ГНК Динамо Загреб

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Динамо Загреб)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ГНК Динамо Загреб
Logo
Целосно имеГраѓански ногометни клуб Динамо Загреб
ДржаваХрватска Хрватска
ПрекарМодри, Плави, Пургери
Основан26 април 1911 (1911-04-26) како 1. ХШК Граѓански
9 јуни 1945 (1945-06-09) како Динамо
ЛокацијаЗагреб, Хрватска
Бои          темносина и бела
СтадионМаксимир
Капацитет35,123[1]
ПретседателХрватска Мирко Баришиќ
ТренерХрватска Ненад Бјелица
ЛигаПрва ХНЛ
2018–19Прва ХНЛ, 1-ви (шампиони)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Граѓански фудбалски клуб Динамо Загреб (скратено: ГНК Динамо Загреб или само Динамо Загреб) е хрватски фудбалски клуб од градот Загреб. Моментално се натпреварува во Првата фудбалска лига на Хрватска, и од нејзиното основање во 1992 година досега, никогаш не испаднал. Динамо е клуб со најмногу навивачи во Хрватска[2], а од основањето на Република Хрватска како самостојна независна држава е најтрофеен клуб во државата, со 20 национални титули шампион, 15 освоени купа и 6 суперкупа. Тие се исто така единствената хрватска екипа која успеала да освои некој европски трофеј, Купот на велесаемските градови 1966-1967.

Динамо е наследник на фудбалскиот клуб 1. ХШК Граѓански Загреб основан на 26 април 1911 година. Откако комунистичката власт во 1945 година со декрет ги укинала популарните загрепски фудбалски клубови како Граѓански, ХАШК и Конкордија[3] поради играње во фудбалското првенство за време на НДХ, бил основан фудбалскиот клуб Динамо на 9 јуни 1945 година, како фудбалска секција на Спортскиот клуб Динамо, која од 1949 година започнува да делува како самостојна фудбалска екипа. Од фудбалскиот клуб Граѓански, Динамо ја презел темносината боја на дресови, поголемиот дел од играчите и навивачите како и прекарот пургери, а исто така и грбот на клубот е направен по урнек на грбот на фудбалскиот клуб Граѓански.[4]

Промените на името на клубот во ХАШК Граѓански и Кроација Загреб не биле добро прифатени во воените деведесетти години на 20-тиот век, а денешното име било усвоено на седница на собранието на клубот на 12 август 2011 година, кога името Ногометни клуб Динамо Загреб било променето во Граѓански ногометни клуб Динамо Загреб со цел да се нагласи поврзаност со Граѓански.

Своите домашни натпревари Динамо ги игра на стадионот Максимир, кој има капацитет од нешто повеќе од 35.000 гледачи. Најголем ривал им е Хајдук Сплит со кого играат вјечно дерби, кое се смета за едно од најзначајните фудбалски дербија во светот.[5] Динамо Загреб е исто така познат по своите верни и фанатични навивачи познати под името Bad Blue Boys.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот ја продолжил традицијата на Првиот хрватски градски спортски клуб (Граѓански) формиран во април 1911 година. Во текот на 34 годишното постоење Граѓански шест пати ја освоил титулата шампион на Кралството Југославија и НДХ (1923, 1926, 1928, 1937, 1940 и 1943). Под тоа име клубот настапувал се до мај 1945 година, а потоа клубот бил распуштен по одлука на комунистичките власти, а сите богати архиви биле вандалски уништени. На местото на Граѓански било втемелено Фискултурното друштво Динамо, а пет години подоцна нивниот фудбалски клуб се осамостоил. Така, новиот клуб Динамо од Граѓански го наследил поголемиот дел од неговата традиција (грб и боја).

Во просториите на Електра, на 9 јуни 1945 година бил основан Динамо. Своето име клубот го добил по урнек на рускиот Динамо Москва. Тогашниот загрепски спортски комесар Ивица Медариќ, кој претходно играл за ХАШК, а потоа и за Граѓански, го предложил името Динамо кое било прифатенио поради блиските односи со СССР.[6].

