Никола Калиниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрватска Никола Калиниќ
Nikola Kalinic - Croatia vs. Portugal, 10th June 2013 (crop).jpg
Лични податоци
Роден на 5 јануари 1988 (1988-01-05) (30 г.)
Роден во Солин, СФРЈ
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 16
Младинска кариера
Хајдук Сплит Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2009 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 59 (32)
2006Пула Пула 12 (3)
2007Шибеник Шибеник 8 (3)
2009-2011 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 44 (7)
2011-2015 Днипро Днипро 86 (37)
2015-2017 Фјорентина Фјорентина 68 (27)
2017–2018 Милан Милан 31 (6)
2018– Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 0 (0)
Репрезентација
2003 Хрватска Хрватска 16 2 (1)
2004-2005 Хрватска Хрватска 17 18 (15)
2005-2007 Хрватска Хрватска 19 12 (11)
2006 Хрватска Хрватска 20 1 (0)
2007-2010 Хрватска Хрватска 21 9 (4)
2008- Хрватска Хрватска 41 (15)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 9 август 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 13 јуни 2018

Никола Калиниќ (роден на 5 јануари 1988 во Солин, Хрватска) — хрватски фудбалер, напаѓач на Атлетико Мадрид и на хрватската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Хрватска[уреди | уреди извор]

Калиниќ е роден во градот Солин во близина на Сплит, а својата играчка кариера ја започнал во Хајдук Сплит. Своето деби во Прва ХНЛ го направил во сезоната 2005-2006, на возраст од само 17 години. Во 2005 година бил позајмен на екипата на Пула (денешна Истра 1961), која исто така се натпреварувала во Првата фудбалска лига на Хрватска. Така тој добил шанса да ги покаже својте квалитети во најсилната лига во Хрватска, и покрај тоа што бил само еден тинејџер: својата прва целосна сезона како професионалец (2005-2006) ја завршил со сосема солидни бројки за еден толку млад играч како него: 12 натпревари и 3 гола. Во зимата накратко се вратил назад во Сплит, но потоа повторно бил позајмен од страна на раководството на Хајдук, овој пат во Шибеник каде на 8 натпревари тој постигнал 4 гола, со добар просек за искусен напаѓач. Овие перформанси го убедиле Хајдук Сплит да се фокусира на него како опција за нивниот напад во следната сезона: тој ја оправдал довербата играјќи одлична сезона во која на 25 натпревари постигнал 17 гола, завршувајќи како трет на листата на стрелците во првенството зад Желимир Теркеш кој бил најдобар стрелец за сезоната 2007-2008 со 21 гол и Радомир Џаловиќ кој постигнал 18.[1] Хајдук ја завршил сезоната на 5. место во лигата,[2] но стигнал до финалето на Купот на Хрватска, а на патот до таму Калиниќ постигнал 9 гола во 7 натпревари.

Следната сезона (2008-2009) Калиниќ одново бил најдобар стрелец на Хајдук со 15 гола, со што дал суштински придонес за одличното 2. место на тимот заврпувајќи зад најголемиот ривал во лигата Динамо Загреб. На листата на стрелците оваа сезона ја завршил како втор, зад Марио Манџукиќ од Динамо (кој постигнал 16 голови).

Во текот на истата сезона тој го постигнал својот прв гол во Европските натпреварувања, во победата со 4-0 над Биркиркара. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 3 август 2008 година против Вараждин (1-1), по што следел хет-трик во победата со 3-1 против Славен Белупо (два од трите гола ги постигнал од пенал) и уште по два гола во натпреварите против Интер Запрешиќ (3-3) и Цибалија (2-0, и двата гола постигнати со удар од единаесет метри).

