ФК Тетекс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Тетекс
Амблемот на ФК Тетекс
Целосно име ФК Тетекс Тетово
Прекар(и) штофари, бели
Основан 1953; пред 64 години (1953)
Стадион АМС Тетово
Капацитет 2,000
Претседател Стево Алампиоски
Тренер Горазд Михајлов
Лига Втора македонска лига (Запад)
2016/2017 8ми
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Тетекс е фудбалски клуб од Тетово, Македонија, кој моментално игра во Втората македонска фудбалска лига и е двократен шампион во Купот на Македонија. Моментално Тетекс своите натпревари ги игра на АМС спортскиот центар во Тетово.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Тетекс е фудбалски тим од Тетово, оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс е комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на ФК Љуботен претежно беше составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Тетекс моментално игра во Првата Македонска лига, со амбиции да прерасне во стабилен прволигаш кој во иднина ќе игра и во европските купови. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за прв пат стана шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освои Купот. [1]

Навивачи[уреди | уреди извор]

Навивачите на ФК Тетекс се познати под името „Војводи“ и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како „Војводи Југ“ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навијачка група се бела и сина. Мотото на Војводите е „Со верба во Бог - војводи до гроб“. Официјално мрежно место на навивачите е vojvodi.com.

Состав[уреди | уреди извор]

Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:

Име Позиција Роден Држава
Љупчо Кметовски голман 8 јули 1972 (37 години) Македонија Македонија
Марко Јованоски голман 24 јули 1988 (22 години) Македонија Македонија
Димитар Петровски голман 23 мај 1990 (19 години) Македонија Македонија
Даниел Јовановски Шиш одбрана Македонија Македонија
Марјан Белчев
Ненад Мишковски одбрана 26 декември 1986 (22 години) Македонија Македонија
Сашко Ристов одбрана Македонија Македонија
Драган Наумовски среден ред 19 јули 1984 (25 години) Македонија Македонија
Мирослав Јовановски среден ред 13 мај 1991 (18 години) Македонија Македонија
Александар Урошевиќ среден ред 14 септември 1990 (18 години) Македонија Македонија
Дарко Савевски среден ред 21 јуни 1971 (38 години) Македонија Македонија
Димче Ристевски среден ред 6 ноември 1982 (26 години) Македонија Македонија
Срѓан Захариевски среден ред 12 септември 1973 (35 години) Македонија Македонија
Оливер Пеев среден ред 6 август 1987 (23 години) Македонија Македонија
Ивица Глигоровски напад 15 април 1981 (29 години) Македонија Македонија
Живорад Радониќ напад 2 октомври 1984 (24 години) Македонија Македонија
Александар Стојановски напад 4 април 1984 (25 години) Македонија Македонија
Генц Исени напад 28 март 1984 (26 години)  Косово

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

Име Функција
Горазд Цветковски шеф на стручен штаб
Борче Мирчевски тренер
Жарко Стојановски тренер
Дарко Марковиќ лекар
Јовица Илиевски физиотерапевт
Дончо Николовски физиотерапевт

Собрание на ФК Тетекс[уреди | уреди извор]

ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски,Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]