Фудбалска репрезентација на Бугарија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Прекари(и) | Лъвовете | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Бугарски фудбалски сојуз | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Георги Дерменџиев | ||
Капитен | Петар Занев | ||
Најмногу натпревари | Стилијан Петров (105) | ||
Најдобар стрелец | Димитар Бербатов Христо Бонев (48) | ||
Домашен стадион | Национален стадион „Васил Левски“ | ||
ФИФА највисоко рангирање | 4 | ||
ФИФА најниско рангирање | 96 | ||
Нaјвисоко Ело рангирање | 3 (август 1975) | ||
Нaјниско Ело рангирање | 69 (12 ноември 2016) | ||
| |||
Светско првенство | |||
Учества | 7 | ||
Најдобар резултат | 4-ти место (1994) | ||
Олимписки игри | |||
Учества | 5 (Прво во1924) | ||
Најдобар резултат | Финалисти (1968) |
Фудбалска репрезентација на Бугарија (бугарски: Български национален отбор по футбол) — национален фудбалски тим на Република Бугарија, кој е раководен од Бугарскиот Фудбалски Сојуз. Најчесто, бугарската фудбалска репрезентација своите домашните натревари ги одигрува на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија.
Најдобрите успеси кои ги постигнала Бугарија било финалето на Летните олимписки игри во 1968 година и полуфиналето на Светското првенство во 1994 година. Тие се натпреварувале и на Балканскиот куп, освојувајќи четири титули. Сепак, Бугарија не успеала да се квалификува за некој поголем турнир од Евро 2004 година.
|