Муса Со

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сенегал Муса Со
Moussa Sow'14.JPG
Лични податоци
Роден на 19 јануари 1986 (1986-01-19) (33 г.)
Роден во Мант ла Жоли, Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Фенербахче Фенербахче
Број 7
Младинска кариера
Rosso e Giallo 2.svg Мант
Амjен Амjен
Рен Рен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2010 Рен Рен 82 (12)
2007-2008Седан Седан 30 (6)
2010–2012 Лил Лил 54 (31)
2012-2015 Фенербахче Фенербахче 108 (52)
2015- Ал Ахли Ал Ахли 24 (13)
2016-Фенербахче Фенербахче 20 (11)
Репрезентација
2004-2005 Франција Франција 19 5 (7)
2009 Франција Франција 21 2 (0)
2009- Сенегал Сенегал 44 (16)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Муса Со (роден на 19 јануари 1986 година) е сенегалски фудбалер, напаѓач на Фенербахче и на сенегалската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Муса Со е роден во Мант ла Жоли, Франција, а својата фудбалска кариера ја започнал во младинските селекции на локалниот клуб ФК Мант, за преку Амјен да стигне во академијата на Рен во 2003 година. Својата професионална кариера во Рен ја започнал во 2004 година на 18-годишна возраст. Во првата сезона како професионалец одиграл 4 натпревари за првиот тим на Рен, 3 во првенството и еден во Лига купот. Својте први голови во професионалната кариера, ги постигнал на 6 јануари 2006 против нисколигашот Корте во победата со 2-3 во Купот на Франција тресејќи ја мрежата два пати.[1]

Во сезоната 2007-2008 Со бил позајмен на Седан во Лига 2 каде постигнал 6 гола во 30 првенствени настапи. По враќањето во Рен за сезоната 2008-2009 тој бил прв избор во нападот на клубот, постигнувајќи 13 гола во сите натпреварувања од кои 9 во првенството вклучувајќи го и оној во четвртата минута од судиското продолжение за победа од 2-1 против својот иден клуб Лил во третото коло од шампионатот.[2] Откако во сезоната 2009-2010 Со постигнал само 5 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања, клубот одлучил да не му го продолжува договорот и тој станал слободен играч во летото 2010.

Лил[уреди | уреди извор]

Со играјќи за Лил

Кога договорот со Рен дошол до својот крај, 24-годишниот напаѓач потпишал три-годишен договор со Лил на 28 јуни 2010 година.[3] Со постигнал гол веќе на своето деби за Лил во ремито 1-1 на госто кај неговиот доскорашен клуб Рен.[4] Меѓутоа по тој натпревар, тој не успеал да се впише в листата на стрелците се до 19 септември, кога неговиот погодок во 90-тата минута му ги обезбеди на Лил сите три бода во еден тежок натпревар на домашен терен против Осер.[5] Со го постигнал својот прв хет-трик за Лил на 13 ноември 2010 година, во победата на гости со 5-2 над Каен, во која покрај Со меѓу стрелците за Лил се впишале и Жервињо и Франк Берија во судиското продолжение за да ја запечатат победата.[6] За помалку од еден месец подоцна, на 5 декември 2010 година, Со постигнал уште еден хет-трик, овој пат против Лорјан. Неговите погодоци му помогнале на клубот да дојде до победа од 6-3 и цврсто високо поставен да продолжи во трката за титулата во Лига 1.[7] Лил отишол на зимската пауза зима заземајќи ја првата позиција во првенството, откако во последното коло за годината 2010 Со го постигнал нивниот единствена погодок во ремито 1-1 со Сент-Етјен на 22 декември 2010 година.[8]

На 21 мај 2011 година Со го постигнал својот 22-ри гол во Лига 1 во ремито 2-2 со Париз Сен Жермен, а резултатот од натпреварот му ја осигурал на Лил шампионската титула во лигата, прва за клубот уште од 1954 година.[9] Својот трет хет-трик за сезоната, Со го постигнал во последното коло од шампионатот, во кое Лил ја затворил победничката кампања со уште една победа од 3-2 над Рен.[10] Муса Со бил најдобар стрелец за сезоната 2010-2011 во француското првенство со 25 гола, а исто така придонесол и со три асистенции.[11]

Во сезоната 2011-2012 тој постигнал 3 гола во Лигата на шампионите против ЦСКА Москва (2) и Трабзноспор и 6 гола во 18 настапи во првенството. Во јануарскиот преоден рок тој го напуштил клубот, завршувајќи го своето искуство во дресот на Лил со 36 постигнати гола во 75 натпревари.