Блекбурн Роверс[уреди | уреди извор]

На 3 август 2009 година, Калиниќ потпишал четири-годишен договор со Блекбурн Роверс,[3] за необјавена сума која се верува дека изнесувала околу 6 милиони фунти.[4] Една недела подоцна, на Калиниќ успешно му била доделена работна дозвола и официјално потпишал со клубот.[5] Сепак, неговото деби било одложено бидејќи тој морал да се врати во неговата татковина да ја собере својата дозвола, што значело дека не може да биде регистриран за првиот натпревар на Роверс во сезоната против Манчестер Сити. На 13 август, тој и официјално станал играч на Блекбурн Роверс и му бил доделен дресот со бројот 22 за сезоната 2009-2010. Калиниќ дебитирал девет дена подоцна во натпревар против Сандерленд (пораз со 2-1), влегувајќи од клупата на местото на Франко Ди Санто. На 27 октомври Калиниќ го постигнал својот прв гол за Блекбурн против екипата на Питерборо Јунајтед во Лига купот.[6] Својот втор гол за клубот го постигнал во четврт-финалето на истото натпреварување против Челси, но промашил пенал во пенал-серијата што сепак не го спречило Блекбурн да победи и да мине понатаму.[7] Својот трет гол за Роверс го постигнал во ФА Купот против Астон Вила во поразот со 3-1 на 2 јануари 2010 година.[8] Својата голгетерска сметка за сезоната ја дополнил со два гола повторно против Астон Вила во вториот натпревар од полуфиналето на Лига купот; првиот го постигнал со глава, а вториот со удар од блиско растојание. Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата против екипата на Виган Атлетик, стрелајќи прецизно со глава по корнерот изведен од страна на Мортен Гамст Педерсен во 76-тата минута во победата со 2-1. Својот втор гол во Премиер лигата го постигнал против Болтон, на 21 февруари 2010 година.

На почетокот на следната сезона му бил доделен дресот со број 9, од страна на менаџерот Сем Алардајс. И покрај тоа што отсуствувал во поголем дел од пред-сезоната, Калиниќ ја започнал сезоната 2010-2011 играјќи како стартер во првото коло од сезоната, и го постигнал единствениот гол во победата над Евертон на Ивуд Парк со 1-0 на 14 август. Тој го постигнал својот втор гол во лигата во ремито 1-1 против Манчестер Сити. На 28 декември 2010 година за прв пат во натпревар од Премиер лигата постигнал два гола во победата со 3-1 над Вест Бромвич Албион на Хоторнс; подоцна во овој натпревар добил црвен картон и бил исклучен. На 26 февруари 2011 година, Калиниќ влегол во игра во второто полувреме како замена за Роке Санта Круз и постигна гол во 81-вата минута во поразот со 4-1 од Астон Вила на Вила Парк. Тоа бил неговиот шестти гол за сезоната и вкупно петти во Премиер лигата. Откако Сем Алардајс добил отказ на позицијата менаџер на Блекбурн Роверс, Калиниќ паднал во втор план кај новиот менаџер Стив Кин.[9]

Днипро и Фјорентина[уреди | уреди извор]

Калиниќ во дресот на Днепро.

На 12 август 2011, Калиниќ потпишал за украинскиот Днипро, за необјавена сума.[10] Следниот ден тој го направил своето деби во украинската лига, влегувајќи на местото на Дерек Боатенг во 59-тата минута, и постигнал гол во 81-вата минута во поразот со 1-3 од Шахтар Донецк, но само две минути подоцна бил исклучен поради удирање на противнички играч со лакт. Набргу, Калиниќ заработил место во почетната постава во нападот на Днипро, постигнувајќи по два гола во натпреварите против Олександрија (5-1) и Волин Луцк (1-2). Во неговата втора сезона постигнал вкупно 10 гола во сите натпреварувања, од кој првиот на 26 август 2012 година против Волин Луцк (2-1). Тој го одлучил натпреварот од украинскиот куп против Жемчужина Јалта (0-1) на 23 септември 2012. Следниот месец го постигнал својот прв погодок во европските натпреварувања по пауза од четири години во победата на Днипро над Слован Либерец со 4-2 во Лигата на Европа. Сезоната 2013-2014 била најлошата за Калиниќ во украинскиот клуб. Тој постигнал 7 гола во 23 натпревари: првиот на 11 август 2013, помагајќи му на својот тим да дојде до минимална победа со 1-0 против Говерла во петтото коло од шампионатот. На 22 септември постигнал два од трите гола на Днипро во успехот на гостувањето во Запорожје против Металург (2-3). На 28 ноември, го постигнал неговиот единствен европски погодок за оваа сезона, во победата со 4-1 над Пандури. Меѓутоа, следната сезона ги надминал проблемите и бил еден од главните играчи на Днипро во успешната сезона на клубот, постигнувајќи 19 гола што е негово второ најдобро постигнување после сезоната 2007-2008 во која постигнал 26. На 30 јули 2014 дебитирал во Лигата на шампионите, играјќи како стартер во ремито без голови 0-0 против Копенхаген. Својте први голови во првенството ги постигнал против Карпати (4-0, во третото коло), Ворскла (1-1, во петтото коло) и два против Олимпик Донецк (5-0, во седмото коло). Тој, исто така, постигнал во украинскиот куп против Волин Луцк (4-0), и тоа набргу откако се појавил во игра од клупата, наместото на Евгени Селезнов. Калиниќ бил клучниот играч на патот на Днипро до финалето на Лигата на Европа постигнувајќи 5 гола во 17 натпревари; најпрво на 20 август, против неговиот поранешен клуб, Хајдук Сплит, во победата со 2-1, а потоа тој погодил два пати против Карабах (1-2). Во финалето на Лига Европа, одиграно на 27 мај 2015 година во Варшава, го отворил резултатот носејќи го Днипро во водство од 1-0 во 7-мата минута, меѓутоа накрајот неговиот тим загубил со 3-2 од шпанската Севилја. На 26 јули 2015 ја започнал новата сезона во дресот на Днипро, постигнувајќи два гола против Чорноморец Одеса (4-2). Своето искуство во Украина го затворил со вкупно 49 гола во 125 средби.

