Ереа | Cetilar |
Рома | Клаудио Раниери | Даниеле Де Роси | Најк | Qatar Airways |
Сампдорија | Марко Џампаоло | Фабио Кваљарела | Хома | Invent Energy |
Сасуоло | Риберто Де Ѕерби | Франческо Мањанели | Капа | Мапеи |
СПАЛ | Леонардо Семпличи | Мирко Антенучи | Макрон | Tassi Group |
Торино | Валтер Мацари | Андреја Белоти | Капа | Сузуки |
Удинезе | Игор Тудор | Валон Бехрами | Макрон | Дачија |
Фјорентина | Винченцо Монтела | Херман Пецелја | Le Coq Sportif | Save The Children |
Фрозиноне | Марко Барони | Даниел Чофани | Zeus Sport | Banca Popolare del Frusinate |
Џенова | Чезаре Прандели | Доменико Кришито | Лото | Giocheria |
Тренерски промени
[уреди | уреди извор]Екипа | Тренер кој заминал | Причина | Дата на заминување | Позиција | Тренер кој го заменил | Дата на назначување |
---|---|---|---|---|---|---|
Наполи | Маурицио Сари | Спогодбено | 23 мај 2018[54] | Пред-сезона | Карло Анчелоти | 23 May 2018[55] |
Болоња | Роберто Донадони | 24 мај 2018[56] | Филипо Инѕаги | 13 јуни 2018[57] | ||
Каљари | Диего Лопес | 30 мај 2018[58] | Роландо Маран | 7 јуни 2018[59] | ||
Сасуоло | Џузепе Јакини | 5 јуни 2018[60] | Роберто Де Зерби | 13 јуни 2018[61] | ||
Удинезе | Игор Тудор | 7 јуни 2018 | Хулио Веласкес | 7 јуни 2018[62] | ||
Кјево | Лоренцо Д'Ана | Отпуштен | 9 октомври 2018[63] | 20-то | Џан Пјеро Вентура | 10 октомври 2018[64] |
Џенова | Давиде Балардини | 9 октомври 2018[65] | 11-то | Иван Јуриќ | 9 октомври 2018[65] | |
Емполи | Аурелио Андрејацоли | 5 ноември 2018[66] | 18-то | Џузепе Јакини | 6 ноември 2018[67] | |
Кјево | Џан Пјеро Вентура | Оставка | 13 ноември 2018[68] | 20-то | Доменико Ди Карло | 13 ноември 2018[69] |
Удинезе | Хулио Веласкес | Отпуштен | 13 ноември 2018 | 17-то | Давиде Никола | 13 ноември 2018[70] |
Џенова | Иван Јуриќ | 7 декември 2018[71] | 14-то | Чезаре Прандели | 7 декември 2018[71] | |
Фрозиноне | Морено Лонго | 19 декември 2018[72] | 19-то | Марко Барони | 19 декември 2018[73] | |
Болоња | Филипо Инѕаги | 28 јануари 2019[74] | 18-то | Синиша Михајловиќ | 28 јануари 2019[74] | |
Рома | Еузебио Ди Франческо | 7 март 2019[75] | 5-то | Клаудио Раниери | 8 март 2019[76] | |
Емполи | Џузепе Јакини | 13 март 2019[77] | 17-то | Аурелио Андрејацоли | 13 март 2019[77] | |
Удинезе | Давиде Никола | 20 март 2019[78] | 16-то | Игор Тудор | 21 март 2019[79] | |
Фјорентина | Стефано Пиоли | Оставка | 9 април 2019[80] | 10-то | Винченцо Монтела | 10 април 2019[81] |
Завршна табела
[уреди | уреди извор]Поз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Јувентус | 90 | 38 | 28 | 6 | 4 | 70 | 30 | +40 | |
2. | Наполи | 79 | 38 | 24 | 7 | 7 | 74 | 36 | +38 | |
3. | Аталанта | 69 | 38 | 20 | 9 | 9 | 77 | 46 | +31 | |
4. | Интер | 69 | 38 | 20 | 9 | 9 | 57 | 33 | +24 | |
5. | Милан | 68 | 38 | 19 | 11 | 8 | 55 | 36 | +19 | |
6. | Рома | 66 | 38 | 18 | 12 | 8 | 66 | 48 | +18 | |
7. | Торино | 63 | 38 | 16 | 15 | 7 | 52 | 37 | +15 | |
[82] | 8. | Лацио | 59 | 38 | 17 | 8 | 13 | 56 | 46 | +10 |
9. | Сампдорија | 53 | 38 | 15 | 8 | 15 | 60 | 51 | +9 | |
10. | Болоња | 44 | 38 | 11 | 11 | 16 | 48 | 56 | –8 | |
11. | Сасуоло | 43 | 38 | 9 | 16 | 13 | 53 | 60 | −7 | |
12. | Удинезе | 43 | 38 | 11 | 10 | 17 | 39 | 53 | −14 | |
13. | СПАЛ | 42 | 38 | 11 | 9 | 18 | 44 | 56 | −12 | |
14. | Парма | 41 | 38 | 10 | 11 | 17 | 41 | 61 | −20 | |
15. | Каљари | 41 | 38 | 10 | 11 | 17 | 36 | 54 | −18 | |
16. | Фјорентина | 41 | 38 | 8 | 17 | 13 | 47 | 45 | +2 | |
17. | Џенова | 38 | 38 | 8 | 14 | 16 | 39 | 57 | −18 | |
18. | Емполи | 38 | 38 | 10 | 8 | 20 | 51 | 70 | −19 | |
19. | Фрозиноне | 25 | 38 | 5 | 10 | 23 | 29 | 69 | −40 | |
20. | Кјево (-3) | 17 | 38 | 2 | 14 | 22 | 25 | 75 | −50 |
Легенда:
Санкции:
|
Нотес:
|
Пласман
[уреди | уреди извор]- Јувентус Шампион на Италија 2018-2019 (35-та титула)
- Лацио Освојувач на Купот на Италија
- Јувентус, Наполи, Аталанта и Интер се квалификувале за групната фаза на Лигата на шампионите 2019-2020.
