Марк Видука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марк Видука
Mark Viduka 2005 WCQ.jpg
Лични податоци
Полно име Марк Антони Видука[1]
Роден на 9 октомври 1975 (1975-10-09) (45 г.)
Роден во Мелбурн, Австралија
Држава Австралија Австралија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2009 (33 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1995 Мелбурн Најтс Мелбурн Најтс 48 (40)
1995-1998 Кроација Загреб Кроација Загреб 84 (40)
1998-2000 Селтик Селтик 37 (30)
2000-2004 Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 130 (59)
2004-2007 Мидлсбро Мидлсбро 72 (26)
2007-2009 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 38 (7)
Репрезентација
1993-1995 Австралија Австралија 20
1994-1996 Австралија Австралија 23
1994-2007 Австралија Австралија 43 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Марк Видука (роден на 9 октомври 1975 во Мелбурн) — поранешен австралиски фудбалер со хрватско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.

Својата кариера ја започнал во родната Австралија играјќи за Мелбурн Најтс две години, а потоа се преселил на Европскиот континент каде најпрво настапувал во екипата на Динамо Загреб во Хрватска, земјата на потекло на неговите родители. Во 1998 година потпишал за шкотскиот Селтик, a оттаму во 2000 година се преселил во Премиер лигата на Англија каде му се приклучил на Лидс Јуанјтед. По испаѓањето на Лидс, Видука бил продаден на Мидлсбро каде одиграл три сезони, пред да се пресели во Њукасл Јунајтед, клуб во кој ја завршил играчката кариера по крајот на сезоната 2008-2009.

Видука бил репрезентативец на Австралија во периодот 1994-2007 во кој одиграл 43 натпревари и постигнал 11 гола за Сокеросите. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2006 во Германија, на кое бил капитен на репрезентацијата.

Во 2000 година Видука бил избран за Океански фудбалер на годината, а зад себе има оставено уште неколку рекорди: тој е рекордер по бројот на постигнати голови (8) во дресот на Мидлсбро во европските натпреварувања[2] и досега е австралиски играч кој постигнал најмногу голови (4) во УЕФА Лигата на шампионите.

Биографија[уреди | уреди извор]

Видука е роден во Мелбурн, Викторија, како дете од родители хрватски емигранти. Неговиот татко Џо е од Хрватска, од каде емигрирал во Австралија во 60-тите години на минатиот век, додека неговата мајка е од украинско и хрватско потекло. Хрватскиот фудбалер и освојувач на Златната топка, Лука Модриќ, е негов братучед.[3]

Видука е оженет со сопругата Ивана со која имаат три сина: Џозеф (роден 2002 г.), Лукас (роден 2006 г.) и Оливер (роден 2008 г.). Моментално тие живеат во Загреб, каде Видука поседува кафуле.[4]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Груб напаѓач со очигледна физичка моќ, кој е вешт во ударите со глава и има добар удар од далечина.[5] Се докажал како многу корисен за својот тим, бидејќи одлично знае како да ја сочува топката.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Мелбурн Најтс[уреди | уреди извор]

Видука ја започнал својата кариера во својата родна Австралија, во редовите на Мелбурн Најтс во 1993 година, а веќе во јуни следната година тој станал репрезентативец на својата земја. Во двете години поминати со Мелбурн Најтс, тој бил најдобар стрелец во НСЛ и двапати го освоил медалот Џони Ворен за НСЛ играч на годината,[6] во 1993-1994 и во 1994-1995. Со клубот, тој исто така, ја освоил националната титула во сезоната 1994-1995.

Кроација Загреб[уреди | уреди извор]

Во 1995 бил купен од Кроација Загреб, денешен Динамо Загреб. Централната трибина на Стадионот Најтс, домот на Мелбурн Најтс, во негова чест била преименувана во „Марк Видука“, а нејзината изградба била финансирана со добиените пари од неговиот трансфер во Хрватска.

Тој поминал три и пол сезони во клубот од главниот град на Хрватска, постигнувајќи 38 гола и освоил три двојни круни (првенството+националниот куп) во периодот од 1995 до 1998 година. Тој исто така со клубот стигнал до второто квалификациско коло во Купот на УЕФА 1996-1997 и една година подоцна дебитирал во Лигата на шампиони, каде Кроација Загреб била елиминирана во второто квалификациско коло од Њукасл Јунајтед. За време на хрватското искуство, сепак, не секогаш на Видука му цветале рози: откако хрватскиот претседател Туѓман веќе немал моќ тој се нашол на удар на навивачите, а Видука, идентификуван како инвестиција на претседателот, ја претрпел истата судбина.[5]

Селтик[уреди | уреди извор]

Селтик го купил Видука во декември 1998 за 3,5 милиони фунти. Во истиот месец во кој се реализирал трансферот, од Селтик објавиле дека Видука ја напуштил Кроација Загреб поради стрес.[7] Една недела подоцна од Кроација Загреб се пожалиле дека не им била исплатена договорената сума од страна на Селтик.