На 14 август 2015 година бил купен од страна на Фјорентина[11] за 5,5 милиони евра, потпишувајќи договор на четири години.[12] На 23 август дебитирал за виолетовите во првото коло од шампионатот, победата со 2-0 над Милан на домашен терен.[13] Својот прв гол за италијанската екипа го постигнал на 17 септември во натпреварот од Лигата на Европа, Фјорентина - Базел (1-2).[14]

На 23 септември го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 2-0 над Болоња на Артемио Франки.[15] На 27 септември, постигнал хет-трик (трет во кариерата) во победата со 4-1 на гостувањето кај лидерот на табелата Интер, со што ја однел Фјорентина на првото место во лигата за прв пат од сезоната 1998-1999; тој исто така станал вториот играч на Фјоренитна кој постигнал хет-трик против Интер по Виничио Виани.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил клучен играч на Хрватска во младинските репрезентации, под 17, под 19 и под 21 година. Својот прв настап на меѓународно натпреварување го имал на Европското првенство за играчи под 17 години во 2005 година во Италија, каде завршил на врвот на листата на стрелците со 11 гола. За репрезентација под 19 години, постигнал 5 гола во квалификациите за Европското првенство. Исто така, постигнал и хет-трик против Молдавија, кој им овозможил на хрватите да минат во следната фаза.[16] За репрезентацијата под 21 година, има два гола во два натпревари.

Неговата импресивни перформанси во младите репрезентации и во дресот на Хајдук му донеле место во хрватската сениоирска репрезентација со која учествувал на Евро 2008.[17] Своето деби за хрватската репрезентација го направил на 24 мај 2008, влегувајќи во игра во 62-рата минута од натпреварот против Молдавија што завршил 1-0 за коцкестите.[18] Дебитирал на Евро 2008, со својот дрес број 9, за време на натпреварот против Полска, на местото на авторот на победничкиот гол за 1-0, Иван Класниќ.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 октомври 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2005-2006 Хрватска Хајдук Сплит 1. ХНЛ 6 0 КХ 1 0 ЛШ 0 0 СК 0 0 7 0
2006-јан. 2007 Хрватска Пула 1. ХНЛ 12 3 КХ 1 0 - - - - - - 13 3
јан.-јун. 2007 Хрватска Шибеник 1. ХНЛ 8 3 КХ - - - - - - - - 8 3
2007-2008 Хрватска Хајдук Сплит 1. ХНЛ 25 17 КХ 7 9 КУ 4[19] 0 - - - 36 26
2008-2009 1. ХНЛ 28 15 КХ 4 2 КУ 4[19] 1[19] - - - 36 18
Вкупно Хајдук Сплит 59 32 12 11 8 1 0 0 79 44
2009-2010 Англија Блекбурн Роверс ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 1+6 1+4 - - - - - - 38 7
2010-2011 ПЛ 18 5 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 20 6
Вкупно Блекбурн Роверс 44 7 9 6 - - - - 53 13
2011-2012 Украина Днипро ПЛ 19 10 КУ 0 0 ЛЕ 2[20] 0 - - - 21 10
2012-2013 ПЛ 21 6 КУ 2 1 ЛЕ 6[21] 3[22] - - - 32 10
2013-2014 ПЛ 19 6 КУ 0 0 ЛЕ 4 1 - - - 23 7
2014-2015 ПЛ 23 12 КУ 6 2 ЛШ+ЛЕ 2[23]+17[24] 0+5[22] - - - 47 19
авг. 2015 ПЛ 4 3 КУ 0 0 ЛЕ - - - - - 4 3
Вкупно Днипро 86 37 8 3 31 9 - - 125 49
2015-2016 Италија Фјорентина А 36 12 КИ 1 0 ЛЕ 5 1 - - - 42 13
2016-2017 А 33 15 КИ 2 0 ЛЕ 7 5 - - - 42 20
Вкупно Фјорентина 69 27 3 0 12 6 - - 84 33
Вкупно во кариерата 215 86 30 20 40 11 0 0 285 117