- Лацио и Милан се квалификувале за групната фаза на Лига Европа 2019-2020; Рома се квалификувала за второто коло од квалификациите за Лига Европа 2019-2020.
- Емполи, Фрозиноне и Кјево испаднале во Серија Б 2019-2020.
Шампионскиот тим
[уреди | уреди извор]Почетна постава 4-3-3 формација | |
---|---|
1 | Војќех Шченсни (28 настапи) |
20 | Жоао Кансело (25) |
4 | Леонардо Бонучи (29) |
3 | Џорџо Кјелини (25) |
12 | Алекс Сандро (31) |
30 | Родриго Бентанкур (31) |
5 | Миралем Пјаниќ (31) |
14 | Блез Матуиди (31) |
10 | Пауло Дибала (30) |
17 | Марио Манџукиќ (25) |
7 | Кристијано Роналдо (31) |
- Тренер: Масимилијано Алегри
Останати играчи: Емре Џан (29), Федерико Бернардески (28), Матија Де Шиљо (22), Хуан Квадрадо (18), Даглас Коста (17), Даниеле Ругани (15), Моизе Кен (13), Сами Хедира (10), Леонардо Спинацола (10), Мартин Касерес (9), Матија Перин (9), Андреја Барцалји (7), Меди Бенатија (5), Ханс Николуси Кавиља (3), Матеус Переира (3), Григорис Кастанос (1), Паоло Иверу Гоци (1), Стефи Мавидиди (1), Карло Пинсољо (1), Маноло Портанова (1).
Резултати
[уреди | уреди извор]Табеларен приказ
[уреди | уреди извор]Последно ажуриање: 27 мај 2019.
АТА | БОЛ | КАЉ | КЈЕ | ЕМП | ФЈО | ФРО | ЏЕН | ИНТ | ЈУВ | ЛАЦ | МИЛ | НАП | ПАР | РОМ | САМ | САС | СПА | ТОР | УДИ | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | –––– | 4-1 | 0-1 | 1-1 | 0-0 | 3-1 | 4-0 | 2-1 | 4-1 | 2-2 | 1-0 | 1-3 | 1-2 | 3-0 | 3-3 | 0-1 | 3-1 | 2-1 | 0-0 | 2-0 |
Болоња | 1-2 | –––– | 2-0 | 3-0 | 3-1 | 0-0 | 0-4 | 1-1 | 0-3 | 0-1 | 0-2 | 0-0 | 3-2 | 4-1 | 2-0 | 3-0 | 2-1 | 0-1 | 2-2 | 2-1 |
Каљари | 0-1 | 2-0 | –––– | 2-1 | 2-2 | 2-1 | 1-0 | 1-0 | 2-1 | 0-2 | 1-2 | 1-1 | 0-1 | 2-1 | 2-2 | 0-0 | 2-2 | 2-1 | 0-0 | 1-2 |
Кјево | 1-5 | 2-2 | 0-3 | –––– | 0-0 | 3-4 | 1-0 | 0-0 | 1-1 | 2-3 | 1-1 | 1-2 | 1-3 | 1-1 | 0-3 | 0-0 | 0-2 | 0-4 | 0-1 | 0-2 |
Емполи | 3-2 | 2-1 | 2-0 | 2-2 | –––– | 1-0 | 2-1 | 1-3 | 0-1 | 1-2 | 0-1 | 1-1 | 2-1 | 3-3 | 0-2 | 2-4 | 3-0 | 2-4 | 4-1 | 2-1 |
Фјорентина | 2-0 | 0-0 | 1-1 | 6-1 | 3-1 | –––– | 0-1 | 0-0 | 3-3 | 0-3 | 1-1 | 0-1 | 0-0 | 0-1 | 1-1 | 3-3 | 0-1 | 3-0 | 1-1 | 1-0 |
Фрозиноне | 0-5 | 0-0 | 1-1 | 0-0 | 3-3 | 1-1 | –––– | 1-2 | 1-3 | 0-2 | 0-1 | 0-0 | 0-2 | 3-2 | 2-3 | 0-5 | 0-2 | 0-1 | 1-2 | 1-3 |
Џенова | 3-1 | 1-0 | 1-1 | 2-0 | 2-1 | 0-0 | 0-0 | –––– | 0-4 | 2-0 | 2-1 | 0-2 | 1-2 | 1-3 | 1-1 | 1-1 | 1-1 | 1-1 | 0-1 | 2-2 |
Интер | 0-0 | 0-1 | 2-0 | 2-0 | 2-1 | 2-1 | 3-0 | 5-0 | –––– | 1-1 | 0-1 | 1-0 | 1-0 | 0-1 | 1-1 | 2-1 | 0-0 | 2-0 | 2-2 | 1-0 |
Јувентус | 1-1 | 2-0 | 3-1 | 3-0 | 1-0 | 2-1 | 3-0 | 1-1 | 1-0 | –––– | 2-0 | 2-1 | 3-1 | 3-3 | 1-0 | 2-1 | 2-1 | 2-0 | 1-1 | 4-1 |