Овие проблеми на крајот биле решени и Видука го направи својот прв настап во дресот на Селтик на 16 февруари 1999 година, постигнувајќи погодок за тимот под 21 година како возрасен играч во победата од 4-2 против Мадервел. Откако дебитирал за првиот тим во натпреварот против Данди Јунајтед на 27 февруари 1999 година,[8] својте први голови (два) за клубот ги реализирал против Гринок Мортон во Шкотскиот куп на 8 март 1999 година.[9] Пет дена подоцна, тој постигнал нови два гола, негови први во шкотското првенство, во победата со 5-1 на гостувањето кај Абердин. На 10 април, тој постигнал гол во полуфиналето на Шкотскиот куп во победата со 2-0 над Данди Јунајтед помагајќи му на својот клуб да се пласира во финалето, во кое биле поразени од лутиот ривал Ренџерс со 0-1 а Видука не настапил за келтите. Својата прва полусезона во Шкотска ја завршил со 11 настапи и 8 гола.

Следната сезона, тој бил избран за Играч на годината во Шкотска, откако постигнал 27 гола во неговата прва целосна сезона на Селтик Парк. На 16 октомври 1999, тој постигнал хет-трик во победата со 7-0 над Абердин. Во февруари 2000 година, кога Селтик шокантно бил елиминиран од нисколигашот Инвернес во третото коло од Шкотскиот куп, за време на паузата на полувремето, Видука, наводно, ги фрлил копачките во корпа за отпадоци и одбил да игра во второто полувреме по расправијата со помошниот тренер, Ерик Блек.[10] Сепак, следниот месец, тој асистирал за еден од головите во победата со 2-0 над Абердин во финалето на Лига купот на Шкотска, па со оваа победа го освоил својот прв трофеј со клубот. Тој се покажал воедно и како единствен, бидејќи Видука го напуштил клубот по неговата прва целосна сезона во клубот, забележувајќи вкупно 48 настапи и 35 гола за Селтик.

Лидс Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 2 јули 2000 година, на инсистирање на менаџерот Дејвид О'Лири, Лидс Јунајтед го купил Видука од Селтик за 6.5 милиони фунти. Идејата на О'Лири била да направи силна напаѓачка линија во која покрај Видука би играле Хари Кјуел, Мајкл Бриџис и Алан Смит. Сепак, повредите на првите двајца играчи довеле до тоа О'Лири да го игра Видука во тандем со младиот Смит и двајцата оставиле одличен впечаток особено во натпреварите од Лигата на шампионите, каде двајцата постигнале по 4 гола, на патот на белите до полуфиналето во кое биле елиминирани од Валенсија. Своето деби во Премиер лигата на Англија го направил на 19 август 2000, во победата со 2-0 на Еланд Роуд над Евертон, а својте први голови (два) во англискиот фудбал ги постигнал во победата со 4-3 над Тотенхем на 30 септември. На 4 ноември, Видука ги постигнал сите 4 гола за Лидс во незаборавната победа со 4-3 над Ливерпул на Еланд Роуд.[11] Видука одиграл одлична прва сезона во Западен Јоркшир, во која одиграл вкупно 53 натпревари и постигнал 22 гола: 17 во Премиер лигата, 1 во куповите и 4 во Лигата на шампионите.

Во летото тој бил поврзуван со неколку клубови, но решил да остане во Лидс и го продолжил својот договор со клубот за уште 5 години. Во сезоната 2001-2002, неговата ефективност се намалила - тој постигнал 11 гола во Премиер лигата, но исто така додал и три гола во Купот на УЕФА, сите во натпреварите од второто коло против француската Троа.

