Прејди на содржината

Васил Рингов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Рингов
Лични податоци
Полно име Васил Рингов
Роден на 17 април 1955(1955-04-17)(70 г.)
Роден во Струмица, НР Македонија, ФНРЈ
Позиција среден ред
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1973–1975 Партизан Белград 2 (0)
1975–1977 Тетекс 45 (16)
1977–1983 Вардар 154 (69)
1983–1984 Динамо Загреб 12 (3)
1984–1986 Вардар 56 (23)
1985–1986 Ајнтрахт Брауншвајг 4 (0)
1986–1987 Вардар 4 (1)

Васил Рингов (р. 17 април 1955) — македонски и југословенски поранешен фудбалер.

Роден во Струмица (НР Македонија, ФНРЈ), тој е сметан за еден од најдобрите македонски фудбалери досега, заедно со победникот на Златната копачка, Дарко Панчев. Тој започнал да игра додека сè уште бил тинејџер за Беласица Струмица, каде што после тоа се преселил во белградскиот гигант Партизан, но откако не добил многу шанса во Белград, се преселил во Втората југословенска лига во екипата на Тетекс каде подоцна станал главна ѕвезда на клубот. После две години, тој го привлекол вниманието на другиот македонски клуб во Втората лига, скопски Вардар. По одиграни две сезони, Вардар со помош на Рингов се вратил во Првата југословенска лига, каде настапувал во текот на поголемиот дел од осумдесеттите. Тој станал главен играч во клубот, настапувајќи до 1986 година на повеќе од 200 лигашки натпревари и постигнувајќи 93 лигишки голови. Во Скопје, Рингов го одиграл најголемиот дел од својата кариера, со исклучок на кратката полусезонска магија во Динамо Загреб, а близу крајот на неговата играчка кариера, уште една полусезонска магија, овој пат во Бтората бундеслига, во екипата на Ајнтрахт Брауншвајг.[1]

  1. „Ringov, Vasil“ (германски). kicker.de. Посетено на 4 May 2013.