Динариди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динариди
Динарски Планини
Орјен — најзакарстениот венец на Динаридите
Највисока точка
ВрвЕзерски Врв (Албанија)
Надм. височина2.694 м
Координати42°26′30″N 19°48′45″E / 42.44167° СГШ; 19.81250° ИГД / 42.44167; 19.81250Координати: 42°26′30″N 19°48′45″E / 42.44167° СГШ; 19.81250° ИГД / 42.44167; 19.81250
Величина
Должина645 км
Географија
Топографска карта на Динаридите
Земји
Се граничи соЈулиски Алпи
Геологија
Периодмезозоик
Вид карпаседиментна

Динариди или Динарски Планини, Динарски Алпипланински венец во југоисточна Европа кој минува низ Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија (со Косово и Метохија), Албанија, навлегувајќи и во Македонија.

Долг е 645 км и се протега долж крајбрежјето на Јадранското Море, од Јулиските Алпи на северозапад, па до масивот Шара-Кораб. Највисока планина е Проклетие, на црногорско-албанската граница, со Езерскиот Врв (2.694 м).

Овој венец е меѓу најдолгите и најстрмните во Европа — по Кавказ, Алпите, Пиринеите и Скандинавските Планини. Составени се претежно од мезозојски и кенозојски седиментни карпи од доломит, варовник, песок и конгломерати од езерата и морињата кои некогаш ја прекривале нивната територија.

Во текот на алпската орогенеза пред 50–100 милиони години, огромниот страничен притисок создал превиткувања и свлекувања во карпите во облик на голем лак. Динаридите излегле во приближно напоредни венци, протегајќи се како ѓердан од Јулиските Алпи до северна Албанија, каде планинскиот терен се спушта во долините на Дрим и ниските предели на Косово и Метохија. Потоа се издигаат планините Шара и Кораб, па ваквиот терен продолжува во Егејска Македонија, Грција и планините на Пелопонез и Крит, Родос, па сè до Таур во јужна Турција.

Венецот е наречен по планината Динара (1.913 м), на границата помеѓу Хрватска и БиХ.

Геологија[уреди | уреди извор]

Поглед на Биоково кај Макарска.

Мезозојските варовнички облици се многу својствени за овој дел од Балканот. Карактеристичен за тие предели е карстот. Во леденото време не постоеле трајни покривки од мраз и немало значајна глацијација. Леднички долини и морени имаат само највисоките делови како Дурмитор, Орјен и Прењ до 600 м. Поради посебната посетавеност, Проклетие има историја на глацијација.

Од особено значање за месната геологија се варовничките карпи со раседи. Тие тешко и бавно еродираат и опстојуваат како стрмни свлечишта, низ кои реките имаат пробиено високи клисури и кањони.

Масивот Горјанци (Жумберак) на словеечко-хрватската граница

Ова е впрочем најваровничкиот дел на Европа. Ваквите карпи се порозни, но мошне црвсти и отпорни на ерозија. Најголема разјадлива сила е водата, која го растрова варовникот со својата природна киселост. Како што се цеди низ пукнатините во карпата, водата отвора и проширува процепи и канали до значителна длабочина, со што се создаваат големи подземни исцедни системи. Како што се спушта низ долгите периоди, водата зад себе остава суви пештери, вртачи и капрести вдлабнатини, како и лавиринт од подземни премини и окна. По извесно време, покривките на овие празнини се срушуваат навнатре и создаваат високи и многу стрмни клисури, и водата пак се враќа на отворено. Вака се создадени велелепните клисури на разни динарски реки како Врбас, Неретва, Тара и Лим.

Историја на подрачјето[уреди | уреди извор]

По планинските предели се забележуваат срушени тврдини кои сведочат за долговековните војувања на народите во регионот. Во римскиот период, Динаридите биле збег за илирското нсаеление што им пружало отпор римските на освојувања кои почнале од јадранското крајбрежје уште од III век п.н.е. Во 168 г. п.н.е. Рим ја зазел цела Илирија, но Динаридите продолжиле да ги штитат востаниците сè до 14 г. Истите планини се причината што Отоманското Царство не успеале наполно да ја освојат Црна Гора. Во XX век планините повторно се покажале погодни за герилско војување, кога партизаните успешно извеле бројни акции против германскиот окупатор за време на Народноослободителната војна.

Населеност и стопанство[уреди | уреди извор]

Планините и денес се слабо населени, а главни стопански активности се шумарството и рударството. Населението на Динаридите е највисоко по раст во светот, со просек од 185,6 см за мажи и 171,0 см за жени.[1]

Планински превои[уреди | уреди извор]

Најголеми превои на Динаридите се следниве:[2]

  • Постоинска Врата, Словенија (606 м)
  • Вратник, Хрватска (850 м)
  • Дебело Брдо, Србија (1.094 м)
  • Книнска Врата (~700 м)
  • Вагањ (1.137 м)
  • Иван-седло, БиХ (967 м)
  • Чемерно, БиХ (1.329 м)
  • Црквине, Црна Гора (1.045 м)
  • Чакор, Црна Гора (1.849 м)

Тунели[уреди | уреди извор]

Поважни тунели што минуваат низ Динаридите се:

  • Тухобиќ, Хрватска
  • Свети Рок, Хрватска
  • Мала Капела, Хрватска

Планини и висорамнини[уреди | уреди извор]

Поглед на Езерски Врв, Проклетие

Динаридите ги опфаќаат следниве планини и висорамнини.

Албанија[уреди | уреди извор]

Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Јахорина во Република Српска

Словенија[уреди | уреди извор]

Србија[уреди | уреди извор]

Ѓеравица зиме

Косово и Метохија[уреди | уреди извор]

Хрватска[уреди | уреди извор]

Поглед на Динара, по која е наречен целиот венец

Црна Гора[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. USA (2012-05-24). „Average height of adolescents in the Dinaric Alps. They are also reputed to have the tallest males in Europe. Study claims it is not complete as yet“. Ncbi.nlm.nih.gov. Посетено на 2012-08-19.
  2. Summitpost. Dinaric Alps: Passes in the Dinaric Alps, посет. 11-19-2008 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]