Во сезоната 2002-2003, Видука постигнал 20 голови во Премиер лигата, завршувајќи на чевтртото место на листата на стрелците единствено зад Руд ван Нистелрој, Тјери Анри и Џејмс Бити. Неговите голови го спасиле клубот од испаѓање, а особено се памтат головите кој ги постигнал во Лондон: хет-трикот против Чарлтон Атлетик во гостинската победа со 1-6[12] и победничкиот гол во успехот со 2-3 на гостувањето кај Арсенал, со кој Лидс изборил опстанок на едно коло до крајот.[13]

Сепак, финансиската криза во клубот продолжила и резултирала со продажба на клучни играчи, како Хари Кјуел, Оливје Дакур и Роби Кин. Како резултат на тоа, ефективноста на Видука повторно се намалила (иако тој повторно бил најдобар стрелец на клубот) и по завршувањето на сезоната 2003-2004 Лидс испаднал во понизок ранг. Својот последен натпревар за Лидс го одиграл во поразот со 4-1 од Болтон Вондерерс, во кој постигнал гол од пенал, но во 33-тата минута бил исклучен по добивањето на вториот жолт картон. Вкупно за Лидс Јунајтед одиграл 166 натпревари и постигнал 72 гола.

Мидлсбро[уреди | уреди извор]

По испаѓањето на Лидс, Видука бил продаден на Мидлсбро во летото 2004, со цел клубот да се спаси од неговата плата по финансиските потешкотии. Сумата на трансферот изнесувала 4.5 милиони фунти.[14] Откако во претходната сезона Мидлсбро го освоил Лига купот и обезбедил пласман во Купот на УЕФА, клубот се засилил со неколку искусни и проверени имиња за својата европска кампања, а меѓу нив бил и Видука.

Своето деби за Боро го направил на 25 август 2004, започнувајќи го како стартер натпреварот на Крејвен Котиџ на гостувањето кај Фулам; во 54-тата минута од натпреварот Видука го постигнал својот прв гол за новиот клуб, доведувајќи го Мидлсбро во водство од 1-0 во натпреварот што завршил со победа на неговиот тим од 2-0. На 11 септември, тој ги постигнал двата гола за Мидлсбро (негови први на домашен терен за клубот) во победата со 2-1 над Бирмингем Сити. Пет дена подоцна, тој додал уште два гола во победата со 3-0 над Баник Острава во Купот на УЕФА, во своето европско деби за Мидлсбро. На 26 декември, во натпреварот против Бирмингем Сити, Видука се повредил и морал да го напушти теренот по 23 минути игра. Оваа повреда целосно ја уништила неговата прва сезона на Риверсајд, бидејќи од тој момент до крајот на сезоната одиграл само уште 12 минути, завршувајќи со само 21 одигран натпревар и 7 постигнати погодоци во сите натпреварувања.

Во втората сезона, Видука дал значаен допринос за пласманот на Мидлсбро во финалето на Купот на УЕФА. Тој најпрво постигнал гол во првото коло против грчкиот претставник Ксанти во победата со 2-0 со која клубот успеал да се пласира во групната фаза, каде тој постигнал уште два гола во победата со 3-0 над Днипро. Во реваншот од четвртфиналето против Базел, Видука двапати ја погодил мрежата на швајцарците, помагајќи му на Мидлсбро да ја надополни негативата од 2-0 од првиот натпревар и со победа од 4-1 да продолжи понатаму. Тој, исто така, погодил и во реванш полуфиналето, во натпревар во кој англискиот клуб направил големо враќање на Риверсајд, стигнувајќи од 0-2 до победа од 4-2 над Стеауа Букурешт. Конечно, Видука го започнал и финалето против Севиља на Филипс стадионот во Ајндховен, во кое сепак тој не успеал да се впише во листата на стрелците откако шпанците се покажале како пресилен противник и победиле со високи 0-4. Со неговите 6 гола, тој бил втор стрелец во Купот на УЕФА за сезоната, заостанувајќи само зад Матијас Делгадо од Базел - кој имал гол повеќе. Вкупно сезоната ја завршил со 15 гола.

Во август 2006 година, тој бил награден со дресот со број 9 во Мидлсбро, неговиот префериран број во сите претходни клубови. Третата сезона на Видука во Боро била неговата најплодна, постигнувајќи 19 гола во сите натпреварувања. Со оглед на тоа што неговиот договор требало да истече на крајот на сезоната 2006-2007, менаџерот на Мидлсбро Гарет Саутгејт изразил интерес за задржување на Видука. Саутгејт ја повторил својата желба да ги задржи услугите на Видука и открил дека ќе му понуди нов договор. Со оглед на неговата одлична сезона, Видука привлекол интерес од голем број клубови кои се надевале дека ќе го доведат бесплатно откако тој ќе стане слободен играч. На крајот, тој одлучил да го одбие новиот договор кој му бил понуден од Мидлсбро и да стане слободен по истекот на важечкиот во изборот на својот нов клуб во летото 2007 година.

