Марко Пјаца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марко Пјаца
Marko Pjaca.jpg
Лични податоци
Роден на 6 мај 1995 (1995-05-06) (25 г.)
Роден во Загреб, Хрватска
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000001860000001,86 м[1]
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Џенова Џенова
Број 37
Агент Хрватска Марко Налетилиќ
Младинска кариера
Динамо Загреб Динамо Загреб
Flag of None.svg НК Зет
Локомотива Локомотива
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2014 Локомотива Локомотива 49 (9)
2014-2016 Динамо Загреб Динамо Загреб 61 (19)
2016- Јувентус Јувентус 14 (0)
2018Шалке 04 Шалке 04 7 (2)
2018Фјорентина Фјорентина 19 (1)
2020Андерлехт Андерлехт 4 (1)
2020-Џенова Џенова 6 (2)
Репрезентација
2011-2012 Хрватска Хрватска 17 8 (1)
2012 Хрватска Хрватска 18 4 (0)
2012 Хрватска Хрватска 19 1 (0)
2013 Хрватска Хрватска 20 5 (0)
2013- Хрватска Хрватска 21 7 (0)
2014- Хрватска Хрватска 24 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Марко Пјаца (роден на 6 мај 1995 во Загреб) — хрватски фудбалер, крило на Џенова и на хрватската репрезентацијата.

Животопис[уреди | уреди извор]

Марко Пјаца е роден во Загреб како дете на Жељко, поранешен борач, и Вишња докторка.[2] Тој има две постари сестри Мартина и Ива.[3]

Во детството тој тренирал повеќе спортови како ракомет, кошарка и пинг-понг.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Локомотива Загреб[уреди | уреди извор]

Пјаца ја започнал својата професионална кариера во хрватскиот клуб Локомотива Загреб. Своето деби за првиот тим го направил на 24 февруари 2012 година, под водство на тренерот Томислав Ивковиќ кој му дал шанса да дебитира во 1.ХНЛ на возраст од само 16 години, во победата со 3-0 над НК Задар.[2] Иако успел да запише асистенција во тој натпревар,[5] тоа бил неговиот единствен настап за сезоната, затоа што немал потпишано стипендиски договор.[2] Следната сезона, Пјаца бил многу поизразен во првиот тим на Локомотива, особено по зимската пауза во првенството. Тој ја завршил сезоната 2012-2013 со 17 настапи и 2 гола.[5]

Неговата трета сезона во клубот била уште подобра откако крилниот играч постигнал 7 гола во 31 натпревар.[5]

Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

Во летото 2014 Пјаца преминал во редовите на хрвтскиот шампион Динамо Загреб за обесштетување од 1 милион евра.[6] Дебитирал за модрите на 18 јули во победата со 4-0 над Славен Белупо во првото коло од хрватското првенство за сезоната 2014-2015 и уште на своето деби го постигнал првиот погодок за новиот клуб после само 14 минути игра.[7] Иако во почетокот не добивал многу голема минутажа, Марко одлично ги користел својте шанси кој му биле укажани и станувал се поважен дел од екипата. Во неговата прва сезона во клубот за памтење е неговиот прв хет-трик во професионалната кариера во победата со 4-3 над шкотскиот Селтик во групната фаза на Лига Европа. Пјаца ја завршил сезоната 2014-2015 со вкупно 48 настапи во сите натпреварувања и 14 погодоци, но исто така успеал да ја освои двојната круна во хрватскиот фудбал со Динамо.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 21 јули 2016, Пјаца бил купен од Јувентус за сума од 23 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот. На презентацијата во клубот избрал да го носи дресот со број 20.[8] Својот прв гол во дресот на Јуве го постигнал на 22 февруари 2017 во победата со 2-0 на гости против Порто во Лигата на шампионите.[9][10]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Пјаца играл во сите младински репрезентации на Хрватска, од под 17 години до под 21 година. Во јуни 2013 година бил избран во тимот за Светска првенство за играчи под 20 години, и играл како стартер во првиот натпревар од групната фаза, победата со 1-0 над Уругвај; исто така Пјаца започнал уште од првата минута и во следниот натпревар, ремито 1-1 пријателски против Узбекистан.