По основањето на клубот му се приклучиле сите најдобри и најпопуларни играчи на Граѓански: Урх, Велфл, Кокотовиќ, Лешник, Цимерманчиќ, Плеше, Антолковиќ, Белошевиќ, Јазбиншек, Рајс, и неговите јуниори: Бучар, Ферковиќ, Мартинец, Кукец, Гереш, Чонч и Режек како и тренерот Мартон Букови. Од ХАШК на клубот му се приклучиле Чајковски, Кацијан, Лојен, Перичиќ. Од нив само Чајковски останал долго на Максимир - цели единаесет години. Динамо од Граѓански ја наследил сината боја на дресови и статусот најпопуларен загрепски фудбалски клуб, како и прекарот пургери, навивачката база, а од 1969 година и грбот бил многу сличен на оној на Граѓански.

Во перидот после Втората светска војна Динамо бил главен претставник на загрепскиот фудбал и еден од четирите најуспешни клубови во поранешната СФРЈ заедно со сплитски Хајдук и белградските клубови Црвена Ѕвезда и Партизан кој поради доминацијата во југословенскиот фудбал го добиле називот голема четворка. Динамо освоил четири југословенски првенства во 1948, 1954, 1958, и 1982 и седум купови во 1951, 1960, 1963, 1965, 1969, 1980 и 1983.

Бои, амблеми и дресови[уреди | уреди извор]

Бои[уреди | уреди извор]

Марио Манџукиќ во традиционалниот дрес на Динамо Загреб (сезона 2008-2009).

Боите на Динамо Загреб се темносина и бела и во две бои најчесто била изработена опремата со која настапувале играчите на овој клуб. Традиционалниот дрес е во темносина боја, а во иста боја се и шорцевите. Резервниот дрес низ историјата бил најчесто во бела боја, а во 2007 година новиот прозиводител на спортска опрема Диадора за прв пат во историјата на Динамо презентирала дрес во портокалова боја за гостинските натпревари.

Амблеми[уреди | уреди извор]

Сметајќи ги и оние на фудбалскиот клуб Граѓански, досега во клупската историја клубот променил неколку амблеми.

Денешниот амблем на Динамо е во округол облик, поделен со коса црта на две еднакви половини. На десната страна, на сина подлога, се наоѓа мала буква d во бела боја со златни рабови. На левата страна се наоѓа хрватскиот историски грб. Овој грб во употреба е од 1969 година, кога го заменил стариот грб во облик на штит, а инспирација му бил грбот на Граѓански.

Стадион[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стадион Максимир.
Стадион Максимир

Своите домашни натпревари Динамо Загреб ги игра на стадионот Максимир, кој е воедно и најголемиот фудбалски стадион во главниот град на Хрватска Загреб. Името го добил по градскиот кварт Максимир сместен во североисточниот дел на Загреб, во кој се наоѓа стадионот. Игралиштето официјално било отворено на 5 мај 1912 година и на него најпрво играла екипата на ХАШК, а од 1948 година на користење го добил Динамо. Претходно, Динамо настапувал на Стадионот Котурашка, на кој своите натпревари ги играл и Граѓански Загреб. По доселувањето на Максимир, клубот на игралиштето наскоро подигнал зграда, насипи за стоење и мала трибина во западниот дел. Својот прв натпревар на Максимир, Динамо го одиграл на 19 септември 1948 година против белградски Партизан, славејќи победа со 2-1, пред 40.000 гледачи.[7]

Денешниот стадион започнал со изградба во 1952 година, а проектанти биле архитектите Владимир Турина, Еуген Ерлих и Фрањо Нидхарт. Во првиот дел од изградбата во 1954 година довршени биле атлетската патека и западната трибина. Северната трибина била подигната во 1955 година, а во третиот дел изградени биле западниот влез, благајната, тоалетите и жичената ограда. Во четвртата етапа на градењето во 1961 година била изградена и источната трибина, која воедно ја покрива и западната трибина на помошното игралиште Хитрец-Кацијан. Градбата на јужната трибина започнала во 1964, а завршила во 1969 година. Во 1972 година управата на клубот се преселила на стадионот.

