Вараждин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вараждин
Varaždin
Град
Корзото во Вараждин
Корзото во Вараждин
Грб на Вараждин
Грб
Međimurje County OpenStreetMap.svg
Вараждин се наоѓа во Хрватска
Вараждин
Местоположба во Хрватска
Координати: 46°18′ СГШ 16°20′ ИГД / 
Држава Хрватска
Жупанија Вараждинска жупанија
Управа
 • Градоначалник Горан Хабуш
Површина
 • Град 59,45 км2
 • Градска 34,22 км2
Надм. вис. 173 м
Население (2011)
 • Град 46.946
 • Густина 7.8.967.199.327.166.0/km2
 • Градска 38.839
 • Градска 11.349.795.441.262/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 42 000
Повик. бр. 042
Мреж. место varazdin.hr

Вараждинград во cеверниот дел на Хрватска, близу границата со Словенија. Претставува административно седиште на Вараждинската жупанија на 81 километар северно од Загреб.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1756 година, Францис Надасди го избра Вараждин за свое живеалиште и градот стана главно место во Хрватска. Тука беше хрватскиот Сабор и кралскиот хрватски совет основан од царицата Марија Тереза.

Периодот на реформацијата и контра-реформацијата имаа големо влијание врз Вараждин. Со доаѓањето на Јесуитите, беше изградена гимназијата, а црквите и другите згради беа градени во барокен стил. Во 18 век Вараждин беше седиште на многу благородници и во 1756 тој стана административен центар на Хрватска. Пожарот во 1776 уништи поголем дел од градот, а тоа резултира со преселба на сите институции во Загреб.

Вараждин беше седиште на Вараждинската област во рамките на Австро-Унгарија.

Во 19 век градот беше комплетно изграден и проширен, со фабрики и трговски центри. Беа основани и театар, музичко училиште и противпожарна служба.

Во 20 век Вараждин прерасна во индустриски центар на Северозападна Хрватска. Во војната за независност на Хрватска, Вараждин страдаше само неколку дена, бидејќи големата ЈНА брзо се предаде, резултирајќи минимални жртви и штета.