Садио Мане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Садио Мане
Sadio Mané Senegal.jpg
Лични податоци
Полно име Садио Мане[1]
Роден на 10 април 1992 (1992-04-10) (30 г.)[2]
Роден во Бамбали, Седиу, Сенегал
Држава Сенегал Сенегал
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Мец Мец 22 (2)
2012–2014 Салцбург Салцбург 63 (31)
2014–2016 Саутхемптон Саутхемптон 67 (21)
2016– Ливерпул Ливерпул 195 (89)
Репрезентација
2012- Сенегал Сенегал 89 (29)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Садио Мане (роден на 10 април 1992, во Бамбали, Седиу) — сенегалски фудбалер, крило на Ливерпул и на сенегалската репрезентација.

Мане ја започнал својата фудбалска кариера во францускиот клуб Мец на 19-годишна возраст, но по само една сезона го напуштил клубот за да му се приклучи на австриски Ред Бул Салцбург во 2012 година за сума од 4 милиони евра, каде што ги освоил првенството и купот во сезоната 2013–2014. Во летото 2014, Мане преминал во редовите на англискиот клуб Саутхемптон за клупски рекорд од 11,8 милиони фунти. Таму, тој поставил нов рекорд во Премиер лигата за најбрзиот хет-трик, постигнат за 176 секунди во победата од 6–1 над Астон Вила во 2015 година.[3]

Во 2016 година, Мане потпишал за Ливерпул, во трансфер вреден 34 милиони фунти каде што работејќи со менаџерот Јирген Клоп неговата кариера ќе биде во постојан успон. Тој му помогнал на Ливерпул да стигне до финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2018 и 2019 година, победувајќи во второто со што клубот станал европски шампион. Потоа, тој исто така помогнал клубот од Анфилд да стави крај на сушата од 30 години без освоена првенствена титула, со освојувањето на Премиер лигата 2019-2020, за која Мане имал придонес со 18 погодоци.

За својата земја, репрезентацијата на Сенегал, Мане досега има 87 настапи и 29 гола, со што моментално е рангиран како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата (изедначен со Анри Камара) и се наоѓа на третото место по бројот на настапи. Тој го претставувал Сенегал на Олимписките игри 2012 и на Светското првенство 2018, во само второто учество на сенегалците на најзначајниот репрезентативен настан. Исто така, тој настапил на четири турнири на Африканскиот куп на нации во 2015, 2017, 2019 и 2021 година, играјќи двапати во финалето во 2019 и 2021 година, со различни резултати, пораз во 2019 и освојување на титулата во 2021 на пенали против Египет. Покрај освојувањето на титулата, Мане бил избран и за најдобар играч на турнирот.

Мане досега четири пати бил избран во КАФ Тимот на годината (2015, 2016, 2018, 2019) и ПФА Тимот на годината (2016-2017, 2018-2019, 2019-2020). Во сезоната 2018-2019, тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола, изендачен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг, по што сите тројца ја поделиле наградата Златна копачка на Премиер лигата. Во 2019 година, тој завршил на четвртото место во изборот за Златната топка за таа година, потоа ја добил наградата за Onze d'Or - за најдобар фудбалер на годината во Европа - во изборот на француското списание Onze Mondial, бил избран во тимот на годината според Европските спортски медиуми и бил вклучен во Тимот на годината на УЕФА. Конечно, тој ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината за 2019 година.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Мец[уреди | уреди извор]

Мане го направил своето професионално деби за Мец на 14 јануари 2012 година, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кевин Дијаз во 75-тата минута при поразот на домашен терен од Бастија во Лига 2 со 0-1.[5] Тој направил 19 настапи во неговата прва сезона, од кој 12 како стартер, и постигнал еден гол во поразот со 2-5 од Генган на Стад Сен Симфориен на 4 мај.[6] По завршувањето на сезоната Мец испаднале во третата лига.

Ред Бул Салцбург[уреди | уреди извор]

Мане играјќи за Ред Бул Салцбург во 2012.

На 31 август 2012 година, Мане се преселил во Австриската Бундеслига откако бил купен од страна на Ред Бул Салцбург за трета најголема трансфер сума која Мец некогаш ја регистрирале.[7][8] Се верува дека трансферот бил вреден 4.000.000 €.[9] Во својата прва сезона во клубот го носел дресот со бројот 40.

Мане во јули 2013 во пријателски натпревар против неговиот поранешен клуб, Мец.

Своето деби за Салцбург го направил во 8-мото коло од првенството, влегувајќи во игра како замена на местото на Џонатан Соријано во 66-тата минута од натпреварот против Риед на домашен терен што завршил 1-1. Две недели подоцна ги постигнал својте први два гола за клубот во победата на домашен терен над Штурм со 3-2.[10] Тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата на 31 октомври, во победата нагости кај Калсдорф со 3-1 во третиот круг на австрискиот куп.[11]

Следната сезона играл во двата квалификациски натпревари за Лигата на шампионите против Фенербахче во кои неговиот клуб бил елиминиран (вкупен резултат 2-4), како и во натпреварите од Лига Европа каде во 11 настапи постигнал 5 гола. На 27 октомври 2013 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Австриската Бундеслига, за време на победата на гостувањето против Гредиг со 3-0.[12] Тој постигнал уште една хет-трик на 7 мај 2014 година, кога Салцбург го прегазил второлигашот Хорн со 7-0 во полуфиналето на купот;[13] сезоната ја завршил со освојување на двојната круна со тимот.

Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2014 година, Мане направил трансфер во Саутхемптон, за сума од 11.800.000 фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот премиерлигаш.[14][15] Своето деби за клубот го направил на 23 септември во победата над Арсенал со 2-1 во Лига купот, заработувајќи пенал за првиот гол на Саутхемптон. Тој го направил својот прв настап во Премиер лигата во уште една победа со 2-1, овојпат над Квинс Парк Ренџерс четири дена подоцна, почнувајќи го натпреварот од почеток и бил асистент за првиот гол во натпреварот.[16]

Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во победата со 8-0 над Сандерленд на 18 октомври 2014 година,[17] но подоцна голот му бил одземен и запишан како автогол на Патрик ван Анхолт.[18] Сепак, тој не чекал уште многу за да го реализира својот нареден гол, откако истиот дошол веќе во следниот натпревар, победата со 1-0 над Стоук Сити само една недела подоцна.[19] Во периодот декември/јануари Мане успеал да постигне гол во три последователни натпревари, против Кристал Палас (1-3),[20] Челси (1-1) [21] и Арсенал (2-0).[22] На 22 февруари 2015 година, Мане бил изоставен од почетната постава на Саутхемптон во поразот на домашен терен од Ливерпул со 0-2, како казна заради тоа што дошол доцна на стадионот.[23] На 16 мај, за време на последниот домашен натпревар на Саутхемптон за сезоната, Мане постигнал три гола во период од 2 минути и 56 секунди во победата со 6–1 над Астон Вила за да постави нов рекорд во Премиер лигата за најбрз хет-трик. Претходниот рекорд од 1994 година, го држел Роби Фаулер, кој постигнал три гола против Арсенал за 4 минути и 33 секунди.[3] Мане ја завршил сезоната со 10 гола во 32 настапи во сите натпреварувања.

Мане (десно) играјќи за Саутхемптон во 2015 година

Мане ја започнал сезоната 2015–2016, со две асистенции во првиот натпревар од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа на домашен терен против холандскиот клуб Витесе; тој исто така, постигнал и гол во реваншот, помагајќи му на Саутхемптон лесно да мине во следната рунда со вкупни 5–0.[24][25] На 2 декември, на Мане му биле потребни само 39 секунди за да го отвори резултатот против Ливерпул во четвртфиналето на Лига купот, но „Светците“ на крајот загубиле со убедливи 6-1.[26] На 2 јануари 2016 година, тој повторно бил исфрлен од стартната постава од менаџерот Роналд Куман за натпреварот против Норич Сити откако се појавил доцна на состанокот пред натпреварот.[27] На 12 март во завршницата од натпреварот против Стоук Сити тој добил директен црвен картон поради судир со Ерик Питерс,[28] кој брзо потоа бил поништен по поднесување на жалбата.[29][30] Откако не успеал да постигне гол во првенствен натпревар повеќе од четири месеци, Мане постигна два во победата со 3–2 над Ливерпул на 20 март 2016 година[31] по што уследила серија од пет гола во следните пет натпревари, вклучувајќи го и хет-трикот во победата со 4–2 против Манчестер Сити на 1 мај.

Сезоната 2015-2016, Мане ја завршил како најдобар стрелец на Саутхемптон со 15 голови во сите натпреварувања. Вкупно во дресот на Саутхемптон одиграл 75 натпревари и постигнал 25 голови.

Ливерпул[уреди | уреди извор]

Мане играјќи за Ливерпул во 2017 година.

На 28 јуни 2016 година, Мане се приклучил на Ливерпул во трансфер вреден 34 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор. Овој трансфер го направил најскапиот африкански фудбалер во историјата.[32][33] На 14 август, го направил своето деби во Премиер лигата за црвените, постигнувајќи го притоа четвртиот гол во победата над Арсенал со резултат од 4-3.[34] Откако го пропуштил натпреварот против Барнли поради повреда на рамото, Мане се вратил на терен против Бартон Албион во натпреварот од во Лига купот каде имал две асистенции во победата од 5-0.[35] На 19 декември, тој го постигнал единствениот гол во 227-мото Мерсисајд дерби против градскиот ривал Евертон на Гудусон Парк.[36] На 11 февруари 2017 година, Мане постигнал два гола во период од две минути против Тотенхем на Анфилд, за да му ја донесе првата победа на Ливерпул во 2017 година.[37][38] На 20 април 2017 година, Мане бил избран во ПФА тимот на годината за сезоната 2016–2017 година, откако постигнал 13 првенствени голови во неговата прва сезона во Ливерпул.[39] И покрај тоа што недостасувал во поголемиот втор дел од сезоната поради повреда, на Мане му била доделена наградата за Играч на сезоната на Ливерпул на 9 мај 2017 година.[40]

Во првиот натпревар од новата сезона, на 12 август 2017 година, на гостувањето кај Вотфорд што завршило 3-3, Мане го постигнал првиот гол за Ливерпул во новата сезоната. Тој бил прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата, откако постигнал гол на секој од трите натпревари на црвените во август 2017.[41] На 9 септември 2017 година, тој добил директен црвен картон уште во првото полувреме од поразот со 5–0 од Манчестер Сити поради високо подигната нога против голманот Едерсон,[42] што резултирала со суспензија од три натпревари.[43] Мане, заедно со новото засилување Мохамед Салах и бразилците Роберто Фирмино и Филипе Коутињо ја сочинувале плодната напаѓачка четворка на Ливерпул наречена Fab Four или подоцна Fab Three по заминувањето на Коутињо во средината на сезоната.[44] На 14 февруари 2018 година, Мане го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите за Ливерпул во победата со 5–0 на гости против Порто во првиот натпревар од осминафиналето.[45] Притоа, тој станал само вториот играч кој постигнал хет-трик на гостински терен за клубот во натпревар од некое европско натпреварување.[46] Со голот во победата од 3–0 над Борнмут на 14 април, тој го надминал рекордот на Демба Ба од 43 гола и станал сенегалецот со најголем број на постигнати голови во историјата на Премиер лигата.[47]

