Стадион Максимир

Координати: 45°49′7.89″N 16°1′5.08″E / 45.8188583° СГШ; 16.0180778° ИГД / 45.8188583; 16.0180778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион „Максимир“
Целосно име Стадион „Максимир“
Место Загреб, Хрватска
Координати 45°49′7.89″N 16°1′5.08″E / 45.8188583° СГШ; 16.0180778° ИГД / 45.8188583; 16.0180778
Отворен 5 мај 1912[1]
Реновиран 1997
Сопственик Град Загреб
Подлога трева
Игра Динамо Загреб Динамо Загреб (1949-денес)
 Хрватска (1990-денес)
Гледачи Концерти: 60,000
фудбал: 35,123[2]

Стадион Максимир — повеќенаменски стадион кој се наоѓа во ЗагребХрватска. На овој стадион своите домашни натпревари ги играат ГНК Динамо и Фудбалската репрезентација на Хрватска. Стадионот се наоѓа во населбата Максимир. Официјално бил отворен на 5 мај 1912 година. Во текот на 87 години, тој бил реновиран на неколкупати.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот за првпат се отворил на 5 мај 1912. На 26 мај 1941 година, претставник на фашистичката власт на Независната држава Хрватска се обратил на младите ученици во Загреб на состанокот на стадионот Максимир, и во еден момент наредил на сите српски и еврејски студенти да бидат сегрегирани. Набргу потоа, во јуни 1941 година, група од млади луѓе го запалиле стадионот на долниот дел.

На Европското првенство на УЕФА Еуро 1976 кое било одржано во СФР Југославија, град-домаќин бил и стадионот Максимир на полуфиналниот натпревар помеѓу Холандија и Чехословачка, како и за третото место на првенството.

Максимир бил централно место на Летната универзијада во 1987 година, хостиран од страна на градот Загреб.

Во 1990 година, неколку настани се случиле на Максимир. На 13 мај се случил тежок инцидент на натпреварот Динамо Загреб - Црвена Ѕвезда, со голем број срамни немири во кои инволвирани биле навивачите на двете страни. На последниот натпревар на Фудбалската репрезентација на Југославија домаќин бил стадионот Максимир на 3 јуни 1991 година. На 17 октомври истата година, Хрватска го одиграла својот прв натпревар во модерната ера како самостојна држава.

Во 1998 година биле направени планови за масовен процес на реновирање, а првата фаза започнала истата година, кога старата северна трибина била срушена додека новата била изградена во рок од една година. Ова реновирање ја зголемило сместивоста за седење на Максимир на 38.079 гледачи.

Од 1992 година, следните 16 години хрватскиот фудбалска репрезентација имал горд рекорд на непоразен тим на овој стадион, сè до натпреварот на 10 септември 2008 година (две години откако доживеал пораз од 2-0 на исто место) од Англија, станувајќи првиот тим кој ја победил Хрватска во Загреб, и тоа со резултат од 4-1, при што бил ставен крај на триесет натпревари непоразена на домашен терен хрватската репрезентација.

Во текот на летото на 2011 година, стадионот доживеал неколку промени од типот на менување на седишта, нов систем за одводнување, под почвата биле инсталирани греење и автоматско наводнување, заедно со нова трева, атлетската патека била покриена со сино вештачка трева и сите тули површини се покриени со сина ткаенина.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]