Риека

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Град Риека
Grad Rijeka
—  Град  —
Поглед кон Риека
Знаме на Град Риека
Знаме
Град Риека се наоѓа во Хрватска
Град Риека
Локацијата на Риека во Хрватска
Координати: 45°19′ СГШ 14°25′ ИГД / 
Држава Хрватска
Жупнија Приморско-горска жупанија
Управа
 • Градоначалник Војко Оберснел (Социјалдемократска партија на Хрватска)
Површина
 • Град 44 км2
 • Пошир. 788 км2
Надм. вис. 0–499 м
Население (2011)
 • Град 128.735 жит.
 • Пошир. 213.842 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 51000
Повик. бр. 051
Портал rijeka.hr

Риека (хрватски: Rijeka), на други дијалекти од хрватскиот јазик: Rika и Reka, словенечки: Reka, италијански: Fiume, унгарски: Fiume, германски: Sankt Veit am Pflaum — трет по големина град во Хрватска и е административно средиште на Приморско-горската жупанија. Во Риека живеат 144,043 жители. Со околината која го опфаќа просторот од поранешната општина Риека со општините Вишково, Чавле, Клана, Јелење и Кострена, и градовите Кастав, Краљевица и Бакар, Риека брои 191,647 жители, додека во поширокото подрачје на градот живеат околу 270,000 жители (според пописот на населението од 2001 година).

Градот уште во 19 век поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во Ријечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски залив на Јадранското Море, се развил во едно од најголемите средноевропски пристаништа и моќно индустриско средиште. Денес Риека е најголемо морско пристаниште во Хрватска. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „3 мај“ и „Виктор Ленац“. Риека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна Југославија.

Во Риека се наоѓа Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц изграден во 1885 година и универзитетот во Риека, основан во 1973 година.

Природна основа[уреди]

Ријечкиот залив со Опатија и Риека во позадина

Широкото подрачје на Риека е изградено од варовник со мезозојска старост, додека пак во северниот дел околу Кастав се наоѓаат зони изградени од доломит. Местимично преку варовничките основи се наталожени непропусни наслаги од флиш со палеогенска старост, кои најчесто се наоѓаат во удолнините. Па така во релјефот на подрачјето постои размена на варовнички гребени со доломитски или флишни удолнини.

Географија[уреди]

Риека се наоѓа на Erioll world.svg 45°21′0″N, 14°26′0″E , во западниот дел на Хрватска, 186 km југозападно од главниот град на Хрватска, Загреб, на северното крајбрежје на Риечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски залив на Јадранското Море, кое како голем залив во Средоземното море најдлабоко се вовлкол во европското копно. Риечкиот залив, кој преку Големите (помеѓу Истра и островот Црес), Средните (помеѓу Црес и островот Крк) и Малите врати (помеѓу Крка и копното) е споен со Кварнерскиот залив, е доволно длабок (око 60 m) за слободно движење на најголемите бродови, што и овозможило на Риека да стане важно морско пристаниште.

Градот Риека лежи на устието на реката Риечина во микрорегијата Винодол на Хрватското приморје. Во Риека започнуваат два важни копнени прометни правци. Првиот го користи фактот што Риека се наоѓа во подрачјето во кое Динаридите се најтесни и најцврсти, што овозможува лесно поврзување на крајбрежјето на Јадранското Море и панонските внатрешности. Додека пак со другиот правец Риека преку Постојниските врати е поврзана со источноалпските простори.

Клима[уреди]

Според Кепеновата класификација на климата, Риека има умерено топла и влажна клима (тип Cf). Просечната температура на воздухот во градот изнесува 13,8 °C, просечната јануарска температура е 5,6 °C, додека просечната температура во јули изнесува 23,3 °C. Годишно во 86 дена со врнежи вкупно паѓаат 1529 мм врнежи од дожд. На количината на врнежи од дожд и нивната годишна распределба исклучително вилјаат есенските и пролетните циклони кои настанале во Џеневскиот залив. Заедно со сењската, на Јадранот позната е и риечката бура, ладен и сув ветар од правец североисток, чија брзина на моменти достигнува и до орканска вредност (160 km/h), а најчесто настанува во во ладните делови од годината со прелив на ладен воздух од Панонската низина преку Динаридите.

Месец
јануари
февруари
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
декември
Годишно
Просечна дневна температура (°C) 5,6 6,1 8,7 12,4 17 20,6 23,3 23,3 19,1 14,5 10 6,9
14,3
Просечна количина на врнежи од дожд (mm) 133,7 109,3 105,9 114,4 99,3 104,7 79,6 97,8 166,1 180,5 181,8 155,9
1529
Извор: Државен Хидрометеоролошки завод на Хрватска
Риека
Климатограм
Ј Ф М А М Ј Ј А С О Н Д
 
 
&10000000000000132000000132
 
&1000000000000002000000020
&09999999999999988999999−11
 
 
&10000000000000113000000113
 
&1000000000000002100000021
&09999999999999986999999−13
 
 
&10000000000000105000000105
 
&1000000000000002400000024
&09999999999999991999999−8
 
 
&10000000000000114000000114
 
&1000000000000002700000027
&100000000000000000000000
 
 
&10000000000000103000000103
 
&1000000000000003200000032
&100000000000000020000002
 
 
&10000000000000104000000104
 
&1000000000000003700000037
&100000000000000070000007
 
 
&1000000000000007800000078
 
&1000000000000004000000040
&1000000000000001000000010
 
 
&10000000000000101000000101
 
&1000000000000003800000038
&100000000000000090000009
 
 
&10000000000000167000000167
 
&1000000000000003500000035
&100000000000000050000005
 
 
&10000000000000179000000179
 
&1000000000000002900000029
&100000000000000010000001
 
 
&10000000000000182000000182
 
&1000000000000002600000026
&09999999999999994999999−5
 
 
&10000000000000153000000153
 
&1000000000000002000000020
&09999999999999990999999−9
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: Државни хидрометеоролошки завод Хрватске


Наводи[уреди]

Видете уште[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Службени веб портали на градот[уреди]

Информативни содржини[уреди]

Култура[уреди]

Музеји[уреди]

Сообраќај[уреди]

Мапи[уреди]

Останати врски[уреди]