Прејди на содржината

ХНК Риека

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Риека)
Риека
Целосно имеХрватски фудбалски клуб Риека
ДржаваХрватска Хрватска
ПрекарРиечки Бели
Основан1906 (како Олимпиа)
ЛокацијаРиека, Хрватска
СтадионСтадион Рујевица
Капацитет8,279
ПретседателХрватска Дамир Мишковиќ
ТренерХрватска Фаусто Будицин
ЛигаПрва ХНЛ
2021–22Прва ХНЛ, 4-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ХНК Риека е хрватски фудбалски клуб од градот Риека. Тој е еден од најуспешните хрватски клубови по традицијата и значењето во хрватскиот фудбал.

Клубот е основан во 1906 како СК Олимпија.[1] Досега Риека има освоено една титула шампион на Хрватска и 8 национални купа (2 Купа на Југославија и 6 Купа на Хрватска), и еден Балкански куп освоен 1978.

Својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Рујевица. Најголем соперник им е сплитски Хајдук. Други соперници им се загребачки Динамо, пулска Истра и градскиот соперник, третолигашот Ориент.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот Риека е формиран во 1906 година под името СК Олимпија (Club Sportivo Olimpia).[2] Во 1926 година отишол во Фиумана под притисок на новиот италијански фашистички режим и во 1946 година во ФД Кварнер за време на југословенската воена администрација.[3] Кога градот официјално стана дел од Југославија и беше укината двојазичноста на градот, властите повторно го преименуваа клубот, овој пат во последното име ФК Риека. Под ова име клубот ги остварува најголемите успеси во својата историја, кога стигнале до едно четвртфинале и едно осминафинале во европските натпреварувања. Во периодот на татковинската војна ФК Риека има мала промена на името во Хрватски Ногометни Клуб Риека (ХНК). Со тој потег Риека јасно заземала антијугословенски став и се декларирала како вистнски хрватски клуб. Клупска маскота е морското куче, популарно наречен пешекан.

Во ново формираната држава Хрватска, од 1991, Риека секогаш завршувала во врвот на табелата во ХНЛ. Посебно за истакнување се резултатите од сезоните 1998-99 и 2005-06 кога биле втори, а во сезоните 2003-04 и 2008-09 завршиле како трети.

Во сезоната 1998-99 во завршниот дел од првенството, скандалозното судење ја спречува Риека да дојде до својата прва титула во 1. ХНЛ. Во последните минути од последното коло во првенството против Осиек, на Риека и е поништен регуларен гол, со кој Риека би победила и би била шампион. Риека се борела за насловот уште и во сезоните 2005, и 2006 година во Хрватска, и неколкупати во Југославија. Риека е еден од трите најголеми клубови во Хрватска, што потврдува и податокот дека Риека константно игра во првата лига уште од 1974 година, како и четирите освоени национални купови и европски успеси.

Во сезоната 2004-05, Риека го имала најдобриот стрелец во Прва ХНЛ, Томислав Ерцег, со 17 голови. Леон Бенко исто така бил најдобар стрелец во лигата, но во сезоната 2012-13. Во лигата на поранешна Југославија најдобар стрелец бил Милан Радовиќ со 26 постигнати голови 1981 година.

Во текот на јануари 2012 договорено е италијанскиот стопанственик Габриеле Волпи, воедно и сопственик на фондацијата Social Sport, да преземе 70% од сопственичките акции во ФК Риека. Остатокот од 30 % од акциите останал во рацете на градот Риека (25%), односно малите акционери, навивачи (5%). Волпи е веќе сопственик на италијанскиот клуб Специја, која моментално се натпреварува во Серија Б, а исто така бил сопственик и на ватерполските клубови Про Реко и Приморје. Во сезоната 2016-2017, Риека конечно станала Шампион на Хрватска освојувајќи ја двојната круна во земјата, победувајќи во Прва ХНЛ и во Купот на Хрватска. Титулата била обезбедена со победата над Цибалија во претпоследното коло оставајќи го и математички зад себе најголемиот конкурент Динамо Загреб, а истиот загрепски клуб бил противник на риечките бели во финалето на Купот на Хрватска во кое Риека победила со 3-1 и стигнала до својата четврта титула во ова натпреварување.

