Владимир Турина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Турина
Роден 1913, 6(6-Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „ф“-1913)
Бања Лука, Австроунгарија
Починал октомври 22, 1968(1968-10-22)
Загреб, СФР Југославија
Занимање архитект

Владимир Турина (Бања Лука, 6 февруари 1913Загреб, 22 октомври 1968) бил југословенски и хрватски архитект.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 6 февруари 1913 година во Бања Лука. Завршил гимназија во Сараево 1931 година. Дипломирал 1936 на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Загреб. Од 1946 бил хонорарен наставник, од 1948 предавач, од 1949 доцент, а од 1959 година вонреден професор на Архитектонско-градежнишно-геодетски факултет (од 1962 Архитектонски факултет).[1] Пред Втората светска војна ја завршил сопствената вила во Јурјевската улица бр. 60 во Загреби зградата Приморска бановина во Сплит. Изработил конкурсни проекти за „Напретковиот ученички дом” (1936), „Обртничка комора” (1937, еден од трите први наградени дела), „Офицерски дом” (1939) и Спортски парк на реката Сава во Загреб (1941, една од двете први награди), „Судската палата во Сплит” (1939), хотелот на Плитвички Езера (1941) и за Сеучилишна клиника на загребската Шалата (1941, заедно со Ф. З. Тишин, прва награда).[1]

Истовремено учествувал на конкурсите за зградата на „Државниот монопол” (1938, друга награда), „Палата Албанија” (1938, со Врбаниќ и Д. Болтар) и зградата на Државната опера во Белград (1940, со Х. Готвалд) со која како победник на меѓународниот конкурс првпат го свртува вниманието, и во таа прилика го пишува текстот за новиот вид на современ театар, залагајќи се за поблизок контакт со публиката. После Втората светска војна продолжува да се занимава со архитектура на јавни згради, како и на нивните нови функции, и да создава низ иновативните проекати, од кои само неколку се довршени.

Се истакнал со студиските решенија на театарските згради и оригиналните идеи на спортските објекти.[2] Посебно тоа очигледно во неговиот делумно изведен проект за стадионот во Загреб. Тоа бил прв во низа на проектите на спортска архитектура со кои се занимавал, а со проектантите на стадионот биле Еуген Ерлих и Фрањо Нидхардт.[3] Северната трибина на Максимир е изградена во 1955 година, а пота Турината кој за својата вредна работа ја добил и наградата на олимпските изложби на спортската архитектура со почетокот на 1960-ите, уморен и разочаран од обидот на интервенцијата кои ја нарушиле неговата идеја, пак го напуштил горниот тог на објектот.[4] Направил проект од комбиниран базен на Реката Сушак (1946–49, прва награда), а едно е од најпознатите утописки архитектонски дела во Југославија.[1] Го изработил и станбениот објект, повеќеспратницата во Крижаниќевата улица бр. 11 (1953–56), а спрема неговиот идеен проект е соградена спортската сала на денешниот Тргот на Крешимир Ќосиќ (1964–72). Објавувал чланки во часописите, како и низ чланците на тема хумани амбиенти во современиот урбанизм и архитектура.

Како наставник на катедрата за архитектонски дизајн, се заземал за целосен пристап на архитектурaта, нагласувајќи го нејзиниот технички и визуелно-просторен карактер; предавал на европските универзитети.[2] Умрел во Загреб на 22 октомври во 1968 година во 55 година. Во Загреб неговите дела се посмртно изложени на изложбите на модерна архитектура на Загреб помеѓу двете војни (1976) и во педесеттите години на хрватската уметност (2004), а самостојни изложби имал во 1972 година во Галеријата на современата уметност, 2005 во галерија Модулор и 2006 во Музејот на градот Загреб,[5] каде се наоѓа поголем дел од неговата архива.

Проекти[уреди | уреди извор]

  • Вила во Евреската улица (1939)
  • Стадион Максимир (1946–62)
  • Центар за заштита на мајка и дете во Клаиќевата улица (1955)
  • Станбена зграда во Крижаниќевата улица (1956)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „TURINA, Vladimir - Hrvatski biografski leksikon“. hbl.lzmk.hr. 20 ноември 2019. Посетено на 20 ноември 2019.
  2. 2,0 2,1 „Vladimir Turina“. arhitekt.hr. 20 ноември 2019. Посетено на 20 ноември 2019.
  3. „Povijest stadiona“. povijest.gnkdinamo.hr. 20 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-10-31. Посетено на 20 ноември 2019.
  4. „Dinamov stadion: Nijedna ideja oko njega nije uspjela“. express.hr. 20 ноември 2019. Посетено на 20 ноември 2019.
  5. „Iskorak Vladimira Turine (iz fundusa Muzeja grada Zagreba)“. mgz.hr. 20 ноември 2019. Посетено на 20 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]