Бјеловар (хрватски: Bjelovar) — град во централна Хрватска. Бјеловар претставува административен центар на Бјеловарско-билогорската жупанија. На пописот спроведен во 2011 година, во Бјеловар живееле 40.276 жители, од кои 91,25% биле хрвати.[1]
Бјеловар бил за првпат бил спомнат во 1413 година, а станал град во 1756 година, кога била изградена тврдина од страна на хабсбуршката царица Марија Тереза, со што тој е едне од најмладите градови во Хрватска.[2] Главната улога на градот била одбрана на централна Хрватска против отоманските инвазии. Бјеловар по војните бил прогласен за слободен кралски град, од страна на банотИван Мажураниќ во 1874.
Во седумдесеттите години на XX век, Бјеловар бил познат како главниот ракометен град на Европа, кога локалниот ракометен клуб РК Бјеловар (тогаш познат под името Партизан) доминирал на хрватската, југословенската како и европската ракометна сцена.