Прејди на содржината

ХНК Хајдук Сплит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајдук Сплит
Целосно имеХНК Хајдук Сплит
ДржаваХрватска Хрватска
ПрекарБили (Бели)
Мајстори с мора (Мајстори од морето)
Основан13 февруари 1911
СтадионСтадион Пољуд
Сместивост35.000
ПретседателХрватска Иван Кос
ТренерИталија Џенаро Гатузо
Лига1. ХНЛ
2023–20243. место
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ХНК Хајдук Сплит (хрватски: Hrvatski nogometni klub Hajduk Split) e фудбалски клуб од Сплит, Хрватска. Тоа е најпопуларната спортска екипа во Сплит и една од најпопуларните во Хрватска. Клубот е основан во февруари 1911 во Прага од страна на студенти од Сплит. Во 2011 година Хајдук го одбележил 100-годишното постоење на клубот со голема прослава.

Во својата историја има освоено 17 државни првенства и 14 купови, a најголеми европски успеси му се трите четвртфиналиња во Шампионската лига и по едно полуфинале во УЕФА Купот и Купот на Победниците на Куповите.

Најлут противник на тимот е Динамо Загреб, со кој го игра популарното Вечно дерби. Меѓу другото овие два тима биле шампиони во 19 од вкупно 20-те одиграни првенства на Хрватска (Динамо 13 пати бил првак, Хајдук 6). Својте домашни натпревари Хајдук ги игра на стадионот Пољуд. Традиционално клубот најголема поддршка има во Далмација, но голем број на навивачи има и во останатите делови на Хрватска и во странство. Најголемата навивачка група, основана 1950 година, го носи името Торцида.

Југословенско првенство : 7

1950., 1952., 1954/55., 1970/71., 1973/74., 1974/75., 1978/79.

Хрватско првенство : 6

1992., 1993./94., 1994./95., 2000./01., 2003./04. и 2004./05.

Куп на Хрватска : 8

1992./93., 1994./95., 1999./00., 2002./03., 2009./10., 2012./13., 2021./22., 2022./23.

Суперкуп на Хрватска : 6

1992., 1992/93., 1993/94., 1994/95., 2003/04., 2004/05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]