Видука е до денес најдобар стрелец на Мидлсбро во историјата на Риверсајд стадионот,[15] а исто така е рекордер по бројот на постигнати голови (8) во дресот на Мидлсбро во европските натпреварувања.

Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Видука на загревање со Њукасл во 2007 година

На 7 јуни 2007 година, како слободен играч Видука му се приклучил на Њукасл Јунајтед, станувајќи првото засилување на нивниот нов менаџер Сем Алардајс. Тој потпишал две годишен договор, со опција за трета, доколку двете страни бидат задоволни од соработката. Дебитирал за Њукасл во натпревар од Премиер лигата против Болтон на 11 август, а својот прв гол го постигнал на 26 август - во третиот свој натпревар за страчките - против неговиот поранешен клуб Мидлсбро.

На 23 септември, тој постигнал уште два гола против Вест Хем Јунајтед за да ја зголеми својата сметка до три гола за Њукасл. На 23 декември, тој повторно постигнал два гола со кој го спасил својот клуб од пораз на домашен терен од "фенерџијата" Дерби Каунти. По повредата што ја имал на почетокот на новата година, Видука бил вратен назад во составот од страна на новиот менаџер Кевин Киган, каде играл во нападот како дел од формацијата 4–3–3 заедно со Мајкл Овен и Обафеми Мартинс. Оваа нова формација донела промена на среќата за Њукасл, бидејќи тројцата напаѓачи го спасиле клубот од битка за испаѓање, со тоа што Видука постигнал уште два гола во остатокот од сезоната и асистирал за уште неколку за Мартинс и Овен пред да се здобие со повреда на ахиловата пета пред последниот натпревар во сезоната.

Видука се вратил на терен по повредата после шест месеци пауза во дуелот против поранешниот клуб Мидлсбро, влегувајќи како замена за Мартинс на 29 ноември 2008 година. Ова било големо олеснување за менаџерот Џо Кинар, кој изјавил дека претходно се плашел дека кариерата на австралиецот може предвреме да биде прекината од неговите проблеми со повредите.[16] Подоцна, Кинир им кажал на новинарите дека Видука би можел да ја заврши својата кариера на крајот на сезоната 2008-2009. Видука, сепак, подоцна изразил желба да продолжи да игра дури и откако се здобил со повреда на препоните кон крајот на декември.[17] По враќањето од повредата, тој веднаш бил искористен од новоназначениот менаџер Алан Ширер во обид да се спречи испаѓање на тимот. Откако бил избран за играч на натпреварот во победата од 3-1 против Мидлсбро, се чинело дека Марк го постигнал својот прв гол во сезоната против Фулам. Судијата на натпреварот Хауард Веб, сепак, пресудил дека Кевин Нолан го попречувал видикот на голманот Марк Шварцер и го поништил голот. Така, Видука ја завршил својата прва и единствена сезона во кариерата без постигнат гол, а Њукасл испаднал во Чемпионшип.

Веднаш по испаѓањето Њукасл ја одбил опцијата да му го продолжи договорот, а набргу потоа Видука објавил дека ја завршува својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Видука најпрво бил повикан во австралиската репрезентација под 20 години, а со оваа селекција настапил на Светското првенство во Катар во 1995 година и оставил одличен впечаток со 4 гола на 4 натпревари.

Својот прв настап за сениорската репрезентација на Австралија го имал во пријателски натпревар против Јужна Африка во јуни 1994 година, на 18-годишна возраст. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал во октомври 1997, во победата со 3-0 над Тунис во пријателски натпревар.

Во 1996 година, бил повикан во олимписката репрезентација за олимпискиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри во Атланта. Видука постигнал еден гол на турнирот во победата со 2-1 над Саудиска Арабија, меѓутоа по поразите од Франција и Шпанија, Австралија била елиминирана уште по групната фаза.[18] Следната година бил дел од австралиската репрезентација која настапила на Купот на конефедерации. Таму постигнал гол во првиот натпревар на Австралија, победата со 3-1 над Мексико. Репрезентацијата стигнала до финалето на турнирот, каде биле поразени од Бразил со високи 6-0; Видука го започнал натпреварот во стартната постава на сокеросите, но бил исклучен откако добил директен црвен картон по само 24 минути игра.[19] Во 2000 година, тој настапил повторно на олимпискиот фудбалски турнир, но овојпат во неговата родна Австралија на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.