На 4 септември 2014 година го направил своето деби за сениорската репрезентација, појавувајќи се во игра како замена во 78-мата минута на местото на Матео Ковачиќ во победата со 2-0 над Кипар во пријателски натпревар. На 4 јуни 2016 го постигна првиот гол во националниот дрес во победата изразена со голеада од 10-0 против Сан Марино во пријателски натпревар. Пјаца бил повикани во репрезентацијата за Европското првенство 2016 во Франција,[11] каде дебитирал во победата со 1-0 над Турција во првиот натпревар на коцкестите на првенството. Во последното коло од групната фаза во победата со 2-1 над Шпанија, Пјаца бил меѓу најдобрите во својата екипа на тој натпревар и оставил одличен впечаток.[12]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Хрватска Динамо Загреб[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 21 јули 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Хрватска Локомотива Загреб 1.ХНЛ 1 0 КХ 0 0 - - - - - - 1 0
2012-2013 1.ХНЛ 17 2 КХ 6 2 - - - - - - 23 4
2013-2014 1.ХНЛ 31 7 КХ 0 0 ЛЕ 2[13] 0 - - - 33 7
Вкупно Локомотива Загреб 49 9 6 2 2 0 - - 57 11
2014-2015 Хрватска Динамо Загреб 1.ХНЛ 32 11 КХ 7 0 ЛШ+ЛЕ 4[14]+4[15] 0+3 СХ 1 0 48 14
2015-2016 1.ХНЛ 28 8 КХ 2 1 ЛШ 12[16] 3[14] - - - 42 12
2016-2017 1.ХНЛ 1 0 КХ 0 0 ЛШ 1[14] 2[14] - - - 2 2
Вкупно Динамо Загреб 61 19 9 1 21 8 1 0 92 28
2016-2017 Италија Јувентус А - - КИ - - ЛШ - - СИ - - - -
Вкупно во кариерата 109 28 15 3 23 8 1 0 149 39

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1]
  2. 2,0 2,1 2,2 'STALNO SAM MU GOVORIO DA MORA BITI POZITIVNO ĐUBRE!' U ZAGREBU POČINJE RENESANSA NESRETNOG VATRENOG 'On je predobar, fino odgojen, majka doktorica..' sportske.jutarnji.hr 29.4.2020
  3. Bevanda, Antonio (13 December 2014). „Pjaca faca: Tata hrvački prvak, a mama Višnja prva u džudu...“. 24sata.hr (хрватски). 24sata. Посетено на 16 November 2016.
  4. Junaci, Robert (4 August 2015). „Uvede li Dinamo u Ligu prvaka, vrijedit će mnogo više od 12 milijuna koliko nudi Milan!“ [If he leads Dinamo to the Champions League, he will be worth much more than 12 million which Milan offers!]. vecernji.hr (хрватски). Večernji list. Посетено на 16 November 2016.
  5. 5,0 5,1 5,2 https://www.whoscored.com/Players/242432
  6. „Hrvatski mercato: Velik promet, mala zarada“.
  7. „Video: Dinamo rutinskom pobjedom protiv Slaven Belupa otvorio novu sezonu“. Sportnet. Посетено на 18 July 2014.
  8. Juventus Football Club, уред. (21 јули 2016). „Marko Pjaca è bianconero!“. Посетено на 21 јули 2016.
  9. ВИДЕО: Пјаца и Дани Алвес го освоија Порто и Јуве е пред вратите на четвртфиналето
  10. Andrea Tundo (22 февруари 2017). „Porto-Juventus 0-2. I cambi perfetti di Allegri: Pjaca e Dani Alves, due gol in due minuti. Telles espulso: portoghesi in 10“. Il Fatto Quotidiano. Посетено на 22 февруари 2017.
  11. hns-cff.hr, уред. (31 мај 2016). „IZBORNIK ČAČIĆ OBJAVIO KONAČAN POPIS PUTNIKA ZA EP“ (хрватски). Посетено на 31 мај 2016.
  12. „Pjaca, rimpianto Bologna: lo volevano in B, ora piace a Inter, Roma e Fiorentina“. La Gazzetta dello Sport - Tutto il rosa della vita. Посетено на 2016-06-23.
  13. Secondo turno preliminare.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Во прелиминарните рунди.
  15. Еден настап во плејоф рундата.
  16. 6 настапи во преелиминарните рунди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]