Карловац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карловац
Karlovac
Град
Поглед на стариот дел Звиезда
Поглед на стариот дел Звиезда
Амблем на Карловац
Амблем
Карловац се наоѓа во Хрватска
Карловац
Местоположба во Хрватска
Координати: 45°29′ СГШ 15°33′ ИГД / 
Држава Хрватска
Жупанија Карловачка жупанија
Управа
 • Градоначалник Дамир Јелиќ (ХДЗ)
Површина
 • Град 401 км2
Надм. вис. 112 м
Население (2011)
 • Град 55.705
 • Густина 140/km2
 • Градска 46.833
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 47 000
Повик. бр. 047
Мреж. место karlovac.hr
Тврдината на стариот град Дубовац

Карловац (хрватски: Karlovac) — град во Хрватска и административен центар на Карловачката жупанија. Според резултатите од попис 2011 во градот живееле 55.705 жители, а во самото населено место живееле 46.833 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Карловац е град во Средна Хрватска, 56 км југозападно од Загреб и 130 км источно од Риека. И локациски и културно спаѓа во градови на Балканот.

Сместен е на динарскиот раб на Панонската Низина, а всушност со карловачкото подрачје почнува бреговитиот и планинскиот дел кон Медитеранот. Се наоѓа на раскрсница помеѓу важни сообраќајни и железнички правци од Загреб кон Риека и Сплит. Со многубројни паркови и зелени површини, знаменитост на Карловац се дури четири реки кои течат низ градот - Корана, Купа, Добра и Мрежница.

Историја[уреди | уреди извор]

Помеѓу четири реки подигнат е во 16 век идеален ренесансен град во облик на шестокрака ѕвезда, поделена во 24 правилни просторни блокови. Поради одбрана од турските освојувачи, на 13 јули 1579 година започнала изградба на карловачката тврдина која била градена на имотот на владителската фамилија Зрински, под самиот стар град Дубовац. Со градбата управувал тогаш познатиот градител Мартин Гамбон. Самото име Карловац (Карлштат) градот го добил во чест на својот основач, австрискиот надвојвода Карло Хабсбуршки. Во 18 и 19 век, градот бил важен трговски центар, додека кон крајот на 19 век прераснал и во индустриски и административен центар.[1]

Тврдината е вистински бисер на тогашната градителска и фортификациска уметност. Се градат бедеми и бастиони, а во внатрешноста на тврдината, во самиот геометриски центар на старото градско јадро, прво се изградени воени и сакрални објекти. Така, на централниот ренесансен плоштад, во 1580 година е подигната црквата Света Троица.

Население[уреди | уреди извор]

Во 2005 година градот имал 60.395 жители. Според пописот од 2001 година, Карловац имал 59.395 жители, од кои 49.082 живеат во градското подрачје.

Демографијата на Карловац значително се променила после војната во 1990-тите. Многубројни српски фамилии го напуштиле Карловац во 1991 година, на почетокот на војната во Хрватска, а нивните домови ги населиле хрватски фамилии бегалци од другите делови на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Етнички состав[уреди | уреди извор]

Етнички состав на Карловац во 2001 година:

82,83% од населението е католичко, 7,43% православно и 1,10% муслиманско.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Фрањевачки манастир со црквата Света Троица
  • Павлински манастир во Каменски
  • Национално светилиште Свети Јосип
  • Православна соборна црква Свети Никола
  • Градски музеј
  • Стариот град Дубовац
  • „Звиезда“ — историски центар на Карловац, плански изграден и опкружен со тврдина во облик на шестерокрака ѕвезда.

Карловац како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Панорама на Карловац“ (Panorama Karlovca) - слика на хрватскиот уметник Јаков Шашел од 1874 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
  2. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.