Кеита Балде

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кеита Балде Диао)
Кеита Балде
Лични податоци
Полно име Кеита Балде Диао
Роден на 8 март 1995(1995-03-08)(29 г.)
Роден во Арбусес, Шпанија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Спартак Москва Спартак Москва
Број 9
Младинска кариера
Дам Дам
Барселона Барселона
Корнелја Корнелја
Лацио Лацио
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2017 Лацио Лацио 110 (26)
2017-2021 Монако Монако 44 (12)
2018-2019Интер Интер 24 (5)
2020-2021Сампдорија Сампдорија 25 (7)
2021-2022 Каљари Каљари 26 (3)
2022- Спартак Москва Спартак Москва 1 (0)
Репрезентација
2016- Сенегал Сенегал 40 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 јануари 2012

Кеита Балде Диао (роден на 8 март 1995 во Арбусес) — сенегалски фудбалер, напаѓач на Спартак Москва и на сенегалската репрезентација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е постар брат на Ибу Балде, напаѓачот на Примавера тимот на Сампдорија.[1]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Најчесто игра како лево напаѓачко крило во 4-3-3 или 4-2-3-1 формација; ретко во кариерата бил користен и како осамен напаѓач. Опремен со добри тркачки способности и брз дриблинг често може да се види во улога на асистент при постигнувањето на головите за неговиот тим, но исто така има одличен удар со кој и тој самиот може да ги завршува акциите и да постигнува голови од блиско и од далечно растојание.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Роден во Арбусес, Жирона, Каталонија, од сенегалски родители, Кеита доаѓа во младинската школа Барселона во 2004 година, од екипата на Дам. Во 2010 година, Кеита отпатувал со младинскиот тим на Барселона на еден турнир во Катар, каде што тој ќе биде казнет заради правење на невкусна шега на соиграч, ставајќи му коцка мраз во креветот.[3] Казната се состоела во тоа што играчот веднаш морал да ја напушти Барселона, и да замине на позајмица во Корнелја, каде што тој постигнал 47 гола во една сезона.[3] По завршувањето на заемот, младиот напаѓач одлучил да не се враќа во Барселона.[3]

Лацио[уреди | уреди извор]

Во летото 2011 година, Кеита потпишал за италијанскиот клуб Лацио, кој им плаќа на каталонците околу 300.000 евра, од кои 10% и припаднале на Корнелја.[3] Кеита не бил во можност да игра официјални натпревари за Лацио цела една година, поради тоа што тој морал да чека да добие шпанско државјанство и пасош од ЕУ кои му биле потребни за да биде регистриран во италијанскиот клуб. Сепак, тој импресионирал додека играл на младинското натпреварување Торнео Карол Војтила, каде што постигнал шест гола во четири натпревари.[3] Потоа Кеита играл за Примавера тимот на Лацио во сезоната 2012-2013. Тој бил повикан од страна на тренерот на првиот тим на Лацио Владимир Петковиќ за да седи на клупата во неколку натпревари од втората половина на сезоната, но без да го направи своето професионално деби. На 9 јуни 2013 година, со примавера, играл во финалето и го освоил скудетото против Аталанта, кога Лацио станува шампион во Примавера првенството.[4]

Следната сезона тој бил промовиран во редовен играч на првиот тим и се одлучил да го носи дресот со број 14. Своето професионално деби го направил на 15 септември 2013 година во победата со 3-0 против Кјево, влагувајќи од клупата за резерви на местото на Луис Педро Каванда во последните минути од натпреварот.[5] Пет дена подоцна, Кеита го направил своето деби во Лигата на Европа, започнувајќи како стартер во победата со 1-0 на домашен терен над Легија Варшава, асистирајќи притоа за единствениот гол во натпреварот кој го постигнал Ернанес.[6] На 10 ноември 2013 година го постигнал својот прв професионален гол во кариерата, во ремито 1-1 против Парма во Серија А, погодок со кој го отворил резултатот во натпреварот во 50-тата минута.[7] На 9 февруари 2014 година за време на Римското дерби кое завршило нерешено 0-0, Кеита станал најмладиот играч во историјата на Лацио, кој започнал од првата минута во некој од натпреварите на дербито.[8] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 35 настапи и 6 гола.

Следната сезона ја започнал постигнувајќи два гола на еден натпревар за првпат во својата профи кариера, во победата со 7-0 над Басано Виртус во Купот на Италија. На 29 април 2015 година, во победата на домашен терен со 4-0, против Парма во лигата, Кеита постигнал гол впишувајќи се меѓу стрелците повторно по 359 дена од неговиот последен гол во Серија А. На 20 мај 2015 неговиот Лацио загубил во финалето на Купот на Италија од Јувентус со 2-1, а тој влегол во игра во 106-тата минута од продолженијата.[9] Втората сезона во дресот на Лацио ја завршил со вкупо 29 натпревари на кои постигнал 4 гола.

