*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 февруари 2019 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 февруари 2019
На почетокот на јули 2016 година, Алисон официјално го комплетирал својот трансфер во Рома, екипа од италијанската Серија А.[1] Своето деби за џалоросите го направил на 17 август 2016 година, започнувајќи како стартер меѓу стативите во ремито 1-1 на гостувањето против Порто во квалификациите за Лигата на шампионите.[2] Најголемиот дел од својата прва сезона во Рим, Алисон го поминал на клупата за резерви бидејќи бил назначен за втор голман на клубот зад полјакот Војќех Шченсни.
Откако го претставувал Бразил во селекциите под 17 и под 20 години, Алисон бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Дунга за првите два квалификациски натпревари за Светското првенство 2018 против Чиле и Венецуела.[3] Тој го направил своето деби на 13 октомври 2015, во победата со 3-1 над Венецуела во Форталеца.[4]