Првото големо реновирање на стадионот започнало во 1998 година, кога срушени биле северната трибина и западното, источното и јужното стојалиште, а доградена била западната трибина и изградена нова северна трибина, со што бил нарушен првичниот изглед на стадионот. Сепак, поради нереалните планови и недостаток на средства, работите не биле завршени, така што стадионот бил користен недовршен во 2000-тите години.

Последното големо реновирање било извршено во летото 2011 година кога стадионот бил подвргнат на темелно реновирање. Биле заменети сите столчиња, поставен е нов терен со дренажа и греење како и нови клупи за резервните играчи. Исто така биле уредени ложата за новинари, ВИП ложата и местата за инвалиди, атлетската патека била офарбана во сина боја, како и ѕидовите под трибините. Старите столчиња (5.000 такви) биле донирани на фудбалскиот клуб НК ГОШК Габела.[8]

Навивачи[уреди | уреди извор]

Bad Blue Boysi на северната трибина заедно со играчите ја слават титулата шампион во 2008 година.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Bad Blue Boys.

Иако Динамо низ историјата го следелe голем број на навивачи, првата организирана група се појавила дури во 1980-тите години. Неколкумина најверни и најстраствени навивачи на Сините, по примерот на странските групи, ја основале навивачката група Bad Blue Boys. Името на групата било инспирано од еден многу популарен филм од тоа време Bad Boys со Шон Пен во главна улога.

Bad Blue Boys од своето основање на 17 март 1986 година, на натпреварот против Хајдук во Сплит, го бодрат Динамо во голем број, како на домашните, така и на гостинските натпревари. Со текот на годините, и покрај бројните инциденти, станале заштитен знак на клубот поради својата верност и фанатично навивање. На домашните натпревари најчесто се сместени на северната трибина на Максимир.

Како маскота на групата е земен булдог, а химна на групата е песната Динамо ја волим (превод: Динамо јас го сакам). Тие издале фанзин посветен на клубот (Ајмо плави), а во декември 2006 година бил издаден и фанзинот Динамо сјевер како службено гласило на задругата навивачи на Динамо. Покрај тоа тие издаваат и видеоматеријали, а имаат и своја мрежна страница.[9]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 24 август 2019[10]
Бр. Позиција Играч
1 Хрватска ГМ Даниел Загорац
5 Македонија СР Аријан Адеми Captain sports.svg
6 Португалија ОД Иво Пинто
7 Шпанија НП Дани Олмо
8 Босна и Херцеговина СР Изет Хајровиќ
9 Србија НП Комнен Андриќ
10 Хрватска СР Ловро Мајер
11 Швајцарија НП Марио Гаврановиќ
14 Босна и Херцеговина СР Амер Гојак
16 Хрватска СР Марио Шитум
17 Хрватска СР Лука Иванушец
18 Хрватска СР Антонио Марин
19 Швајцарија ОД Франсо Мубанџе
20 Нигерија СР Ијаи Атиемвен
Бр. Позиција Играч
21 Хрватска НП Бруно Петковиќ
22 Хрватска ОД Марин Леовац
23 Хрватска ГМ Динко Хоркаш
27 Хрватска СР Никола Моро
28 Франција ОД Кевин Теофил-Катерини
30 Словенија ОД Петар Стојановиќ
31 Хрватска СР Роберт Мишковиќ
39 Хрватска ОД Марко Лешковиќ
40 Хрватска ГМ Доминик Ливаковиќ
55 Хрватска ОД Дино Периќ
66 Австрија ОД Емир Дилавер
77 Хрватска НП Сандро Куленовиќ
92 Полска СР Дамјан Конџор
99 Хрватска НП Мислав Оршиќ

Играчи рекордери[уреди | уреди извор]

