Шон Пен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шон Пен (англиски: Sean Penn) (17 август 1960, Лос Ангелес, Калифорнија, САД) - американски филмски глумец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1985 година, Шон Пен се оженил со музичката ѕвезда Мадона со која имал бурен брак, а во 1987 година одлежал и затворска казна од 33 дена, затоа што удрил еден обожавател, кој премногу се доближил до неговата сопруга. Следната година, Мадона повикала полиција, откако Пен ја нападнал физички, а во 1989 година, нивниот брак пропаднал. Пен по вторпат се оженил во 1996 година со актерката Робин Рајт, а по свадбата, тие се преселиле во едно предградие во Северна Калифорнија, со цел да живеат мирен живот, надвор од очите на јавноста. Нивниот брак завршил со развод во 2010 година, а од него произлегле ќерката Дилан и синот Хопер. Подоцна, Пен стапил во врска со актерката Шарлиз Терон.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Шон Пен се појавил во јавноста во 1980-тите години, како дел од генерацијата која ја сочинуваа Роб Лоу, Том Круз, Мет Дилон итн., а тој важел за „лошото момче“ во таа група, познат по тоа што возел мотор облечен во кожна јакна, се расправал со режисерите и со филмските студија, а физички се пресметувал и со папараците. Сепак, обдарен со голем дарба, тој станал познат по својата методска и трпелива работа на улогите, на кои им се посветувал со месеци.

Пен има настапено во голем број филмови, а двапати ја добил наградата „Оскар“, и тоа, еднаш за улогата во филмот „Мистична река“, а вториот пат за улогата во филмот „Милк“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Вљубен сум во Шарлиз, би се женел и третпат“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 10-11.
  2. Наташа Спирова, „Вљубен сум во Шарлиз, би се женел и третпат“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 10-11.