На 26 мај, за време на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Мане го постигнал израмнувачкиот гол за Ливерпул во поразот од 3–1.[48] Така, тој станал првиот играч од Сенегал кој постигнал гол во финалето на натпреварувањето. Тој гол, исто така, бил неговиот 10-ти за сезоната во натпреварувањето од Лигата на шампионите со што Ливерпул станал првиот тим во историјата кој имал тројца играчи кои постигнале 10+ голови во една сезона во Лигата на шампионите, откако пред Мане таа бројка ја достигнале и неговите соиграчи од нападот Салах и Фирмино.[49]

Мане (бел дрес) играјќи против Манчестер Јунајтед во 2018 година.

На 22 ноември 2018 година, Мане потпишал нов долгорочен договор со Ливерпул.[50] На 10 март 2019 година, Мане постигнал два голови во победата со 4–2 над Барнли, од кои вториот бил неговиот 50-ти гол за Ливерпул сметајќи ги сите натпреварувања.[51][52] Тие негови голови, исто така, го направиле само петтиот играч на Ливерпул кој постигнал гол во шест последователни натпревари на домашен терен во Премиер лигата по Мајкл Овен, Фернандо Торес, Луис Суарес и неговиот партнер во нападот Салах.[53] Три дена подоцна, тој постигнал уште два гола во победата со 3-1 над Бајерн Минхен за да му помогне на Ливерпул да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Со тоа, тој станал рекордер на клубот од Анфилд по бројот на постигнати голови на гостински терен во натпреварувањето, со седум гола зад своето име.[54] За време на следниот натпревар на Ливерпул, тој соборил уште еден од рекордите на Демба Ба и станал сенегалски играч со најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата, откако го постигнал својот 17-ти гол за сезоната 2018-2019 во победата со 2–1 над Фулам.[55] На 20 април, тој бил еден од шестте играчи номинирани за наградата ПФА Фудбалер на годината заедно со соиграчот Вирџил ван Дајк.[56] Тој, исто така, бил избран во ПФА Тимот на годината заедно со соиграчите од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, Ендрју Робертсон и Ван Дајк.[57] Во последниот ден од домашното првенство, Мане постигнал два гола во победата од 2–0 над Вулверхемптон Вондерерс, но победата не била доволна за клубот да стане шампион на Англија, откако лидерот во пресрет на последното коло, Манчестер Сити, забележал победа и ја одбранил предноста од еден бод пред Ливерпул за да ја освои Премиер лигата. Сепак, со своите два гола Мане дошол до бројката од 22 гола за сезоната во која на крајот ја поделил наградата Златна копачка на Премиер лигата со соиграчот Салах и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.[58] На 1 јуни, Мане помогнал Ливерпул да добие ран пенал во финалето на Лигата на шампионите против Тотенхем, само 24 секунди по почетокот на натпреварот, откако било проценето дека неговиот центаршут го погодил во раката Муса Сисоко во казнениот простор на Спарс; последователно, Салах го претворил пеналот во гол за да го отвори резултатот, а Ливерпул на крајот го добил натпреварот со 2-0 и ја освоил титулата.

На 14 август 2019 година, Мане постигнал два гола во Суперкупот на УЕФА 2019 против Челси во натпревар што Ливерпул го добил со 5–4 на пенали, откако по 120 минути резултатот бил нерешен 2–2.[59] Мане бил прогласен за играч на натпреварот.[60] Точно еден месец подоцна, тој постигнал два гола во победата од 3-1 над Њукасл Јунајтед и ја зголеми својата рекордна серија на натпревари без пораз за Ливерпул на Анфилд на 50 натпревари, што е рекорд во лигата од кој било играч на одреден стадион.[61] На неговиот 100-ти настап во Премиер лигата за Ливерпул на 5 октомври, Мане го постигнал својот 50-ти првенствен гол за клубот во победата од 2–1 над Лестер Сити.[62]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Мане бил дел од олимписката сенегалска репрезентација на олимпискиот турнир 2012, и го започнал секој натпревар на патот до четвртфиналето каде загубиле со 4-2 по продолженија од подоцнежните шампиони Мексико.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 25 мај 2012, во пријателски натпревар против Мароко во Маракеш, кој сенегалците го добиле со 1-0. Осум дена подоцна, во својот втор настап за Сенегал, Мане го постигнал првиот гол за репрезентацијата во победата со 3-1 над Либерија во квалификациите за Светското првенство 2014.

