Фабињо (фудбалер 1993)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фабињо
Fabinho (43934382122) (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Фабио Енрике Таварес
Роден на 23 октомври 1993 (1993-10-23) (25 г.)
Роден во Кампинас, Бразил
Држава  Бразил
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 3
Младинска кариера
Flag of None.svg Паулиниа
Флуминенсе Флуминенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2015 Рио Аве Рио Аве 0 (0)
2012-2013Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља 30 (2)
2013Реал Мадрид Реал Мадрид 1 (0)
2013-2018Монако Монако 105 (22)
2018- Ливерпул Ливерпул 21 (1)
Репрезентација
2013 Бразил Бразил 20 5 (0)
2014- Бразил Бразил 23 6 (0)
2015-  Бразил 7 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Фабио Енрике Таварес (роден на 23 октомври 1993 година во Кампинас), попознат како Фабињо е бразилски фудбалер играч од одбраната или од средниот ред на Ливерпул и на бразилската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци и Рио Аве[уреди | уреди извор]

Тој ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, носејќи го дресот на Паулиниа. Во 2010 година отишол во Флуминенсе, каде игра во младинските категории. На 20 мај 2012 бил повикан од страна на тренерот на првиот тим да учествува во натпреварот против Коринтијанс во кој неговиот клуб победил со 1-0, меѓутоа Фабињо останал неискористена замена.[1] Во јуни 2012 година го напуштил Флуминенсе без ниту еден официјален настап за првиот тим и потпишал шестгодишен договор со португалскиот Рио Аве.[2]

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Само еден месец подоцна, Фабињо му се приклучил на Реал Мадрдид Кастилја на заем до крајот на сезоната.[3] Тој го направил своето професионално деби на 17 август, во натпревар од првото коло на Сегунда дивизион, играјќи 90 минути во поразот со 2-1 од Вилјареал.[4] На 28 април 2013 година, тој го постигна својот прв гол во професионалната кариера, стрелајќи со глава за изедначување во судиското продолжение против Нумансија поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот 3-3.[5]

Тој го направил своето деби за првиот тим на Реал Мадрид на 8 мај 2013 година, играјќи 14 минути откако се појавил како резерва на местото на Фабио Коентрао и асистирал за шестиот гол кој го постигнал Анхел Ди Марија во победата со 6-2 над Малага на Сантјаго Бернабеу во Примера Дивисион.

Монако[уреди | уреди извор]

Фабињо во дресот на Монако.

На 19 јули 2013 година, Фабињо му се приклучил на Монако со договор за заем до крајот на сезоната.[6] Тој го направил своето деби на 10 август на отворањето на сезоната во Лига 1 играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 над Бордо на Стад Шабан-Делма.[7] Својот прв погодок за Монако го постигнал на 26 март 2014 во победата со 6-0 над Ленс во четвртфиналето од Купот на Франција. Својата прва сезона во црвено-белиот дрес ја завршил со вкупно 31 настап во сите конкуренции и еден постигнат гол, помагајќи му на клубот да го освои второто место во првенството и на тој начин да се пласира во Лига на шампионите за наредната сезона за прв пат по речиси една деценија и да дојде до полуфиналето на купот каде загубил од Генгамп со 3-1 по продолженија.

По завршувањето на неговиот едногодишен заем во Монако, тој се приклучи на клубот одново на уште една година договор за заем на 2 јули 2014 година. На 16 септември 2014 дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 1-0 над Баер Леверкузен во групната фаза,[8] а на 9 декември го постигнал својот прв гол во ова натпреварување во победата со 2-0 над Зенит Санкт Петербург, помагајќи му на својот клуб да го завери пласманот во осминафиналето. На 22 март 2015 Фабињо го постигнал својот прв погодок за Монако во Лига 1 во победата со 3-1 на гостувањето кај Рем.[9] Својата втора сезона повторно ја завршува без освоен трофеј откако Монако завршил на третото место во првенството, меѓутоа клубот имал мошне успешна сезона во Лигата на шампионите каде што стигнале до четвртфиналето каде биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Јувентус; Фабињо одиграл 53 натпревари во сите конкуренции и постигнал два гола.

По две сезони на заем, на 19 мај 2015 Фабињо потпишал перманентен договор со Монако во трајност до 2019 година.[10]

Ливерпул[уреди | уреди извор]

На 28 мај 2018, Фабињо потпишал повеќегодишен договор со Ливерпул во трансфер вреден 39 милиони фунти.[11][12]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Фабињо дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил на 7 јуни 2015, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Данило во победата со 2-0 над Мексико во склоп на подготовките за Копа Америка 2015 во Чиле.[13] Тој бил повикан од страна на селекторот Дунга за самиот турнир, меѓутоа имајќи го Дани Алвес за конкуренција на позицијата десен бек Фабињо не одиграл ниту една минута, а Бразил бил елиминиран во четвртфиналето.

Следното лето Фабињо бил повикан помеѓу 23-цата играчи кој учествувале на Копа Америка Сентенарио, но и таму не забележал ниту еден настап во трите натпревари на Бразил.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 септември 2016

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Шпанија РМ Кастилја СД 30 2 - - - - - - - - - 30 2
мај. 2013 Шпанија Реал Мадрид ПД 1 0 КШ - - ЛШ - - - - - 1 0
2013-2014 Франција Монако Л1 26 0 КФ+ЛКФ 4+1 1+0 - - - - - - 31 1
2014-2015 Л1 36 1 КФ+ЛКФ 4+3 0 ЛШ 10 1 - - - 53 2
2015-2016 Л1 34 6 КФ+ЛКФ 3+1 2+0 ЛШ+ЛЕ 4+5 0 - - - 47 8
2016-2017 Л1 2 2 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 0 0 - - - 2 2
Вкупно Монако 98 9 16 3 19 1 - - 133 13
Вкупно во кариерата 129 11 16 3 19 1 - - 164 15

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Corinthians vs. Fluminense 0 - 1" (portoghese).  Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  2. "Fluminense, UFFICIALE:".  Text "Fabinho al Rio Ave" ignored (помош); Unknown parameter |site= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  3. Real Madrid sign Fabinho on loan
  4. Villarreal 2 Real Madrid Castilla 1“, Diario AS, 17 август 2012 (посет. 7 јуни 2015 г). (на Spanish)
  5. Empate a balón parado en Soria“, Marca, 28 април 2015 (посет. 7 јуни 2015 г). (на Spanish)
  6. "Fabinho new ASM FC recruit". AS Monaco FC. конс. 20 July 2013. 
  7. Falcao seals win for Monaco“, Sky Sports, 10 август 2013 (посет. 7 јуни 2015 г).
  8. "Monaco-Leverkusen 1-0" (francese). 16 settembre 2014.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  9. Reims - Monaco 1-3 us.soccerway.com
  10. "Fabinho commits to the club until 2019". AS Monaco FC. 19 May 2015. конс. 3 June 2015. 
  11. Fabinho: Liverpool agree £39m deal for Monaco midfielder“, BBC Sport, 28 мај 2018 (посет. 20 август 2018 г).
  12. Carroll, James (28 May 2018). "Reds agree deal to sign Fabinho". Liverpool F.C. конс. 29 May 2018. 
  13. Brazil 2-0 Mexico: Coutinho and Tardelli seal friendly victory“, „Goal.com“, 7 јуни 2015 (посет. 8 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]