Стадион Кантрида

Стадионот Кантрида се наоѓа во западниот дел на Риека, на патот за Опатија. Овој стадион е единствен во светот по тоа што е сместн помеѓу карпите и морето, кое се наоѓа на околу 50 метри од самиот стадион. Популарната американска телевизиска куќа CNN во ноември 2011 го избрала Кантрида како еден од седумте најчудесни фудбалски стадиони во светот, што секако е големо признаније за навивачите на Риека. Стадионот Кантрида својте први денови ги бележи во 1913 година.

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Обновено на 10 February 2019[4]
Бр. Позиција Играч
3 Хрватска ОД Петар Мамиќ
4 Хрватска ОД Роберто Пунчец
6 Хрватска СР Иван Лепињица
7 Босна и Херцеговина СР Зоран Квржиќ
8 Хрватска СР Тибор Халиловиќ
9 Бразил НП Хебер
11 Хрватска НП Матеј Вук
12 Хрватска ГМ Симон Слуга
13 Хрватска ОД Дарио Жупариќ
14 Гана СР Боаду Максвел Акости
16 Хрватска СР Адријан Либер
17 Хрватска НП Антонио Чолак
18 Хрватска НП Роберт Муриќ
19 Австрија ОД Марио Павелиќ
20 Австрија НП Александер Горгон
Бр. Позиција Играч
21 Хрватска НП Јаков Пуљиќ
22 Хрватска СР Денис Бушња
23 Хрватска НП Јосип Митровиќ
24 Хрватска СР Домагој Павичиќ
25 Хрватска ГМ Ивор Пандур
26 Португалија ОД Жоао Есковал
27 Хрватска ОД Иван Томачак
29 Црна Гора ОД Момчило Распоповиќ
31 Хрватска СР Лука Цапан
32 Хрватска ГМ Андреј Прскало
33 Македонија ОД Дарко Велковски
36 Хрватска ОД Хрвоје Смолчиќ
44 Босна и Херцеговина СР Стјепан Лончар
77 Македонија НП Милан Ристовски

Познти поранешни играчи

[уреди | уреди извор]

Македонски играчи

[уреди | уреди извор]

Шампионски екипи

[уреди | уреди извор]
Сезона Состав Тренер
2016-2017 Челиковиќ, Кулушиќ, Чанаџија, С. Ристовски, Томасов, Жута, Матеи, Чрниќ, Слуга, Жупариќ, Безјак, Митровиќ, Мочиниќ, Гаврановиќ, Елез,
Горгон, Аџаји, Шофранац, Андријашевиќ, Роши, Малеш, Мишиќ, Брадариќ, Вешовиќ, Прскало, Мартиќ, Ханџиќ.
Матјаж Кек
  • шампион (1) : 2016-2017
  • вицешампион (6): 1998-1999, 2005-2006, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017-2018.
  • победник (6): 2005, 2006, 2014, 2017, 2019, 2020
  • финалист (2): 1994, 2022
  • победник' (1): 2014
  • финалист (2): 2005, 2006.
  • победник (2): 1978, 1979.
  • финалист (1): 1987.
  • победник (1): 1978.
  1. „Povijest“. HNK RIJEKA (хрватски). Посетено на 2021-11-08.
  2. „HNK Rijeka predstavio monografiju „Rijeka bijelih snova". KIGO.hr (хрватски). Посетено на 2021-11-08.
  3. „Damir Mišković najavio novu monografiju za 115. obljetnicu kluba, Rijeka je zapravo starija od Dinama i Hajduka!“. Novi list (англиски). 2020-12-19. Посетено на 2021-11-08.
  4. „1. momčad“ (хрватски). HNK Rijeka. Посетено на 13 February 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]