Иако бил повикан да настапи за Сенегал на Африканскиот куп на нациите 2015, морал да го пропушти турнирот откако претрпел повреда на листот во победата на неговиот Саутхемптон над Арсенал со 2-0 на 1 јануари 2015 година.[63] Сепак, откако се опоравил подоцна тој се вратил во тимот и ги започнал последните два натпревари од групната фаза против Јужна Африка и Алжир, но неуспеал да го спречи испаѓањето во групната фаза.[64][65]

Две години подоцна, Мане го претставувал Сенегал на Африканскиот куп на нации 2017 во Габон каде постигнал гол во првите два натпревари на Лавовите на Теранга, при победите со 2–0 против Тунис и Зимбабве. Во четвртфиналниот дуел против Камерун кој завршил без голови по 120 минути игра, Мане бил единствениот од десетте изведувачи на пенали од двете екипи кои промашил, момент кој неговиот Сенегал го чинел елиминација од турнирот.[66]

Во мај 2018 година, Мане бил избран во составот од 23 играчи на Сенегал за Светското првенство 2018 во Русија.[67] Тој го постигнал воведниот гол во ремито 2–2 против Јапонија во групна фаза на првенството.[68] Мане ги започнал сите три натпревари од групата за Сенегал, кој иако започнал одлично со четири освоени бодови по првите два натпревари бил елиминиран уште во првата фаза по поразот од Колумбија со 1-0 во последното коло од групата, завршувајќи под второпласираната Јапонија само поради помал број фер-плеј поени.[69]

Своето трето учество на Африканскиот куп на нациите, Мане го имал на турнирот во 2019 година овојпат одржан во Египет.[70] Тој постигнал два гола и промашил пенал во победата од 3-0 против Кенија, помагајќи му на Сенегал да заврши на второто место во групната фаза и да се квалификува за нокаут фазата.[71] Понатаму, Мане го постигнал единствениот гол на натпреварот и промашил уште еден пенал во победата на Сенегал со 1–0 над Уганда во осминафиналето.[72] Тој играл во следните три натпревари на Сенегал придонесувајќи за пласманот во финалето, каде неговата селекција сепак загубила со 1–0 од Алжир во реприза од натпреварот што репрезентациите го одиграле во групата фаза на турнирот.[73] И покрај тоа што на крајот не успеал да го подигне трофејот наменет за победникот, утеха за Мане било тоа што бил избран во Тимот на турнирот.