На почетокот на својата трета сезона со Лацио, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите во плејоф рундата од преелиминарната фаза, во кои токму со неговиот гол во 77-мата минута Лацио го совладал Баер Леверкузен со 1-0 на 18 август 2015. На 20 април 2016 година, тој го одиграл својот 100-ти натпревар во дресот на бјанкочелестите во поразот со 3-0 на гостувањето кај Јувентус.[10] Сезоната ја завршил со 39 настапи и 5 голови.

На 6 март 2017 година, за време на натпреварот на гостински терен против Болоња добиен со 0-2, тој го одиграл својот 100-ти натпревар во Серија А. На 23 април, тој го постигнал својот прв хет-трик во професионалната кариера, во победата на домашен терен со 6-2 против Палермо.[11] Една недела подоцна, тој ги постигнал својте први голови во Дербито на Рим откако бил двоен стрелец во победата на неговиот тим над градскиот ривал Рома со 1-3.[12] На 17 мај 2017 година, тој играл и го загубил своето второ финале во Купот на Италија, бидејќи неговиот тим повторно - како и пред две години - бил поразен со 2-0 од Јувентус.[13] Својата четврта сезона со Лацио ја завршил со вкупно 34 настапи и 16 голови.

На 13 август 2017 година, иако не бил повикан да игра бидејќи бил на излезна врата од клубот, тој ја освоил својата прва титула во дресот на Лацио откако бјанкочелестите овојпат го совладале Јувентус со 2-3 во натпреварот од Суперкупот на Италија 2017.[14] Вкупно за Лацио, Кеита одиграл 137 натпревари и постигнал 31 гол.

Монако и на позајмица во Интер[уреди | уреди извор]

На 29 август 2017, Монако го купил Кеита од Лацио за сума од 30 милиони евра потпишувајќи петгодишен договор со играчот.[15][16] Дебито за клубот го имал на 13 септември во натпреварот од Лигата на шампионите против германскиот РБ Лајпциг што завршил нерешено 1-1. Три дена подоцна тој го одигра својот прв натпревар во Лига 1 во победата со 3-0 на домашен терен против Стразбур. Првиот гол за Монегаските го постигнал на 21 октомври, во победата со 2-0 на домашен терен против Кан, со кој тој го отворил резултатот во натпреварот. Првата сезона во кнежевството ја завршил со 33 натпревари и 8 гола.

Во август 2018 година, по поразот во Суперкупот на Франција од Париз Сен Жермен,[17][18] Кеита бил позајмен на една сезона на Интер со право на откуп.[19] Дебитирал во натпреварот од првото коло на Серија А 2018-2019, во кој Интер загубил од Сасуоло со 1-0.[20] На 24 ноември 2018, ги постигнал своите први голови (два) во дресот на нероаѕурите, во победата со 3-0 над Фрозиноне.[21] Иако во меѓувреме не нашол многу простор за игра на теренот, тој се вратил на головите на 3 декември на гостувањето против Рома, во натпреварот кој заврши со резултат 2-2. На 29 декември, тој го одлучил првенствениот натпревар против Емполи, постигнувајќи го победничкиот гол вреден победа од 0-1 на гостувањето кај тосканците. Во текот на вториот дел од сезоната, тој повторно постигнал гол против Емполи, на 26 мај 2019 година, во натпреварот од последното коло од првенството придонесувајќи за победата на нероаѕурите од 2-1, со што неговиот клуб успеал да избори место во Лигата на шампионите за следната сезона. По завршувањето на сезоната, тој се вратил во Монако бидејќи Интер не го оствариле правото на откуп.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кеита е роден во Шпанија од родители од сенегалско потекло. Иако тој имал право да игра за шпанската репрезентација, Кеита избрал да игра за земјата на неговите родители, Сенегал, добивајќи го првиот повик од селекторот Алиу Сисе за натпреварот против Нигер во квалификациите за Африканскиот куп на нации.[22] Своето деби го направил токму во тој натпревар влегувајќи како замена од клупата во победата на Сенегал со 2-0.[23] Својот прв погодок за репрезентацијата на Сенегал го постигнал во својот четврти настап, во победата со 2-0 на домашен терен над Намибија исто така во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2017.

На 30 декември 2016 бил повикан да ја претставува својата земја на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон. Кеита играл во сите четири натпревари на својата репрезентација на турнирот, а авантурата на Сенегал завршила во четвртфиналето кога тие биле елиминирани на пенали од подоцнежниот шампион Камерун со 5-4 на пенали.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
26-3-2016 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Нигер Нигер Квал. за АФКОН 2017 - влегол во игра 84', добил жолт картон во 90-тата минута 90'
29-3-2016 Нијамеј Нигер Нигер 1 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2017 - влегол во игра 60'
28-5-2016 Кигали Руанда Руанда 0 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска -
3-9-2016 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Намибија Намибија Квал. за АФКОН 2017 1 заменет 84'
8-10-2016 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Квал. за СП 2018 1
12-11-2016 Полокване Јужна Африка Јужна Африка 2 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2018 -
8-1-2017 Бразавил Либија Либија 1 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска - заменет 72'
11-1-2017 Бразавил Конго Конго 0 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска 1 заменет 62'
15-1-2017 Франсвил Тунис Тунис 0 – 2 Сенегал Сенегал АКН 2017 - Групна фаза - заменет 62'
19-1-2017 Франсвил Сенегал Сенегал 2 – 0 Зимбабве Зимбабве АКН 2017 - Групна фаза - заменет 62'
23-1-2017 Франсвил Сенегал Сенегал 2 – 2 Алжир Алжир Групна фаза - влегол во игра 90+4'
29-1-2017 Франсвил Сенегал Сенегал 0 – 0
(4-5 пен.)
Камерун Камерун Четвртфинале -
Вкупно Настапи 12 Голови 3

