Книн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Книн
Град
Поглед на Книн
Поглед на Книн
Грб на Книн
Грб
Книн is located in Хрватска
Книн
Книн
Локацијата на Книн во Хрватска
Координати: 44°02′N 16°11′E / 44.033° СГШ; 16.183° ИГД / 44.033; 16.183Координати: 44°02′N 16°11′E / 44.033° СГШ; 16.183° ИГД / 44.033; 16.183
Држава Хрватска
ЖупанијаFlag of Šibenik-Knin County.png Шибенско-книнска жупанија
Управа
 • ГрадоначалникНикола Блажевич (ХДЗ)
Површина
 • Вкупна355 км2 (137 ми2)
Население (2011)[1]
 • Вкупно10.633
 • Administrative area15.407
Часовен појасЦЕТ (UTC+1)
 • Лете (DST)ЦЕСТ (UTC+2)
Поштенски код22300
Повик. бр.022
Мреж. местоknin.hr

Книнград во Хрватска во Шибенско-книнската жупанија. Според резултатите од пописот во 2011 година, во градот живееле 15.407 жители. Книн од 1991 година до 1995, во текот на војната во Хрватска, бил главен град на Република Српска Краина.

Географија[уреди | уреди извор]

Книн се наоѓа во средна Далмација, 15 км југозападно од границата со Босна и Херцеговина.

Оддалеченоста на Книн од поголемите градови:

  • Книн - Шибеник 56 км
  • Книн - Сплит 100 км
  • Книн - Задар 91 км
  • Книн - Загреб 273 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Во историјата, името Книн прв пат се споменува во 10 век од страна на византијскиот цар Константин VII Порфирогенит, во неговата дело насловено „Управување со царство“ (De administrando imperio), како центар на областа Тнена. Од основањето, Книн се бранел од многу непријатели за што сведочи добро сочуваната книнска тврдина со цврсти ѕидови. Бранителите секогаш ја доградувале тврдината според тогашните одбрамбени потреби.

Под тврдината се откриени неколку римски гробови и остатоци од архитектура на ридот Спас со што се потврдува дека тука имало римска населба.

Во раната доба на хрватската држава тука повремено престојувале народните владетели (Трпимир, Мунцимир, Дмитар Звонимир и други). После смртта на кралот Петар Свачиќ во 1097 година и влегувањето во унија со Унгарија во 1102 година, Книн го губи статусот на престолнина. Скоро два века градот е под турско ропство, а во 1688 година, го завземаат венецијанците и управуваат со него се до 1797. Западно од Книн се крева средновековна тврдина подигната во средината на 10 век, конечниот изглед го добила во 18 век, каде со вештачки пресек е поделена од ридот Спас кој се надоврзува на неа со северната страна. Тврдината е една од најголемите фортификациски градби во Далмација. Поделена е на горен, среден и долен град, кои меѓусебно се поврзани со дрвени мостови. Најстар е горниот град на северниот дел на тврдината, додека средниот и долниот град се изградени во касниот среден век. Во почетокот на 18 век во текот на изградбата на ѕидовите на книнската тврдина работеле и домашни мајстори како Иван Мацановиќ и неговиот син Игњатије.

Книн постоел и во добата на илиризмот, а во 1865 година, Народната партија победила на изборите. Првиот началник од редовите на хрватскиот народ бил Ловро Монти. После првата светска војна, Книн влегол во состав на Кралството СХС, а од 1939 година е дел од Хрватска Бановина.

Во текот на втората светска војна, во април 1941 година го окупирале италијанците. Градот месец дена покасно номинално припаѓал на Независна Држава Хрватска.

Во 1991 година прогласена е Република Српска Краина, чиј главен град е Книн. Во воената операција Бура во август 1995 година, хрватската војска го завзела Книн и областа ја ставила под контрола на Република Хрватска, протерувајќи го мнозинското српско население.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година, во општината Книн, хрватите сочинуваат 76,5% од населението а србите 20,8%.

Национален состав на градот Книн[уреди | уреди извор]

година на пописот вкупно срби хрвати југословени останати
2011. 15.407 3.551 (23,05%) 11.612 (75,37%) 0 (0%) 244 (1,58%)
2001. 11.128 1.269 (11,40%) 9.546 (85,78%) 0 (0%) 188 (1,68%)
1991. 12.331 9.867 (80,01%) 1.660 (13,46%) 381 (3,08%) 423 (3,43%)
1981. 10.933 6.516 (59,59%) 1.701 (15,55%) 2,421 (22,14%) 295 (2,69%)
1971. 7.300 4.972 (68,10%) 1.686 (23,09%) 343 (4,69%) 299 (4,09%)

Попис 1991 година[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението од 1991 године, Книн имал 12.331 жители, со следниот национален состав:

Попис од 1991 година
срби
  
80,01
хрвати
  
13,46
југословени
  
3,08
црногорци
  
0,34
словенци
  
0,32
муслимани
  
0,19
роми
  
0,12
македонци
  
0,08
унгарци
  
0,08
албанци
  
0,04
грци
  
0,04
словаци
  
0,04
русини
  
0,02
италијанци
  
0,01
пољаци
  
0,00
чеси
  
0,00
остали
  
0,03
неопределени
  
1,07
непознато
  
0,97
вкупно: 12.331

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Книн“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012 г. конс. 2013-06-26.