Прејди на содржината

Марцело Брозовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска Марцело Брозовиќ
Лични податоци
Полно име Марсело Брозовиќ[1]
Роден на 16 ноември 1992(1992-11-16)(32 г.)[1]
Роден во Загреб, Хрватска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Наср Ал-Наср
Број 77
Младинска кариера
Хрватски Драговољац Хрватски Драговољац
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2011 Хрватски Драговољац Хрватски Драговољац 22 (1)
2011-2012 Локомотива Локомотива 33 (5)
2012-2015 Динамо Загреб Динамо Загреб 64 (9)
2015-2023 Интер Интер 261 (25)
2015- Ал-Наср Ал-Наср 4 (0)
Репрезентација
2009-2010 Хрватска Хрватска 18 4 (0)
2010-2011 Хрватска Хрватска 19 1 (0)
2011-2012 Хрватска Хрватска 20 5 (3)
2011-2013 Хрватска Хрватска 21 12 (7)
2014- Хрватска Хрватска 87 (7)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Марцело Брозовиќ (роден на 16 ноември 1992 година) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Интер и на хрватската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Брозовиќ е роден во Загреб и ја започнал својата фудбалска кариера во младинската школа на Хрватски Драговољац. За време на сезоната 2010-2011, станал професионалец и одиграл 22 натпревари и постигнал еден гол во Прва ХНЛ. По завршувањето на сезоната Хрватски Драговољац испаѓа во втората лига заземајќи го последното 16. место со само 23 освоени бода, а во текот на летото Брозовиќ го напуштил клубот.

Тој и се приклучил на екипата на Локомотива за оштета од околу 300.000 €. Тој бил еден од најстандарните играчи на клубот во сезоната 2011-2012, со 27 настапи и 4 постигнати гола му помогнал на клубот да избори опстанок. Следната сезона Брозовиќ исто така ја започнал одлично во дресот на Локомотива, постигнувајќи важен гол на гостувањето против Риека (2-2). Но, по само 6 одиграни натпревари во новата сезона стигнала понуда од Динамо Загреб што Брозовиќ не можел да ја одбие.

Своето деби за модрите го направил во натпреварот на домашен терен против Осиек (0-0), влегувајќи на местото на Мехмед Алиспахиќ на полувремето.[2] Својот прв гол за Динамо го постигнал на 14 април 2013, во победата над Интер Запрешиќ со 2-0. Во својата прва сезона одиграл 23 првенствени натпревари и постигнал 2 гола, а исто така имал и 6 настапи во Лигата на шампионите и еден во купот. Следната сезона за Брозвиќ била уште поуспешна и тој станал еден од клучните играчи на клубот. Својот прв погодок во европските натпреварувања го постигнал на 27 август 2013, во победата со 3-2 над Австрија Виена во квалификациите за Лигата на шампионите. Со 6 постигнати гола бил четврт стрелец на Динамо во првенствените натпревари за триото напаѓачи: Судани-Чоп-Фернандес.

Во летото 2014, после одличните настапи на Светското првенство 2014 се појавиле неколку заинтересирани клубови за Брозовиќ од кој најсериозни кандидати биле Севиља[3] и Тотенхем.[4] Сепак, ниту еден од тие трансфери не се остварил и Брозовиќ останал во Динамо.

На 24 јануари 2015, Брозовиќ се преселил во Интер на едно-и пол годишна позајмица со условна обврска за откуп.

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Брозовиќ ја претставувал Хрватска во селекциите под-18, под 19, под 20 и под 21 година. За последната селекција во текот на 2013 година, тој постигнал седум гола во исто толку настапи.

На 31 мај 2014 година, Брозовиќ бил вклучен во конечниот список на селекторот Нико Ковач за Светското првенство 2014[5] и го направил своето деби за сениорскиот тим на 7 јуни, откако започнал во победата со 1-0 против Австралија.[6]

Брозовиќ го направил своето деби на Светското првенство пет дена подоцна, играјќи во последните 26 минути во поразот со 1-3 од домаќинот.[7]

Хрватска Динамо Загреб

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 GNK Dinamo (уред.). „Marcelo Brozovic“. Посетено на 30 јуни 2014.
  2. Dinamo-Osijek 0-0
  3. „Brozovic stize u Sevillu kao zamjena za Rakitica“. Архивирано од изворникот на 2014-06-24. Посетено на 2014-06-30.
  4. Sevilla dobila konkurenciju: Tottenham želi dovesti Marcela Brozovića
  5. „World Cup 2014: Lovren and Jelavic in Croatia squad“. BBC Sport. 12 June 2014. Посетено на 29 June 2014.
  6. „Australia's 1-0 loss to Croatia was a step in the right direction ahead of the World Cup kick-off“. Herald Sun. 7 June 2014. Посетено на 29 June 2014.
  7. „Brazil 3–1 Croatia“. 12 June 2014. Посетено на 29 June 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]