Лацио | 1-3 | 3-3 | 3-1 | 1-2 | 1-0 | 1-0 | 1-0 | 4-1 | 0-3 | 1-2 | –––– | 1-1 | 1-2 | 4-1 | 3-0 | 2-2 | 2-2 | 4-1 | 1-1 | 2-0 |
Милан | 2-2 | 2-1 | 3-0 | 3-1 | 3-0 | 0-1 | 2-0 | 2-1 | 2-3 | 0-2 | 1-0 | –––– | 0-0 | 2-1 | 2-1 | 3-2 | 1-0 | 2-1 | 0-0 | 1-1 |
Наполи | 1-2 | 3-2 | 2-1 | 0-0 | 5-1 | 1-0 | 4-0 | 1-1 | 4-1 | 1-2 | 2-1 | 3-2 | –––– | 3-0 | 1-1 | 3-0 | 2-0 | 1-0 | 0-0 | 4-2 |
Парма | 1-3 | 0-0 | 2-0 | 1-1 | 1-0 | 1-0 | 0-0 | 1-0 | 0-1 | 1-2 | 0-2 | 1-1 | 0-4 | –––– | 0-2 | 3-3 | 2-1 | 2-3 | 0-0 | 2-2 |
Рома | 3-3 | 2-1 | 3-0 | 2-2 | 2-1 | 2-2 | 4-0 | 3-2 | 2-2 | 2-0 | 3-1 | 1-1 | 1-4 | 2-1 | –––– | 4-1 | 3-1 | 0-2 | 3-2 | 1-0 |
Сампдорија | 1-2 | 4-1 | 1-0 | 2-0 | 1-2 | 1-1 | 0-1 | 2-0 | 0-1 | 2-0 | 1-2 | 1-0 | 3-0 | 2-0 | 0-1 | –––– | 0-0 | 2-1 | 1-4 | 4-0 |
Сасуоло | 2-6 | 2-2 | 3-0 | 4-0 | 3-1 | 3-3 | 2-2 | 5-3 | 1-0 | 0-3 | 1-1 | 1-4 | 1-1 | 0-0 | 0-0 | 3-5 | –––– | 1-1 | 1-1 | 0-0 |
СПАЛ | 2-0 | 1-1 | 2-2 | 0-0 | 2-2 | 1-4 | 0-3 | 1-1 | 1-2 | 2-1 | 1-0 | 2-3 | 1-2 | 1-0 | 2-1 | 1-2 | 0-2 | –––– | 0-0 | 0-0 |
Торино | 2-0 | 2-3 | 1-1 | 3-0 | 3-0 | 1-1 | 3-2 | 2-1 | 1-0 | 0-1 | 3-1 | 2-0 | 1-3 | 1-2 | 0-1 | 2-1 | 3-2 | 1-0 | –––– | 1-0 |
Удинезе | 1-3 | 2-1 | 2-0 | 1-0 | 3-2 | 1-1 | 1-1 | 2-0 | 0-0 | 0-2 | 1-2 | 0-1 | 0-3 | 1-2 | 1-0 | 1-0 | 1-1 | 3-2 | 1-1 | –––– |
Календар
[уреди | уреди извор]Извлекувањето на календарот се одржало на 26 јули 2018 година.[84][85]
|
Статистика
[уреди | уреди извор]Екипна
[уреди | уреди извор]Лидери на табелата
[уреди | уреди извор]- Од 3-то до 38-мо коло: Јувентус
Јувентус | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª |
Создавање на пласманот
[уреди | уреди извор]1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аталанта | 3 | 4 | 4 | 4 | 5 | 6 | 6 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 18 | 18 | 21 | 24 | 24 | 25 | 28 | 31 | 32 | 35 | 38 | 38 | 38 | 41 | 44 | 45 | 48 | 51 | 52 | 53 | 56 | 59 | 62 | 65 | 66 | 69 |
Болоња | 0 | 1 | 1 | 1 | 4 | 4 | 7 | 7 | 8 | 9 | 9 | 10 | 11 | 11 | 11 | 12 | 13 | 13 | 13 | 14 | 14 | 17 | 18 | 18 | 18 | 18 | 21 | 24 | 27 | 27 | 30 | 31 | 34 | 37 | 37 | 40 | 41 | 44 |
Емполи | 3 | 3 | 4 | 4 | 4 | 5 | 5 | 5 | 6 | 6 | 6 | 9 | 12 | 13 | 16 | 16 | 16 | 16 | 16 | 17 | 17 | 18 | 18 | 21 | 21 | 22 | 22 | 25 | 25 | 28 | 28 | 29 | 29 | 29 | 32 | 35 | 38 | 38 |
Интер | 0 | 1 | 4 | 4 | 7 | 10 | 13 | 16 | 19 | 22 | 25 | 25 | 28 | 29 | 29 | 32 | 33 | 36 | 39 | 40 | 40 | 40 | 43 | 46 | 47 | 47 | 50 | 53 | 53 | 56 | 57 | 60 | 61 | 62 | 63 | 66 | 66 | 69 |
Јувентус | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 21 | 24 | 25 | 28 | 31 | 34 | 37 | 40 | 43 | 46 | 49 | 50 | 53 | 56 | 59 | 60 | 63 | 66 | 69 | 72 | 75 | 75 | 78 | 81 | 84 | 84 | 87 | 88 | 89 | 89 | 90 | 90 |