Фенербахче[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 2012 година, Фенербахче го купиле Со за 10 милиони €,[12] потпишувајќи 4 ипол годишен договор со играчот во трајност до летото 2016 година.[13] Со го направил своето деби во градското дерби против Бешикташ на 5 февруари 2012 година и постигнал гол во втората минута од судиското продолжение.[14] На 18 март тој го постигнал првиот гол во дербито против Галатасарај со прекрасен ножичен удар.[15] Тој ја продолжил својата добра форма, постигнувајќи доцен израмнувачки погодок против Кајзериспор во четвртфиналето на Турскиот куп на 12 април 2012 година, помагајќи му на својот тим да стигне до полуфиналето по изведување на пенали. Со, исто така, го постигнал вториот гол за својот тим против ривалот Трабзонспор на 15 април 2012 година. Во текот на сезоната 2011-2012 Со одиграл 12 натпревари во лигата и постигнал 7 голови. На 16 мај тој го освоил својот прв трофеј со Фенер, откако во финалето на Турскиот куп ја совладале Бурсаспор со резултат од 4-0.[16]

Со во дресот на Фенербахче во натпревар против Шахтар.

Во текот на сезоната 2012-2013 Со одиграл 22 натпревари во лигата и постигнал 13 гола. Исто така, тој постигнал и 3 гола во европските натпреварувања. На 3 март 2013 година, Со постигнал два гола во дербито против Бешикташ, но неговиот тим бил поразен со 3-2.[17] Седум дена подоцна тој постигнал уште еден гол против Бурсаспор, во победата на жолто-сините со резултат 4-1. Својата серија на погодоци ја продолжил на 17 март 2013 година постигнувајќи гол во победата со 2-1 над Анталијаспор, постигнувајќи 4 гола во последните 3 недели. На 22 мај 2013 година, Со го постигнал единствениот погодок во натпреварот во кој Фенербахче го поразил Трабзонспор за да ја одбрани титулата и да го освои Турскиот куп втора година по ред.[18] Овој успех дошол како утеха за изгубената титула во турското првенство од градскиот ривал Галатасарај.

Во својата трета сезона во Истанбул, Со му помогнал на Фенербахче конечно да ја освои титулата во лигата постигнувајќи 15 гола во 30 натпревари со кои бил најдобар стрелец на клубот во сезоната. На 21 септември тој го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Фенербахче во победата со 4-0 над Елазигспор.[19] На 24 ноември Со го постигнал победничкиот гол за Фенер во 90-тата минута за да му донесе три бода на својот тим на гостувањето кај Анталијаспор со 2-1. Седум дена подоцна, тој погодил и во мрежата на Бешикташ во ремито 3-3 на Шукру Сараџоглу. По поразот на Галатасарај на домашен терен од Касимпаша, Фенербахче математички ја осигурал својата 19 титула во турскиот шампионат на четири кола пред крајот, прва во кариерата за Муса Со.

Следната сезона, 2014-2015, Со ја започнал со освојување на Суперкупот на Турција со победа над Галатасарај на пенали, започнувајќи го натпреварот како стартер но бил заменет во 116-тата минута од Мехмет Топуз. Тој постигнал 14 гола на 33 натпревари во лигата, но Фенербахче не успеал да го одбрани трофејот завршувајќи на второто место со три бода помалку од шампионот Галатасарај.