Откако бил повикан за Африканскиот куп на нации 2021 да настапи за четврти пат во кариерата на најсилното африканско репрезентативно натпреварување, Мане започнал добро постигнувајќи го првиот гол на турнирот за Сенегал од пенал во седмата минута од судиското продолжение во победата со 1-0 над Зимбабве во воведниот натпревар од групната фаза. Во осминафиналето, против Зелен ’Рт, Мане го постигнал првиот гол за Сенегал во победата со 2-0. Со голот против Буркина Фасо во победата со 3-1 во полуфиналето, тој се изедначил со Анри Камара како најдобар стрелец во историјата на сенегалската репрезентација (двајцата имаат по 29 гола). Во финалето против Египет - во кое се соочил со својот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах[74] - тој промашил пенал рано во натпреварот, но подоцна откако натпреварот дошол до изведување пенали се претворил во херој на нацијата откако го реализирал последниот пенал за својата земја со што му ја донел на Сенегал првата титула шампион на континентот.[75] Мане бил избран за најдобар играч на првенството.[76]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-5-2012 Маракеш Мароко Мароко 0 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска - заменет 79'
2-6-2012 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 1 Либерија Либерија Квал. за СП 2014 1
9-6-2012 Кампала Уганда Уганда 1 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2014 - заменет 90'
8-9-2012 Абиџан Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска 4 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2013 - добил жолт картон во 55-тата минута 55' заменет 76'
13-10-2012 Дакар Сенегал Сенегал 0 – 2 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска Квал. за АФКОН 2013 - влегол во игра 53' добил жолт картон во 66-тата минута 66'
14-11-2012 Ниамеј Нигер Нигер 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска 1
5-2-2013 Сен-Ле-ла-Форе Сенегал Сенегал 1 – 1 Гвинеја Гвинеја Пријателска -
23-3-2013 Конакри Сенегал Сенегал 1 – 1 Ангола Ангола Квал. за СП 2014 - добил жолт картон во 64-тата минута 64'
8-6-2013 Луанда Ангола Ангола 1 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2014 -
16-6-2013 Монровија Либерија Либерија 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2014 - заменет 90'
14-8-2013 Сен-Ле-ла-Форе Зимбабве Зимбабве 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска - влегол во игра 46'
7-9-2013 Маракеш Сенегал Сенегал 1 – 0 Уганда Уганда Квал. за СП 2014 1
12-10-2013 Абиџан Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска 3 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2014 - влегол во игра 46'
16-11-2013 Казабланка Сенегал Сенегал 1 – 1 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска Квал. за СП 2014 -
5-3-2014 Сен-Ле-ла-Форе Сенегал Сенегал 1 – 1 Мали Мали Пријателска 1 влегол во игра 46'
21-5-2014 Уагадугу Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска -
25-5-2014 Каруж Сенегал Сенегал 3 – 1 Косово Косово Пријателска - влегол во игра 68'
5-9-2014 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Египет Египет Квал. за АФКОН 2015 1
10-9-2014 Габороне Боцвана Боцвана 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2015 1
10-10-2014 Дакар Сенегал Сенегал 0 – 0 Тунис Тунис Квал. за АФКОН 2015 -
15-10-2014 Монастир Тунис Тунис 1 – 0 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2015 -
15-11-2014 Каиро Египет Египет 0 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2015 -
19-11-2014 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 0 Боцвана Боцвана Квал. за АФКОН 2015 - влегол во игра 77'
23-1-2015 Монгомо Јужна Африка Јужна Африка 1 – 1 Сенегал Сенегал АФКОН 2015 - Прва фаза -
27-1-2015 Малабо Сенегал Сенегал 0 – 2 Алжир Алжир АФКОН 2015 - Прва фаза - заменет 66'
28-3-2015 Ле Авр Гана Гана 1 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска -
13-6-2015 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 1 Бурунди Бурунди Квал. за АФКОН 2017 1
5-9-2015 Виндхук Намибија Намибија 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2017 1
8-9-2015 Јоханесбург Јужна Африка Јужна Африка 1 – 0 Сенегал Сенегал Пријателска -
13-10-2015 Алжир Алжир Алжир 1 – 0 Сенегал Сенегал Пријателска - заменет 90'
13-11-2015 Антананариво Мадагаскар Мадагаскар 2 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2018 1
17-11-2015 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 0 Мадагаскар Мадагаскар Квал. за СП 2018 -
26-3-2016 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Нигер Нигер Квал. за АФКОН 2017 -
29-3-2016 Ниамеј Нигер Нигер 1 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2017 - влегол во игра 60'
28-5-2016 Кигали Руанда Руанда 0 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска -
4-6-2016 Буџумбура Бурунди Бурунди 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2017 1 заменет 90'
3-9-2016 Дајар Сенегал Сенегал 2 – 0 Намибија Намибија Квал. за АФКОН 2017 - заменет 68'
8-10-2016 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Квал. за СП 2018 -
11-1-2017 Бразавил Конго Конго 0 – 2 Сенегал Сенегал Пријателска - заменет 83'
15-1-2017 Франсвил Тунис Тунис 0 – 2 Сенегал Сенегал АФКОН 2017 - Прва фаза 1
19-1-2017 Франсвил Сенегал Сенегал 2 – 0 Зимбабве Зимбабве АФКОН 2017 - Прва фаза 1 заменет 90'
29-1-2017 Франсвил Сенегал Сенегал 0 – 0 прод.
(4 – 5 пен.)
Камерун Камерун АФКОН 2017 - Четвртфинале -
23-3-2017 Лондон Нигерија Нигерија 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска - влегол во игра 65'
27-3-2017 Париз Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска 1
2-9-2017 Дакар Сенегал Сенегал 0 – 0 Буркина Фасо Буркина Фасо Квал. за СП 2018 -
5-9-2017 Уагадугу Буркина Фасо Буркина Фасо 2 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2018 1
7-10-2017 Праја Зелен ’Рт Зелен ’Рт 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2018 - влегол во игра 89'
10-11-2017 Полокване Јужна Африка Јужна Африка 0 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 35-тата минута 35'
27-3-2018 Ле Авр Сенегал Сенегал 0 – 0 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина Пријателска - заменет 87'
8-6-2018 Осиек Хрватска Хрватска 2 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска - Captain sports.svg добил жолт картон во 66-тата минута 66'
11-6-2018 Гредиг Сенегал Сенегал 2 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја Пријателска - заменет 81'
19-6-2018 Москва Полска Полска 1 – 2 Сенегал Сенегал СП 2018 - Прва фаза - Captain sports.svg
24-6-2018 Екатеринбург Јапонија Јапонија 2 – 2 Сенегал Сенегал СП 2018 - Прва фаза 1 Captain sports.svg
28-6-2018 Самара Сенегал Сенегал 0 – 1 Колумбија Колумбија СП 2018 - Прва фаза - Captain sports.svg
9-9-2018 Антананариво Мадагаскар Мадагаскар 2 – 2 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2019 -
13-10-2018 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 0 Судан Судан Квал. за АФКОН 2019 -
17-11-2018 Бата Екваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја 0 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2019 -
23-3-2019 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Мадагаскар Мадагаскар Квал. за АФКОН 2019 - Captain sports.svg
26-3-2019 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 1 Мали Мали Пријателска 1 влегол во игра 76'
27-6-2019 Каиро Сенегал Сенегал 0 – 1 Алжир Алжир АФКОН 2019 - Прва фаза -
1-7-2019 Каиро Кенија Кенија 0 – 3 Сенегал Сенегал АФКОН 2019 - Прва фаза 2 добил жолт картон во 60-тата минута 60'
5-7-2019 Каиро Уганда Уганда 0 – 1 Сенегал Сенегал АФКОН 2019 - Осминафинале 1
10-7-2019 Каиро Сенегал Сенегал 1 – 0 Бенин Бенин АФКОН 2019 - Четвртфинале - добил жолт картон во 90+1-тата минута 90+1'
14-7-2019 Каиро Сенегал Сенегал 1 – 0 Тунис Тунис АФКОН 2019 - Полуфинале -
19-7-2019 Каиро Сенегал Сенегал 0 – 1 Алжир Алжир АФКОН 2019 - Финале -
10-10-2019 Сингапур Бразил Бразил 1 – 1 Сенегал Сенегал Пријателска -
13-11-2019 Тис Сенегал Сенегал 2 – 0 Конго Конго Квал. за АФКОН 2021 - заменет 84'
17-11-2019 Манзини Есватини Есватини 1 – 4 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2021 - добил жолт картон во 45+3-тата минута 45+3' заменет 46'
11-11-2020 Дакар Сенегал Сенегал 2 – 0 Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао Квал. за АФКОН 2021 1
15-11-2020 Бисао Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао 0 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2021 1
26-3-2021 Бразавил Конго Конго 0 – 0 Сенегал Сенегал Квал. за АФКОН 2021 -
30-3-2021 Дакар Сенегал Сенегал 1 – 1 Есватини Есватини Квал. за АФКОН 2021 - влегол во игра 65'
5-6-2021 Дакар Сенегал Сенегал 3 – 1 Замбија Замбија Пријателска 1
8-6-2021 Тис Сенегал Сенегал 2 – 0 Зелен ’Рт Зелен ’Рт Пријателска 1
1-9-2021 Тис Сенегал Сенегал 2 – 0 Того Того Квал. за СП 2022 1
7-9-2021 Бразавил Конго Конго 1 – 3 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2022 1 добил жолт картон во 36-тата минута 36'
9-10-2021 Тис Сенегал Сенегал 4 – 1 Намибија Намибија Квал. за СП 2022 1
12-10-2021 Јоханесбург Намибија Намибија 1 – 3 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2022 -
11-11-2021 Ломе Того Того 1 – 1 Сенегал Сенегал Квал. за СП 2022 - заменет 28'
10-1-2022 Бафусам Сенегал Сенегал 1 – 0 Зимбабве Зимбабве АФКОН 2021 - Прва фаза 1 Captain sports.svg
14-1-2022 Бафусам Сенегал Сенегал 0 – 0 Гвинеја Гвинеја АФКОН 2021 - Прва фаза - Captain sports.svg
18-1-2022 Бафусам Малави Малави 0 – 0 Сенегал Сенегал АФКОН 2021 - Прва фаза -
25-1-2022 Бафусам Сенегал Сенегал 2 – 0 Зелен ’Рт Зелен ’Рт АФКОН 2021 - Осминафинале 1 заменет 70'
30-1-2022 Јаунде Сенегал Сенегал 3 – 1 Екваторска Гвинеја Екваторска Гвинеја АФКОН 2021 - Четвртфинале -
2-2-2022 Јаунде Буркина Фасо Буркина Фасо 1 – 3 Сенегал Сенегал АФКОН 2021 - Полуфинале 1
6-2-2022 Јаунде Сенегал Сенегал 0 – 0 прод.
(4 – 2 пен.)
Египет Египет АФКОН 2021 - Финале - добил жолт картон во 88-мата минута 88'
Вкупно Настапи (4. место) 86 Голови (1. место) 29