Во септември 2005, Видука бил назначен за капитен на репрезентацијата на Австралија заменувајќи го повредениот Крег Мур, кој дотогаш бил капитен на земјата. Во неговиот прв натпревар како капитен, Австралија ги победила Соломонските Острови со 7-0 во Сиднеј во квалификациите за Светското првенство 2006; во тој натпревар Видука постигнал два гола.[20] Селекторот Гус Хидинк одлучил Видука да ја задржи капитенската лента и по враќањето на Мур во екипата. Во ноември 2005, Австралија го одиграла двомечот против Уругвај во интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство 2006. Во реваншот, во текот на првото полувреме, Видука со пета го проиграл Хари Кјуел во шеснаесетникот кој пробал да шутира, но топката се одбила до Марк Брешано кој ја сместил во мрежата. Голот го одвел баражот во продолженија, а потоа и до изведување на пенали.[21] Видука бил единствениот австралиец кој промашил, но и покрај тоа Австралија била подобра со 4-2 на пенали и се пласирала на Светското првенство во Германија, што им се случило за првпат по 32 години пауза.

На 21 мај 2006, Видука бил повикан за Светското првенство на кое настапил како капитен. Тој ги одиграл сите четири натпревари на својата земја на турнирот, а Австралија била елиминирана од подоцнежниот шампион Италија во осминафиналето.

Следната година како капитен ја претставувал Австралија на Азискиот куп, во првото учество на оваа земја на ова натпреварување. Тој постигнал гол во поразот од Ирак со 3-1 во групната фаза, а потоа постигнал и два гола во круцијалната победата со 4-0 над Тајланд која на Австралија и дала влез во четвртфиналето. Сепак, токму во таа фаза сокеросите биле елиминирани на пенали од Јапонија откако по регуларното време и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.

По Азискиот куп се појавиле прашалници околу неговото продолжување на репрезентативната кариера.[22][23] Сепак, проблемите со повредите и не можноста да игра стандардно за својот клуб Њукасл Јунајтед довеле до тоа тој никогаш повеќе да не го облече австралискиот дрес. Иако веќе една година претходно објавил крај на својата играчка кариера, се појавиле шпекулации дека тој можеби ќе биде повикан во репрезентацијата за Светското првенство 2010, но тоа сепак не се случило.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Австралија Мелбурн Најтс[уреди | уреди извор]

1994-1995
1994-1995

Хрватска Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

1995–1996, 1996–1997, 1997–1998
1995–1996, 1996–1997, 1997–1998

Шкотска Селтик[уреди | уреди извор]

1999-2000

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Австралија Австралија 20[уреди | уреди извор]

1994

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2000
2000
2000
  • Најдобар стрелец во НСЛ: 2
1993–1994, 1994–1995
  • НСЛ Играч на годината (под 21 година) : 2
1993–1994, 1994–1995
1993–1994, 1994–1995
1999–2000

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 20 ноември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992-1993 Австралија Мелбурн Најтс НСЛ 4 2 НК 0 0 - - - - - - 4 2
1993-1994 НСЛ 20 17 НК 2 1 - - - - - - 22 18
1994-1995 НСЛ 24 21 НК 3 6 - - - - - - 27 27
Вкупно Мелбурн Најтс 48 40 5 7 - - - - 53 47
1995-1996 Хрватска Кроација Загреб 1.ХНЛ 27 12 КХ 2 0 - - - - - - 29 12
1996-1997 1.ХНЛ 25 18 КХ 3 2 КУ 2 3 - - - 30 23
1997-1998 1.ХНЛ 25 8 КХ 5 2 ЛШ+КУ 4[24]+4 1[24]+1 - - - 38 12
авг. - дек. 1998 1.ХНЛ 7 2 КХ 0 0 ЛШ 5[25] 0 - - - 12 2
Вкупно Кроација Загреб 84 40 10 4 15 5 - - 109 49
дек. 1998-1999 Шкотска Селтик ШПЛ 9 5 КШ 2 3 - - - - - - 11 8
1999-2000 ШПЛ 28 25 КШ+ЛКШ 1+4 0+1 КУ 4[26] 1[27] - - - 37 27
Вкупно Селтик 37 30 7 4 4 1 - - 48 35
2000-2001 Англија Лидс Јунајтед ПЛ 34 17 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 ЛШ 16[25] 4 - - - 53 22
2001-2002 ПЛ 33 11 ФАКуп+ЛК 1+1 1+1 КУ 7 3 - - - 42 16
2002-2003 ПЛ 33 20 ФАКуп+ЛК 4+1 2+0 КУ 2 0 - - - 36 20
2003-2004 ПЛ 30 11 ФАКуп+ЛК 1+0 1+0 - - - - - - 31 12
Вкупно Лидс Јунајтед 130 59 11 6 25 7 - - 166 72
2004-2005 Англија Мидлсбро ПЛ 16 5 ФАКуп+ЛК 2+1 0 КУ 4 2 - - - 23 7
2005-2006 ПЛ 27 7 ФАКуп+ЛК 5+2 2+1 КУ 9 6 - - - 43 16
2006-2007 ПЛ 29 14 ФАКуп+ЛК 7+1 5+0 - - - - - - 37 19
Вкупно Мидлсбро 72 26 18 8 13 8 - - 103 42
2007-2008 Англија Њукасл Јунајтед ПЛ 26 7 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 28 7
2008-2009 ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 12 0
Вкупно Њукасл Јунајтед 38 7 2 0 - - - - 40 7
Вкупно во кариерата 409 202 53 29 57 21 - - 519 252