Каљари | 0 | 1 | 4 | 5 | 5 | 6 | 6 | 9 | 10 | 13 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 17 | 17 | 20 | 20 | 21 | 21 | 21 | 21 | 24 | 24 | 27 | 27 | 30 | 33 | 33 | 36 | 37 | 40 | 40 | 40 | 40 | 41 | 41 |
Кјево | -3 | -3 | -2 | -1 | -1 | -1 | -1 | -1 | -1 | -1 | -1 | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 5 | 8 | 8 | 8 | 9 | 9 | 9 | 10 | 10 | 10 | 11 | 11 | 11 | 11 | 11 | 14 | 15 | 15 | 15 | 16 | 17 |
Лацио | 0 | 0 | 3 | 6 | 9 | 12 | 12 | 15 | 18 | 18 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 25 | 28 | 31 | 32 | 32 | 32 | 35 | 38 | 38 | 41 | 44 | 45 | 48 | 51 | 51 | 52 | 52 | 52 | 55 | 55 | 58 | 59 | 59 |
Милан | 3 | 3 | 6 | 7 | 8 | 9 | 12 | 15 | 15 | 18 | 21 | 21 | 22 | 25 | 26 | 27 | 27 | 28 | 31 | 34 | 35 | 36 | 39 | 42 | 45 | 48 | 51 | 51 | 51 | 52 | 52 | 55 | 56 | 56 | 59 | 62 | 65 | 68 |
Наполи | 3 | 6 | 6 | 9 | 12 | 15 | 15 | 18 | 21 | 22 | 25 | 28 | 29 | 32 | 35 | 38 | 41 | 41 | 44 | 47 | 48 | 51 | 52 | 53 | 56 | 56 | 57 | 60 | 63 | 63 | 64 | 67 | 67 | 70 | 73 | 76 | 79 | 79 |
Парма | 1 | 1 | 1 | 4 | 7 | 7 | 10 | 13 | 13 | 13 | 14 | 17 | 20 | 20 | 21 | 21 | 22 | 25 | 25 | 28 | 28 | 29 | 29 | 29 | 29 | 30 | 33 | 33 | 33 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 38 | 41 | 41 |
Рома | 3 | 4 | 4 | 5 | 5 | 8 | 11 | 14 | 14 | 15 | 16 | 19 | 19 | 20 | 21 | 24 | 24 | 27 | 30 | 33 | 34 | 35 | 38 | 41 | 44 | 44 | 47 | 47 | 47 | 48 | 51 | 54 | 55 | 58 | 59 | 62 | 63 | 66 |
Сампдорија | 1 | 1 | 4 | 7 | 7 | 8 | 11 | 14 | 15 | 15 | 15 | 15 | 16 | 19 | 20 | 23 | 26 | 29 | 29 | 30 | 33 | 33 | 33 | 33 | 36 | 39 | 39 | 42 | 45 | 45 | 45 | 48 | 48 | 48 | 49 | 49 | 50 | 53 |
Сасуоло | 3 | 4 | 7 | 7 | 10 | 13 | 13 | 13 | 14 | 15 | 18 | 19 | 19 | 20 | 21 | 24 | 25 | 25 | 25 | 26 | 29 | 30 | 30 | 30 | 31 | 31 | 32 | 32 | 32 | 35 | 36 | 37 | 38 | 41 | 42 | 42 | 43 | 43 |
СПАЛ | 3 | 6 | 6 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 12 | 12 | 12 | 13 | 13 | 14 | 15 | 16 | 16 | 17 | 17 | 18 | 21 | 22 | 22 | 22 | 23 | 23 | 23 | 26 | 29 | 32 | 32 | 35 | 38 | 39 | 42 | 42 | 42 | 42 |
Торино | 0 | 1 | 4 | 5 | 5 | 6 | 9 | 12 | 13 | 14 | 17 | 17 | 18 | 21 | 22 | 22 | 23 | 26 | 27 | 27 | 30 | 31 | 34 | 35 | 38 | 41 | 44 | 44 | 45 | 48 | 49 | 50 | 53 | 56 | 57 | 60 | 60 | 63 |
Удинезе | 1 | 4 | 4 | 5 | 8 | 8 | 8 | 8 | 8 | 9 | 9 | 9 | 12 | 13 | 13 | 13 | 14 | 15 | 18 | 18 | 18 | 19 | 19 | 22 | 22 | 25 | 25 | 25 | 28 | 29 | 32 | 32 | 33 | 33 | 34 | 37 | 40 | 43 |
Фјорентина | 1 | 4 | 7 | 7 | 10 | 10 | 13 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 18 | 19 | 22 | 25 | 25 | 26 | 27 | 30 | 31 | 32 | 35 | 36 | 36 | 37 | 37 | 38 | 39 | 39 | 40 | 40 | 40 | 40 | 40 | 40 | 41 |
