Фудбалска репрезентација на Алжир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
 Алжир
СојузАлжирска фудбалска асоцијација
КонфедерацијаКАФ (Африка)
СелекторФранцијаКристијан Гуркуф
КапитенМаџид Бугера
Најмногу натпревариЛакдар Балуми (101)
Најдобар стрелецАбделхафид Фасфаут (35)
Домашен стадионСтадион 5 јули 1962
ФИФА кодALG
ФИФА моментално рангирање18 (февруари 2013)
ФИФА највисоко рангирање14 (октомври 2014)
ФИФА најниско рангирање103 (јуни 2008)
Домашни бои
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
 Тунис 1–2  Алжир
(Тунис, Тунис; 12 јули, 1908)[1][2]
Најголема победа
 Алжир 15–1 Јужен Јемен 
(Триполи, Либија; 17 август 1973)
Најлош пораз
 Унгарија 9–2 Алжир 
(Будимпешта, Унгарија; 16 август 1967)
Светско првенство
Учества4 (прв пат во 1982)
Најдобар резултатосминафинале 2014
Африкански куп на нации
Учества14 (Првпат во во 1968)
Најдобар резултатпобедници, 1990

Фудбалска репрезентација на Алжир го претставувa Алжир на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на алжирската фудбалска федерација (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Guerriers du Désert (македонски: Пустински лисици).

Репрезебтацијата на Алжир досега четиринаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации. Најдобар резултат оствариле во 1990 година кога како домаќини на турнирот станале шампиони. До сега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, но само во 2014 година ја минале групната фаза. За официјален дом на репрезентацијата се смета Стадионот 5 јули 1962 во главниот град Алжир.

Историја[уреди | уреди извор]

Репрезентацијата на Алжир досега играла на Африканскиот куп на нации, прв пат во 1968. Истото натпреварување го освоила во 1990 година на домашен терен. Покрај тоа имаат уште едно финале (1980) и четири полуфиналиња (1982, 1984, 1988, 2010). На Светско првенство прв пат се пласирале во 1982 година во Шпанија, кога несреќно испаднале во групната фаза, во која играле со Западна Германија, Австрија и Чиле. Во својот прв натпревар Алжир го изненадил целиот фудбалски свет, кога со головите на Маџер и Белуми ја победиле фаворизираната Западна Германија[3]. Во вториот натпревар, пет дена подоцна, Алжир бил поразен од Австрија со 2:0[4], така да одлучувачки за пласман понатаму за нив бил третиот натпревар во групата против Чиле. Алжир го добил натпреварот против Чиле со резултат 3-2[5], со головите на Асад и Бенсаула. Бидејќи во последниот натпревар Западна Германија ја совладала Австрија, три репрезентации на врвот на табелата имале по четири бода (победа тогаш изнесувала два бода). Заради подобрата гол-разлика Западна Германија го освоила првото место, Австрија второто, а Алжир дури третото, и со тоа испаднале од натамошното натпреварување. Било тоа едно големо разочарување за оваа африканска нација. Четри години подоцна, во Мексико, Алжир ни од близу не бил истата репрезентација која настапила во Шпанија. Во група со Бразил, Шпанија и Северна Ирска, Алжир завршил како последен со само еден бод. Во првиот натпревар одиграл нерешено 1-1 со Северна Ирска, а голот за Алжир го постигнал Џамел Зидан.[6]. Во вториот натпревар се минимално поразени од Бразил со 1:0[7], а во последниот натпревар од групата со високи 3-0 загубиле од Шпанија, што бил голем удар пред заминувањето дома.[8].

Настапи на турнирите[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства[уреди | уреди извор]

Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Фаза Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
Уругвај 1930 Не учествувале Не учествувале
Flag of Italy (1861–1946).svg 1934
Франција 1938
Бразил 1950
Швајцарија 1954
Шведска 1958
Чиле 1962
Англија 1966 Се повлекле Се повлекле
Мексико 1970 Не учествувале 2 0 1 1 1 2
Германија 1974 2 1 0 1 2 5
Аргентина 1978 4 1 2 1 2 3
Шпанија 1982 Групна фаза 13 3 2 0 1 5 5 8 5 2 1 16 6
Мексико 1986 Групна фаза 22 3 0 1 2 1 5 6 5 1 0 13 3
Италија 1990 Не се квалификувале 6 3 2 1 6 2
САД 1994 8 2 3 3 8 11
Франција 1998 2 1 0 1 2 3
Јужна Кореја Јапонија 2002 10 3 3 4 13 14
Германија 2006 12 3 5 4 15 15
ЈАР 2010 Групна фаза 28 3 0 1 2 0 2 13 8 2 3 17 8
Бразил 2014 Осминафинале 14 4 1 1 2 7 7 8 6 0 2 16 7
Русија 2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Катар 2022
Вкупно 4/20 13 3 3 7 13 19 81 38 21 22 111 79

Настапи на Африканскиот куп на нации[уреди | уреди извор]