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 февруари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Италија Лацио А 25 5 КИ 2 0 ЛЕ 8 1 СИ 0 0 35 6
2014-2015 А 23 1 КИ 6 3 - - - - - - 29 4
2015-2016 А 31 4 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2[24]+5 1[24]+0 СИ 0 0 39 5
2016-2017 А 18 6 КИ 0 0 - - - - - - 18 6
Вкупно кариера 97 16 9 3 15 2 - - 121 21

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Младински натпреварувања

2012-2013
2013-2014

Сениорски натпреварувања

2017

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Сенегал Сенегал
Камерун 2021

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sampdoria, preso Ibou Balde, il fratello del laziale Keita: farà la Primavera“. La Gazzetta dello Sport - Tutto il rosa della vita. Посетено на 2016-02-01.
  2. calcionews24.com, уред. (3 јануари 2014). „Esclusiva - Keita, la nuova promessa della Lazio. L'agente: C'era l'offerta del Real Madrid, ma...“. Посетено на 14 април 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 lazio.net, уред. (30 декември 2012). „Finalmente Keita - La Lazio scopre il baby fenomeno“. Архивирано од изворникот на 2013-10-23. Посетено на 27 февруари 2014.
  4. sslazio.it, уред. (10 јуни 2013). „La S.S. Lazio Primavera Campione d'Italia 2012/2013“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 14 април 2014.
  5. soccerway.com, уред. (15 септември 2013). „Lazio 3 - Chievo 0“. Посетено на 27 февруари 2014.
  6. soccerway.com, уред. (19 септември 2013). „Lazio 1 - Legia Varsavia 0“. Посетено на 27 февруари 2014.
  7. gazzetta.it, уред. (9 ноември 2013). „Parma-Lazio 1-1, non basta Keita show e gol: pareggia Lucarelli“. Посетено на 9 февруари 2014.
  8. lazionews.eu, уред. (9 февруари 2014). „Keita da record: è il giocatore più giovane nella storia della Lazio a partire titolare in un derby. E se segnasse, altro record“. Посетено на 9 февруари 2014.
  9. „Juventus, in bacheca la decima Coppa Italia! Lazio freddata da mitra Matri“. tuttomercatoweb. 30 мај 2015.
  10. „Keita: "Felice per la centesima presenza con la Lazio, ma conta di più vincere". lalaziosiamonoi.it. 20 април 2016. Посетено на 20 април 2016.
  11. „Lazio-Palermo, tripletta in 6' per Keita: ma il record è di Valentino Mazzola“. 23 април 2017. Посетено на 23 април 2017.
  12. „Roma-Lazio 1-3, la Juve è a +9“. 30 април 2017. Посетено на 30 април 2017.
  13. „Juventus Lazio 2-0, Coppa Italia ai bianconeri“. 17 maggio 2017. Посетено на 17 мај 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. „Juventus-Lazio 2-3: Murgia al 94' decide la Supercoppa“. 13 август 2017. Посетено на 13 август 2017. Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help)
  15. „Comunicato 29.08.17“. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 29 август 2017. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  16. „Keita Baldé pour 5 saisons“ (француски). 29 август 2017. Архивирано од изворникот на 30 август 2017. Посетено на 29 август 2017. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  17. „PREMIER TROPHÉE POUR UN PSG SANS PITIÉ“ (француски). 4 август 2018. Посетено на 5 август 2018.
  18. Alessandro Grandesso (4 август 2018). „Supercoppa di Francia, Psg-Monaco 4-0: primo titolo per Buffon“.
  19. „Keita Balde è dell'Inter“. 13 август 2018. Архивирано од изворникот на 2019-06-30. Посетено на 2022-02-12.
  20. Fabrizio Bocca (20 август 2018). „Inter, falsa partenza il gruppo Spalletti torna in confusione“. la Repubblica. стр. 38.
  21. Andrea Sorrentino (25 ноември 2018). „Inter, senza Icardi si può con Keita e Lautaro Spalletti esulta lo stesso“. la Repubblica. стр. 30.
  22. „Sénégal-Niger : Aliou Cissé publie une liste de 26 joueurs“. Dakar Actu. Посетено на 4 March 2016.
  23. CAF – Competitions – Q CAN 2017 – Match Details. Cafonline.com. Посетено на 20 June 2016.
  24. 24,0 24,1 Во плејоф рундата од квалификациите против Баер Леверкузен.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]