Фрозиноне | 0 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 5 | 6 | 7 | 7 | 8 | 8 | 8 | 9 | 10 | 10 | 10 | 13 | 13 | 16 | 16 | 16 | 17 | 17 | 17 | 17 | 20 | 23 | 23 | 23 | 23 | 24 | 24 | 24 | 25 |
Џенова | 0 | 3 | 3 | 6 | 6 | 9 | 12 | 12 | 13 | 14 | 14 | 14 | 15 | 15 | 16 | 16 | 19 | 19 | 20 | 20 | 23 | 24 | 25 | 28 | 29 | 30 | 30 | 33 | 33 | 33 | 34 | 34 | 34 | 35 | 36 | 36 | 37 | 38 |
Освоени бодови во сооднос
[уреди | уреди извор]Сооднос андата-риторно[уреди | уреди извор]
|
Сооднос дома-гости[уреди | уреди извор]
|
Поединечна
[уреди | уреди извор]Список на стрелци
[уреди | уреди извор]
|
Хет-трикови
[уреди | уреди извор]Играч | Клуб | Против | Резултат | Дата |
---|---|---|---|---|
Јосип Иличиќ | Аталанта | Кјево | 5–1 (Г) Архивирано на 21 јануари 2021 г. | 21 октомври 2018 |
Дрис Мертенс | Наполи | Емполи | 5–1 (Д) Архивирано на 21 јануари 2021 г. | 2 ноември 2018 |
Дуван Сапата | Аталанта | Удинезе | 3–1 (Г) Архивирано на 21 јануари 2021 г. | 9 декември 2018 |
Јосип Иличиќ | Аталанта | Сасуоло | 6–2 (Г) Архивирано на 21 јануари 2021 г. | 29 декември 2018 |
Дуван Сапата4 | Аталанта | Фрозиноне | 5–0 (Г) Архивирано на 21 јануари 2021 г. | 20 јануари 2019 |
- Инфо
4 Играчот постигнал 4 гола ; (Д) – Дома (Г) – Гости
Играчи со најмногу асистенции
[уреди | уреди извор]Поз. | Играч | Клуб | Асистенции[87] |
---|---|---|---|
1 | Алехандро Гомес | Аталанта | 11 |
Дрис Мертенс | Наполи | ||
3 | Хосе Калјехон | Наполи | 10 |
Сусо | Милан | ||
5 | Родриго Де Паул | Удинезе | 8 |
Мануел Лаѕари | СПАЛ | ||
Фабио Кваљарела | Сампдорија | ||
Кристијано Роналдо | Јувентус | ||
9 | Јосип Иличиќ | Аталанта | 7 |
Раде Круниќ | Емполи | ||
Џенгиз Ундер | Рома | ||
Дуван Сапата | Аталанта |
Најмногу суви мрежи
[уреди | уреди извор]Поз. | Играч | Клуб | Суви мрежи |
---|---|---|---|
1 | Самир Хандановиќ | Интер | 17 |
2 | Салваторе Сиригу | Торино | 15 |
3 | Џанлујџи Донарума | Милан | 13 |
4 | Андреја Консиљи | Сасуоло | 12 |
5 | Војќех Шченсни | Јувентус | 11 |
Емил Аудеро | Сампдорија | ||
7 | Томас Стракоша | Лацио | 10 |
Лујџи Сепе | Парма | ||
Лукаш Скорупски | Болоња |
Награди
[уреди | уреди извор]Во 2019, Серија А вовела награди за првпат, користејќи пресметки од Opta Sports и Netco Sports за да ги одредат најдобрите играчи за сезоната.[88][89]
Награда | Играч | Клуб |
---|---|---|
Најдобар голман | Самир Хандановиќ | Интер |
Најдобар одбранбен играч | Калиду Кулибали | Наполи |
Најдобар играч од средниот ред | Сергеј Милинковиќ-Савиќ | Лацио |
Најдобар напаѓач | Фабио Кваљарела | Сампдорија |
Најдобар млад играч | Николо Ѕаниоло | Рома |
Најдобар играч | Кристијано Роналдо | Јувентус |
Факти и бројки
