Прејди на содржината

Сенад Лулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенад Лулиќ
Лични податоци
Роден на 18 јануари 1986(1986-01-18) (40 г.)
Роден во Мостар, СФРЈ
Држава Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција среден ред, одбрана
Повлекување 2021
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2006 Шур 97 24 (0)
2006-2008 Белинцона Белинцона 63 (13)
2008-2010 Грасхопер Грасхопер 41 (6)
2010-2011 Јанг Бојс Јанг Бојс 31 (6)
2011-2021 Лацио Лацио 282 (28)
Репрезентација
2008-2017 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 57 (4)

Сенад Лулиќ (роден на 18 јануари 1986, во Мостар) — поранешен босанскохерцеговачки фудбалер, играч од средниот ред или одбраната.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Лулиќ е роден во Мостар, но тој поголемиот дел од детството го поминал во Јабланица.[2] Подоцна тој се преселил во Швајцарија заради војната во Босна, каде и ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Шур 97.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Лулиќ настапува на позицијата лево крило, иако со текот на годините повремено по потреба играл и како лев бек. Тој е неуморен играч кој без разлика на позицијата на која игра е активен и на двете страни од теренот: се приклучува во нападот, а се враќа да помогне и во одбраната. Тој претпочита да игра на левата страна и покрај тоа што е природен деснак. Неговите специјалности се центаршутевите и издржливоста, како и тактичката флексибилност, секогаш ставајќи се во опција за тимот, без разлика на која позиција да му биде одредено да игра.[3]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Годините поминати во Швајцарија

[уреди | уреди извор]

Откако ги поминал младинските категории Лулиќ го направи своето професионално деби за Шур 97 во третата швајцарска лига во сезоната 2003-04.

Во летото 2006 тој направил трансфер во Белинцона, каде што тренер бил Владимир Петковиќ со кој ќе соработува и подоцна во својата кариера во Лацио. Тој дебитирал за новиот клуб на 28 јули 2006, во поразот на гостувањето кај Ксамакс со 3-0.[4] Следната сезона (2007-09) тој бил еден од најплодните стрелци на клубот постигнувајќи 10 гола со кој им помогнал на Белинцона да се вратат во Супер лигата, но за него тоа била последна сезона во клубот бидејќи му се приклучил на Грасхопер следното лето.[5]

Лулиќ дебитирал за Грасхопер на 23 јули 2008, во натпреварот против Базел што завршил 1-0 (за Базел).[6] По две сезони во кој не успеал да дојде до трофеј, тој потпишал за Јанг Бојс на 17 мај 2010, друг клуб од Супер лигата. Играјќи за нив тој исто така дебитирал во Лигата на шампионите, каде Јанг Бојс бил елиминиран во последната рунда квалификации од Тотенхем, а подоцна и во Лига Европа. Во својата единствена во тимот од Берн, тој постигнал 6 гола во 31 настап во првенството и 3 гола во 11 натпревари во европските турнири.

На 16 јуни 2011, италијанската екипа Лацио потврдиле дека го комплетирале трансферот на Лулиќ од Јанг Бојс за 3.000.000 евра.[7] На 18 август 2011 тој го направил своето деби влегувајќи како замена во натпреварот Лацио-Работнички (победа на домаќините 6-0) од Лигата на Европа. На 9 септември 2011 Лулиќ го направил своето деби во Серија А влегувајќи во второто полувреме во натпреварот против Милан (завршил 2-2), на местото на Стефано Маури. На 23 октомври 2011 година го постигнал неговиот прв гол во дресот на бјанкочелестите против Болоња, при победата на неговиот тим со 2-0 на гости.[8] Тој бил стрелец на вториот гол во 48-ата минута од натпреварот. Две недели подоцна, Лулиќ повторно бил стрелец за Лацио на гостувањата, овојпат го постигнал првиот погодок во 39-тата минута во убедливата победа против Каљари со 3-0. На 18 декември 2011 година го постигнува својот прв гол на Олимпико, израмнувајќи на 1-1 во натпревар што Лацио го играл со Удинезе кој на крајот завршил 2-2.