Статистика и рекорди[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Куп Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Франција Мец Л2 19 1 КФ 0 0 - - - - - - 19 1
Вкупно Мец 22 2 1 0 - - - - 23 2
2012-2013 Австрија Ред Бул Салцбург БЛ 26 16 КА 3 3 ЛШ 0 0 - - - 29 19
2013-2014 БЛ 33 13 КА 4 5 ЛШ+ЛЕ 2[77]+11[78] 0+5[79] - - - 50 23
авг. 2014 БЛ 4 2 КА 1 1 ЛШ+ЛЕ 3[77]+0 0 - - - 8 3
Вкупно Салцбург 63 31 8 9 16 5 - - 87 45
2014-2015 Англија Саутхемптон ПЛ 30 10 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - 32 10
2015-2016 ПЛ 37 11 ФАКуп+ЛК 1+2 0+3 ЛЕ 3[77] 1[77] - - - 43 15
Вкупно Саутхемптон 67 21 5 3 3 1 - - 75 25
2016-2017 Англија Ливерпул ПЛ 27 13 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 29 13
2017-2018 ПЛ 29 10 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 13[80] 10 - - - 44 20
2018-2019 ПЛ 36 22 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 13 4 - - - 50 26
2019-2020 ПЛ 35 18 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ 8 2 КШ+СУ+Скп 0+1+2 0+2+0 47 22
2020-2021 ПЛ 35 11 ФАКуп+ЛК 2+0 2 ЛШ 10 3 КШ 1 0 48 16
2021-2022 ПЛ 20 8 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 6 2 - - - 26 10
Вкупо Ливерпул 182 82 8 2 50 21 4 2 244 107
Вкупно во кариерата 334 136 22 14 69 27 4 2 429 179

Рекорди[уреди | уреди извор]

  • Го држи рекордот за најбрз постигнат хет-трик во Премиер лигата за само 2 минути и 56 секунди (или 176 секунди).[3]
  • Сенегалец со најмногу постигнати голови во Премиер лигата (103).[47]

Хет-трикови[уреди | уреди извор]

Во својата кариера Мане постигнал 7 хет-трика. Четири како играч на Ред Бул Салцбург (два во првенството и два во купот на Австрија), два за Саутхемптон и еден за Ливерпул. Интересно е тоа што како играч на Ливерпул никогаш не постигнал хет-трик во Премиер лигата, единствениот за црвените му е во Лигата на шампионите против Порто. Тој има два хет-трика во Премиер лигата во својата кариера, но и двата како играч на Саутхемптон.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Австрија Ред Бул Салцбург[уреди | уреди извор]

2013–2014
2013–2014

Англија Ливерпул[уреди | уреди извор]

2019-2020
2018–2019
2019
2019

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Сенегал Сенегал
Камерун 2021

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2015, 2016, 2018, 2019
2016-2017, 2018-2019, 2019-2020
2018-2019 (22 гола, изедначен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг)
2018-2019
2018-2019
2019
2019
Камерун 2021