Играчи со најмногу настапи
# Играч Во клубот Настапи
1 Хрватска Дражен Ладиќ 1986-2000 802
2 Хрватска Марко Млинариќ 1978-1987, 1995-1996 613
3 Хрватска Среќко Богдан 1975-1985 595
4 Хрватска Златко Крањчар 1973-1983 556
5 Хрватска Драго Вабец 1968-1979, 1984 529
6 Хрватска Младен Рамљак 1962-1973 523
7 Хрватска Дамир Лесјак 1986-1995 510
8 Хрватска Славко Иштваниќ 1983-1995 507
9 Хрватска Ивица Хорват 1945-1957 507
10 Хрватска Игор Цветановиќ 1989-1997, 2000-2001 502

Играчи со најмногу постигнати голови
# Играч Во клубот Голови
1 Хрватска Дражан Јерковиќ 1954–1966 322
2 Хрватска Игор Цвитановиќ 1989-1997, 2000-2001 304
3 Хрватска Сњешко Церин 1978–1988 295
4 Хрватска Златко Крањчар 1973-1983 256
5 Хрватска Жељко Чајковски 1945-1956 249
6 Хрватска Фрањо Велфл 1945-1953 254
7 Хрватска Александар Бенко 1947-1958 235
8 Хрватска Славен Замбата 1959-1969, 1972 227
9 Хрватска Драго Вабец 1968-1979, 1984 183
10 Хрватска Марко Млинариќ 1978-1987, 1995-1996 174

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Домашни играчи
     
Странски играчи
       

Моментален тренерски штаб[уреди | уреди извор]

Име Функција
Хрватска Ненад Бјелица[11] Главен тренер
Хрватска Нино Буле Помошен тренер
Австрија Рене Помс Помошен тренер
Хрватска Силвије Чавлина Тренер на голманите
Хрватска Карло Рајнхолц Кондициски тренер
Австрија Мартин Мајер Кондициски тренер
Хрватска Леонард Совина Кондициски тренер
Хрватска Маријан Влак Спортски директор
Хрватска Ивица Смодек Лекар
Хрватска Себастијан Гргац Физиотерапевт
Хрватска Марио Рубиниќ Физиотерапевт
Хрватска Јосип Јуриќ Физиотерапевт

Тренери[уреди | уреди извор]

     

Титули[уреди | уреди извор]

- натпреварувањата до 1945 година ги освоила екипата на Граѓански

  • Првенства: (32)
1992–1993, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999, 1999–2000, 2002–2003, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019[12]
1923, 1926, 1928, 1936-1937, 1939-1940.
1939-1940.
1941, 1943.
1947-1948, 1953-1954, 1957-1958, 1981-1982.
  • Купови: (25)
1993-1994, 1995-1996, 1996-1997, 1997-1998, 2000-2001, 2001-2002, 2003-2004, 2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2010-2011, 2011-2012, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018
1925, 1940.
1941.
1951, 1959-1960, 1962-1963, 1964-1965, 1968-1969, 1979-1980, 1982-1983.
2002, 2003, 2006, 2010, 2013, 2019.
1967, (финалист 1963.)
1976.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stadion Maksimir“. GNK Dinamo Zagreb. конс. 2017-07-26. 
  2. Najviše navijača ima – Dinamo!, index.hr, 18. август 2005., пристапено 6 август 2017.
  3. Dinamo
  4. [1]
  5. THE LIST: The greatest rivalries in club football, Nos 20–11
  6. GNK Dinamo slavi svoj 102. rođendan!
  7. Povijest stadiona, povijest.gnkdinamo.hr, pristupljeno 6. kolovoza 2017.
  8. Stadion Podavala, nkgoskgabela.weebly.com, прiстапено 6 август 2017.
  9. Bad Blue Boys, пристапено 6 август 2017.
  10. „Players“. GNK Dinamo Zagreb. конс. 19 January 2019. 
  11. „Dinamo predstavlja novog treneta!“. gnkdinamo.hr. GNK Dinamo. 15 мај 2018. конс. 15 мај 2018.. 
  12. „Dinamo prvak! Hajduku samo bod protiv Osijeka na Poljudu“. 24sata.hr. 24 sata. 13 мај 2018. конс. 13 мај 2018.. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]