Ален Бокшиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ален Бокшиќ
Alen Bokšić
Лични податоци
Роден на 21 јануари 1970 (1970-01-21) (49 г.)
Роден во Макарска, СФРЈ
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1991 Хајдук Сплит 174 (60)
1991-1992 Кан 1 (0)
1992–1993 Марсеј 58 (33)
1993-1996 Лацио 67 (17)
1996-1997 Јувентус 22 (3)
1997-2000 Лацио 48 (14)
2000-2003 Мидлсбро 68 (22)
Репрезентација
1993-2002 Хрватска 40 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Ален Бокшиќ (роден на 21 јануари 1970) е поранешен хрватски фудбалер, кој настапувал на позицијата напаѓач. Тој бил познат по својата техника и се смета за еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња. Во 1993 година Бокшиќ завршил на четвртото во гласањето за Европски фудбалер на годината. Истата година тој бил прогласен за хрватскиот фудбалер на годината. Тој во својата кариера ги освоил насловите во Лигата на шампионите со екипата на Олимпик Марсеј и италијанската Серија А со Лацио и Јувентус. Бокшиќ истотака е прогласен за еден од најдобрите странци во историјата на Серија А. Тој исто така бил еден од асистентите на поранешниот селекторот на хрватската репрезентација, Игор Штимац.

Кариера[уреди | уреди извор]

Хајдук Сплит[уреди | уреди извор]

Бокшиќ е роден во Макарска и ја започна својата кариера во клубот Змај од Макарска. Како млад играч тој се преселил во Хајдук Сплит и бил воведен во првиот тим (за кој играл во периодот 1987-1991). Со Хајдук, тој го освоил Купот на Југославија во 1987 и 1991 година. Во 174 натпревари за Хајдук, тој постигнал 60 голови. Бокшиќ постигнал гол и во финалето на Југословенскиот куп 1991 година против Црвена Ѕвезда, и тоа гол што се покажал победнички за неговиот тим. Тоа бил воедно и последниот гол постигнат некогаш во Купот на Југославија, откако земјата се раздвоила само неколку месеци после тоа.

Олимпик Марсеј[уреди | уреди извор]

Тој се пресели во Кан во Франција (1991-1992), но бил оневозможен од повреди и одиграл само еден натпревар за целата сезона. Во летото 1992 година, тој бил ангажиран од страна на францускиот гигант Олимпик Марсеј. Во својата единствена целосна сезона со Марсеј (1992-1993), тој бил најдобар стрелец во Лига 1, со постигнати 23 гола. Таа сезона тој го освоил првенството во францускиот шампионат. Но неговиот најголем успех со клубот дошол во мај 1993 година, кога Олимпик Марсеј го победил Милан и ја освоил титулата во Лигата на шампионите. Бокшиќ бил најдобар стрелец на клубот и во ова натпреварување, постигнувајќи 6 гола во сезоната 1992-93 во Лигата на шампионите. Тој одигра уште 12 натпревари во лигата за клубот на почетокот на сезоната 1993-1994, до декември 1993 година, кога направил трансфер во Лацио. Бокшиќ го напуштил клубот во пресрет на еден од најголемите клупски скандали во историјата. Во 1994 година, поради финансиски нерегуларности и скандал со наместен натпревар во кој бил вклучен тогашниот претседател Бернард Тапије, клубот бил административно исфрлен во втората лига.

Лацио[уреди | уреди извор]

По пристигнувањето во Лацио во Италија во 1993 година, Бокшиќ бил изгласан за четврти во изборот за Европски фудбалер на годината во 1993 година, зад победникот Роберто Баџо, Денис Бергкамп и Ерик Кантона. Во неговата прва половина од сезоната со Лацио, Бокшиќ се појавил во 21 натпревар од Серија А, и постигнал 4 гола помагајќи му на Лацио да заврши 4-ти. Во сезоната 1995-96 Лацио бил раководен од Зденек Земан и Бокшиќ одиграл важна улога во клупскиот најдобар резултат во Серија А уште од 1974 година, кога завршиле на 2. место (овој пат биле 3-ти). Бокшиќ бил дел од напаѓачкото трио кое добило многу пофалби формирано од страна на него, Џузепе Сињори и Пјерлуиџи Казираги. Тој постигнал вкупно 9 гола во сезоната 1995-1996 во Серија А.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во летото 1996 година тој потпишал за Јувентус. Клубот кој бил раководен од Марчело Липи. За време на неговата една сезона со клубот успеал да освои три титули, откако Јувентус триумфирал во Серија А, Интерконтиненталниот куп и УЕФА Суперкупот. Клубот исто така стигнал до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 1996-97, но го загубил натпреварот од Борусија Дортмунд. Бокшиќ играл до 88 минута од натпреварот, како партнер во нападот на Кристијан Виери. Тој бил најдобар стрелец на клубот во оваа конкуренција со 4 постигнати голови. Тој исто така постигнал 3 гола во нивниот пат кон насловот во Серија А.

Враќање во Лацио[уреди | уреди извор]

Бокшиќ се вратил во Лацио во 1997 година, кој сега бил со нов тренер Свен-Горан Ериксон. Во неговата прва сезона тој постигнал 10 гола во Серија А, а Лацио завршил дури на 7-то место. Ова бил разочарувачки резултат за Лацио, но тие успеале да стигнат до финалето од Купот на УЕФА и да победат во Купот на Италија. Во сезоната 1998-99, Лацио завршил на 2. место во лигата и го освоил Купот на победниците на куповите. Бокшиќ направи само 3 настапи во Серија А поради неговата повреда. Сезоната 1999-2000 била најдобрата за Бокшиќ во Лацио, така што тој ги освоил двете највредни домашни трофеј Серија А и Италијанскиот куп. Бокшиќ постигнал 4 гола на патот кон Скудетото. По шест години играње во Серија А, тој одлучил да ја напушти Италија.

Во 2010 година, Бокшиќ бил изгласан за број 32 на листата на најдобрите странски играчи во историјата на Серија А.

Мидлзборо[уреди | уреди извор]

По неговиот престој во Лацио, тој го изненадил фудбалскиот свет со потпишувањето со англискиот клуб Мидлсбро во Премиер лигата за сума од 2.500.000 £. Тој одиграл три сезони во дресот на Мидлсбро во кој во 68 натпревари во Премиер лигата постигнал 22 гола. Во својата прва сезона во клубот (2000-01) бил избран од фановите за Играч на клубот на годината.

Неговиот последен гол за Мидлсбро дошол во незаборавната победа од 3-1 над Манчестер Јунајтед на Риверсајд на 26 декември 2002 година.

На 1 февруари 2003, Бокшиќ го објавил своето повлекување од фудбалот на возраст од 33 години, како резултат на серијата на повреди едноподруго поради кои неговите настапи на Риверсајд биле ограничени.

Титули[уреди | уреди извор]

Федерална Република Југославија Хајдук[уреди | уреди извор]

Франција Марсеј[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]