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 11 February 2018.
  2. „FIFA Club World Cup Qatar 2019: List of Players: Liverpool“ (PDF). FIFA. 21 December 2019. стр. 7. Посетено на 17 January 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Southampton's Sadio Mané hits record hat-trick to rout Aston Villa“. The Guardian. 16 May 2015.
  4. „Liverpool's Sadio Mané named African Footballer of the Year for first time“. The Guardian. Посетено на 7 January 2020.
  5. „Metz 0-1 Bastia“. Soccerway. Посетено на 23 February 2015.
  6. „Metz 2-5 Guingamp“. Soccerway. Посетено на 23 February 2015.
  7. „Sadio Mané transferred to Red Bull Salzburg“. www.fcmetz.com (француски). FC Metz. 31 August 2012. Архивирано од изворникот на 2014-11-03. Посетено на 2 September 2014.
  8. „The Bulls on a spending spree“. www.news.at (германски). news.at. 31 August 2014. Посетено на 2 September 2014.
  9. „Salzburg: Wer Geld hat, kann groß einkaufen“ [Salzburg: Who got money, can go on a shopping spree] (германски). Die Presse. 17 July 2014. Посетено на 2 September 2014.
  10. Salzburg 3-2 Sturm
  11. „Kalsdorf 1-3 Salzburg“. Goal.com. Посетено на 23 February 2015.
  12. „Grödig 0-3 Salzburg“. Goal.com. Посетено на 23 February 2015.
  13. „Red Bulls in cup final after goal fest!“. Red Bull. 7 May 2014. Посетено на 23 February 2015.
  14. Simon Jones (1 September 2014). „Southampton complete double swoop for Toby Alderweireld and £12m Sadio Mane“. www.dailymail.co.uk. Daily Mail. Посетено на 2 September 2014.
  15. „Southampton sign £10m forward Sadio Mane & Toby Alderweireld“. www.bbc.co.uk/sport. BBC Sport. 2 September 2014. Посетено на 3 September 2014.
  16. „Southampton 2–1 Queens Park Rangers“. BBC Sport. 27 September 2014. Посетено на 27 September 2014.
  17. Reddy, Luke (18 October 2014). „Southampton 8 – 0 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 18 October 2014.
  18. „Southampton 8 – 0 Sunderland“. Premier League. 18 October 2014. Посетено на 24 October 2014.
  19. Canavan, Steve (25 October 2014). „Southampton 1 − 0 Stoke“. BBC Sport. Посетено на 26 October 2014.
  20. „Crystal Palace 1–3 Southampton“. BBC Sport. 26 December 2014. Посетено на 2 January 2015.
  21. „Southampton 1–1 Chelsea“. BBC Sport. 28 December 2014. Посетено на 2 January 2015.
  22. „Southampton 2–0 Arsenal“. BBC Sport. 1 January 2015. Посетено на 2 January 2015.
  23. „Southampton: Sadio Mane dropped for being late - Koeman“. BBC Sport. 22 February 2015. Посетено на 22 February 2015.
  24. „Southampton 3–0 Vitesse Arnhem“. BBC Sport. 30 July 2015. Посетено на 6 August 2015.
  25. „Vitesse Arnhem 0–2 Southampton“. BBC Sport. 6 August 2015. Посетено на 6 August 2015.
  26. „Southampton 1–6 Liverpool“. BBC Sport. 2 December 2015. Посетено на 2 December 2015.
  27. „Sadio Mané: Southampton midfielder dropped for being late“. BBC Sport. 2 January 2016. Посетено на 3 January 2016.
  28. Sharpe, Rich (13 March 2016). „Stoke City 1 Southampton 2: Ronald Koeman says his side will appeal against Sadio Mané's red card“. The Sentinel. Посетено на 13 March 2016.
  29. „Southampton win appeal against Sadio Mané red card“. BBC Sport. 15 March 2016. Посетено на 15 March 2016.
  30. „Sadio Mané's claim against red card upheld by Commission“. The Football Association. 15 March 2016. Посетено на 15 March 2016.
  31. Henson, Mike (20 March 2016). „Southampton 3 Liverpool 2“. BBC Sport. Посетено на 2 May 2016.
  32. „Sadio Mane: Liverpool complete £34m signing of Southampton forward“. BBC Sport. 28 June 2016. Посетено на 28 June 2016.
  33. „Sadio Mane has medical as Liverpool agree transfer fee of £34m with Southampton“. Sky Sports. 28 June 2016.
  34. Ladyman, Ian (14 August 2016). „Arsenal 3–4 Liverpool: Philippe Coutinho's magical brace and Sadio Mane stunneсr heap misery on Arsene Wenger's men in north London thriller“. Daily Mail.
  35. „Liverpool hit five to see of Burton in EFL Cup“. LiverpoolFC.com. 23 August 2016. Посетено на 23 August 2016.
  36. „Sadio Mané's injury-time winner earns Liverpool dramatic derby victory“. Guardian. 19 December 2016. Посетено на 21 December 2016.
  37. Wilson, Paul (11 February 2017). „Liverpool's Sadio Mané fires quickfire double to stun Tottenham“. The Guardian. Посетено на 12 February 2017.
  38. Wallace, Sam; Bull, JJ (12 February 2017). „Liverpool 2 Tottenham 0: Sadio Mane scores twice as Reds record first league win of 2017“. Daily Ttelegraph. Посетено на 12 February 2017.
  39. „PFA Premier League Team of the Year: Sadio Mane in, Alexis Sanchez and Zlatan Ibrahimovic miss out“. EuroSport. 20 April 2017.
  40. Shaw, Chris (9 May 2017). „Sadio Mane takes top prizes at LFC Players' Awards“. Liverpool F.C. Посетено на 10 May 2017.