[уреди | уреди извор]- Екипа со најмногу победи: Јувентус (28)
- Екипа со најмногу нерешени: Фјорентина (17)
- Екипа со најмногу порази: Фрозиноне (23)
- Екипа со најмалку победи: Кјево (2)
- Екипа со најмалку нерешени: Јувентус (6)
- Екипа со најмалку порази: Јувентус (4)
- Екипа со најдобар напад: Аталанта (77 постигнати гола)
- Екипа со најслаб напад: Кјево (25 постигнати гола)
- Екипа со најдобра одбрана: Јувентус (30 примена гола)
- Екипа со најслаба одбрана: Кјево (75 примени гола)
- Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+40)
- Екипа со најлоша гол-разлика: Кјево (−50)
- Екипа со најдобра позитивна серија: Јувентус (27 натпревари без пораз, 1-во - 27-мо коло)
- Екипа со најголем број на порази во серија: Кјево (7 порази по ред, 5-мо - 11-то коло)
- Екипа со најголем број на победи во серија: Јувентус (8, 1-во - 8-мо; 10-то - 17-то коло)
- Натпревари со најмногу голови: (8)
- Сасуоло-Џенова 5-3;
- Сасуоло-Аталанта 2-6;
- Сасуоло-Сампдорија 3-5
- Победи со наголема разлика: Фјорентина-Кјево 6-1, Фрозиноне-Сампдорија 0-5, Интер-Џенова 5-0 и Фрозиноне-Аталанта 0-5 (5)
- Коло со најголем број на голови: 42 (28. коло)
- Коло со најмал број на голови: 17 (16. и 32. коло)
- Коло со најголем број на црвени картони: 7 (15. и 35. коло)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „L'Empoli torna in A: Caputo & co, una macchina da gol migliore della Juve“. Calciomercato.com. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Parma return to Serie A!“. Football Italia. 18 May 2018. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2019-05-06.
- ↑ „Frosinone promoted to Serie A! | Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 2018-06-17.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Serie A 2018-19: via il 19 август. Novità Boxing Day: in campo il 22, 26 e 29 декември“. 5 март 2018.[мртва врска]
- ↑ 5,0 5,1 Marco Iaria (16 август 2018). „Serie A, la Lega rinvia Samp-Fiorentina e Milan-Genoa dopo i fatti di Genova. Confermate le altre 8 gare“.
- ↑ „Serie A, il calendario 2018/19 verrà sorteggiato il 26 јули“. 13 јули 2018.[мртва врска]
- ↑ „Cristiano Ronaldo alla Juve per 100 milioni: è l'affare del secolo“. 10 јули 2018.[мртва врска]
- ↑ „Calciomercato, Juventus: Emre Can ha firmato, il tedesco arriva a parametro zero dal Liverpool“. 21 јуни 2018.[мртва врска]
- ↑ 9,0 9,1 „Accordo fatto: Bonucci torna alla Juve, Higuain e Caldara al Milan. L'attaccante argentino: "Qui per arrivare lontano"“. 1 август 2018.
- ↑ „Napoli-Ancelotti: ufficiale. Firmato un triennale. De Laurentiis fa il colpaccio“. 23 мај 2018.
- ↑ „Calciomercato 2018 - Gli acquisti e le cessioni del Napoli“. 16 септември 2018.