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Soccer Boards.com, уред. „Croatian Leading Goal Scorers“ (на en). http://www.soccerboards.com/scorers_detail.php?s=99. посет. 23 септември г. 
  2. UEFA.com, уред. „Croatian Football Federation“ (на en). http://www.uefa.com/footballeurope/countries/association=56370/index.html. посет. 23 септември г. 
  3. „Rovers 'complete' Kalinic deal“. Sky Sports. 4 август 2009. http://www1.skysports.com/football/news/11676/5471394/rovers-complete-kalinic-deal. посет. 4 август 2009 г. 
  4. „Rekordan transfer: Kalinić u Blackburnu!“ (на hr). HNK Hajduk Split. 3 август 2009. http://hajduk.hr/vijest/clanak/117. посет. 3 август 2009 г. 
  5. „Rovers secure work permit for Croatian striker“. ESPN. 10 август 2009. http://www.espnfc.com/story/666588/rovers-secure-work-permit-for-croatian-striker-kalinic. посет. 10 август 2009 г. 
  6. Blackburn 5–2 Peterborough“, BBC Sport, 27 октомври 2009 (посет. 27 октомври 2009 г).
  7. Fletcher, Paul. „Blackburn 3–3 Chelsea“, BBC Sport, 2 декември 2009 (посет. 2 јануари 2010 г).
  8. Aston Villa 3–1 Blackburn“, BBC Sport, 2 јануари 2010 (посет. 2 јануари 2010 г).
  9. Agent – Kalinic could leave“, „Sky Sports“, 6 април 2011 (посет. 14 февруари 2012 г).
  10. „Напаѓачот на Блекбурн, Никола Калиниќ потпиша Днепро“ (на en). http://www.bbc.com/sport/0/football/14496906. посет. 11 август, 2011 г. 
  11. Kalinic è un giocatore della Fiorentina violachannel.tv
  12. Kalinic oggi a Firenze per firmare: i dettagli dell'affare fiorentina.it
  13. 1^ Giornata legaseriea.it
  14. Fiorentina, partenza in salita uefa.com
  15. „Fiorentina 2 Bologna 0: Reti di Blaszczykowki e Kalinic“. http://www.ilgiornale.it/news/sport/1174800.html. 
  16. UEFA.com, уред. „Neighbours sweep into next stage“ (на en). http://www.uefa.com/competitions/under19/news/kind=1/newsid=470965.html. 
  17. euro2008.UEFA.com, уред. „Bilic names squad for EURO 2008 assault“ (на en). http://euro2008.uefa.com/news/kind=1/newsid=692102.html#bilic+names+squad+euro+assault. посет. 23 септември г. 
  18. „Хрватска ја победи Молдавија во пријателски натпрев пред Евро 2008“ (на en). AFP.google.com. 24 септември. http://afp.google.com/article/ALeqM5gT9XSyxoe1Nd1HvsENxohWuWujJA. посет. 6,21 0,08 г. 
  19. 19,0 19,1 19,2 Во преелиминарните рунди.
  20. Во плејоф фазата.
  21. 1 настап во плејофот.
  22. 22,0 22,1 1 гол во плејофот.
  23. Трето квалификациско коло.
  24. 2 настапи во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]