На 24 февруари 2013 во текот на домаќинската победа против Пескара, Лулиќ постигнал прекрасен погодок со шут со десната нога од 20-тина метри со кој ги поставил конечните 2-0, тоа бил првиот негов гол во втора сезона со Лацио. На 26 мај 2013, тој го постигнал одлучувачкиот гол во 71-ата минута од финалето на италијанскиот куп против градскиот соперник Рома, носејќи му ја шестата титула на Лацио во ова натпреварување.[9]

На 18 август 2013, Лулиќ бил стартер и го одиграл целиот натпревар за Лацио во поразот од Јувентус во Суперкупот со 4-0.[10]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Лулиќ дебитирал за репрезентацијата на Босна и Херцеговина во 2008 година против Азербејџан, кога сите стандардни репрезентативци го бојкотирале тој натпревар заради изненадната смена на селекторот Мехо Кодро. По тој натпревар веќе не добивал повик во репрезентацијата сè до август 2010 година, кога селекторот Сафет Сушиќ повторно го повикува во репрезентацијата. Од тогаш тој е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина. Својот прв [11] репрезентативен погодок го постигнал во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2014 година во Бразил против Латвија, одиграна на 7 јуни 2013 година.

Хронологија на репрезентативни настапи и голови

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Босна и Херцеговина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
01-06-2008ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 0Азербејџан АзербејџанПријателска-влегол во игра 56'
03-09-2010ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 3Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-
07-09-2010СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 2Франција ФранцијаКвал. за Евро 2012-
08-10-2010ТиранаАлбанија Албанија1 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-добил жолт картон во 40-тата минута 40'
17-11-2010БратиславаСловачка Словачка2 – 3Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
10-12-2010АнталијаПолска Полска2 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-заменет 46'
10-02-2011АтлантаМексико Мексико2 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-добил жолт картон во 21-вата минута 21', заменет 62'
26-03-2011ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина2 – 1Романија РоманијаКвал. за Евро 2012-
03-06-2011БукурештРоманија Романија3 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-
07-06-2011ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина2 – 0Албанија АлбанијаКвал. за Евро 2012-
10-08-2011СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 0Грција ГрцијаПријателска-
02-09-2011МинскБелорусија Белорусија0 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-
06-09-2011ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина1 – 0Белорусија БелорусијаКвал. за Евро 2012-
07-10-2011ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина5 – 0Луксембург ЛуксембургКвал. за Евро 2012-заменет 66'
11-10-2011ПаризФранција Франција1 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-
11-11-2011ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 0Португалија ПортугалијаКвал. за Евро 2012-
15-11-2011ЛисабонПортугалија Португалија6 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за Евро 2012-Red card 54'
26-05-2012ДаблинИрска Ирска1 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
01-06-2012ЧикагоМексико Мексико2 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
15-08-2012ЛанелиВелс Велс0 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
11-09-2012ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина4 – 1Латвија ЛатвијаКвал. за СП 2014-заменет 30'
12-10-2012ПирејГрција Грција0 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за СП 2014-заменет 75'
16-10-2012ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина3 – 0Литванија ЛитванијаКвал. за СП 2014-заменет 75'
14-11-2012АлжирАлжир Алжир0 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-добил жолт картон во 71-вата минута 71'
06-02-2013КоперСловенија Словенија0 – 3Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаПријателска-
22-03-2013ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина3 – 1Грција ГрцијаКвал. за СП 2014-добил жолт картон во 62-рата минута 62'
07-06-2013РигаЛатвија Латвија0 – 5Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за СП 20141
14-08-2013СараевоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина3 – 4САД САДПријателска-заменет 46'
06-09-2013ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина0 – 1Словачка СловачкаКвал. за СП 2014-
10-09-2013ЖилинаСловачка Словачка1 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за СП 2014-
11-10-2013ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина4 – 1Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 2014-заменет 62'
15-10-2013КаунасЛитванија Литванија0 – 1Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за СП 2014-
Вкупно Настапи 32 Голови 1
  1. ↑ http://www.sarajevo-x.com/sport/nogomet/clanak/110616130
  2. ↑ = 6627 Спорт Центар[мртва врска]
  3. ↑ Фантакалчо Лацио, го откриваме Сенад Лулиќ: новото крило на Лацио Архивирано на 19 јуни 2013 г. fantamania.blogosfere.it
  4. ↑ Ксамакс-Белинцона 3-0 28 јули 2006
  5. ↑ Официјално: Грасхопер, го купи Лулиќ Tuttomercatoweb.com
  6. ↑ Базел-Грасхопер 1-0 23 јули 2008
  7. ↑ Сенад Лулиќ му се приклучува на Лацио од Јанг Бојс Goal.com
  8. ↑ Дефанзивецот на Лацио, автор на голот за 2-0, подобрува ефикасноста на Лацио.[мртва врска] Fastweb.it
  9. ↑ „Coppa Italia, Рома-Лацио 0-1: Лулиќ им го носи шестиот трофеј на бјанкочелестите“. La Repubblica. 26 мај 2013. Посетено на 30 декември 2013.
  10. ↑ Јувентус 4-0 Лацио soccerway.com
  11. ↑ index.hr/sport

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]