- ↑ „Roma, Monchi spiega il mercato del club: «Necessaria una piccola rivoluzione»“. 20 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-04. Посетено на 2019-04-30.
- ↑ „Alisson-Liverpool, è ufficiale. La Roma: «Grazie di tutto»“. 19 јули 2018.
- ↑ „Inter, ufficiale Nainggolan: Scelta semplice, carico per la nuova avventura“. 26 јуни 2018.
- ↑ „Inter: ecco Asamoah e Lautaro Martinez dopo De Vrij, nerazzurri già nel futuro“. 11 мај 2018.
- ↑ „Milan, Elliott annuncia il controllo del club: "Obbiettivi ambiziosi"“. 10 јули 2018.
- ↑ „Higuain, addio Milan: tutti i numeri del flop“. 17 јануари 2019.
- ↑ „Higuain al Chelsea, ora è ufficiale!“. 23 јануари 2019.
- ↑ „Milan, ufficiale Piatek: al Genoa 35 milioni“. 23 јануари 2019.
- ↑ 20,0 20,1 „Serie A, il calcio d'август non conta nulla. Tranne che per la Juventus“. 3 септември 2018.
- ↑ „Spal, c'è già chi scommette sul sogno europeo“. 29 август 2018.
- ↑ „Udinese-Juventus 0-2: Bentancur-Ronaldo, otto vittorie su otto“. 6 октомври 2018.
- ↑ „Napoli-Sassuolo 2-0: Ounas e Insigne piegano De Zerbi“. 7 октомври 2018.
- ↑ „Juventus da record: è il miglior inizio di sempre in Serie A“. 12 ноември 2018.
- ↑ „Inter-Genoa 5-0: show nerazzurro con Gagliardini, Politano, Joao Mario e Nainggolan“. 3 ноември 2018.
- ↑ „Serie A, 12 giornate per 5 panchine saltate: l'ultima a Udine. Tutti i cambi allenatore“. 14 ноември 2018. Архивирано од изворникот на 2018-11-19. Посетено на 2019-05-30.
- ↑ „Juve, un 2018 da record: mai nessuno come i bianconeri nel girone d'andata“. 30 декември 2018.[мртва врска]
- ↑ „Scontri Inter-Napoli: morto il tifoso interista investito da un suv scuro“. 27 декември 2018.
- ↑ „Juventus a +13 sul Napoli: meglio solo l'Inter post Calciopoli“. 17 февруари 2019.
- ↑ „Napoli-Juventus 1-2: bianconeri a +16 sugli azzurri“. 3 март 2019.
- ↑ „Икарди повеќе не е капитен на Интер“. 5 март 2019.
- ↑ „Il ritorno del testaccino Ranieri e il karma della sua gente“. 7 март 2019.
- ↑ „La Juventus oggi vince lo Scudetto se“. 12 април 2019.
- ↑ „Serie A, Juve-Fiorentina 2-1: festa bianconera, ottavo scudetto di fila“. 20 април 2019.
- ↑ Stefano Fiori (20 април 2019). „Juventus, lo scudetto di Allegri: il quinto, triste capolavoro“.
- ↑ „Torino-Milan 2-0: Belotti su rigore e Berenguer. Mazzarri-Romagnoli espulsi“. 29 април 2019.
- ↑ 37,0 37,1 37,2 37,3 „Atalanta e Inter vanno in Champions League“. 26 мај 2019.
- ↑ „Primo verdetto in Serie A: Chievo aritmeticamente retrocesso“. 14 април 2019.
- ↑ Flavio Sirna (5 мај 2019). „Sassuolo-Frosinone 2-2: Solo pari al 'Mapei', il Frosinone è retrocesso“.
- ↑ „Serie A Bologna, esonerato Inzaghi: ufficiale Mihajlovic“. 28 јануари 2019.
- ↑ „Igor Tudor alla guida dell'Udinese“. 20 март 2019.
- ↑ „L'Udinese si salva, il Genoa rischia. L'Empoli sogna contro Torino e Inter“. 18 мај 2019.
- ↑ „Pioggia di gol all'Olimpico: Bologna-Lazio è 3-3, Mihajlovic salvo“. 20 мај 2019.
- ↑ „Genoa, Empoli, Fiorentina: chi sarà l'ultima retrocessa in Serie A? Tutte le combinazioni“. 24 мај 2019.
- ↑ Claudio Savelli (7 ноември 2018). „Andreazzoli, troppo bello per la serie A“.
- ↑ „Empoli, Andreazzoli: "Abbiamo tenuto vivo il campionato fino all'ultimo"“. 26 мај 2019.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2019-05-31.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2019-05-31.
