Лука Модриќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хрватска Лука Модриќ
Luka Modric playing for Spurs in November 2010
Лични податоци
Роден на 9 септември 1985 (1985-09-09) (воз. 31 г.)
Роден во Задар, СФРЈ
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 19
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2004 Динамо Загреб Динамо Загреб 112 (31)
2003-2004 Зрињски 22 (8)
2004-2005 Интер Запрешич Интер Запрешич 18 (4)
2008-2012 Тотенхем Тотенхем 127 (13)
2012- Реал Мадрид Реал Мадрид 115 (7)
Репрезентација
2006- Хрватска Хрватска 90 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Лука Модриќ (хрватски: Luka Modrić, Задар, 9. септември 1985) е хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Реал Мадрид и на хрватската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Фудбалската кариера ја започнал во младите категории на фудбалскиот клуб Задар, а во 2000 година се преселил во Динамо каде, преку позајмиците во Зрињски од Мостар и Интер од Запрешиќ, се изборува за место во првите единаесет на загрепските сини. Со Динамо освоил три титули по ред државен првак во 2006, 2007 и 2008 и две титули победник на Купот на Хрватска во 2007 и 2008 година. На тоа придодал и еден освоен Суперкуп во 2006 година. Истотака тој бил добитник на наградата Спортски новости за најдобар играч на Првата Хрватска фудбалска лига, која му е доделена во 2008 година. Добитник бил и на наградата за најголема надеж на хрватскиот фудбал која му била доделена на 21 декември 2004 од страна на весникот Вечерњи лист.

На 15 мај 2008, Модриќ потпишал за англискиот премиерлигаш Тотенхем за сума од 16,5 милиони фунти, со што го изедначи рекордниот износ на трансфер-сума која оваа екипа ја има платено за еден играч, претходно тоа бил напаѓачот Дарен Бент. Иако веднаш по доаѓањето во клубот од Лондон не ги покажал својте квалитети и не играл толку добро, по смената на менаџерската позиција и доаѓањето на Хари Реднап, Модриќ станал клучен играч за својата екипа и постојан стартер во стартната постава на петлите. Првиот значаен успех со лондонскиот клуб го направил веќе во својата прва сезона кога Тотенхем стигнал до финалето на Лига купот, но таму загубиле на пенали од Челси.

На 27 август 2012, се преселил во Реал Мадрид за 30 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор со кралскиот клуб. Своето деби го направил во реваншот од Суперкупот на Шпанија против Барселона, влегувајќи во 83-тата минута на местото на Месут Езил. Реал Мадрид го освоил Суперкупот, а Модриќ го освоил својот прв трофеј со новиот клуб, само 36 часа по потпишувањето на договорот.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

За хрватската фудбалска репрезентација настапил на Светското првенство 2006-тата во Германија и на Европското 2008-ма година во Австрија и Швајцарија. Со одличнитe игри во националниот дрес го заслужува епитетот за најважен игра на селекторот Славен Билиќ.

Титули[уреди | уреди извор]

Хрватска Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]