Тунис - Алжир 1-0, АКН 2013.
Тунис - Алжир 1-0, АКН 2013.
Алжир - Брегот на Слоновата Коска 2-2, АКН 2013.
Алжир - Брегот на Слоновата Коска 2-2, АКН 2013.
Африкански куп на нации
Домаќин/Година Фаза Poz. ОН П Н И ДГ ПГ
Судан 1957 Не учествувале
Обединети Арапски Емирати 1959
Етиопија 1962
Гана 1963
Тунис 1965
Етиопија 1968 Групна фаза 6 3 1 0 2 5 6
Судан 1970 Не се квалификувале
Камерун 1972
Египет 1974
Етиопија 1976
Гана 1978
Нигерија 1980 Финале 2 5 2 2 1 6 7
Либија 1982 Полуфинале 4 5 2 1 2 5 6
Брег на Слоновата Коска 1984 Полуфинале 3 5 3 2 0 8 1
Египет 1986 Групна фаза 6 3 0 2 1 2 3
Мароко 1988 Полуфинале 3 5 1 3 1 4 4
Алжир 1990 Победник 1 5 5 0 0 13 2
Сенегал 1992 Групна фаза 10 2 0 1 1 1 4
Тунис 1994 Дисквалификувани
ЈАР 1996 Четвртфинале 5 4 2 1 1 5 3
Буркина Фасо 1998 Групна фаза 15 3 0 0 3 2 5
Гана Нигерија 2000 Четвртфинале 6 4 1 2 1 5 4
Мали 2002 Групна фаза 15 3 0 1 2 2 5
Тунис 2004 Четвртфинале 8 4 1 1 2 5 7
Египет 2006 Не се квалификувале
Гана 2008
Ангола 2010 Полуфинале 4 6 2 1 3 4 10
Екваторска Гвинеја Габон 2012 Не се квалификувале
ЈАР 2013 Групна фаза 13 3 0 1 2 2 5
Екваторска Гвинеја 2015 Пласирани
Либија 2017 квалификации
Вкупно 15/29 60 20 18 22 69 72

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Азедин Доука 5 август 1986 (1986-08-05) (33 г.) 5 0 Алжир ЈС Кабилије
16 ГМ Мохамед Земамуш 19 март 1985 (1985-03-19) (34 г.) 8 0 Алжир УСМ Алжир
23 ГМ Рајс М'Боли 25 април 1986 (1986-04-25) (33 г.) 37 0 САД Филаделфија Јунион
2 ОД Маџид Бугера (капитен) 7 октомври 1982 (1982-10-07) (36 г.) 66 5 ОАР Ал-Фуџаира
3 ОД Фаузи Гулам 1 февруари 1991 (1991-02-01) (28 г.) 12 0 Италија Наполи
4 ОД Лијасин Кадмуро-Бентаиба 5 март 1988 (1988-03-05) (31 г.) 9 1 Шпанија Осасуна
5 ОД Рафик Халиш 2 септември 1986 (1986-09-02) (32 г.) 35 3 Катар Катар
6 ОД Џамел Месба 9 октомври 1984 (1984-10-09) (34 г.) 34 1 Италија Сампдорија
12 ОД Карл Меџани 15 мај 1985 (1985-05-15) (34 г.) 36 2 Турција Трабзонспор
20 ОД Ајса Манди 22 октомври 1991 (1991-10-22) (27 г.) 11 0 Франција Рем
22 ОД Мехди Зефан 19 мај 1992 (1992-05-19) (27 г.) 1 0 Франција Лион
7 СР Ријад Марез 21 февруари 1991 (1991-02-21) (28 г.) 10 2 Англија Лестер Сити
8 СР Меди Ласен 15 мај 1984 (1984-05-15) (35 г.) 39 0 Шпанија Хетафе
10 СР Софијан Фегули 26 декември 1989 (1989-12-26) (29 г.) 30 7 Шпанија Валенсија
11 СР Јасин Брахими 8 февруари 1990 (1990-02-08) (29 г.) 16 4 Португалија Порто
14 СР Набил Бенталеб 24 ноември 1994 (1994-11-24) (24 г.) 10 1 Англија Тотенхем Хотспар
17 СР Фуед Кадир 5 декември 1983 (1983-12-05) (35 г.) 24 2 Шпанија Реал Бетис
18 СР Абделмумене Џабу 31 јануари 1987 (1987-01-31) (32 г.) 12 3 Тунис Клуб Африкаин
19 СР Сафир Таидер 29 февруари 1992 (1992-02-29) (27 г.) 20 3 Италија Сасуоло
21 СР Ахмед Каши 18 ноември 1988 (1988-11-18) (30 г.) 0 0 Франција Мец
9 НП Ишак Белфодил 12 јануари 1992 (1992-01-12) (27 г.) 6 0 Италија Парма
13 НП Ислам Слимани 18 јуни 1988 (1988-06-18) (31 г.) 31 13 Португалија Спортинг
15 НП Ел Арби Судани 25 ноември 1987 (1987-11-25) (31 г.) 29 12 Хрватска Динамо Загреб

Играчки рекорди[уреди | уреди извор]

Листа на играчи со најмногу настапи[10]
# Играч Кариера Настапи Голови
1 Лакдар Белуми 1978–1989 101 27
2 Билел Џири 1992–2005 93 9
3 Раба Маџер 1978–1992 87 29
Абделхафид Тасфо 1990–2002 87 35
5 Џамел Менад 1980–1995 81 29
6 Махмуд Гуендуз 1977–1986 77 5
Маједин Мафта 1989–2002 77 4
8 Муса Саиб 1989–2001 74 7
9 Салах Асад 1977–1989 73 15
10 Али Фергани 1973–1986 72 7
Фодил Мегарија 1984–1992 72 0

Лакдар Белуми настапил во 147 репрезентативни натпревари, но само 101 натпревар е признат од ФИФА.[10][11]

Листа на играчи со најмногу постигнати голови[12]
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1 Абделхафид Тасфо 1990–2002 35 87 0.40
2 Раба Маџер 1978–1992 29 87 0.33
Џамел Менад 1980–1995 29 81 0.36
4 Лакдар Белуми 1978–1989 27 101 0.27
5 Теџ Бенсаула 1979–1986 19 52 0.37
6 Рафик Саиди 1998–2010 18 64 0.28
7 Салах Асад 1977–1989 15 73 0.21
8 Асен Лалмас 1963–1974 14 43 0.33
Али Меџабих 1995–2003 14 26 0.54
10 Ислам Слимани 2012–present 13 30 0.43

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]