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

[28]

Австралија
Година Настапи Голови
1994 2 0
1995 0 0
1996 0 0
1997 10 2
1998 2 0
1999 0 0
2000 2 0
2001 3 0
2002 0 0
2003 3 1
2004 2 0
2005 7 3
2006 6 0
2007 6 5
Вкупно 43 11

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Марк Видука“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 12 March 2017.
  2. „Middlesbrough FC“. UEFA.com. Посетено на 9 февруари 2014.
  3. The Away Game by Matthew Hall, pag. 45
  4. Radbourne, Lucas. „VIDUKA NOW A ZAGREB COFFEE SHOP OWNER: 'MY ONLY PRESSURE IS MAKING A GOOD BREW'. Посетено на 6 April 2020.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Viduka, gigante australiano“. Kom.it.
  6. „Player Of The Year Awards“ (англиски). OzFootball.net.
  7. „Viduka rejected Celtic“. BBC Sport. bbc.co.uk. 10 July 2004. Посетено на 6 May 2008. Viduka enjoyed a successful spell at Parkhead, despite a rocky start which saw him walk out four days after signing due to stress.
  8. „Celtic 2 Dundee United 1“. Sporting Life. 27 February 1999. Посетено на 21 August 2010.
  9. McKinney, David (8 March 1999). „Viduka goals send Celtic cruising through“. The Independent. London, UK. Посетено на 21 August 2010.
  10. „2000-02-08: Celtic 1-3 Inverness Caledonian Thistle, Scottish Cup - The Celtic Wiki“. Thecelticwiki.com. Посетено на 17 January 2018.
  11. „When Mark Viduka Scored 4 in a Famous Leeds Win Over Liverpool“. football-news24. 4 ноември 2020. Посетено на 16 ноември 2020.
  12. „Leeds thrash Charlton“. BBC News. 5 April 2003.
  13. #OnThisDay: United Are Safe! Arsenal 2 Leeds United 3
  14. „Viduka signs for Middlesbrough“. The Guardian. 8 July 2004. Посетено на 21 May 2020.
  15. „Viduka makes switch to Newcastle“. BBC Sport. bbc.co.uk. 7 June 2007. Посетено на 17 January 2018.
  16. „Kinnear feared for Viduka“. Skysports.com. Посетено на 17 January 2018.
  17. „Viduka aims to play on“. Skysports.com. Посетено на 17 January 2018.
  18. „Olyroos 1996 Matches“. Ozfootball.net. Посетено на 17 January 2018.
  19. FIFA.com. „FIFA Confederations Cup Saudi Arabia 1997 - Teams - Australia - FIFA.com“. FIFA.com. Посетено на 17 January 2018.
  20. „Viduka stars in easy win for Socceroos“. Abc.net.au. 3 September 2005. Посетено на 17 January 2018.
  21. „Greatest Socceroos moments in Australia – Bresciano stuns Uruguay“. Socceroos. Посетено на 17 January 2018.
  22. „Viduka faces Australia decision“. News.bbc.co.uk. BBC News. 22 July 2007. Посетено на 17 January 2018.
  23. "Viduka mulls over Australia decision", Australian Broadcasting Corporation news website, 23 July 2007; [1]
  24. 24,0 24,1 Во квалификациските кола.
  25. 25,0 25,1 2 настапи во квалификациските кола.
  26. 1 настап во квалификациските кола.
  27. 1 гол во квалификациските кола.
  28. Марк Видука на National-Football-Teams.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]