Ал Ахли[уреди | уреди извор]

На 29 август 2015 година, Ал Ахли го доведува Со за 16 милиони €.[20] Тој постигнал 13 гола во 24 натпревари помагајќи му на клубот да ја освои титулата во ОАЕ Про лигата.

Враќање во Фенербахче[уреди | уреди извор]

На 31 август 2016 година, Со се вратил во Фенербахче како позајмен играч до крајот на сезоната од Ал Ахли.[21] Во ноември истата година тој постигнал прекрасен погодок со ножички против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа. На 27 истиот месец тој постигнал хет-трик во победата со 5-1 на гости против Ризеспор, од кој последниот гол бил многу сличен на оној против Манчестер Јунајтед.[22] На 8 декември 2016 година, Со постигнал уште еден гол со ножичен удар, овој пат во победата со 1-0 нагости против Фејенорд во Лигата на Европа.[23] Како резултат на овие погодоци со ножички клубот Фенербахче започнал да продава негови дресови со обратно испишано име и број.[24]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 12 август 2009 година, Со дебитирал за сенегалската репрезентација во победата со 2-1 во пријателски натпревар против ДР Конго. На 5 септември 2010 година, Со го постигнал својот прв гол за Сенегал во победата со 4-2 на гости повторно над ДР Конго во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2012. Тој постигнал уште три гола во квалификациите, а откако бил повикан да настапува и на завршниот турнир тој постигнал еден гол и таму во поразот со 2-1 од Екваторијална Гвинеја.

Со учествувал и на Африканскиот куп на нации 2015, каде што тој постигнал гол уште во првиот натпревар на Сенегал на турнирот, победата со 2-1 над Гана.[25] Голот дошол во третата минута од судиското продолжение. Сепак, Сенегал го завршил настапот уште во групната фаза.

На Африканскиот куп на нации 2017, Со постигнал гол во третиот натпревар од групната фаза против Алжир во ремито 2-2 со кој и донел бод на својата репрезентација и освојување на првото место во групата. Во четвртфиналето тој бил еден од играчите кој погодиле во пенал завршницата, но промашувањето на Садио Мане во петтата серија го чинело Сенегал елиминација од турнирот од подоцнежниот шампион Камерун.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 2 мај 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005 Франција Рен Л1 3 0 КФ+ЛКФ 0+1 0+0 4 0
2005-2006 Л1 7 0 КФ+ЛКФ 3+0 2+0 КУ 2 0 12 2
2006-2007 Л1 14 0 КФ+ЛКФ 1+1 0+1 16 1
авг.-сеп. 2007 Л1 2 0 2 0
сеп.2007-2008 Франција Седан Л2 30 6 КФ+ЛКФ 7+0 4+0 37 10
2008-2009 Франција Рен Л1 32 9 КФ+ЛКФ 6+2 2+1 КУ 5 1 45 13
2009-2010 Л1 24 3 КФ+ЛКФ 2+0 2+0 26 5
Вкупно Рен 82 12 16 8 7 1 105 21
2010-2011 Франција Лил Л1 36 25 КФ+ЛКФ 5+2 0+0 ЛЕ 8 1 - - - 51 26
2011-јан. 2012 Л1 18 6 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 6 3 СФ 1 1 25 10
Вкупно Лил 54 31 7 0 13 4 1 1 75 36
јан.-јун. 2012 Турција Фенербахче СЛ 12 7 КТ 2 1 14 8
2012-2013 СЛ 31 15 КТ 5 1 ЛШ+ЛЕ 4+12 2+1 СТ 1 0 53 19
2013-2014 СЛ 30 15 КТ 0 0 ЛШ 4 1 СТ 1 0 33 16
2014-2015 СЛ 33 14 КТ 6 2 СТ 1 0 40 16
авг. 2015 СЛ 2 1 КТ ЛШ+ЛЕ 2+1 0 5 1
2015-2016 ОАР Ал Ахли ОПЛ 24 13 КОАЕ 6 3 - - - - - - 30 16
2016-2017 Турција Фенербахче СЛ 20 11 КТ 4 0 ЛЕ 7 2 31 13
Вкупно Фенербахче 128 63 21 4 30 6 3 0 179 73
Вкупно 318 125 53 19 51 11 4 1 416 150