- ↑ https://www.football-italia.net/136947/barzagli-announces-retirement
- ↑ https://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Torino/22-05-2019/moretti-annuncia-ritiro-si-commuove-grazie-toro-ma-momento-giusto-3301833021922.shtml
- ↑ „Quagliarella, record come Batistuta: in gol per 11 partite di fila“. 26 јануари 2019.
- ↑ A.C. Milan (12 февруари 2018). "PUMA AND AC MILAN ANNOUNCE LONG-TERM PARTNERSHIP". Соопштение за печат.
- ↑ „AC Milan sign deal with PUMA“. ESPN FC. 12 February 2018. Посетено на 26 April 2018.
- ↑ „Official: Napoli part with Sarri - Football Italia“. Football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2018-07-16. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Napoli appoint Ancelotti - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Donadoni leaves Bologna - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Bologna appoint Inzaghi - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Lopez to leave Cagliari - Football Italia“. Football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2018-07-16. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Cagliari appoint Maran - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Iachini leaves Sassuolo - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Sassuolo appoint De Zerbi - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Udinese appoint Velazquez - Football Italia“. Football-italia.net. Посетено на 16 July 2018.
- ↑ „Official: Chievo sack D'Anna“. Football Italia. 9 October 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ „OFFICIAL: Ventura new Chievo Coach“. Football Italia. 10 October 2018.
- ↑ 65,0 65,1 „Official: Ballardini out, Juric in“. Football Italia. 9 October 2018.
- ↑ „Official: Andreazzoli sacked by Empoli“. Football Italia. 5 November 2018. Архивирано од изворникот на 2018-11-06. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ „Official: Iachini in at Empoli“. Football Italia. 6 November 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-23. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ „UFFICIALE: RISOLUZIONE DEL CONTRATTO PER GIAN PIERO VENTURA“. www.chievoverona.it (италијански). 13 November 2018. Архивирано од изворникот на 2018-11-13. Посетено на 2018-11-13.
- ↑ „Official: Chievo appoint Di Carlo“. Football Italia. 13 November 2018.
- ↑ „Udinese official: Velazquez out, Nicola in“. Football-italia.net. Посетено на 13 November 2018.
- ↑ 71,0 71,1 „OFFICIAL: Genoa appoint Prandelli“. Football Italia. 7 December 2018.
- ↑ „Official: Frosinone sack Longo“. Football Italia. 19 December 2018.
- ↑ „Official: Frosinone appoint Baroni“. Football Italia. 19 December 2018.
- ↑ 74,0 74,1 „OFFICIAL: Bologna appoint Mihajlovic“. Football Italia. 28 January 2019.
- ↑ „Eusebio Di Francesco leaves AS Roma“. AS Roma. 7 March 2019.
- ↑ „Claudio Ranieri takes charge at AS Roma“. AS Roma. 8 March 2019.
- ↑ 77,0 77,1 „Official: Andreazzoli back at Empoli“. Football Italia. 13 March 2019. Архивирано од изворникот на 2019-03-31. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ „Udinese sack Nicola, Tudor to return? | Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2019-04-05. Посетено на 2019-03-20.
- ↑ „Igor Tudor alla guida dell'Udinese“. udinese.it. Посетено на 2019-03-21.
- ↑ „UFFICIALE: Fiorentina, Pioli s'è dimesso. Oggi seduta affidata al suo vice“ (италијански). Посетено на 9 April 2019.
- ↑ „OFFICIAL: Montella returns to Fiorentina“. Football Italia. 10 April 2019. Архивирано од изворникот на 2019-04-11. Посетено на 2019-04-25.
- ↑ Се пласирале во групната фаза на Лигата на Европа 2019-2020 како победник на Купот на Италија 2018-2019.
- ↑ „TFN: 3 PUNTI DI PENALIZZAZIONE AL CHIEVO VERONA“. Архивирано од изворникот на 13 септември 2018. Посетено на 13 септември 2018.
- ↑ „Serie A 2018-2019, il 26 јули negli studi Sky il sorteggio del calendario“. 13 јули 2018.
- ↑ „Il calendario di Serie A 2018-2019“. 26 јули 2018.
- ↑ 86,0 86,1 Натпреварот првично бил закажан за 19 август, но бил одложен поради колапсот на мостот Понте Моранди.
- ↑ „Italian Serie A Scoring Stats - 2018-19“. ESPN.com. Посетено на 27 May 2019.
- ↑ „Ronaldo MVP in Serie A Awards“. Football Italia. 18 May 2019. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 2019-05-30.
- ↑ „LEGA SERIE A PREMIA I MIGLIORI CALCIATORI DELLA STAGIONE 2018/2019“ (PDF) (италијански). Lega Serie A. 18 May 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-25. Посетено на 19 May 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Табела на Legaseriea.it Архивирано на 12 јуни 2018 г.
- Серија А 2018-2019 на soccerway
- Статистика за играчите и клубовите
|