  41. Frankland, Josh (8 September 2017). „Liverpool's Sadio Mané wins August's Premier League Player of the Month award“. Sky Sports. Посетено на 8 September 2017.
  42. Ogden, Mark (9 September 2017). „Man City ease past Liverpool after Mane sees red for Ederson challenge“. ESPN FC. Посетено на 9 September 2017.
  43. „Sadio Mané: Liverpool lose appeal against length of ban for red card“. BBC Sport. 12 September 2017. Посетено на 22 September 2017.
  44. Burton, Chris (20 February 2018). „Klopp sees Mané mojo back as part of Liverpool's 'Fab Three'. Goal.com. Посетено на 22 April 2018.
  45. „Sadio Mané is Liverpool's comeback king with hat-trick, says Jürgen Klopp“. The Guardian. 14 February 2018. Посетено на 15 February 2018.
  46. Flemming, Scott (1 January 2019). „Records, special nights and new stars – the story of Liverpool's 2018“. Liverpool F.C. Посетено на 1 January 2019.
  47. 47,0 47,1 „Mané makes Premier League history with latest Liverpool goal“. Goal.com. 14 April 2018. Посетено на 22 April 2018.
  48. Avi Creditor (26 May 2018). „LIVE: Benzema Blocks Karius Throw for Bizarre Opener, Mané Answers in UCL Final“. Sports Illustrated. Посетено на 26 May 2018.
  49. Burton, Chris (26 May 2018). „Mané makes Champions League history for Liverpool's 'Fab Three'. Goal.com. Посетено на 27 May 2018.
  50. „Sadio Mané: Senegal forward agrees new long-term Liverpool deal“. BBC Sport. 22 November 2018.
  51. „Liverpool 4–2 Burnley“. The Guardian. Посетено на 10 March 2019.
  52. „Mané scores his 50th goal for Liverpool“. ESPN. Посетено на 10 March 2019.
  53. Taiwo, Taiye (11 March 2019). „Sadio Mané reaches Liverpool milestone with brace against Burnley“. Goal.com. Посетено на 11 March 2019.
  54. „Champions League last 16: Best of the stats in Europe“. BBC Sport. 14 February 2019. Посетено на 14 March 2019.
  55. Storer, Tom (17 March 2019). „Mané breaks Premier League record as Liverpool hot streak continues“. Goal.com. Посетено на 28 March 2019.
  56. „PFA Player of the Year: Virgil van Dijk and Raheem Sterling lead the way in six-man shortlist“. The Telegraph. 20 April 2019. Архивирано од изворникот 11 January 2022. Посетено на 20 April 2019.
  57. „PFA Premier League Team of the Year“. Professional Footballers' Association. 25 April 2019. Посетено на 16 July 2019.
  58. Williams, Sam (12 May 2019). „Sadio Mane and Mohamed Salah win Premier League Golden Boot“. Liverpool F.C. Посетено на 13 May 2019.
  59. „Adrian the hero as Liverpool beat Chelsea on penalties to win Super Cup“. BBC Sport. Посетено на 14 August 2019.
  60. „Liverpool beat Chelsea on penalties to win Super Cup“. UEFA. 14 August 2018. Посетено на 14 August 2018.
  61. Shaw, Chris (14 September 2019). „Sadio Mane reaches unbeaten Premier League landmark at Anfield“. Liverpool F.C. Посетено на 14 September 2019.
  62. Price, Glenn (5 October 2019). „Liverpool 2–1 Leicester: Five talking points“. Liverpool F.C. Посетено на 5 October 2019.
  63. „Sadio Mane: Senegal midfielder to miss Africa Cup of Nations“. BBC Sport. 4 January 2014. Посетено на 5 January 2015.
  64. Begley, Emlyn (23 January 2015). „South Africa 1-1 Senegal“. BBC Sport. Посетено на 23 February 2015.
  65. Hughes, Ian (27 January 2015). „Senegal 0-2 Algeria“. BBC Sport. Посетено на 23 February 2015.
  66. „Cameroon through to semi-finals after Senegal's Sadio Mané misses penalty“. The Guardian. 28 January 2017.
  67. „Revealed: Every World Cup 2018 squad – 23-man & preliminary lists & when will they be announced?“. Goal.com. Посетено на 18 May 2018.
  68. „World Cup 2018: Japan come back twice against Senegal to draw 2–2“. BBC Sport. 24 June 2018. Посетено на 25 June 2018.
  69. „Colombia advance to last 16, Senegal eliminated“. FIFA. 28 June 2018. Архивирано од изворникот на 9 July 2018. Посетено на 28 June 2018.
  70. „Senegal announce strong AFCON squad“. KingFut. 13 June 2019. Посетено на 23 June 2019.
  71. „Kenya 0–3 Senegal“. BBC Sport. 1 July 2019. Посетено на 20 March 2020.
  72. „Uganda 0–1 Senegal“. BBC Sport. 5 July 2019. Посетено на 20 March 2020.
  73. „Senegal 0–1 Algeria“. BBC Sport. 19 July 2019. Посетено на 20 March 2020.
  74. „Сенегал шампион, Мане подобар од Салах“. Нова Македонија. 8 февруари 2022. Посетено на 12 февруари 2022.
  75. „Liverpool FC - Sadio Mane named AFCON player of the tournament“. www.liverpoolfc.com (англиски). Посетено на 2022-02-07.
  76. Bosher, Jacob Whitehead and Luke. „Sadio Mane named AFCON player of the tournament after Senegal triumph“. The Athletic (англиски). Посетено на 2022-02-07.
  77. 77,0 77,1 77,2 77,3 Во квалификациските кола.
  78. 2 настапи во квалификациските кола.
  79. Еден гол во квалификациските кола.
  80. 2 настапи во плејофот.
  81. Најбрз хет-трик во историјата на Премиер лигата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]