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Франција[уреди | уреди извор]

Турција Фенербахче[уреди | уреди извор]

ОАР Ал-Ахли[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CORTE 2 – 3 RENNES“. Fenerbahce.org. 7 January 2006. конс. 8 August 2012. 
  2. History; 24.08.2008 Rennes-Lille 2-1
  3. „Moussa Sow au LOSC jusqu'en 2013“. Losc.fr. 18 November 2012. конс. 18 November 2012. 
  4. „Sow secures point for Lille“. Soccernet.espn.go.com. 7 August 2010. конс. 18 November 2012. 
  5. „Sow sinks Auxerre“. Soccernet.espn.go.com. 19 September 2010. конс. 18 November 2012. 
  6. „Caen 2–5 Lille“. Soccernet.espn.go.com. 13 November 2010. конс. 18 November 2012. 
  7. „Lille show credentials“. Soccernet.espn.go.com. 5 December 2010. конс. 18 November 2012. 
  8. „Lille 1–1 St Etienne“. Soccernet.espn.go.com. 22 December 2010. конс. 18 November 2012. 
  9. „SOW GOOD AS LILLE TAKE TITLE“. Ligue1.com. 21 May 2011. конс. 18 November 2012. 
  10. „Champions Lille celebrate in style“. Soccernet.espn.go.com. 29 May 2011. конс. 18 November 2012. 
  11. „OFFICIAL TOP SCORER CHART“. Soccernet.espn.go.com. 18 November 2012. конс. 18 November 2012. 
  12. „Moussa Sow'un transferi konusunda taraflarla anlaşıldı“. Kap.gov.tr. 27 January 2012. конс. 18 November 2012. 
  13. „Moussa Sow has signed a 4.5-year contract with Fenerbahçe“. Turkish-football.com. 27 January 2012. конс. 18 November 2012. 
  14. „Fenerbahçe 2–0 Beşiktaş“. Fenerbahce.org. 5 February 2012. конс. 18 November 2012. 
  15. „Fenerbahce 2-2 Galatasaray: Fenerbahce score two great goals, then go too defensive“. Zonal Marking. 18 March 2012. конс. 22 May 2013. 
  16. „50. Ziraat Türkiye Kupası Fenerbahçe'nin“ (Turkish). TFF. 16 May 2012. конс. 22 May 2013. 
  17. Report: Besiktas - Fenerbahce 3-2; Sow (2) for Fener not enough, Kuijt (og), Niang and Sahan seals Besiktas victory Goal.com
  18. „Soccer-Fenerbahce defeat Trabzonspor 1-0 to win Turkish Cup“. Yahoo Sports. 22 May 2013. конс. 22 May 2013. 
  19. „Fenerbahçe 4–0 Elazığspor“. fenerbahce.org. 21 September 2013. конс. 21 September 2013. 
  20. „Al Ahli set to beat Sunderland to signing of Fenerbahce striker Moussa Sow“. thenational.ae. 31 August 2015. конс. 31 August 2015. 
  21. „Moussa Sow İstanbul'da“. Fenerbahçe S.K. 31 August 2016. конс. 8 November 2016. 
  22. „(ÖZET) Çaykur Rizespor Fenerbahçe maç sonucu: 1-5“. Fanatik. 28 November 2016. конс. 8 December 2016. 
  23. „Europa League round-up: Moussa Sow scores another brilliant bicycle kick as Fenerbahce claim top spot after beating Feyenoord“. Daily Mail. 8 December 2016. конс. 8 December 2016. 
  24. „Moussa Sow is so good at overhead kicks that Fenerbahce now sell UPSIDE DOWN versions of his shirt“. Daily Mirror. 29 November 2016. конс. 8 December 2016. 
  25. Ghana 1-2 Senegal“, „BBC“, 19 јануари 2015.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 26,4 26,5 Moussa Sow - Trophies soccerway.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]